еуростат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Apr 2023 12:23:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еуростат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Бројките на Еуростат за енергетиката се немилосрдни, незнаењето на власта граѓаните го плаќаат скапо а Македонија има три пати поскапа струја од државите во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-brojkite-na-eurostat-za-energetikata-se-nemilosrdni-neznaeneto-na-vlasta-graganite-go-plakaat-skapo-a-makedonija-ima-tri-pati-poskapa-struja-od-drzhavite-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-brojkite-na-eurostat-za-energetikata-se-nemilosrdni-neznaeneto-na-vlasta-graganite-go-plakaat-skapo-a-makedonija-ima-tri-pati-poskapa-struja-od-drzhavite-vo-evropa/#respond Sat, 29 Apr 2023 12:23:33 +0000 https://kurir.mk/?p=828981

При денешната посета на општина Василево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновите статистики на Еуростат за енергетика истакна дека бројките што Евростат ги објави се немилосрдни и за жал граѓаните во Македонија незнаење на власта го плаќаат многу скапо, граѓаните плаќаат една од трите или четири најскапи цени на електрична енергија кои што ги има во Европа и покрај тоа што нашиот стандард е на дното помеѓу трите најсиромашни држави во Европа. „Сме го коментирале тоа многу пати во минатото, јас само тука би ја додал онаа парада што ја правеа во РЕК Битола пред неколку дена се сеќавате, за прв пат можеби и во светската политика, се доделуваа пофалници и благодарници поради завршена грејна сезона. Јас кога слушнав дека има некој настан во РЕК Битола помислив да не се отпочнува модернизација некој нов коп, Живојно, некоја нова технологија и така натаму, но тоа да било благодарници поради тоа што била завршена грејната сезона. Не можев помалку да се срамам од нивниот срам, еве бројките се немилосрдни, Еуростат ги објавува, за жал граѓаните во Македонија ова нивно незнаење го плаќаат многу скапо, односно граѓаните го плаќаат една од трите или четирите најскапи цени на електрична енергија кои што ги има во Европа и покрај тоа што нашиот стандард е пак на дното, помеѓу трите најсиромашни држави во Европа но плаќаме електрична енергија како трите најразвиени држави во Европа. Така што ќе дојде набргу време кога за сето ова ќе се поднесе сметка, јас тоа сум го кажал многу пати во минатото, за да не биде после тоа не сме кажале. Да не биде после тоа лелекање, да не биде после тоа плачење, еве да знаат дека за сето ова еден ден ќе дојде, а тој ден доаѓа, секој ден сме поблиску до тој ден, ќе се сведат сметките за да не биде после не кажавте. Затоа треба многу да се внимава како се однесуваат овие последни неколку месеци затоа што колку побргу заминат, колку побргу се случат тие парламентарни избори, толку побезболен ќе биде нивниот пат, колку повеќе одолговлекуваат толку поголема ќе биде казната на народот но и одговорноста пред законите. Ги предупредувам и вработените да не подлегнуваат на притисоци од оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ, затоа што знам и слушам дека голем дел од луѓето што работат во државна администрација се под притисоци да го потпишуваат да го ратификуваат криминалот на оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ, ги предупредувам да одбиваат таква работа затоа што секој изминат ден сме поблиску до падот на оваа влада а ќе повторам со падот доаѓа и одговорноста и таа одговорност е по вертикала, ги предупредувам и ги замолувам да не ги прифаќаат овие барања од страна на овие политички криминалци и насилници“ , истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-brojkite-na-eurostat-za-energetikata-se-nemilosrdni-neznaeneto-na-vlasta-graganite-go-plakaat-skapo-a-makedonija-ima-tri-pati-poskapa-struja-od-drzhavite-vo-evropa/feed/ 0
Инфлацијата во еврозоната за мај на нов рекорд од 8,1 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inflacijata-vo-evrozonata-za-maj-na-nov-rekord-od-8-1-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inflacijata-vo-evrozonata-za-maj-na-nov-rekord-od-8-1-otsto/#respond Tue, 31 May 2022 11:32:49 +0000 https://kurir.mk/?p=684198

Годишната стапка на инфлација во еврозоната достигна рекордни 8,1 отсто во мај, објави денеска европската статистичка агенција Еуростат. Мајската инфлација во 19-те држави од еврозоната ја надмина претходната рекордна инфлација од 7,4 отсто во април, достигнувајќи највисоки бројки забележани од јануари 1997 година. Порастот на цените во потрошувачката секој месец достигнува рекордни нивоа, континуирано од ноември минатата година. Тоа минатата година беше окаркатеризано како привремен феномен, поврзан со силата за економско закрепнување по пандемискиот шок и прекините во синџирите на снабдување. Руската инвазија на Украина од крајот на февруари, како и економските санкции против Москва го интензивираат скокот на цените и ги зголемуваат стравувањата дека ќе има голем пад на растот на бруто домашниот производ. Скокот на инфлацијата првенствено се одразува врз енергетскиот сектор (струја, нафта, гас), а тој дел од показателот на цените во мај пораснал за 39,2 отсто на годишна основа, откако во април пораснал за 37,5 отсто. Но растот на цените на храната (вклучувајќи ги и алкохолот и тутунот) исто така се забрзува, достигнувајќи 7,5 отсто во мај од 6,3 отсто во април. Тоа го забрзува и растот на цените на индустриските производи, од 4,2 отсто во мај по 3,8 отсто во април и услугите од 3,5 отсто во мај наспроти 3,3 отсто претходниот месец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inflacijata-vo-evrozonata-za-maj-na-nov-rekord-od-8-1-otsto/feed/ 0
Мицкоски обелодени податок на ЕВРОСТАТ – дека три пати повеќе млади се иселиле од државата последниве неколку години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-obelodeni-podatok-na-evrostat-deka-tri-pati-povekje-mladi-se-iselile-od-drzavata-poslednive-nekolku-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-obelodeni-podatok-na-evrostat-deka-tri-pati-povekje-mladi-se-iselile-od-drzavata-poslednive-nekolku-godini/#respond Sat, 26 Feb 2022 14:50:04 +0000 https://kurir.mk/?p=637204

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан во Велес „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ обелодени податок на европската статистика ЕВРОСТАТ кој покажува дека три пати повеќе млади луѓе се иселени од Македонија последниве неколку години додека е оваа влада предводена од СДСМ. - За разлика од оваа влада која оставаше празни чевли пред зградата на Илинденска и броеше, така од ракав колку си заминале од земјава, и после кога ги зграбија фотелјите се заборавија, ќе споделам еден податок кој е официјален и го објавува еврропската статистика ЕВРОСТАТ-ако во 2012 та година биле издадени 9 317 работни дозволи од земјите на ЕУ за македонски државјани, во 2019 та година бројот на издадени дозволи е 26 653 дозволи или три пати повеќе луѓе отишле да работат во странство затоа што со СДСМ, со Зоран Заев и администраторот Ковачевски тие буквално не гледаат никаква иднина во Македонија, истакна Мицкоски. Тој посочи дека наша задача е да ги вратиме овие луѓе и да им кажеме дека ќе се бориме за сите луѓе подеднакво затоа што Македонија е за сите луѓе и затоа што оваа држава мора да има иднина, бидејќи како стојат сега работите со оваа власт народот се сели заради тоа што се живее лошо и животот станува се поскап. - Дома имаме работа со поимот стагфлација што е комбинација од висока инфлација, високи цени и стагнирање на економијата. Денес секое семејство пред се го мачи тоа што бензините за две и пол години се покачени за 70 проценти, струјата е повисока за 30 проценти, цените на лебот, млекото и маслото вртоглаво растат. Можен е нов ценовен шок на енергенсите, додека државата се уште одбива да се откаже од акцизата за горива која ја зголеми. Нема никаква дополнителна набавка на стокови резерви во состојба кога целиот регион посветува внимание на оваа тема, изјави Мицкоски. Мицкоски посочи и дека владата не негира дека ќе донесе нова одлука за Евро обврзница што ќе значи нов рекорд за задолжување кое треба да го платат сите граѓани и неродените генераци, додека во исто време заради власта енергетската криза не чини се повеќе. - Енергетската криза нѐ чинеше до сега повеќе од 200 милиони евра, висок износ на средства кој можеше да се искористат за справување со инфлацијата, за соодветен раст на пензииите и платите, од што корист ќе имаа сите граѓани. Наместо тоа плаќаме скап увоз на струја, којшто дополнително ја разгорува инфлацијата а плаќаме скап увоз на струја затоа што не произведуваме. Затоа што наместо да произведуваат во Битола и во Осломеј и во сите оние хидроцентрали тие увезуваат, а увезуваат за да делат пари, за да делат од рекетот кој го спроведуваат на грбот на народот и потоа ќе ви речат дека политиката е стабилна и владата водела сметка. Ниту владата води сметка, ниту политичката состојба е стабилна. Сам што не се урнала како кула од карти. Затоа денеска народото осиромашува а единствени кои се богатат се оние кои ги газат дебелите црвени килими на Илинденска број 2. Ќе потсетам дека денеска домашното произвдоство на електрична енергија изнесува нецели 34% од вкупните домашни потреби, додека историскиот просек е 62%, потенцираше Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-obelodeni-podatok-na-evrostat-deka-tri-pati-povekje-mladi-se-iselile-od-drzavata-poslednive-nekolku-godini/feed/ 0
Еуростат: Над 50 проценти од Албанците се изложени на ризик од сиромаштија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eurostat-nad-50-procenti-od-albancite-se-izlozeni-na-rizik-od-siromashtija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eurostat-nad-50-procenti-od-albancite-se-izlozeni-na-rizik-od-siromashtija/#respond Wed, 03 Nov 2021 09:59:32 +0000 https://kurir.mk/?p=590164

Над 50 отсто од населението од Албанија биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, покажуваат податоците на Евростат за 2020 година. Најтешка е ситуацијата во Албанија каде, според истите податоци, над 50 отсто од населението било во опасност од сиромаштија. Податоците на Евростат се однесуваат на земјите-членки на Европска Унија, Европската економска област и земјите од Западен Балкан. По Албанија со стапка од 51 процент и Црна Гора (околу 40 отсто), следат Турција (38) и Северна Македонија (околу 35 проценти) се во најголем ризик од сиромаштија. Просечниот ризик од сиромаштија и социјална исклученост, според Евростат, е 21,9 отсто, што се однесува на 96,5 милиони луѓе. Под ризик од сиромаштија се подразбираат домаќинства кои се соочуваат со тешка материјална и социјална ранливост, не можат да си дозволат одредени материјални работи или социјални активности или имаат многу низок интензитет на работа, ниво на образование и друго. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eurostat-nad-50-procenti-od-albancite-se-izlozeni-na-rizik-od-siromashtija/feed/ 0
Евростат: Пандемијата го скратува очекуваниот животен век во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-pandemijata-go-skratuva-ochekuvaniot-zivoten-vek-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-pandemijata-go-skratuva-ochekuvaniot-zivoten-vek-vo-eu/#respond Wed, 07 Apr 2021 13:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=493721

Пандемијата на Ковид-19 го прекина долгогодишниот раст на очекуваниот животен век и во повеќето земји-членки на ЕУ се очекува пократок животен век во 2020 година во споредба со 2019 година, објави денеска Евростат, заводот за статистика на Европската комисија. Најголемо намалување на очекуваниот животен век при раѓање е забележано во Шпанија, 1,6 години помалку, потоа во Бугарија, 1,5 година, Литванија, Полска, Романија, 1,4 години помалку. Во Хрватска се очекува пократок животен век за 0,8 години, од 78,6 на 77,8 години. Само во Данска и Финска се очекува малку подолг животен век од 0,1 година. Во повеќето земји-членки, мажите се нешто повеќе погодени во однос на скратувањето на животниот век. Очекуваниот животен век во моментот на раѓање постојано се зголемува во последните децении. Од 1960-тите, очекуваното траење на животниот век се зголемува во просек за две години во декада. Најновите податоци покажуваат дека има стагнација и пад во неколку земји-членки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-pandemijata-go-skratuva-ochekuvaniot-zivoten-vek-vo-eu/feed/ 0
Македонија неславен рекордер по лош живот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-neslaven-rekorder-po-losh-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-neslaven-rekorder-po-losh-zivot/#respond Tue, 05 Jan 2021 11:37:36 +0000 https://kurir.mk/?p=452153

Македонија продолжува да нижи неславни европски и светски рекорди по лош живот и низок животен стандард, народот тоне во сиромаштија, а најмладите се повеќе планираат да се иселат во западно европските земји. Според статистиката на Еуростат, земјава е трета најсиромашна во Европа а речиси половина милион македонски граѓани живеат во екстремна сиромаштија. Најновите податоци на Државниот завод за статистика потврдуваат дека, 455.600 лица во Македонија живеат во тешки услови, што е 21,9% од вкупното население. Со појавата на пандемијата која ја предизвика новиот корона вирус, економската состојба уште повеќе почна да се влошува, а над 50 илјади граѓани ги изгубија своите работни места и со тоа останаа без извор на егзистенција. Македонија руши светски, црни рекорди и по број на починати од Ковид-19. Имено, Франс Прес направи анализа во која дојде до заклучок дека Македонија е меѓу првите пет држави во светот по смртност од корона вирусот. Односно, Македонија е петта во светот според смртноста од Ковид-19 на 100,000 жители. Друг неславен рекорд кој државата, под раководство на Зоран Заев го освојува е тоа што македонските граѓани се најнесреќните во светот. Според истражувањето на јавното мислење што го направи агенцијата Галуп, Македонија е прогласена за најнесреќна земја на светот, односно се најде на врвот на листата со резултат од -3 поени. Државава е на дното во Европа по демократија. Имено, Фридом Хаус излезе со листа на европските земји во кои е оценето нивото на демократија кое владее во нив, а Македонија е оценета како земја со хибриден режим. Македонската држава е лидер во Европа по одлив на мозици и раселување на млади лица. Според угледниот британски Економист, Македонија е трета земја во Европа во која младите со високо стручна подготовка сакаат да си заминат. Иако актуелнава власт предводена од СДСМ и Зоран Заев, за време кога беа опозиција и особено во предизборниот период на предвремените парламентарни избори 2016 година, од уста не ја извадија флоскулата дека со нивно доаѓање на власт во Македонија ќе донеле „живот за сите“, каде што секој тука ќе ја градел иднината, а дури и раселените ќе ги враќаат назад. Но, за жал ништо од тоа не остварија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-neslaven-rekorder-po-losh-zivot/feed/ 0
Македонија е трета најсиромашна земја во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-e-treta-najsiromashna-zemja-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-e-treta-najsiromashna-zemja-vo-evropa/#respond Fri, 18 Dec 2020 09:22:01 +0000 https://kurir.mk/?p=445088

Според податоците на Еуростат, Македонија е трета најсиромашна земја на европскиот континент, а Албанија и БИХ се најсиромашните земја во Европа со БДП што е околу 31% од просекот на ЕУ. Ова значи дека на овие земји ќе им требаат децении за да ги достигне економските стандарди на остатокот од ЕУ и имаат слаб економски потенцијал. Земји со најголем БДП во Европа се Луксембург и Ирска, двете со 93% над просекот на ЕУ. Другите врвни резултати се на Швајцарија, Норвешка, Данска и Холандија. Во однос на земјите-членки на ЕУ, Бугарија е најлошо пласирана со 47% од просекот на ЕУ. Земјите од Западен Балкан според Еуростат котираат слабо со тоа што Босна и Херцеговина тесно ја надминува Албанија, а Македонија има трет најнизок БДП. Србија и покрај највисоко ниво на странски инвестиции е на четврто најниско место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-e-treta-najsiromashna-zemja-vo-evropa/feed/ 0
Еуростат: Зголемена смртност во ЕУ за време на пандемијата на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eurostat-zgolemena-smrtnost-vo-eu-za-vreme-na-pandemijata-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eurostat-zgolemena-smrtnost-vo-eu-za-vreme-na-pandemijata-na-kovid-19/#respond Tue, 20 Oct 2020 12:10:19 +0000 https://kurir.mk/?p=418505

Бројот на починати граѓани на ЕУ во вториот квартал од оваа година е зголемен за 168.000 во споредба со истиот период во изминатите четири години, покажуваат податоците на Еуростат. Најголем дел од нив се починати на крајот од март и почетокот на април. Како што јави дописникот на МИА од Белград, во Еуростат забележуваат дека сите лица не се починати како резултат на пандемијата на коронавирус, но дека податоците може да се користат за проценка на директните и индиректните ефекти на пандемијата. Најголем број од 36.000 дополнително починати лица е регистриран во 14-та недела од оваа година, што го опфаќа крајот на март и почетокот на април. Од 19-та недела на почетокот на мај, бројот на смртни случаи неделно се зголемувал за околу 5.000. Сепак, во 25-та недела (почетокот на втората половина на јуни), регистрирани се 2.200 смртни случаи помалку. Најлошо било во Шпанија, каде починаа дополнителни 48.000 луѓе и во Италија, каде беа регистрирани 46.000 смртни случаи повеќе од претходно, по што следуваат Франција (30.000) и Германија и Холандија (по околу 10.000). Во преостанатите 21 земја-членка на ЕУ во тој период регистрирано е вкупно зголемување од 25.000 смртни случаи. Пандемијата ги погоди земјите и регионите на ЕУ на различни начини и со различен интензитет, а најтешко беа погодени регионите во централна Шпанија и северна Италија. Најголем број на дополнителни смртни случаи во однос на бројот на жители е забележан во Бергамо, Италија, каде што во 12-та недела од оваа година е регистрирано зголемување од 895 отсто починати и Сеговија во Шпанија со 634 проценти повеќе смртни случаи во 13-та недела. Истражувањето на Еуростат покажа дека мажите повеќе умирале во март и кон крајот на мај, а жените во април, додека најранливи биле граѓаните со над 70-годишна возраст, кои сочинуваат 98 отсто од дополнителните 168.000 смртни случаи во вториот квартал од оваа година. Во претходните години, оваа група жители претставуваше 76 проценти од вкупниот број смртни случаи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eurostat-zgolemena-smrtnost-vo-eu-za-vreme-na-pandemijata-na-kovid-19/feed/ 0
Евростат: Стапката на невработеност во еврозоната во август 8,1 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-stapkata-na-nevrabotenost-vo-evrozonata-vo-avgust-8-1-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-stapkata-na-nevrabotenost-vo-evrozonata-vo-avgust-8-1-otsto/#respond Thu, 01 Oct 2020 10:28:51 +0000 https://kurir.mk/?p=411071

Стапката на невработеност во еврозоната продолжи да расте во август, петти месец по ред, достигнувајќи ниво од 8,1 процент според сезонски прилагодените податоци, објави денеска Заводот за статистика на ЕУ, Евростат. Истиот тренд е забележан во 27-члената Европска унија, каде невработеноста се зголеми на 7,4 проценти во август. Според европските статистичари, 15,60 милиони мажи и жени биле без работа во ЕУ во август, од кои 13,18 милиони се невработени во еврозоната. Во споредба со јули 2020 година, бројот на невработени во Унијата се зголеми за 238 илјади во август, а во еврозоната за 251 илјада лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-stapkata-na-nevrabotenost-vo-evrozonata-vo-avgust-8-1-otsto/feed/ 0
Еуростат: Во Македонија просечниот работен век на работниците е 32 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/eurostat-vo-makedonija-prosechniot-raboten-vek-na-rabotnicite-e-32-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/eurostat-vo-makedonija-prosechniot-raboten-vek-na-rabotnicite-e-32-godini/#respond Fri, 12 Oct 2018 08:40:39 +0000 https://kurir.mk/?p=113951

Очекуваниот просечен работен век во Македонија изнесува 32 години, покажуваат податоците од анализите на Еуростат. Индикаторот за должината на работниот век, според Еуростат, покажува колку едно лице кое е во моментов 15-годишно, ќе биде активно на пазарот на труд за време на неговиот живот. Сличен работен век имаат нашите соседни земји. Во Грција тој изнесува 33 години, исто колку и во Бугарија. Исто толкав работен век имаат во Романија. Најкус просечен работен век има во Турција 29 години, а најдолг во Исланд 47 години. Во земјите членки на Европската унија, пак, просечниот работен век е 36 години, и тоа од 32 години во Италија, до 42 во Шведска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/eurostat-vo-makedonija-prosechniot-raboten-vek-na-rabotnicite-e-32-godini/feed/ 0