„Ever Given“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Mar 2021 15:17:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Ever Given“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заглавениот брод „Евер Гивен“ повторно плови и се движи по Суецкиот Канал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaglaveniot-brod-ever-given-povtorno-plovi-i-se-dvizi-po-sueckiot-kanal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaglaveniot-brod-ever-given-povtorno-plovi-i-se-dvizi-po-sueckiot-kanal/#respond Mon, 29 Mar 2021 15:17:07 +0000 https://kurir.mk/?p=489304

Бродот Евер Гивен (Ever Given), кој со денови го блокираше Суецкиот Канал, повторно плови и се движи низ каналот, соопштија египетските власти. Сопственикот на бродот рано изутринава рече дека Евер Гивен конечно се помрднал откако се заглави минатата недела иод вторникот го блокираше Суецкиот Канал, генерирајќи загуба од една милијарда долари поради застојот во сообраќајот од 425 брода кои чекаат да се ослободи најкратката трговска рута меѓу Азија и Европа. Не е точно познато кога сообраќајот по Суецкиот Канал ќе се стабилизира, но некои проценки сугерираат дека ќе трае три дена. Суецкиот Канал е долг 190 километри и по него минуваат 10 проценти од меѓународниот комерцијален поморски сообраќај, а блокадата создаде огромни загуби. Повеќе од 400 бродови беа блокирани утрово од двете страни на каналот што го поврзува Црвеното Море со Медитеранот. Осигурителната компанија „Алијанц“ процени во петокот дека секој ден од блокадата може да носи загуба од шест до 10 милијарди долари. Вкупната вредност на товарот блокиран поради закрченоста на каналот или товар испратен во алтернативна насока осцилира помеѓу три и 9,6 милијарди долари. Цената на нафтата нагло падна по блокадата на Суецкиот Канал. Египетските власти соопштија дека земјата губи од 12 до 14 милиони долари на ден поради блокадата. Речиси 19.000 бродови поминале низ каналот во 2020 година, според СЦА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaglaveniot-brod-ever-given-povtorno-plovi-i-se-dvizi-po-sueckiot-kanal/feed/ 0
Ослободен бродот кој го блокираше Суецкиот канал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osloboden-brodot-koj-go-blokirashe-sueckiot-kanal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osloboden-brodot-koj-go-blokirashe-sueckiot-kanal/#respond Mon, 29 Mar 2021 05:47:43 +0000 https://kurir.mk/?p=488990

Гигантскиот товарен брод „Ever Given“, кој од минатиот вторник го блокираше Суецкиот Канал, е ослободен денеска од спасувачките екипи, соопшти компанијата за поморски услуги Inchcape Shipping. – „Ever Given“ е успешно вратен во соодветна положба изутринава во 04.30 часот и моментно е безбеден, напиша компанијата на својот твитер-налог. Но иако спасувачките екипи успеале да го ослободат бродот, се уште не е познато кога Суецкиот Канал ќе биде отворен за сообраќај. Бродот на компанијата „Japans Shoei Kisen“, кој пловеше под знамето на Панама, се заглави минатата недела дијагонално преку јужниот дел на Суецкиот Канал, поради што целосно беше блокиран сообраќајот во еден од најфреквентните водни патишта во светот. Големиот товарен брод со должина од 400 метри и широчина 59 метри, по ненадејниот налет на песочен ветер кој го наруши неговиот курс, се насука дијагонално во Каналот, на место широко помалку од 300 метри. Најмалку 369 пловни објекти чекаат транзит низ Каналот, вклучително и десетици бродови за превоз на контејнери, танкери за нафта и бродови кои носат течен природен гас (ЛНГ) и течен нафтен гас (ЛПГ). Штетата која е причинета со блокирањето на бродот се проценува на милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osloboden-brodot-koj-go-blokirashe-sueckiot-kanal/feed/ 0