ева крстаноска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Aug 2018 14:51:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ева крстаноска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Таткото на малата Ева: Ако не се лечи како што треба, зар тоа не е убиство? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-na-malata-eva-ako-ne-se-lechi-kako-shto-treba-zar-toa-ne-e-ubistvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-na-malata-eva-ako-ne-se-lechi-kako-shto-treba-zar-toa-ne-e-ubistvo/#respond Fri, 24 Aug 2018 14:51:33 +0000 https://kurir.mk/?p=91699

„Ако не се лечи како што треба, што мислите, зарем тоа не е убиство? Министерот не можеше да ме удостои со една средба, ми се јави секретарката негова, ми рече тука беше финансискиот  директор, со министерот разговараа и рекоа, платете ги средствата и потоа ќе ви ги рефундираме. Јас ако имав да ги платам тие средства зарем ќе ги молев нив? Сега ќе бев заминат за Германија. Не сега и претходно ќе бев заминат за Германија! Кој тука ќе собере 200.000 евра? Ова денеска за телевизија Алфа го изјави таткото на починатото девојче Ева Крстаноска, Благојче Крстановски кој скршен од тага и болка едвај зборуваше. 11годишната Ева Крстаноска од охридското Коњско не ја издржа едногодишната борба со реткиот вид леукемија. Девојчето требаше итно да замине на лекување во странство. За операцијата во Германија беа потребни 200.000 евра, а Фондот за здравство одобри само 145.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-na-malata-eva-ako-ne-se-lechi-kako-shto-treba-zar-toa-ne-e-ubistvo/feed/ 0
ФЗОМ се огласи со реакција по тврдењата на таткото на починатото девојче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-se-oglasi-so-reakcija-po-tvrdenjata-na-tatkoto-na-pochinatoto-devojche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-se-oglasi-so-reakcija-po-tvrdenjata-na-tatkoto-na-pochinatoto-devojche/#respond Fri, 24 Aug 2018 10:53:43 +0000 https://kurir.mk/?p=91572

Фондот за здравствено осигурување уште еднаш изразува најдлабоко сочуство за трагично изгубениот млад живот. -ФЗО сака да укаже дека во конкретниот случај на Ева, одлуката за лекување во странство ја донесе лекарската комисија врз основа на добиените медицински податоци и конзилијарното мислење, како и врз основа на добиените понуди од странските болници. Потенцираме дека Фондот побара понуди од 22 странски болници, меѓу кои беа и болниците од Гисен и Дизелдорф. Понуди по барањето се добиени од Медикал Парк Истанбул, Турција, Газиосман Паша Истанбул, Турција и Бамбино Гесу Рим, Италија. Имајќи ја предвид итноста на случајот и согласно добиените понуди, комисијата одлучила соодветно во рок од 48 часа. Сакаме да нагласиме дека понуди од болниците во Гисен и Дизелдорф не се добиени ниту презентирани во Фондот од страна на барателот, се наведува во реакцијата на ФЗОМ. Од Фондот велат дека понудата од болницата во Дизелдорф која денес беше презентирана во јавноста, воопшто не била ниту доставена ниту презентирана во Фондот. -Дополнително, писмото од болницата во Гисен до семејството на Ева е само информативно електронско писмо, кое нема конкретни елементи на понуда. Комисијата не можела да земе предвид при одлучувањето за избор на лекувањето, понуда која не е презентирана. Фондот ја разбира желбата на родителот како и на сите родители за лекување на нивните деца каде што тие сметаат дека е најдобро, но Фондот работи во рамките на законските прописи и процедури кои ги вклучуваат двете лекарски комисии (првостепена и второстепена) составени од 14 еминентни медицински стручњаци, чија задача  е да ја изберат најсоодветната понуда за секој барател кој бара лекување во странство, базирано на здравствената состојба како и на критериуми на солидарност и правичност за сите осигурени лица подеднакво. Фондот сака да укаже дека за жал, лекувањето во странство не секогаш е гаранција за успешност и излекување. Во последните 12 месеци непосакуван крај на лекување имало и во други европски земји каде биле испратени осигурениците на лекување меѓу кои и Германија и Италија, порачуваат од ФЗОМ. Сведоштвото на таткото на ЕВА, прочитајте го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-se-oglasi-so-reakcija-po-tvrdenjata-na-tatkoto-na-pochinatoto-devojche/feed/ 0
Фондот им префрли вина, таткото на Ева одговара: Пристигна понуда од германската болница, но ФЗОМ не ми даде да го лекувам детето! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fondot-im-prefrli-vina-tatkoto-na-eva-odgovara-pristigna-ponuda-od-germanskata-bolnica-no-fzom-ne-mi-dade-da-go-lekuvam-deteto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fondot-im-prefrli-vina-tatkoto-na-eva-odgovara-pristigna-ponuda-od-germanskata-bolnica-no-fzom-ne-mi-dade-da-go-lekuvam-deteto/#respond Fri, 24 Aug 2018 07:42:00 +0000 https://kurir.mk/?p=91431

Моето дете ништо не може да го врати. Јас собрав од донации 200.000 евра, но сега сè е залудно. Велам дека не е точно тоа што се кажува за обидот да ја лекуваме Ева во Германија со цел некој во оваа држава нешто да преземе. Со овие зборови Благојче Крстаноски, татко на 11-годишното девојче кое почина пред да замине во странство, одговори на сочувството што вчера јавно, од прес-конференцијата во Владата му го изразија Ден Дончев, директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) и министерот за здравство Венко Филипче. Неговата изјава ја пренесува НЕЗАВИСЕН. - Треба да се направи сè за нашата трагедија да не му се случи на друго дете. Тие немаат чувство. Треба да се гледа најдобрата варијанта. Не е важно дали државата ќе потроши 100.000 евра помалку или повеќе ако спаси еден детски живот. Ние не сме единствен случај, има доста и ќе има. Јас се молам да бидат што помалку. Зборувам јавно зошто не сакам ова да се повтори и на друго дете - вели Крстаноски во разговорот за „Независен весник“. Документите ги објавува Независен. Тој ги демантира тврдењата на Дончев дека немало понуда од германска клиника. Крстаноски тврди: и тој лично, и претставници на ФЗОМ пред него комуницирале со лекарот што требало да ја прими Ева во болницата „Гисен“ во Германија, а доставил и уште една профактура од болница во Диселдорф. Од „Гисен“, каде што Крстаноски сакаа да ја лекуваат Ева, во имејл-комуникација одредиле приближна сума за лекувањето. Не издале профактура оти целата сума немало да ја плати ФЗОМ, туку требало да се вклучи и семејството со парите собрани од донации. Фондот инсистирал да добие профактура за да ги испочитува законските прописи. Профактура испратила клиника од Диселдорф. Таа била 420.000 евра, пренесува Независен. - Лично во мое присуство, од ФЗОМ му се јавија на професорот во „Гисен“ кој требаше да ја лекува Ева. Тој им ја објасни целата ситуација. Рече дека не може да се даде точна сума, дека тоа зависи од лекувањето, но во нормални услови би чинело од 200.000 до 300.000 евра. Тоа го испрати и во имејл. Им образложи дека имаат големо искуство со тој начин на лекување. Јас до Фондот го приложив тој имејл. Потоа повторно нè одбија и тоа со задоцнување од една недела. Нè излажаа дека има профактура од една клиника, а потоа испадна дека имало од три – од една од Италија и од уште една од Турција. Дончев потврди дека ФЗОМ добил три понуди за лекување на Ева: од италијанската детска болница „Бамбино џезу“ на 158.000 евра, од турската „Медикал парк“ со 92.000 евра. Тоа е онаа болница со која минатите години ФЗОМ интензивно соработуваше, соработка проследена со сомнежи дека некој земал провизии за да ги праќа македонските пациенти таму. Клиниката „Газиошман паша“ во Истанбул, која ФЗО ја одобрил, ќе ја лекувала Ева за 145.000 евра. Профактура од Клиниката во Дизелдорф на 420.000 евра. - Од Клиниката во Диселдорф имаше профактура, ИБАН, СВИФТ-код (кодови потребни за уплата на пари). Докторот во имејлот напиша: „Платете ги средствата и дојдете веднаш“. Со таа профактура отидов повторно во ФЗОМ. Кога тие ја видоа 420.000 евра, никако не изреагираа, ништо не рекоа -раскажува Крстаноски, пренесува Независен. Со тие понуди од Германија тој отворил донациски броеви во „Телеком“ и „Оне.Вип“. Операторите не дозволуваат да се отвори број доколку клиниката не потврди колку би чинело лекувањето. На вчерашната прес-конференција Дончев рече дека до Фондот не стигнала ниту една понуда од болница во Германија. - Понуда никогаш не добивме од болницата во „Гисен“. Најстрого ги демантираме сите шпекулации во јавноста дека лекувањето во Германија чинело 200.000 евра. Од друга страна, прифатената понуда за лекувањето во болницата „Гази Осман Паша“, од 145.000 евра и одобрените трошоци за санитетски авион го опфаќаше целокупното време од 150 дена. ФЗОМ има документи за секој чекор од постапката и јавно и транспарентно стоиме на располагање. Сите законски процедури беа целосно запазени и почитувани во овој случај, посебно затоа што се работеше за дете со висока итност за лекување и многу тешка здравствена состојба. За жал трагедијата не успеавме да ја избегнеме - рече Дончев. Благојче Крстаноски: Три деца што ги пратија во Турција не се вратија назад Таткото на Ева смета дека државата во ниту еден случај не постапила правилно при лекувањето на Ева: од третманот со хемотерапиите овде, до носењето на одлуката за одење во странство. - Ако постапеа правилно, Ева сега ќе беше жива и ќе беше излекувана. И покрај тоа што нејзината болест се врати повторно, таа имаше шанса да се бори и да се излечи. Државата и Фондот не ни дозволија да ја лечам како што сакам - вели тој за весникот. Одговара и зошто одбивале да ја пратат Ева во Турција и мобилизирале роднини и пријатели од цел свет да се соберат донации. - Уште пред да биде донесена одлуката на Фондот, разбрав дека секако ќе ја изберат Турција. Разбрав дека имале некој договор со турски клиники и затоа таму цената била пониска. Им реков да не нè праќаат таму, оти сите протоколи за лекување малигни болести се од Германија. Ниту еден протокол не од Турција. Реков: Ако не одиме во Германија, ќе одиме во Италија“. Но никако во Турција. Три деца што јас ги знам претходно ги испратија во Турција не се вратија назад. Како да го пратам моето дете таму? Да се тие на мое место, ќе го пратат нивното дете? Или ќе го пратат во Германија, каде се сите протоколи за лечење и најнови лекови? - вели таткото на Ева. Дали трагедијата можеше да се избегне?-прашува Независен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fondot-im-prefrli-vina-tatkoto-na-eva-odgovara-pristigna-ponuda-od-germanskata-bolnica-no-fzom-ne-mi-dade-da-go-lekuvam-deteto/feed/ 0