Еуростандард банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Jan 2023 09:42:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Еуростандард банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оштетени штедачи на ЕСБ: Дали за грабеж на банка во земјава веќе не се одговара!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-na-esb-dali-za-grabezh-na-banka-vo-zemjava-veke-ne-se-odgovara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-na-esb-dali-za-grabezh-na-banka-vo-zemjava-veke-ne-se-odgovara/#respond Wed, 25 Jan 2023 09:11:02 +0000 https://kurir.mk/?p=791568

Еуростандард банка се ограбувала со години за да на крај се затвори пред две и пол години. Веднаш откако се затвори, многу повикани и неповикани личности збореа за банката и сите се согласија дека се работи за масовен грабеж на депозити или организиран криминал кој се случувал во банката со години. Украдени се повеќе десетици милиони евра. И после толку поминато време нема ниту еден обвинет иако финансиската полиција констатира мрежа од фирми преку која се одлевале пари од депозитите како неповратни кредити одобрени од раководните лица во банката, реагираат оштетените штедачи од Еуростандард банка . -Додека обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција започна истрага против четворица одговорни лица од банката за предизвикување стечај на банката и за перење пари пред речиси две години. И тоа е сé. Веќе две години нема ниту одлука од обвинителството ниту збор од надлежните институции за сторениот организиран криминал во Еуростандард банка. Нема никаква реакција ниту на јавното признание од Трифун Костовски, еден од осомничените лица за организираниот криминал, дека свесно сторил кривично дело поради кое исчезнале три милиони евра од депозитите во банката. Обвинителството и понатаму молчи додека законските рокови за нивна одлука од спроведената истрага за организираниот криминал во Еуростандард банка се веќе поминати уште минатата година. Па затоа се прашуваме дали за грабеж на банка во земјава веќе не се одговара!? Инаку, сите индикации покажуваат дека во Еуростандард банка се спроведувал континуиран грабеж на депозити со години. Не се почитувале ниту кредитната политика на банката, ниту политики и процедури за кредитен ризик. Се делеле кредити на некредитоспособни фирми без исполнување на основни критериуми за одобрување. Кредитите се одобрувани од раководниот тим на банката. Трифун Костовски, Николче Петкоски и Коста Костовски се раководните одговорни лица кои ги предводеле надзорниот, управниот и кредитниот одбор во Еуростандард банка и кои се носители во одобрувањето неповратни кредити на некредитоспособни фирми. Со нивни потписи се случувало масовното раздавање на неповратни кредити, активност која станала толку голема да банката пропадне и се затвори, велат штедачите. „Еуростандард банка е добар показен пример за организиран криминал и корупција. Таму е почнат криминалот пред многу години, но не е и завршен. А би требало да заврши со кривична одговорност и казна за оние кои го организирале и спровеле криминалот. Страшно е што толку долго време нема никаква реакција од државата, од институциите кои се надлежни за справување со и казнување на нелегални криминални активности, а пред и се од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Дали неказнивоста е само поттик и охрабрување да се случуваат други слични криминални активности на штета на сите граѓани и фирми кои се значајни клиенти во банкарскиот сектор? Дали тоа значи и дека ограбувањето депозити на граѓаните и фирмите со неказнивост ќе стане пракса и од некоја друга банка во иднина? Игнорантскиот однос на државата и надлежните институции кон организираниот криминал во Еуростандард банка го покажува тоа“ - посочуваат тие.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-na-esb-dali-za-grabezh-na-banka-vo-zemjava-veke-ne-se-odgovara/feed/ 0
Здружение на оштетени штедачи: Колкава е душевната болка на Алберт Муслиу за невратен долг кон Еуростандард банка? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-kolkava-e-dushevnata-bolka-na-albert-musliu-za-nevraten-dolg-kon-eurostandard-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-kolkava-e-dushevnata-bolka-na-albert-musliu-za-nevraten-dolg-kon-eurostandard-banka/#respond Fri, 02 Dec 2022 08:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=769926

Алберт Муслиу, аналитичарот кој го гледаме многу често на телевизиски дебатни емисии, го тужи Здружението „Правда за штедачи“ за клевета поради изнесените факти дека негова фирма како и фирма на негов близок член од семејството имаат земено кредити од Еуростандард банка во вкупен износ од речиси 800 илјади евра, но немаат вратено ниту денар повеќе од четири години. И поради сето тоа, Алберт Муслиу се здобил со душевна болка и други здравствени проблеми. Се прашуваме каква е таа душевна болка да земеш пари од друг, да не вратиш ништо и со тоа да го оштетиш и да му предизвикаш болка. Или колку боли туѓата болка? На денот на затворањето на Еурoстандард банка, душевна болка и здравствени проблеми претрпеа преку 3.000 депоненти, физички и правни лица. Денот кога дознаа дека паричните средства доверени во банка ги немаат повеќе, допринесе да немаат сон, здравјето им се наруши, стресот им стана секојдневие. Неспокој, немир, главоболки и голема неизвесност. Мноштво последици за нив и нивните најблиски, порачуваат од Здружението на оштетени штедачи.

Во продолжение следува нивното соопштение:

Нивната единствена вина е што верувале во систем којшто е заштитен со закони, за да ги доверат своите лични парични средства во банкарска институција контролирана од државата. Се разбира, не знаејќи притоа дека внатре во банката со години се одвивал организиран криминал односно грабеж на депозити. И тоа грабеж инициран, организиран и спроведен од раководниот тим на банката, претежно во тесна соработка со сопственици на фирми како приматели на неповратни кредити. Еден од претставниците на раководниот тим на Еуростандард банка е Трифун Костовски во својство на долгогодишен претседател на надзорниот одбор, често присутен со свои колумни и гостувања во емисии во последните две и пол години. Додека Алберт Муслиу е еден од претставниците на сопственици на фирми кои земале кредити од Еуростандард банка за да никогаш не ги вратат.

И сега се прашуваме кој тоа има душевна болка. Дали е тоа Алберт Муслиу чија фирма е должник во Еуростандард банка или пак преку 3.000 доверители, кои очекуваат фирмата на Алберт Муслиу да ги врати стотиците илјади евра кои ги земала како кредит? Или пак можеби Трифун Костовски и неговите блиски колеги од раководството на Еуростандард банка кои масовно и свесно доделувале неповратни кредити со години?

Се прашуваме кој ќе ја надомести реалната душевна болка, претрпениот стрес и непроспиените ноќи на многуте оштетени доверители во Еуростандард банка. Парите кои фирмата на Алберт Муслиу и таквите како него ги земале од Еуростандард банка мора да ги вратат. Додека раководството на Еуростандард банка мора да сноси одговорност за злоупотребите и разните криминални активности кои ја однесоа банката во стечај, за што впрочем се води и истрага неполни две години. А за сето тоа да се случи, и за таквите личности како Алберт Муслиу и за раководните лица од Еуростандард банка, постојат финансиската полиција, обвинителството и судството. Но, нарушеното здравје и последиците на сите оштетени доверители и нивните семејства нема цена. Тоа не може да се плати со пари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-kolkava-e-dushevnata-bolka-na-albert-musliu-za-nevraten-dolg-kon-eurostandard-banka/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Јавно да се објават кои фирми од Струмица, блиски до фамилијата Заеви добивале кредити и истите не ги враќале и со тоа се вмешани во пропаѓањето на Еуростандард банка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-javno-da-se-objavat-koi-firmi-od-strumica-bliski-do-familijata-zaevi-dobivale-krediti-i-istite-ne-gi-vrakjale-i-so-toa-se-vmeshani-vo-propagjanjeto-na-eurostandard-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-javno-da-se-objavat-koi-firmi-od-strumica-bliski-do-familijata-zaevi-dobivale-krediti-i-istite-ne-gi-vrakjale-i-so-toa-se-vmeshani-vo-propagjanjeto-na-eurostandard-banka/#respond Mon, 29 Aug 2022 07:17:51 +0000 https://kurir.mk/?p=725280

Криминалниот октопод со Штедилницата ТАТ од Битола, доби нова современа верзија со пропаѓањето на Еуростандард банка, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Новиот криминален октопод во Македонија со Еуростандард банка не добива разрешница. Тоа е така бидејќи високи поранешни, но и сегашни функционери од антимакедонската СДС се вмешани во овој огромен криминал. И овој случај со Еуростандард банка како тој за ТАТ се случува во време кога на власт е антимакедонската СДС, како и тогаш така и сега вмешани се високи функционери од СДС. Власта предводена од антимакедонската СДС јавно да објави кои струмички фирми се вмешани во овој криминал? Исто така да одговори како овие фирми, блиски до најбогатото семејство во Струмица, а и Македонија, Заеви, добивале кредити од банката без покритие и истите не ги враќале?, прашуваат од партијата. Од таму додаваат дека јавноста очекува одговор како овие фирми биле повластени со тоа што не ги враќале парите и сето ова било премолчувано, дали бидејќи се поврзувани со фамилијата Заеви и истите биле заштитени во криминалот кој го правеле. -Илјадници штедачи се измамени и истите се уште чекаат разрешница за да бидат обештетени. Човечки судбини се во прашање и за овој криминал не смее власта предводена од антимакедонската СДС да молчи. Одговорност мора да има за овој огромен криминал и клопчето мора да биде размотано до крај, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-javno-da-se-objavat-koi-firmi-od-strumica-bliski-do-familijata-zaevi-dobivale-krediti-i-istite-ne-gi-vrakjale-i-so-toa-se-vmeshani-vo-propagjanjeto-na-eurostandard-banka/feed/ 0
Здружение на оштетени штедачи: Прва авансна распределба кон доверителите физички и правни лица, случајот наречен Еуростандард банка е далеку од завршен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-prva-avansna-raspredelba-kon-doveritelite-fizichki-i-pravni-lica-sluchajot-narechen-eurostandard-banka-e-daleku-od-zavrshen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-prva-avansna-raspredelba-kon-doveritelite-fizichki-i-pravni-lica-sluchajot-narechen-eurostandard-banka-e-daleku-od-zavrshen/#respond Tue, 21 Jun 2022 07:54:17 +0000 https://kurir.mk/?p=693518

Здружението на оштетени штедачи преку соопштение до јавноста велат дека прва авансна распределба кон доверителите физички и правни лица, случајот наречен Еуростандард банка е далеку од завршен. „После речиси две години, стечајната постапка на Еуростандард банка дојде до првата авансна распределба кон доверителите физички и правни лица. Во стечајната маса се собраа вкупно 50 милиони евра, кои се во постапка на исплата. Судскиот процес, почнувајќи од одлуката на Уставниот суд за укинување на приоритетното место за наплата на Фондот за осигурување на депозити, преку постапките што се водеа во Основниот и Апелациониот суд Скопје, резултатираа со крајна одлука да поголем дел од физичките лица доверители, оние чии депозити биле осигурани согласно закон, бидат обештетени во целост преку сегашната прва аванска распеделба од стечајната маса. Додека еден дел од физичките лица и сите правни лица доверители во банката се обештетија делумно, околу една третина од нивните депозити. Или, преку бројки, нешто повеќе од 500 физички лица ги добиjа назад своите заробени депозити во целост, додека останатите, повеќе од 100 физички лица и околу 2.000 правни лица, заедно со Фондот за осигурување на депозити како најголем доверител, останаа и понатаму да ги побаруваат своите депозити во стечајната постапка на Еуростандард банка. Но не би бил овој прв успех возможен без активната поддршка на медиумите кои несебично го помагаа Здружението „Правда за штедачи“ преку објавите кои ги споделувавме во изминатите неполни две години од затворањето на банката. Бевте со нас секогаш кога требаше, да ги пренесете во целост нашите заложби за правично и праведно решавање на стечајот на Еуростандард банка. Таа мисија, која е од јавен интерес, несебично ја извршувате, за што сме ви многу благодарни. Со други зборови, без вашата поддршка овој првичен успех немаше да биде возможен. Но, состојбата во стечајната постапка на Еуростандард банка е далеку од розова. Официјалниот извештај за банката на денот на нејзиното затворање во август 2020 година вели дека во банката имало кредити во износ од 99 милиони евра, од кои околу 58 милиони евра ненаплатливи и тешко наплатливи кредити додека останатите 41 милиони евра биле редовни кредити. Во банката имало и околу 25 милиони евра во парични средства за резервации за лоши пласмани, кои заедно со наплатените дополнителни 25 милиони евра, најмногу од кредити кои можеле да се наплатат во текот на минатите две години, ја сочинуваат првата авансна распределба од 50 милиони евра. Реалната состојба е таква да понатамошните приливи во стечајната маса се многу мали, а тоа ја прави понатамошната наплата многу неизвесна и крајно дискутабилна за сите оние кои останаа доверители во стечајната постапка на банката. Со други зборови, тие правни и физички лица должници кои можеле и сакале да ги вратат кредитите го направиле тоа до сега, додека недостатокот од оние 58 милиони евра нефункционални кредити, дадени и поделени на вересија и врз основа на измислени критериуми од страна на менаџментот на Еуростандард банка, и понатаму не можат да се вратат во банката. За тоа сведочат и многуте затворени или во стечај однесени фирми должници, каде остануваат ненаплатени речиси 60 отсто од кредитното портфолио на Еуростандард банка. Затоа, ја очекуваме поддршката од медиумите и во наредниот период. Затоа што случајот наречен Еуростандард банка е далеку од завршен. Очекуваме вистината за банката и правдата за оштетените депоненти да бидат наскоро обзнаени и во постапката која ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, коешто има започнато истрага за Еуростандард банка уште во февруари минатата година. Затоа што разрешување на прашањата за сторениот организиран криминал во банката ќе помогне не само на доверителите во банката, туку и ќе испрати јасна порака до сите останати банки и други финансиски институции како не треба да се работи и управува со банка. Тоа, впрочем, е од голем јавен и општествен интерес. На вас, медиумите, искрено ви благодариме, до сега и од сега“, стои во нивното соопштение до јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-prva-avansna-raspredelba-kon-doveritelite-fizichki-i-pravni-lica-sluchajot-narechen-eurostandard-banka-e-daleku-od-zavrshen/feed/ 0
Република: Правдата е слепа и пред избори: Вице Заев, Трајче Заев…. и Заеви зеле кредит од Еуростандард и не го вратиле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-pravdata-e-slepa-i-pred-izbori-vice-zaev-trajche-zaev-i-zaevi-zele-kredit-od-eurostandard-i-ne-go-vratile/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-pravdata-e-slepa-i-pred-izbori-vice-zaev-trajche-zaev-i-zaevi-zele-kredit-od-eurostandard-i-ne-go-vratile/#respond Fri, 29 Oct 2021 06:54:49 +0000 https://kurir.mk/?p=587474

Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев, излегол од сопствеништвото на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која има сомнителен и спорен долг во Еуростандард банка од околу 600 илјади евра и нема платено ниту една рата 620 дена пред затворање на банката минатата година. Според јавно достапни податоци од Централен регистар, Вице Заев ја напуштил фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица на 18 февруари оваа година, пишува порталот Република.мк. На негово место како косопственик во фирмата влегол Зоран Марковски додека другите двајца крајни косопственици, Сашко Брндевски и Ристо Кречев, останале во фирмата. Историјат на промени Сара Инженеринг ДОО Струмица -Во последните две години фирмата имала загуби од 16 до 65 илјади евра, и двапати поголеми обврски од капиталот на фирмата. Во 2020 година приходите на фирмата биле само 4.800 евра. Фирмата должи и околу 560 илјади евра за неплатени даноци према државата односно кон Управата за јавни приходи. Вице Заев бил континуирано косопственик во оваа фирма од 2010 година, за да ја отуѓи истата со неисплатен долг кон Еуростандард банка само неколку месеци откако банката се затвори минатата година. Земени пари за да не се вратат, стои во текстот. Целиот текст на Република.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-pravdata-e-slepa-i-pred-izbori-vice-zaev-trajche-zaev-i-zaevi-zele-kredit-od-eurostandard-i-ne-go-vratile/feed/ 0
Фонд за осигурување на депозити: Обештетени се 12.228 депоненти на „Еуростандард банка” АД Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fond-za-osiguruvanje-na-depoziti-obeshteteni-se-12-228-deponenti-na-eurostandard-banka-ad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fond-za-osiguruvanje-na-depoziti-obeshteteni-se-12-228-deponenti-na-eurostandard-banka-ad-skopje/#respond Wed, 06 Oct 2021 10:45:45 +0000 https://kurir.mk/?p=573949

Фондот за осигурување на депозити информира дека на 15 септември 2021 година измина една година од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица со право на обесштетување од „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај. Во текот на оваа година исплатени се точно 89,56 проценти од вкупниот пресметан износ на обесштетување или вкупно 12.228 депоненти. Вкупниот износ на пресметано обесштетување изнесува 4.179.607.269 денари (68 милиони евра). Вкупен износ на депоненти – физички лица со право на обесштетување изнесува 137.111 депоненти. Вкупниот износ на исплатено обесштетување заклучно со 30 септември 2021 година изнесува 3.743.319.505 денари (60 милиони евра). Во категоријата на депоненти со износ на депозити од 1.200.000 до 1.850.889 денари (до законски утврдениот праг на обесштетување) исплатени се 1.286 депоненти во вкупен износ од 2.185.153.233 денари (35 милиони евра) или 97,83 проценти од депонентите кои припаѓаат на оваа категорија. Најголем процент (99,76 отсто) од неисплатените депоненти припаѓаат на категоријата – депоненти со депозити до 100 денари. Во оваа категорија припаѓаат 69.598 депоненти (или 50 проценти од вкупниот износ на депоненти со право на обесштетување). Исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица со право на обесштетување од „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај се одвива непречено преку четири банки исплатувачи: Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, НЛБ банка АД Скопје и Халкбанк АД Скопје. Исплатата преку банките исплатувачи се одвива на следниот начин: Депонентите чие презиме започнува на буквите А, Б, В, Г и Д се исплаќаат во експозитурите на „Комерцијална банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија. Депонентите чие презиме започнува на буквите од Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ се исплаќаат во експозитурите на „НЛБ Банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија. Депонентите чие презиме започнува на буквите од М, Н, Њ, О, П и Р се исплаќаат во експозитурите на „Стопанска банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија. Депонентите чие презиме започнува на буквите од С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш се исплаќаат во експозитурите на „Халкбанк” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија. Исплатата преку банките исплатувачи ќе се извршува до 15 септември 2023 година. По овој рок, исплатата ќе продолжи да се реализира преку Фондот за осигурување на депозити. Во соопштението се наведува дека, преку Фондот за осигурување на депозити се реализираат и исплати на обесштетување на починати депоненти согласно наследни решенија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fond-za-osiguruvanje-na-depoziti-obeshteteni-se-12-228-deponenti-na-eurostandard-banka-ad-skopje/feed/ 0
Димитриеска Кочоска: Со стечајот на Еуростандард банка, фондот за осигурување на депозитите има помалку средства и поради тоа се качуваат каматните стапки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-so-stechajot-na-eurostandard-banka-fondot-za-osiguruvanje-na-depozitite-ima-pomalku-sredstva-i-poradi-toa-se-kachuvaat-kamatnite-stapki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-so-stechajot-na-eurostandard-banka-fondot-za-osiguruvanje-na-depozitite-ima-pomalku-sredstva-i-poradi-toa-se-kachuvaat-kamatnite-stapki/#respond Fri, 04 Jun 2021 09:02:37 +0000 https://kurir.mk/?p=518897

„Минатата година Еуростандард банка отиде во стечај. Како отиде во стечај, знаеме. Јас верувам во правдата и дека во некое време ќе се докаже дека таму имало криминални дејствија и како резултат на ова целта беше се затвори банката за да се заташкаат или да речам затскријат одредени работи. И согласно Законот за осигурување на депозити ги покрива нели ги обештетува овие штедачи кои што имаат штедни влогови до 30.000 евра. И сега што се случува? Фондот за осигурување на депозитите не ги чува парите кај себе, тој фонд значи ги добива парите од банките, а во банките оние кои што земаат кредити преку каматните стапки ги плаќаат своите да речеме ризици на фондот за осигурување на депозити. И тој таму се грижи за тие пари и не ги чува кај себе, ги вложува во државата, односно купува државни хартии од вредност, рече Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во радио „Лидер“. -И сега во сред корона криза, кога е тешко, кога кај нас имаме 4.5% пад на БДП, кога фирмите се пред колапс, кога државата доцни и не плаќа, имаме ситуација затворање на една банка. И треба сега да ги сервисираме односно да ги обештетиме оние штедачи кои што се во рамки на лимитот кој што го покрива државата. И ние имаме ситуација кога фондот ги нема парите, ама ги има хартиите и им ги продава на банките, рече таа. Димитриеска Кочоска додаде дека банките сега ги купуваат хартиите од вредност и така даваат пари на фондот за осигурување на депозитите за да се обештетат штедачите, и поради тоа се качуваат каматните стапки. „Вчера излезе податокот дека фондот за осигурување на депозитите сега има средства кај себе помалку од тоа што законски мора да го има. Тој износ сега фондот треба да го надополни. Како ќе го надополни? Кажавме кој е изворот, тоа е преку каматните стапки. Односно тоа клиентелата на банките го плаќа тоа. И сега ќе имаме зголемување на каматните стапки. И да го немавме случајот со меѓународен пазар, ние ќе имавме заради фондот за осигурување на депозитите. Така да со една одлука за носење во стечај на Еуростандард банка ние имаме одлив на пари од банките према фондот, значи во услови на криза и сега очекуваме повисоки каматни стапки“, истакна Димитриеска Кочоска. Посочи дека со стечајот на Еуростандард банка граѓаните ги чувствуваат последиците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-so-stechajot-na-eurostandard-banka-fondot-za-osiguruvanje-na-depozitite-ima-pomalku-sredstva-i-poradi-toa-se-kachuvaat-kamatnite-stapki/feed/ 0
Оштетените штедачи ја поздравуваат одлуката на Уставен суд за поведената постапка за Закон за банки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-ja-pozdravuvaat-odlukata-na-ustaven-sud-za-povedenata-postapka-za-zakon-za-banki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-ja-pozdravuvaat-odlukata-na-ustaven-sud-za-povedenata-postapka-za-zakon-za-banki/#respond Wed, 21 Apr 2021 12:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=500369

Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи” им честита на уставните судии за поведената постапка по нивната иницијатива за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки. -Оваа историска победа е за сите граѓани во државата и истата треба да биде поттик да во овие тешки времиња на пандемија и економска криза уставниот поредок да служи како поддршка на граѓаните, а не за лични интереси на поединци и лоби групи. Се надеваме дека институциите нема да запрат тука и дека конкретниов случај на носење на историски праведна одлука ќе служи за пример како да делуваат понатаму. За историски одлуки се потребни херои, а денес тоа се уставните судии. Ви благодариме што останавте на страната на правото и правдата!, стои во денешното соопштение од Здружението. Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки, според кој, побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители. Судот изрази сомнеж за уставноста на оспорената законска одредба. Уставните судии пред неполни два месеца не поведоа постапка по иницијативата поднесена за истата одредба од Законот за банки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-ja-pozdravuvaat-odlukata-na-ustaven-sud-za-povedenata-postapka-za-zakon-za-banki/feed/ 0
Здружение на оштетени штедачи: ДКСК има надлежност врз извршната а не врз судската власт – ова е невиден апсурд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-dksk-ima-nadleznost-vrz-izvrshnata-a-ne-vrz-sudskata-vlast-ova-e-neviden-apsurd/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-dksk-ima-nadleznost-vrz-izvrshnata-a-ne-vrz-sudskata-vlast-ova-e-neviden-apsurd/#respond Fri, 16 Apr 2021 06:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=497948

- Во врска со повторното одлагање на гласањето на Уставниот Суд за уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, би сакале, како Здружение на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи“, да изнесеме неколку факти кои одлагањето на произнесувањето го прават депласирано. Вмешувањето на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во оваа иницијатива е апсурдно и сосема непотребно, по што веќе станува видливо и за јавноста она што за нас е одамна јасно. Уставниот Суд е под страшен притисок. Тој притисок се спроведува преку одредени судии кои, за жал, по заслуга, но не и според својот квалитет, се избрани во највисокиот суд којшто треба да ја заштитува уставноста и законитоста во државата. Тешко на таа уставност и законитост кога за неа треба да одлучуваат судии „по заслуга” кои одработуваат, место да ги оценуваат уставноста и законитоста, се вели во соопштението на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка. -- Но, да се задржиме на фактите, или поточно да образложиме зошто е невиден апсурд за некаков судир на интереси на уставните судии да одлучува ДКСК. Прво, начелно и принципиелно, го поставуваме прашањето дали ДКСК има законска надлежност да цени за судир на интереси на уставен судија при оценка на уставност на ЗАКОН? Бидејќи ДКСК има надлежност врз извршната власт, а не врз судската власт! На пример, изземање на судија од Основниот суд не се бара од ДКСК, туку од претседателот на Основниот суд. Тоа е така бидејќи судската власт е независна од извршната власт. Понатаму, колку што нам ни е познато, законот е општ акт којшто се однесува на неопределен број на луѓе, поради што важи за сите уставни судии како граѓани. Исто како што важи и за сите други граѓани. Прашуваме, дали тоа значи дека сите судии за секој закон, бидејќи тој важи лично за нив, имаат судир на интереси и не можат да одлучуваат по иницијативи за оценка на нивната уставност? Или да го поставиме прашањето поинаку, дали, според оваа логика, ВООПШТО НИ Е ПОТРЕБЕН УСТАВЕН СУД, со оглед дека за законите, кои како општи акти што важат и за нив, поради судир на интереси, уставните судии не можат да оценуваат дали се во спротивност со Уставот, прашуваат од здружението. Тие посочија дека за еден од судиите биле пласирани јавни информации дека бил во релации со еден од главните акционери во Еуростандард банка, Коста Костовски. Член 163 став 3 од Законот за банки гласи: „Побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители”. - Се поставува прашањето, каде во член 163 став 3 е споменат Коста Костовски или Еуростандард банка? Дали оспоруваната одредба од Законот за банки се однесува само за Еуростандард банка и за Коста Костовски или за сите банки? По таа логика, бидејќи секој од судиите зема плата преку некоја банка, имаат ли сите судии судир на интереси затоа што законот важи и е поврзан со сите, вклучително и со „нивната” банка? Слушнале ли во Уставниот Суд за терминот “in apstrackto”? Бидете сериозни Ве молиме, сепак тоа е Уставен Суд. Исто така пласирана е дезинформација дека судијата имал депозит во Еуростандард банка поради што имал конфликт на интереси. Со оглед дека шемата на доверители и решението од судот се јавно достапни, ние, како Здружение категорички тврдиме дека ова е дезинформација, посочуваат оштетените штедачи. - Но, дури и да има, како што веќе кажавме, член 163 став 3 од Законот за банки не е lex specialis којшто важи само за Еуростандард банка, ниту пак значи дека со укинување или поништување на таа одредба доверителите со сигурност ќе ги наплатат своите побарувања во стечајот на таа банка. Тоа значи само дека ќе се укине нееднаквоста и дискриминацијата, ништо друго. Прашуваме, тоа ли е судир на интереси? Или, во чиј интерес е да постои нееднаквост и дискриминација, прашуваат. Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка изразува надеж дека сепак Уставниот Суд ќе го сочува дигнитетот, дека нема да дозволи некои од судиите, место да ги применуваат Уставот и законите, преку подземни игри со одредени банкарски кругови, политички структури, информативни гласила и портали, како и поставување на апсурдни барања за испитување на судир на интереси, да го урнисаат во целост угледот на највисокиот суд во државата и да ги сведат судиите на обични „трговци со влијание”. - Истовремено, ја повикуваме ДКСК да се одважи и да одговори на барањето на уставните судии за судир на интереси во рокот што од неа ќе биде побаран од судот, за да може истиот непречено да одлучува според закажаното на седницата од 15.04.2021 година, или најдоцна до 20.04.2021 година, бидејќи следното гласање е закажано за 21.04.2021 година. Инаку, за ваквите подземни игри во Уставниот Суд, Здружението смета дека мора да има поединечна одговорност. Исто како и за пропаѓањето на Еуростандард банка. И ние ја уверуваме македонската јавност дека нема да застанеме, ќе продолжиме со нашата борба. Ние добро знаеме што се случува, не сме наивни како што некој мисли. Но затоа, на сите „мешетари” во судот и надвор од него им порачуваме ДОАЃА ВРЕМЕ НА ОДГОВОРНОСТ. Или ако сакате народски „кој што сеел, тоа ќе си жнее”. Затоа што ние оштетените од Еуростандард банка имаме загубено многу, речиси се, и доколку се ставите во наша положба ќе знаете дека нашата болка мора да добие име и презиме. Ќе сториме се тоа име и презиме да стане јавно и познато на целата македонска јавност. И тоа наскоро, веќе во следните соопштенија, додаваат од здружението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-dksk-ima-nadleznost-vrz-izvrshnata-a-ne-vrz-sudskata-vlast-ova-e-neviden-apsurd/feed/ 0
Оштетените штедачи пред Уставниот суд: Еуростандард банка пропадна поради криминални активности на неколку категории луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-pred-ustavniot-sud-eurostandard-banka-propadna-poradi-kriminalni-aktivnosti-na-nekolku-kategorii-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-pred-ustavniot-sud-eurostandard-banka-propadna-poradi-kriminalni-aktivnosti-na-nekolku-kategorii-lugje/#respond Thu, 15 Apr 2021 08:06:20 +0000 https://kurir.mk/?p=497506

Оштетените штедачи, физички и правни лица депоненти на Еуростандард банка денеска организираа собир пред Уставниот суд, кој на денешната седница треба да расправа за иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки. -Денеска сме повторно пред Уставниот суд, со надеж дека конечно ќе преовлада правдата и ќе победи правната држава. Денеска повторно на дневен ред пред Уставниот суд е одлуката за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, наведуваат штедачите. Според нив, членот 163 став 3 од Законот за банки претставува генератор што продуцира нееднаквост на правните и физичките лица депоненти на банка во однос на Фондот за осигурување на депозити во случај на стечај или ликвидација на банка. -Далбоко сме убедени дека Еуростандард банка пропадна поради криминални активности на неколку категории луѓе, истакнуваат оштетените штедачи. Посочуваат дека во стечајната постапка нема доволно средства за надомест на нивните пари. -Во апсолутна смисла е загрозена нашата сопственост врз тие средства. Причината за ваквата состојба во стечајот е монополската позиција на Фондот за осигурување на депозити. Но, тоа денес отвора многу прашања од пошироко значење. Од една страна гледаме колку несигурна била нашата позиција во легалниот финансиски систем каде царувал криминалот, и од друга страна гледаме дека во стечајната постапка, со законската регулатива која е на наша штета, повторно ќе бидеме оштетени поради нееднаквата и дискриминирачка позиција во однос на Фондот за осигурување на депозити, сметаат штедачите. Убедени се дека се работи за неодржлива состојба, спротивна на Уставот и гарантираната еднаквост преку забрана на монополската положба по било кој основ. Затоа, додаваат, доколку продолжи примената на законите од областа на финансискиот систем и банкарскиот сектор на ваков начин, не е далеку денот кога поради апсолутно несигурната состојба, многу граѓани – штедачи ќе ги преиспитаат своите штедни влогови во банките. Дури може да дојде и до масовно повлекување на депозити, што, како што наведуваат, искрено не го посакуваат. Според нив, генератор на промените на ваквата состојба во финансискиот систем и банкарскиот сектор гледаат во укинување или поништување на член 163 став 3 од Законот за банки. Сметаат дека со негово укинување или поништување ќе се постигне позитивен ефект не само во стечајната постапка за Еуростандард банка, туку тоа ќе предизвика потреба од темелна реформа на законодавството од областа на банкарското работење. Со тоа, како што наведуваат, ќе се надмине сегашната состојба според која сите во однос на Фондот за осигурување на депозити се во подредена положба, додека правните лица не само што не се еднакви, дури трпат и дискриминација. Сите стравувања на монетарната власт и недовербата на граѓаните можат да се надминат со една одлука на Уставниот суд, во кого оштетените физички и правни лица гледаат последна шанса за враќање на надежта во владеење на правото. Само Уставниот суд може да го укине законскиот текст кој овозможува и креира правна несигурност што води во неизвесност илјадници семејства. На потег е Уставниот Суд!, велат од Здружение на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-pred-ustavniot-sud-eurostandard-banka-propadna-poradi-kriminalni-aktivnosti-na-nekolku-kategorii-lugje/feed/ 0