Евангелос Венизелос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 12 Jan 2019 12:55:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Евангелос Венизелос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Венизелос: Ципрас има мнозинство и за Договорот од Преспа и за доверба на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venizelos-cipras-ima-mnozinstvo-i-za-dogovorot-od-prespa-i-za-doverba-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venizelos-cipras-ima-mnozinstvo-i-za-dogovorot-od-prespa-i-za-doverba-na-vladata/#respond Sat, 12 Jan 2019 12:55:20 +0000 https://kurir.mk/?p=151409

Поранешниот претседател на ПАСОК и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос смета дека грчкиот премиер ги направил неопходните чекори и има мнозинство во Парламентот и за ратификација на Договорот од Преспа и за доверба на Владата. – Мислам дека господинот Ципрас беше многу циничен и многу јасен во неговото последно интервју. Очигледно е дека регулирал, направил контакти, го сторил т.н. „грабнување“ на пратеници од Независни Грци, се приклучија и други пратеници од помалите партии, што се без традиција и без вредности, па така има мнозинство и за ратификација на договорот и мнозинство за гласање доверба, рекол поранешниот лидер на ПАСОК, во кусата изјава од Солун пред почетокот на промоцијата на неговата книга, пренесува АНА-МПА. Венизелос додал дека она што го интересира Ципрас, „не е вистинскиот демократски легитимитет, вистинскиот однос со општеството, туку само да го продолжи останувањето на власт, што е на товар на перспективите за закрепнување на земјата“, јави дописничката на МИА од Атина. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venizelos-cipras-ima-mnozinstvo-i-za-dogovorot-od-prespa-i-za-doverba-na-vladata/feed/ 0
Венизелос: Сложено ерга омнес име, по можност непреведено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venizelos-slozeno-erga-omnes-ime-po-moznost-neprevedeno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venizelos-slozeno-erga-omnes-ime-po-moznost-neprevedeno/#respond Wed, 28 Mar 2018 10:29:46 +0000 https://kurir.mk/?p=33860

Сложено име со географска одредница, на македонски, по можност без превод, за внатрешна, надворешна, меѓународна и билатерална употреба, па дури и со земјите што веќе ја имаат признато Македонија под уставното име, се позициите на поранешниот грчки министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер Евангелос Венизелос. Како што јави дописничката на МИА од Атина, на презентацијата на книгата „Македонското прашање“, Венизелос рече дека решението не треба да биде делумно или привремено, туку целосно и еднократно решение. - Решението треба да е со сложено име со географска одредница на словенски, по можност непреведено, што нема да остава празнини и недоразбирања во формулацијата и главно, ќе биде, ерга омнес. Односно ќе биде едно и за внатрешна и за надворешна употреба, без постоечката разлика меѓу внатрешното уставно име и меѓународното име за употреба во меѓународните организации. Кога зборуваме за надворешна употреба, мислиме на име за сите употреби и во меѓународните организации и билатерално со Грција и билатерално со сите земји кои ја имаат признаено земјата под уставното име, а ќе треба да изјават дека ја признаваат со новото договорено име. Потоа ќе се решат сите технички проблеми што се однесуваат на јазикот, производите, националноста итн, вели Венизелос. Тој говореше и за правната рамка на решението. Се запраша „дали решението ќе се заснова на меѓународното право или на ревизија на македонскиот Устав?“. Смета дека се потребни правни и политички гаранции. Од правна страна решението да биде запечатено со меѓународен договор, а политичка гаранција за Грција би била промена на македонскиот Устав, но изгласана со зголемено мнозинство во Собранието. Венизелос, кој е и професор по уставно право, објаснува дека меѓународна гаранција е меѓународен договор „што ќе ги обврзува страните, независно од внатрешните политички промени, посебно ако овој договор е поддржан од Советот за безбедност“. Во однос на политичките гаранции, рече дека ако сега во Скопје не се направат уставни промени со зголемено мнозинство, тогаш може во иднина некоја друга влада да направи нова ревизија или да го врати по старо Уставот. - Правната основа е меѓународен договор и одлука на Советот за безбедност, но доказ за вистинско прифаќање на договорот и доказ за способноста за долгорочно спроведување на договорот е да се собере зголемено мнозинство со учество и на опозициските партии во Скопје, па со ревизија на Уставот, и тие, внатрешно да обезбедат дека нема да се создадат непремостливи проблеми во нивната внатрешност со одраз врз регионалната стабилност и секако врз спроведувањето на меѓународното право и меѓународниот мир. Од оваа причина потребна е ревизија на Уставот, објасни поранешниот министер за надворешни работи на Грција, кој воедно беше и претседател на ПАСОК. На презентацијата на книгата, Венизелос рече дека еден од важните проблеми во овој момент е и реакцијата на голем дел на грчкото општество и грчкото јавно мислење. Додаде дека одржаните протести во Солун и Атина, не се продолжение на демонстрациите од 1992, туку реакција на начинот на политиката во периодот на кризата во Грција. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/venizelos-slozeno-erga-omnes-ime-po-moznost-neprevedeno/feed/ 0
Коѕијас, Венизелос и Теодоракис ги детализираа позициите: Промена на Уставот, име без превод за севкупна употреба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-venizelos-i-teodorakis-gi-detaliziraa-poziciite-promena-na-ustavot-ime-bez-prevod-za-sevkupna-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-venizelos-i-teodorakis-gi-detaliziraa-poziciite-promena-na-ustavot-ime-bez-prevod-za-sevkupna-upotreba/#respond Wed, 28 Mar 2018 10:22:19 +0000 https://kurir.mk/?p=33857

За прашањето со името, можностите за решение и договорот што најмногу би и одговарал на Атина, говореа шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис на презентацијата новата книга под наслов „Македонското прашање“, на историчарот, писател, поранешен советник на неколку грчки премиери и поранешен претседател на грчкото „Друштво за македонски студии“ Никос Мерѕос. Како што јави дописничката на МИА од Атина, темата на книгата, во комбинација со актуелноста на проблемот со името и преговорите што се во тек, беа повод говорниците да се осврнат на грчките позиции и перспективите за договор. Во преполниот амфитеатар во една од зградите на Министерството за надворешни работи на Грција, тројцата грчки политичари детално и опширно се осврнаа на спорот со името, а во однос на позициите и Коѕијас и Венизелос и Теодоракис, со идентичен став: сложено име со географска одредница, за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав. Шефот на грчката дипломатија, во неговиот речиси 40 минутен говор, направи историска ретроспектива на проблемот со името, рече дека географската област Македонија не и припаѓа само на Грција, туку на четири држави, Објасни дека името Македонија за нашата земја постои 70 години, како дел од различни политички ентитети. Никос Коѕијас, ги повтори позициите на официјална Атина за сложено име со географска одредница, без иредентистички елементи, што нема да навреди ниту една од двете страни. Секако, не испушти да спомене дека неопходна е и промена на македонскиот Устав. Поранешниот претседател на ПАСОК, кој воедно беше и вицепремиер и министер за надворешни работи во претходната грчка Влада, Евангелос Венизелос, за прв пат рече дека името би требало да биде „по можност непреведено“, сложено за севкупна употреба, односно и во внатрешноста и во меѓународните и билатералните односи, дури и со оние земји кои веќе ја имаат признато Македонија под уставното име. Како професор по уставно право, Венизелос, детално и опширно ги анализираше правните и политички димензии на решението, односно како да се обезбедат правни и политички гаранции во евентуалниот договор меѓу двете земји. Тој смета дека еден Меѓународен договор, гарантиран од Советот за безбедност на ОН има поголема тежина, но вели дека сепак, потребни се и уставни промени во Македонија, пренесе МИА. Лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис, рече дека е потребно да се изнајде решение, да не се повторат грешките од минатото и да се изгуби шансата што постои за затворање на проблемот. Упати критики до грчката Влада, велејќи дека наместо единствена позиција, има две и пол линии. Едната на премиерот, другата на министерот за одбрана и „една различна нијанса на министерот за надворешни работи во одбрана на линијата на премиерот“. Теодоракис ги повтори позициите на неговата партија, за сложено име со јасни обврзувања за отстранување на иредентизмот, особено од учебниците. Авторот на книгата, Никос Мерѕос, во кусото обраќање ја спомена посетата на групата македонски студенти на Солун, во март 2016 година. Околу 100 македонски студенти, заедно со седуммина  професори со цел подобро запознавање, градење доверба и пријателство, меѓу младите, но и воспоставување соработка меѓу академските заедници, беше во тридневна посета на грчкиот град, по покана на невладината „Друштво за македонски студии“, чиј прв човек, во минатото, беше токму Мерѕос.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-venizelos-i-teodorakis-gi-detaliziraa-poziciite-promena-na-ustavot-ime-bez-prevod-za-sevkupna-upotreba/feed/ 0