Еуровингс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Oct 2022 06:21:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Еуровингс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Еуровингс“ откажа стотици летови пред тридневниот штрајк на пилотите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eurovings-otkaza-stotici-letovi-pred-tridnevniot-shtrajk-na-pilotite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eurovings-otkaza-stotici-letovi-pred-tridnevniot-shtrajk-na-pilotite/#respond Mon, 17 Oct 2022 06:21:27 +0000 https://kurir.mk/?p=746201

Германската ниско-буџетска авиокомпанија „Еуровингс“ соопшти дека е принудена од утре до среда да откаже стотици летови поради вториот штрајк на пилотите во рок од неколку недели, јави ДПА. Од 400-те летови планирани за утре се очекува да се реализираат повеќе од 230, соопшти денеска подружницата на „Луфтханза“. „Еуровингс“ очекува дека во вторник и среда ќе може да реализира повеќе од половина од планираниот распоред на летови. Синдикатот на кабинскиот персонал ги повика пилотите на „Еуровингс“ да престанат да работат од полноќ во понеделник до среда. Оттаму наведуваат дека причината за штрајкот е недоволната понуда од страна на работодавачот за подобри услови за работа во колективниот договор. Компанијата побара од патниците редовно да го проверуваат статусот на нивниот лет преку веб-страницата или апликацијата за клиенти на „Еуровингс“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eurovings-otkaza-stotici-letovi-pred-tridnevniot-shtrajk-na-pilotite/feed/ 0
Штрајкот на пилотите на „Еуровингс“ ќе погоди 30.000 патници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajkot-na-pilotite-na-eurovings-kje-pogodi-30-000-patnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajkot-na-pilotite-na-eurovings-kje-pogodi-30-000-patnici/#respond Wed, 05 Oct 2022 13:40:43 +0000 https://kurir.mk/?p=741405

Штрајкот на пилотите на „Еуровингс“ најавен за утре ќе погоди 30.000 патници, што се однесува на летовите на оваа компанија во Германија, објави денеска компанијата „Луфтханза“, во чии рамки работи нискобуџетната авиокомпанија „Еуровингс“. „Проценуваме дека ќе можеме да се справиме со повеќе од половината од 500-те планирани летови“, соопшти Луфтханза и додаде дека прават се што е во нивна моќ патниците да не ги почувствуваат последиците од штрајкот. По 10-та рунда преговори меѓу синдикатот на пилотите на здружението „Кабински персонал“ и „Еуровингс“ денеска беше објавено дека тие завршија без резултат. Синдикатите бараат намалување на максималниот број на часови лет по пилот, што „Еуровингс“ го отфрла, тврдејќи дека поради оваа мерка треба да се откажат 20 отсто од летовите. Директорот на персоналот на Еуровингс, Каи Дуве, смета дека барањата на пилотите се „целосно неосновани“ и додаде дека „Еуровингс“ веќе обезбедува „најдобри услови“ во споредба со другите европски авиокомпании. Самата Луфтханза во последните неколку месеци во неколку наврати беше погодена од штрајкови на пилотите, иако тие се меѓу најдобро платените пилоти во светот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajkot-na-pilotite-na-eurovings-kje-pogodi-30-000-patnici/feed/ 0