еуростандарт банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 May 2021 09:29:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еуростандарт банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оштените штедачи објавуваат шема по која се одвивал грабежот на Еуростандард во кој учествувал сопругот на Павлина Црвенковска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtenite-shtedachi-objavuvaat-shema-po-koja-se-odvival-grabezot-na-eurostandard-vo-koj-uchestvuval-soprugot-na-pavlina-crvenkovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtenite-shtedachi-objavuvaat-shema-po-koja-se-odvival-grabezot-na-eurostandard-vo-koj-uchestvuval-soprugot-na-pavlina-crvenkovska/#respond Mon, 03 May 2021 09:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=504828

Дали постои надеж за расчистување со криминалот и корупцијата во земја каде Павлина Црвенковска е претседател на Судскиот совет? Оштетените штедачи на Еуростандард банка објавуваат шема по која се одвивал грабежот на Еуростандард банка, во кој учествувал сопругот на претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Зоран Црвенковски. Според нив, Црвенковски е дел од криминалната мрежа за грабеш на Еуростандард бакнка и еден од позначајните должници во банката. Освен што „позајмил“ и должи 1.600.000 евра, свесно ја однел неговата фирма должник Екопласт Рисајклинг во стечај. Од друга страна, обезбедувањето за кредитот со проценета вредност од 460.000 евра, сега е всушност амортизирана, стара опрема од фирмата, којашто е практично неупотреблива. Таа е сега „старо железо“ кое лежи под отворено небо и продолжува да се обезвреднува и чијашто моментална вредност е речиси четири пати помала од моментот кога била заложена, а заинтересираноста за купување на таквата опрема практично ја нема. -Историјата на работењето на Зоран Црвенковски покажува и дека тој навистина добро се снаоѓа во ликвидација на фирми. Имено, во октомври 2012 година, Зоран Црвенковски ја ликвидирал и неговата претходна фирма Енерготрејд МТ доо од Скопје. Во оваа фирма, косопственик заедно со Зоран Црвенковски бил и Венко Петровски. -Кој е пак Венко Петровски? Тој е косопственик и управител на фирмата Маријатреид од Велес, којашто сега се јавува како фирма должник кон Еуростандард банка. Според извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, оваа фирма должи околу 325.000 евра и нема платено ниту една рата 377 дена. Како обезбедување на земениот кредит се води единствено обична меница. Во 2019 година, од тогаш кога се води долгот, според билансите, фирмата имала загуби од 1.400.000 евра, долгови над 4.000.000 евра и негативен капитал од 600.000 евра. Задолженост од 118 отсто! Во Управата за јавни приходи фирмата должи и околу 15.000 евра. Ова е само еден од примерите како се делени ненаплатливи кредити на фирми со големи долгови и загуби и со цел да никогаш не се вратат. Тие се сомневаат дека Павлина Црвенковска е избрана за член на Судскиот совет и потоа, за кусо време, и за претседател, за да ги брани интересите на нејзиниот сопруг и слични измамници, меѓу кои и пријатели на Зоран Црвенковски. -Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата во предметот што го отвори да испита што поседува Павлина Црвенковска и дали го прикрива имотот на нејзиното семејство, вклучително и 1.600.000 евра, коишто нејзиниот сопруг преку неговата фирма ги „позајмил“, но не ги вратил. Во нејзиниот јавно достапен анкетен лист (на линкот подолу) се води само станбен простор од 20 метри квадратни стекнат со наследство. Се сомневаме дека таа и нејзиниот сопруг го имаат препишано добар дел од имотот на нивни блиски лица. Во анкетниот лист има наведено личен имот, заедно со имотот на нејзиниот сопруг, во вкупна вредност од околу 65.000 евра, но без да го наведе и сопствеништвото на сопругот од 40 отсто удел во фирмата Екопласт Рисајклинг. Сегашната тековна состојба од Централниот регистар (Во прилог на маилов) покажува дека фирмата има активен стечај, каде Зоран Црвенковски е основач и косопственик. Дали со непријавување на овие податоци во анкетниот лист, Павлина Црвенковска имала намера да ја сокрие и трагата на украдените пари од нејзиниот сопруг од нас ограбените физички и правни лица депоненти на Еуростандард банка?.Се прашуваме, освен ова дали има и нешто друго што Павлина Црвенковска случајно „заборавила“ да го пријави во анкетниот лист. Тоа ќе го оставиме на Државната комисија за спречување на корупцијата да детално го провери, испита и објави. Оштетените штедачи бараат итна оставка од Павлина Црвенковска. Останатото ќе го кажат судовите, преку транспарентен судски процес за нејзиниот сопруг Зоран Црвенковски и слични сопственици на фирми должници кон Еуростандард банка, но без скриени интервенции и ургенции од Павлина Црвенковска. Од неа очекуваме да јавно одговори кога нејзиниот сопруг Зоран Црвенковски ќе ги врати нашите украдени лични средства. Тековна ЕКОПЛАСТ РИСАЈКЛИНГ ДОО]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtenite-shtedachi-objavuvaat-shema-po-koja-se-odvival-grabezot-na-eurostandard-vo-koj-uchestvuval-soprugot-na-pavlina-crvenkovska/feed/ 0
Оштетени штедачи: Нина Ангеловска си ги спаси своите пари, ги остави тие на министерството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-nina-angelovska-si-gi-spasi-svoite-pari-gi-ostavi-tie-na-ministerstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-nina-angelovska-si-gi-spasi-svoite-pari-gi-ostavi-tie-na-ministerstvoto/#respond Thu, 14 Jan 2021 08:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=455096

Нина Ангеловска, претходната министерка за финансии, ги повлекла своите лични пари од Еуростандард банка пред нејзиното затворање, но ги оставила депозитите на Министерството за финансии во висина од речиси 40 илјади евра, кои се сега дел од стечајната маса на пропаднатата банка со голема веројатност никогаш и да не се вратат поради огромниот грабеж на депозити што е направен во банката, реагираат Оштетените штедачи од Еуростандард банка. – Овој чин покажува дека, иако неодговорно и несовесно, Нина Ангеловска се грижела само и исклучиво за својот личен интерес, но не и за јавниот интерес за којшто таа била поставена и одговорна да се грижи, а за што била и скапо платена од наши пари. Антикорупциската комисија испита и потврди дека Нина Ангеловска знаела за очекуваното затворање на Еуростандард банка и врз основа на нејзиното учество во Комитетот за финансиска стабилност. Со повлекување на нејзиниот личен депозит од Еуростандард банка непосредно пред нејзниното затворање, таа ја искористила службената положба како висок владин функционер за остварување на лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирана положба во однос на другите доверители кои ги загубија своите пари во банката. Во рамките на своите надлежности, Антикорупциската комисија констатираше само судир на интереси преку крајно непрофесионално и неетичко однесување на министерката Ангеловска – велат оштетените штедачи. Според нив, од сето ова, наместо да има одговорност, Владата ја награди Нина Ангеловска со место член во Одборот на директори на Македонски телеком. Тие велат дека и покрај ваквиот недоличен, арогантен и искривен однос, сепак веруваат дека неодамна поднесената кривична пријава за несовесно работење на Нина Ангеловска во службата ќе го види светлото на денот и во некое догледно време ќе има можност да се докаже нејзината кривична одговорност низ транспарентна судска постапка. – Во март 1997 година пропадна штедилницата „ТАТ“. Тогашниот премиер Бранко Црвенковски од собраниската говорница декларативно објави војна против „октоподот“, алудирајќи на организираниот криминал. Во тоа време се зборуваше и дека еден ден пред затворање на штедилницата, некој висок владин функционер, таканаречен „министерот во тренерки“, бил виден како излегува од штедилницата со полни црни вреќи доцна во ноќта. И во случајот со пропаѓањето на Еуростандард банка има вклучено висок владин функционер, но за разлика од случајот со ТАТ, овојпат идентитетот на министерот е добро познат – велат тие. Аферата ТАТ остана длабоко врежана во сеќавањата на граѓаните во земјава. Резултираше и со многу трагедии. Статистиката вели дека повеќе од сто битолчани банкротирани во пирамидалната афера со штедилницата се самоубиле во следните десет години. И тогаш беа украдени 120 милиони германски марки или 60 милиони евра. Партијата на тогашниот премиер, СДСМ, претрпе тежок пораз на парламентарните избори во 1998 година, а голем дел од причината за тоа се припишува токму и на аферата ТАТ. – Дали сегашната Влада и надлежите државни институции ќе ја откријат вистината за пропаѓањето на Еуростандард банка, ќе ги казнат сите инволвирани лица и ќе ни помогнат да ни се вратат нашите украдени пари во целост или пак ќе чекаат да дојдат избори оставајќи на времето да повторно се случат трагедии – прашуваат оштетените штедачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-nina-angelovska-si-gi-spasi-svoite-pari-gi-ostavi-tie-na-ministerstvoto/feed/ 0
Здружение на оштетени штедачи: Ќе направи ли нешто државата час поскоро да ја исправи оваа неправда и да ги казни овие луѓе за делата кои ги направиле? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-kje-napravi-li-neshto-drzavata-chas-poskoro-da-ja-ispravi-ovaa-nepravda-i-da-gi-kazni-ovie-lugje-za-delata-koi-gi-napravile/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-kje-napravi-li-neshto-drzavata-chas-poskoro-da-ja-ispravi-ovaa-nepravda-i-da-gi-kazni-ovie-lugje-za-delata-koi-gi-napravile/#respond Wed, 09 Dec 2020 07:40:26 +0000 https://kurir.mk/?p=440697

Уште една новост на апрсурд, ароганција, безобразие и срам осамна во македонското секојдневие и сурова реалност. Коста Костовски, еден од косопствениците и претседател на кредитниот одбор на правни и физички лица во пропаднатата Еуростандард банка, постана директор на новоосновано друштво за управување со приватни инвестициски фондови „Глобал Инвестмент Корпорејшн доо Скопје“, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард Банката. „Човекот кој ја „погреба“ Еуростандард банка со масовно и свесно делење на неповратни кредити со години од депозитите на граѓаните и фирми депоненти, основачот и спроводител на криминалот во банката, има можност да продолжи со исти активности и понатаму, сега со управување на инвестициски фонд. Коста Костовски е осомничен за низа кривични дела и покренати се повеќе кривични постапки против него од предизвикување стечај на банката, злоупотреба на службена должност и овластување до перење пари и други приноси од казниво дело, и сето тоа проследено со низа проневери, злоупотреби, фалсификувања и измами. Централниот регистар го донел решението за основање на друштвото и забавата може да почне. Сопругата на Коста и уште двајца други бизнисмени со живеење во странство се косопственици на друштвото чијшто основачки капитал е 51 илјади евра. За да Централиот регистар го донесе решението за основање на друштвото, Комисијата за хартии од вредност морала претходно да издаде согласност и дозвола, што е пропишано во Законот за инвестициски фондови. Тоа е истата таа комисија која дозволи да поминат неказнето раководните луѓе на Еуростандард банка бидејќи ги немаа објавено ревидираните финансиски извештаи и мислењето од овластен ревизор за 2019 година, за да депонентите бидат навремено информирани за екстремно лошата состојба на банката. Еден од предусловите за поставување директор на друштвото за управување со инвестициски фондови е да биде лице кое поседува добра репутација. Согласно законските одредби, под добра репутација се подразбира чесност, компетентност, работливост и поседување особини кои даваат сигурност дека лицето со начинот на своето работење нема да влијае во насока на загрозување на стабилноста и сигурноста на инвестицискиот фонд и загрозување на интересите на вложувачите во фондот. Коста Костовски не само што е осомничен за низа кривични дела кои директно ја однесоа банката во стечај и проневерија огромна сума пари на депонентите, туку со доделувањето на дозвола за управување со инвестициски фондови се потврдува обратното од надлежните институции во државава, дека нема ништо спорно ни со неговата репутација. На овој начин, на Коста Костовски и неговото семејство им се дава целосен легитимитет на продолжат со праксата на проневери, злоупотреби и кражби практикувани со години во неодамна пропаднатата Еуростандард банка преку која се покрадоа речиси 60 милиони евра од депозити на граѓани и фирми. Дали е ова реалноста во која живееме или сакаме да живееме? Има ли нешто нормално во сето ова или ова е некаков лош сон?“, прашуваат од здружението. Тие додаваат дека еден од законските одредби за основање и работење на приватен инвестициски фонд е дека приватниот фонд може да се задолжува без ограничување. Ова е исклучителна можност за Коста Костовски да се покаже и докаже што знае и умее да направи, а притоа да остане неказнет и да не одговара за сторени кривични дела, туку напротив надлежните органи во нашата држава да му дадат отворена можност да продолжи да практикува однапред познати и лесно докажливи проневери. Во семејството Костовски ова е веќе семејна традиција. Неодамна, ќерката на Трифун Костовски, главниот сопственик и виновен за криминалот во Еуростандард банка, изјави дека ќе го обновува култниот „Кермес“ во градскиот парк во Скопје. Несомнено, ќерката и синот ја продолжуваат традицијата на измами и проневери со наши пари, а сето тоа поддржано и одобрено од нашите надлежни институции. -Коста Костовски и останатите раководни луѓе во Еуростандард банка се директни виновници и одговорни за покрадените пари на граѓаните и фирмите депоненти во банката. Ќе направи ли нешто државата час поскоро да ја исправи оваа неправда и да ги казни овие луѓе за делата кои ги направиле? Ќе ги вратат ли нашите пари со кои сега се расфрлаат додека надлежните институции им го дозволуваат тоа? Сакаме да бидеме и членка на Европската унија!? Во кој правец се движиме?, прашуваат од здружението на штедачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-kje-napravi-li-neshto-drzavata-chas-poskoro-da-ja-ispravi-ovaa-nepravda-i-da-gi-kazni-ovie-lugje-za-delata-koi-gi-napravile/feed/ 0
Оштетените штедачи на Еуростандард банка до гувернерката Бежоска: Ќе признаете дека сте соучесник во криминалот или и понатаму ќе бегате од одговор? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-na-eurostandard-banka-do-guvernerkata-bezoska-kje-priznaete-deka-ste-souchesnik-vo-kriminalot-ili-i-ponatamu-kje-begate-od-odgovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-na-eurostandard-banka-do-guvernerkata-bezoska-kje-priznaete-deka-ste-souchesnik-vo-kriminalot-ili-i-ponatamu-kje-begate-od-odgovor/#respond Mon, 07 Dec 2020 08:27:50 +0000 https://kurir.mk/?p=439766

Во Законот за банки кредит е пласирање на одреден износ на пари во замена на отплата на одобрениот и ненамирен износ. Во таков случај, при супервизијата на Еуростандард банка, гувернерката Бежоска требала да ги стави 149 кредитни пласмани или речиси 60 милиони евра во графа „Донаторство“ со оглед на тоа дека фирмите немаат платено ниту една рата и со години, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од оштетените штедачи на Еуростандард банка. Тие во своето соопштение додаваат дека: „Во рамки на супервизијата на Еуростандард банка, Народна банка вршела оценка на ризикот преземен од банката за доделените кредити, дали банката соодветно го прикажувала преземениот ризик и како управувала со истиот. Ја прашуваме гувернерката Бежоска, каков е ризикот на кредити од речиси 60 милиони евра кои немале соодветно обезбедување и не платиле ниту една рата со години. Каков е ризикот од кредити во милионски суми земени од групации од поврзани фирми кои не платиле ниту денар, а некои од тие фирми се веќе и затворени или во постапка на стечај? Каков е ризикот на кредити од различни фирми кои користеле едно исто обезбедување а кое неможело да покрие ниту еден од нив? Каков е ризикот на кредити кои немале никакво обезбедување или на кредити за кои банката немала ниту потпишано договори за кредит? Гувернерката Бежоска добро знаела но слепо гледала на проневерените кредити дадени во неповрат. Речиси 60 милиони евра, ултра ризични кредити од најлошата кредитна класа биле давани за да не се вратат. За целото тоа време, гувернерката Бежоска и нејзниот тим не направиле буквално ништо за да го прекинат и санкционираат овој масовен криминал од првите луѓе во Еуростандард банка. Едноставно, дозволиле парите на обичниот народ и на околу 2000 фирми депоненти во банката да отидат во неповрат и сега да се целосно оштетени“, велат оштетените штедачи. Тие прашуваат зошто Народна банка не ги одземала лиценците на раководните луѓе во банката, оние кои го иницирале, организирале, развиле и спровеле криминалот? -Зошто гувернерката Бежоска не поднела кривични пријави против овие луѓе уште пред неколку години кога добро знаела и имала докази што се случува во банката? Зошто кривична пријава против перење пари поднела дури два месеца откако ја затвори банката? Доказите за перење пари ги имала уште во 2017 година од финансиското разузнавање но чекала да банката пропадне од криминалот па да ги извади на површина. Зошто не ја затвориле банката на почетокот на сторениот криминал и не не заштитиле од кражбата на нашите депозити!? Главниот сопственик Трифун Костовски јавно изјави дека е виновен и одговорен за сторениот криминал во банката и дека час поскоро очекува надлежните институции да го повикаат да одговара за истото. Дури и јавно ги повика и се уште чека покана од нив. Дали и Вие гувернерке Бежоска ќе признаете дека сте соучесник во криминалот или и понатаму ќе бегате од одговор на сите овие прашања на луѓето кои скапо ве плаќаат за да ги заштитите од вакви проневери, злоупотреби и кражби? Вистината и правдата мора да се задоволат а ние оштетените ќе истраеме во оваа наша борба за откривање на организираниот криминал на површина и одговорност од сите оние кои учествувале во него. Во тоа сме сигурни дека ќе успееме, стои во соопштението до јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-na-eurostandard-banka-do-guvernerkata-bezoska-kje-priznaete-deka-ste-souchesnik-vo-kriminalot-ili-i-ponatamu-kje-begate-od-odgovor/feed/ 0
ВО ЖИВО: Протест пред собрание на Здружението оштетени штедачи на Еуростандард банка (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-protest-pred-sobranie-na-zdruzenieto-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-banka-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-protest-pred-sobranie-na-zdruzenieto-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-banka-video/#respond Fri, 13 Nov 2020 13:18:53 +0000 https://kurir.mk/?p=429020

Денеска во 15:00 часот пред Собранието на Македонија ќе се одржи мирен протест. Ќе протестира Здружението оштетени штедачи на Еуростандард Банката која неодамна пропадна под сомнителни околности. КУРИР во живо ќе го пренесува протестот на штедачите, што ќе започне ќе може да го следите на линкот во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-protest-pred-sobranie-na-zdruzenieto-oshteteni-shtedachi-na-eurostandard-banka-video/feed/ 0
Денеска во Собранието сослушување како во холивудски филм https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-vo-sobranieto-soslushuvanje-kako-vo-holivudski-film/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-vo-sobranieto-soslushuvanje-kako-vo-holivudski-film/#respond Fri, 13 Nov 2020 09:46:30 +0000 https://kurir.mk/?p=428933

Тие што ја следат американската политика и знаат како во американскиот Конгрес се случуваат hearings односно сослушувања за големи политички или финансиски скандали можат однапред да замислат што ќе се случува во македонското собрание, објавува Експрес. Иако начинот на кој што ќе се случи сослушувањето е различен принципот е ист, пратеници ќе поставуваат прашања а луѓе кои што биле инволвирани во скандалот Еуростандард банка ќе одговараат на прашања на пратениците. За денеска во Собранието е закажана надзорна расправа на тема „Утврдување на причините и извршувањето во на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка“. Расправата ќе почне во 13 часот, а за во 15 часот пред зградата на Собранието е закажан и протест на здружението Оштетени штедачи. На расправата поканети се гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска Бежоска, сопственикот на банката Трифун Костовски, Арафат Муареми , директор на Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител Љубомир Јовески, министерот за финансии Фатмир Бесими, банкари и пратеници од повеќе политички партии. Поради процедурите за надзорна расправа во Собранието пратениците и сослушуваните ќе имаат кратко време за да ги утврдат сите факти но сепак јавноста ќе има можност да се запознае со многу детали од најголемиот финансиски скандал во кој десетици фирми можеле да не ги враќаат своите кредити на пропаднатата банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-vo-sobranieto-soslushuvanje-kako-vo-holivudski-film/feed/ 0
Стечајот на Еуростандард банка дефинитивен, утре протест на оштетените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stechajot-na-eurostandard-banka-definitiven-utre-protest-na-oshtetenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stechajot-na-eurostandard-banka-definitiven-utre-protest-na-oshtetenite/#respond Wed, 30 Sep 2020 07:28:49 +0000 https://kurir.mk/?p=410387

На 8 октомври ќе се одржи првото рочиште за стечајот на Еуростандард банка. Ова е дефинитивно откако скопска Апелација ја одби жалбата на должникот Еуростандард банка како неоснована. Штедачите во банката кои имаа депозити до 30.000 евра се обесштетени преку Фондот за осигурување на депозити, додека оние со поголеми заштеди сумата над 30.000 евра треба да си ја наплатат преку стечајната маса. Стечајни побарувања пријавија и компаниите како и други граѓани на кои банката нешто им должи. Лицата и фирмите кои се чувствуваат оштетени од банката формираа свое Здружение кое утре пред Собранието ќе одржи протест. Од сите политички партии Здружението ќе побара во најбрз можен рок да го гласаат предлог законот за регулирање на побарувањата на оштетените штедачи од Еуростандард Банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stechajot-na-eurostandard-banka-definitiven-utre-protest-na-oshtetenite/feed/ 0
Парите на хендикепираната мајка пропаднаа во Еуростандард која Заев и НБРМ ја однесоа во стечај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parite-na-hendikepiranata-majka-propadnaa-vo-eurostandard-koja-zaev-i-nbrm-ja-odnesoa-vo-stechaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parite-na-hendikepiranata-majka-propadnaa-vo-eurostandard-koja-zaev-i-nbrm-ja-odnesoa-vo-stechaj/#respond Fri, 11 Sep 2020 20:48:33 +0000 https://kurir.mk/?p=402294

-Не сме 0,6 процент како што не претставуваат, туку сме цели семејства и фирми кои моментално сме во незавидна состојба, порача Дејан Николовски дел од Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка на вчерашниот протест пред Народна Банка. Потресни семејни приказни и трагедии, цели семејства оставени без денар се работите кои ги поврзуваат неколку илјади граѓани, кои ги изгубија своите депозити поради пропаѓање на Еуростандард банка, на 12 август или како што велат тие најцрната среда во нивните животи. Помеѓу трагичната сторија, е и сторијата на една мајка која не може да го лекува свпето семејство во странство, татко на две деца кој работел на мисија во Ирак и Авганистан, а кој еднаш бил оштетен во аферата ФРИКОМ, сега повторно се соочува со истиот проблем, односно своите пари кои ги штедел од 2012 година им се заробени. Мајка добила пари како оштета за нанесувањена лесна телесна повреда од небрежност во една државна институција и истите се уплатени во Еуростандард банка, и се наменети за лекување на нејзиното болно дете во странство. Парите се заробени и детето не може да се лекува. Татко на две деца повеќе од 15 години работи на мисија во Ирак и Авганистан, тешко спечалени пари со пот и крв. Прв пат биле оштетени како семејство во аферата ФРИКОМ, за да повторно сега сите средства од 2012 им се заробени во Еуростандард Банка. Семејството е во очајна ситуација. Но, има и такви кои штеделе за да може да си обезбедат покрив на главата, но сега живеат под кирија, пензионери кои биле оштетени од аферата ТАТ сега повторно се соочуваат со уште една афера. Имаме штедачи кој подолго време штедела да купат свој дом за себе или за своите најблиски и сега средствата им се заробени. Сега живеат под кирија. Пензионерите ставиле цели заштеди во банката. Некои непосредно пред да се затвори банката, меѓу нив има и луѓе кои биле дел од аферата ТАТ. Според информациите, поради пропаѓање на Еуростандард банка фирмите се соочуваат со неликвидност, не можат да се исплатат плати на работниците, а има и такви кои се затвораат поради настаната состојба. -Фирмите страдаат исто така. Парите кои се заробени целосно пропаѓање на банката, доведени во тешка состојба, не може да сервисираат долгови, немаат ликвидност, не можат да работат, вработените да земаат плата, блокирани се, а фирмите се затвораат поради настанатата состојба, вели Николовски. Една од присутните пензионерката Радица Фириева самохрана мајка на два сина, е разочарана од целиот систем, бидејќи како што рече еден од синовите после завршување на факултет заминал за Америка кој 15 години макотрпно работел за да си обезбеди дом и семејство, но за жал поради затворање на банката желбата не им се остварила. -Јас сум родител на два сина и самохрана мајка. Мојот син поради тоа после факултетот замина во Америка и 15 години макотрпно работеше за да заштеди кога ќе се врати да може да си купи стан и да си оформи семејство. Во јуни требаше да дојде, нашата желба да ја оствариме, но поради корона вирусот сето тоа се стопира. Морам да кажам дека сум многу разочарана од нашиот систем, вели пензионерката Радица Фириева, една од штедачите. Николовски, додаде дека иако Народна банка на Република Македонија убедува дека банкарскиот систем е стабилен, сепак голем број на граѓани од други банки секојдневно доаѓаат во Здружението да се консултираат што да прават со своите заштеди, загрижени дека можи истото да им се случи. Но, не само штедачите од Еуростандард банка, со ист проблем се соочуваат и над 2300 вработени во АД Македонска Пошта поради стечајот на Еуростандард банка, скандал тежок 200 милиони евра. Исплашени дека ќе ги загубат своите работни места, стравуваат дека ќе останат без финансиските средства од кои ги прехрануваат своите семејства, се уште нема одговорност за екс министерката за финансии од СДСМ Нина Ангеловски која на само неколку дена пред отворање на стечајната постапка на Еуростандард банка го извлекла својот депозит од 200.000 евра од сега веќе пропаднатата банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parite-na-hendikepiranata-majka-propadnaa-vo-eurostandard-koja-zaev-i-nbrm-ja-odnesoa-vo-stechaj/feed/ 0
Обесштетувањето од „Еуростандард банка“ ќе трае три години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/obesshtetuvanjeto-od-eurostandard-banka-kje-trae-tri-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/obesshtetuvanjeto-od-eurostandard-banka-kje-trae-tri-godini/#respond Fri, 04 Sep 2020 13:48:05 +0000 https://kurir.mk/?p=399256

Од Фондот за осигурување депозити ги информираат депонентите во „Еуростандард банка“ дека обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 30.000 евра ќе се исплаќа еднократно и ќе биде достапен за исплата од денот на почеток на исплатата на обесштетувањето. Од Фондот појаснуваат дека секој депонент ќе има на располагање 36 месеци, односно 3 години од денот на почеток на исплатата, за кога ќе биде во можност да го оствари своето право на обесштетување. Правото на исплата на обесштетување не застарува. По истекот на овој временски период, депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој останува посветен да обезбеди обесштетување независно кога депонентот ќе достави барање за да го оствари своето право на обесштетување – се наведува во соопштението од Фондот. Веќе се подготвува распределбата на депонентите по банки исплатувачи и се изготвуваат потврдите за депозит, со цел процесот на исплатата на обесштетувањето да се одвива максимално ефикасно и едноставно. Во текот на следните денови ќе биде соопштен датумот на којшто ќе започне исплатата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/obesshtetuvanjeto-od-eurostandard-banka-kje-trae-tri-godini/feed/ 0
Арсовски: Еуростандард е трајно обезвреднета, Нина си ги повлече парите, но никој не знае дали ќе има и за граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-eurostandard-e-trajno-obezvredneta-nina-si-gi-povleche-parite-no-nikoj-ne-znae-dali-kje-ima-i-za-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-eurostandard-e-trajno-obezvredneta-nina-si-gi-povleche-parite-no-nikoj-ne-znae-dali-kje-ima-i-za-gragjanite/#respond Fri, 28 Aug 2020 10:40:11 +0000 https://kurir.mk/?p=396333

Власта свесно дозволи Еуростандард банка да пропадне, и создаде афера тешка 200 милиони евра, а со тоа е и свесен причинител на хаосот и неизвесноста кој им се случува на стотина илјади граѓани во Република Македонија, ова денеска преку прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. -Покрај Нина Ангеловска виновен е и Зоран Заев, кој за случајот Еуростандард знаел цела година и не преземал ништо е директно виновен за штета која им се случила на сите граѓаните штедачи во банката, примателите на пензија и социјална помош од истата, но и оние кои од таму земале плата, но вклучително и врз акционерите кои што имале акции во истата банка. Дополнително ако се додаде и фактот дека струмички фирми се дел од фирмите кои со над 50 милиони евра непокриени кредити, поради кои банката пропадна се дел од цела оваа конструкција се поставува прашањето дали некој свесно ја однел банката во пропаст Струмичките компании преку кои се изнесувале парите во форма на кредити од банката се сомневаме дека се блиски директно до Зоран Заев. Тоа се истите компании кои се партнери во бизнисите на семејството Заеви, вели Арсовски. тој додава дека со самото не преземање и носење во стечај на банката трајно е обезвредната нејзината вредност и секој потенцијален инвеститор кој би сакал да ја спаси ќе има стотина илјади корисници помалку, кои веќе направија сметки во други банки и се исплашени да бидат во иста. Така единствено нешто кое останува е имотот на банката кој во овој случај, како и во сите случаи кога се продава стечајна маса може да оди и под паритет, односно да се продаде по цени далеку пониски од неговата реална вредност, и на тој начин да се оневозможи целосно покривање на клиентите на банката. -Целиот однос на власта кон случајот Еуростандард покажува дека не им е гајле за граѓаните, туку единствено само за својот личен и бизнис интерес, тоа го гледаме и од случајот со Нина Ангеловска, која ја искористи својата положба и си ги повлече своите 250.000 евра од банката, додека стотици илјади граѓани останаа со заглавени пари депозити и сметки. Доколку власта мислеше на граѓаните немаше да ги користат своите позиции за спас на своето богатство, додека од друга страна граѓаните тонат и пропаѓаат во сиромаштија. Доколку имавме правна држава Нина Ангеловска веќе ќе се соочеше со кривична одговорност, но тоа во Македонија не е случај, затоа што тука судството е под контрола на Зоран Заев и никој кој има конекции со власта за ништо не одговара. Одговорност мора да има и ќе има!, додава Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-eurostandard-e-trajno-obezvredneta-nina-si-gi-povleche-parite-no-nikoj-ne-znae-dali-kje-ima-i-za-gragjanite/feed/ 0