Еуровиа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Sep 2023 08:28:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Еуровиа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трст ВИА Скопје, ЕУро-ВИА Мала Речица https://arhiva.kurir.mk/kolumni/trst-via-skopje-euro-via-mala-rechitsa/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/trst-via-skopje-euro-via-mala-rechitsa/#respond Thu, 14 Sep 2023 08:28:32 +0000 https://kurir.mk/?p=877910

Додека Груби по навика минираше се’ што е македонско, а Стево и Обиџуко даруваа крв откако му ја испија истата на народот, четвртата марионета на заминување, Ќуран, амнестираше нова тура криминогени гласачи и забега во филмот на „Војна на ѕвездите“, несвесно правејќи Фројдовски и инфантилни паралели со Дарт Вејдер. Луцидни, морничави и трагикомични акти од последната сцена на владините северни патрдии . Реалноста е, сепак, дека нам не ни се случува Џорџ Лукас, најмалку „Војна на ѕвездите“, туку еден бааги помизерен, побалкански и помакедонски филм. Во тој филм, репликата до Ќуран би гласела: „Ало, кај кај џа (каде одиш) со умот бе Таче?“ Се сеќавате на култниот „Трст виа Скопје“, македонска ТВ серија со незаборавните ликови на Ванчо Петрушевски, Ѓорги Колозов, Ненад Стојановски, Мето Јовановски и цела една плејада доајени од актерската и режисерска сцена? А, кој не би се сеќавал на прикаската за шверцот на напатените деца кои преку/виа Скопје крадеа во Трст... Арно ама, сега шверцот и грдото сиже со години ни се повторува во реалноста, директно преку дилетантите од политичката сцена. Новото македонско реално шоу се вика „ЕУро-виа Мала Речица.“ И ниту една поврзаност со реалните ликови од Мала Речица и Бихаќка не е случајна, за жал. ЕУРОВИА е фирмата која најпрво доби 1.8 милиони евра од Бугар Османи за „преадаптација“ на СЦ Борис Трасковски, за да сега бидне и главен подизведувач на „Бехтел и Енка“, „дил“ од кој Македонија ќе стенка и кука следнава деценија... Во ова девастирачко реално шоу, главните улоги ги играт Димитар Ќуран Ковачевски звани Таче, Артан на кој не му треба прекар затоа што, како и да гледаш е ГРУБи, сиров и недоделкан, Стево наречен Стока, Оливер Обиџуко Спасовски, Цаци Салата, Љупче Путер, Чмаричиќ, Бугар Османов и армија други апаши и арамии желни за лесна пара, сите диригирани и контролирани од седокосиот командант Ахмети. И додека во „Трст виа Скопје“ Рамче со Шина шверцаше деца продадени од сопствените родители за да крадат во Италија, во „ЕУро виа Мала Речица“ статистите Таче и Црпко ги продаваа сопствените предци и прошверцуваа дузина закони, договори, тендери, рушвети и редица други северни злодејанија. Проблемот е што преку овој „пат“,  преку/виа Мала Речица - ЕУ/Брисел ќе ги видиме на „свети никад“, факт. И пишан и непишан. „Мало сутра“, што би рекол ајвароносецот Црпко Први. Гревовите од ликови во „Трст виа Скопје“ трагаа по подобар живот и се самозаглавуваа во начинот на кој тоа го правеа и го „бараа“. Ние исто. Црковци уште повеќе. ЕУ виа Мала Речица е невозможна мисија, излажирана утопија за пролонгирање на македонската мака и за опстанок на Црпко, Таче, Алија, Груби, Османов и болументата околу нив. Во ЕУ не се оди со „балкански методи“, тој муабет Хан знае каде може да си го набие. Кога ќе не’ посакаат, ќе не’ земат, без пардон. Никој нема ни да не’ праша дали сакаме или не, ќе не тутнат таму сосе партали. А, добро знаеме и уште подобро гледаме каде не доведе лагата за подобар живот. Се’ во животот и светот се заработува со работа, идеи, визија, пот, крв и мака. Ништо не се заработува со смена и продажба на знаме, устав, име и историја. Тоа е чиста, глупандерска, евтина македонотопија. Со северен ветер во едра, бродот ќе ни стои во место, оти никој не сака неспособни, инфантилни и сервилни медиокритети во друштво, тоа се евтини прикаски за мали деца и за големи северџани. Едноставно, ве тера да се запрашате, што е полошо? Рамчевиот шверц на деца или учеството на Филипче и Анѓушев во Модуларната трагедија, насилието на Шина и трговијата со младите или трговијата со биолошки цитостатици на директорите и министрите на СДС, молкот  и амнестијата за донаторите на ДУИ во трагедијата во Ласкарци, Бочварскиот удел во нелиценцираниот автобуски скандал во несреќата во Бугарија, но и улогата на сите корисни идиоти во шверцот на Преспанскиот договор, забеганоста на виткањето раце и вратчиња за уставните измени во насилната северизација и идиотска смена на името, неаргументираната двојазичност, лажираниот попис, влада со гласање со две раце во 2017-та, невини патриоти кои со години на Божја правдина чмаат по зандани, ултра-забегани договори за НЕпријателство, па Француски договори без Ф во нив, та неуставни измени, СЈО идиотштини, рекети, комисии за историска продажба, лицитации со револуционери, херои, светци и што ли не. Списокот е долг, предолг... И, додека сега јавно ве шамараат и силно дигаат на клоци менторите од ЕУ поради глупоста со суртучката само-амнестија со измените на Кривичниот законик, на сиот тој блесок нека ви „светне“ барем малку, запрашајте се дали сето тоа вредеше, аман? Дали сето газење на македонското достоинство сите овие години ви донесе среќа, полни ли ви се душичките празни и спиете ли мирно со полните џебови, а? Дали полињата со марихуана и со фотоволтаици ви се доволна компензација за изгубената чест, достоинство, име и образ? Или, никогаш не ги ни имавте за да ги изгубите, криминогени, неспособни дудуци... Кога ќе размислите, ликот на Рамче е СТОПАТИ подоблесен од вас, северните властодршци. Тој е сиромашен, неук, несреќен човек, физички и психички малтретиран лик кој се фаќа за сламката наречена криминал за да направи „нешто“ во животот. Вие копуци, вие сте (голем дел, нејсе купени дипломички) и доктори на науки, деца од богати фамилии (најголем дел), блефери за чесност и правда (сите без исклучок). Рамче,барем, не се преправаше како вас. На страна што Рамче, таков сиров, недоделкан и дете на улицата,  кој на крајот се покаја и утехата/казната за делата ја најде во алкохолот, тој барем се’ направил сам, макар и криминално, забегано и вон законот. Вие ни тоа, истото злодело ко Рамче и „пута“ десет повеќе, североидни хохштаплери низаедни, немавте доблест ни сами да го направите, туку го изведовте благодарение на некој друг како подизведувачи. Друг, кој се надеваме, конечно сфати со каква криминогена и забегана банда си има работа... Време е да си одите, крајно. Следната адреса е позната. Превентивно, бидете „ин“ и нарачајте си реновирање на ќелиите. А, ако не биде така, тогаш, ништо никогаш и нема да има смисла. Аирлија оделца со пруги или аир да не видиме...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/trst-via-skopje-euro-via-mala-rechitsa/feed/ 0
МНР: Целосната документација за реконструкцијата на салата „Борис Трајковски“ доставена до ДКСК и ОЈОГОКК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-tselosnata-dokumentatsija-za-rekonstruktsijata-na-salata-boris-trajkovski-dostavena-do-dksk-i-ojogokk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-tselosnata-dokumentatsija-za-rekonstruktsijata-na-salata-boris-trajkovski-dostavena-do-dksk-i-ojogokk/#respond Fri, 01 Sep 2023 11:20:09 +0000 https://kurir.mk/?p=873383

Денес Министерството за надворешни работи до Државната комисија за спречување на корупцијата и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Скопје ја достави документацијата од целосната постапка за јавната набавка на работи за внатрешна адаптација и надворешно уредување на салата „Борис Трајковски“, за потребите на конференцијата на ОБСЕ. „Во оваа прилика, Министерството апелира до надлежните институции да придадат посебно значење и приоритет на овој предмет, имајќи ги предвид импликациите кои се предизвикани со бројните шпекулации кои се појавија во јавноста“, велат од МНР и додаваат: „Повторуваме: нема нерегуларности во постапката, неопходна за успешно одржување на најголемиот меѓународен политички настан во Скопје, во рамки на Претседавањето на земјата со ОБСЕ. Заради економично и ефикасно алоцирање на буџетот, условот за избор на најповолен понудувач беше најниска цена по прецизно дефинирани работи и ниво на квалитет на изведба. Од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно: Еуровиа – 93.746.070 ден. (избран понудувач) Второрангирана – 120.668.981 ден. Треторангирана – 134.015.461 ден. Четврторангирана – 374.353.297 ден.“, велат од МНР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-tselosnata-dokumentatsija-za-rekonstruktsijata-na-salata-boris-trajkovski-dostavena-do-dksk-i-ojogokk/feed/ 0
ДКСК: Ќе ги преземеме соодветните чекори во врска со тендерот од 1.8 милиони евра на „Еуровиа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ke-gi-prezememe-soodvetnite-chekori-vo-vrska-so-tenderot-od-1-8-milioni-evra-na-eurovia/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ke-gi-prezememe-soodvetnite-chekori-vo-vrska-so-tenderot-od-1-8-milioni-evra-na-eurovia/#respond Thu, 31 Aug 2023 10:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=872964

Отворање на предмет бара одредени чекори во постапувањето. Во моментов не можеме да дадеме друга информација освен тоа дека како и со сите предмети досега, ќе ги преземеме соодветните чекори, изјавија од Државната комисија за спречување на корупција во врска со барањето на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ДКСК да го истражи тендерот од 1.8 милиони евра што го доби компанијата „Еуровиа“ ДООЕЛ од Желино за реконструкција и уредување на салата „Борис Трајковски“ за конференцијата на ОБСЕ во декември. Од ДКСК посочија дека нема да ја коментираат изјавата на министерот Османи, дека не знаел дека „Еуровиа“ е донатор на ДУИ и побараа по ова прашање да се произнесат и другите институции. На прашањето дали ќе побараат информации од ДУИ и компанијата зошто го прекршиле законот преку донациите, од ДКСК одговорија дека информациите се побарани. - Информации се побарани, да се докомплетираат и другите информации што ги имавме и претходно од нивните страни, предметот е при крај и кога ќе бидеме конкретни ќе се произнесеме на некоја наредна седница, посочија оттаму. Според ДКСК, волја за борба против корупцијата во нашата држава има само во ДКСК. - Веќе е време да не се прашува ДКСК што со нашите иницијативи. Немаме надлежност да ја цениме работата на другите, бидејќи ако се пуштиме да ја цениме работата и да кажеме дека не е постапено според наша иницијатива, тоа е веќе притисок и влијание, рече членот Нури Бајрами, кој дополни дека прашањата треба да се канализираат преку медиумите и јавноста до посочените институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ke-gi-prezememe-soodvetnite-chekori-vo-vrska-so-tenderot-od-1-8-milioni-evra-na-eurovia/feed/ 0
ДКСК ќе отвори предмет за „Еуровиа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ke-otvori-predmet-za-eurovia/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ke-otvori-predmet-za-eurovia/#respond Tue, 29 Aug 2023 20:12:42 +0000 https://kurir.mk/?p=872216

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе отвори предмет поврзан со компанијата „Еуровиа“, која го доби тендерот на Министерството за надворешни работи (МНР), во вредност од 1,8 милиони евра. - На денешниот колегиум ДКСК утврди дека во конкретниот случај постојат елементи за наделжно постапување на комисијата и од аспект на материјалноста бидејќи се работи за високи износи но и за ризици за политичка повзаност, изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, објави Телма. Отворањето предмет од страна на ДКСК следува по објавените информации во јавноста дека „Еуровиа“ добила тендер од 1,5 милиони евра без ДДВ за да ја преадаптира салата „Борис Трајковски“ за министерскиот состанок на ОБСЕ во ноември и во декември. Но, и лани имала тековни зделки со државата и општините, а според јавно објавените податоци истата година фирмата донирала и 1,8 милиони денари на политичката парија ДУИ, а еден од сопственици на Елмедин Адеми донирал 2,5 милиони денари. Согласно Законот за финансирање политички партии, партии не можат да се финансираат од „приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпијатија и фондови по пат на договор“. Од „Еуровиа“ негираат дека има прекршување на законот. Во соопштението не пишува која „Еуровиа“ со кој даночен број донирала со оглед на тоа што има неколку фирми кои го содржат името „Еуровиа“, а се поврзани со истоимената групација. Сопственици се Елмедин Адеми и Елдин Адеми, кој од минатиот месец, е шеф на огранокот на ДУИ во Јегуновце.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ke-otvori-predmet-za-eurovia/feed/ 0