евгениј поп ацев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Aug 2023 16:59:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png евгениј поп ацев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Евгениј Поп Ацев најдобар на „Илинденскиот куп“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/evgenij-pop-atsev-najdobar-na-ilindenskiot-kup/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/evgenij-pop-atsev-najdobar-na-ilindenskiot-kup/#respond Wed, 02 Aug 2023 16:59:37 +0000 https://kurir.mk/?p=862669

Ова попладне во Охрид се одржа 44-то издание на традиционалниот Илинденски маратон, а натпреварувачките за цел имаа да препливаат 2,5 километри од плажата Горица до пристаништето во Охрид. Овогодинешното издание беше богато со 50 учесници од неколку земји, па тоа донесе и огромна возбуда која траеше до последниот метар од трката. Во фото-финиш, Евгениј Поп Ацев успеа да биде за неколку стотинки побрз од Никола Ѓуретановиќ, па така неговото конечно време гласеше 28:02.71 минути, а она на ривалот 29:02.98 минути. Поп Ацев на овој начин покажа дека е максимално конкурентен и во ситуација кога имаше одредени проблеми во изминативе две години, а покрај него и Ѓуретановиќ, на пиедесталот имаше место и за Кристијан Стојановски кој доцнеше 20-тина секунди. Во женска конкуренција победи Ивана Неделковска со време 31:33.80 минути, пред Јована Неделковска (33:07.11) и Росана Гошева (37:59:32).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/evgenij-pop-atsev-najdobar-na-ilindenskiot-kup/feed/ 0
Поп Ацев и Костадиновска и годинава победници на Велешкиот пливачки маратон https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pop-acev-i-kostadinovska-i-godinava-pobednici-na-veleshkiot-plivachki-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pop-acev-i-kostadinovska-i-godinava-pobednici-na-veleshkiot-plivachki-maraton/#respond Sun, 18 Sep 2022 14:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=734433

Кај мажите во маратонот на пет километри како и лани и годинава прв  е Евгениј Поп Ацев  од ПК „Вардар 2018“, во фото финиш. а и кај жените како и лани  победник единствената учесничка во женскиот маратон на 5 километри Јана Костадиновска од ПК „Младост“ од Скопје. Втор кај машкиот маратон на 5 километри беше Александар Илиевски ПК „Нептун“, а трет Кристијан Стојановски од ПК„Младост“ од Скопје. Годинава немаше пријавени на маратонската трка за мажи и жени на 10 километри информираат за МИА од организациониот одбор. Како што појасни Роберт Папазов од организациониот одбор  на денешниот пливачки маратон имаше 44 учесници од кои 33 професионалци и 11 за трката за рекреативци. Освен од клубовите од земјава учествуваа и бугарски пливачи од Софија,а не дојдоа пливачите од Србија ,Косово и Хрватска.Воедно овој маратон беше четврти и последен од Македонскиот куп во далечинско пливање. Кругот на патеката во езерото беше во должина од 1.250 метри. – Со оглед на лошите временски услови,добро поминавме.На почетокот на манифестацијата на рекреативната трка на 2,5 километри имаше силен ветер,  но потоа се стиши и натпреварите поминаа во ред и во најголема безбедност,појасни Папазов. Воедно за безбедноста на пливачите се грижеа 20 тина спасители на вода од Општинскиот Црвен крст и 30 тина кајакари од велешките кајакарски клубови. За најдобрите во сите категории наградите во вкупна вредност ги обезбеди Вулканизер „Дине“ кој секоја година е подржувач на маратонот. Во рекреативниот маратонска трка на 2,5 километри со која започна и денешните натпреварите кај жените единствена учесничка беше Теодора Соколова,а кај мажите од десетина учесници,во машка конкуренција Дарко Поп Ацев,втор Дејан Гуџов и трето место Дарко Соколов. Во промотивната трка на деца до 12 години на 800 метри,во машка  конкуренција единствен учесник беше  Никола Ивановски ПК „Делфин“, а  и во женска конкуренција исто така сама Матеa Јанкоска ПК „Делфин“. На 2,5 километри мажи во категорија 2005-2007, прво место освои Андреј Караскакоски ПК „Скопје“,втор Михаил Велков ПК„Нептун“трето место Мартин Личев“ ПК „Лески 2014“ од Софија Р.Бугарија. Во категорија 2008-2010 година единствен учесник беше Давид Трпчевски од ПК „Делфин“. Во женска конкуренција на 2,5 километри во категорија 2005-2007,прво место освои  Ивана Неделковска од ПК „Скопје“ втора Јоана Неделковска од ПК „Скопје“ и трета Росана Ѓошева од ПК „Скопје“. Во категорија 2008-2010 на 2,5 километри прво место освои Сара Јанковиќ од ПК„Скопје“второ Зорица Христова од ПК „Левски 2014“ од Софија Р.Бугарија,трето место Софија Стефановска од ПК „Нептун“. Велешкиот пливачки маратон 2022 го организира Општина Велес и Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ под покровителство на Пливачката федерација на Македонија. По многу години најава,организаторот најави дека конечно догодина 10 јубилеен „Велешки пливачки маратон 2023“  ќе биде дел од Европскиот куп во далечинско пливање. Горан Стојановски од Националната пливачка федерација на Македонија информира дека овој Велешки маратон влегува во календарот на ФИНА.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pop-acev-i-kostadinovska-i-godinava-pobednici-na-veleshkiot-plivachki-maraton/feed/ 0
Eвгениј Поп Ацев и Јана Костадинова први на „Велешкиот пливачки маратон 2021“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evgenij-pop-acev-i-jana-kostadinova-prvi-na-veleshkiot-plivachki-maraton-2021/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evgenij-pop-acev-i-jana-kostadinova-prvi-na-veleshkiot-plivachki-maraton-2021/#respond Sun, 19 Sep 2021 16:19:44 +0000 https://kurir.mk/?p=565510

На денешниот Велешки пливачки маратон 2021 кој се одржа на патека на езерото „Младост“ првото место на маратонот од 5 километри во машка конкуренција го освои трикратниот светски првак во пливање, Евгениј Поп Ацев, кој пливаше со време 1,02.39. Веднаш зад него со 20 секунди заостанување втор беше пливачот Александар Илиевски со време 1.02.59. Првото место во маратонот за жени на 5 километри и припадна на Јана Костадинова. Инаку ова е петтото учество на Евгениј Поп Ацев на Велешкиот пливачки маратон, лани не беше меѓу учесниците, а во 2019 година беше прв. Но, на маратонот на 10 километри и тогаш втор беше Александар Илиевски кој на ланскиот Велешки пливачки маратон беше прв. Воедно, годинава триесетина професионални пливачи и аматери од земјава учествуваа на осмиот по ред пливачки маратон, што се одржа во водите на езеро Младост во Велес. Во категоријата 2.500 метри професионални пливачи мажи, првото место го освои Сергеј Малјановски Арнаудовски, додека второто му припадна на Матеј Димитров. Од жените во истата категорија најдобра беше Лора Крстевска. Од категоријата аматери кои пливаа на патека долга 2.500 метри најдобри беа Дарко Поп Ацев и Ивона Наумова. Во категоријата за деца до 11 години на патеката од 800 метри најдобар беше Никола Велковски. Осмиот по ред велешки пливачки маратон се одржа со почитување на сите пропишани мерки и протоколи за заштита од Ковид Инаку, годинава Велешкиот пливачки маратон не е дел од македонскиот куп во далечинско пливање. Наградата за освоено прво место во сите категории беше 3000 денари ,а ја обезбеди Вулканизер – отпад Дине, кој секоја година го подржуваа на пливачкиот маратон. Велешкиот пливачки маратон 2021 и годинава го организира Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ заедно со Кајак клубот „Бабуна“ и останатите кајак клубови од градот и Општинскиот Црвен крст Велес, а под покровителство на Општина Велес. За поредба изминатата години на Велешкиот пливачки маратон имало 80 учесници, а претходните години и многу повеќе како и учесници од соседните земји како Турција, Косово и Бугарија, кои поради Ковид пандемијата и годинава изостанаа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evgenij-pop-acev-i-jana-kostadinova-prvi-na-veleshkiot-plivachki-maraton-2021/feed/ 0
Маратон на македонски начин: Поп Ацев убедливо прв во трка во која пливал – сам! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maraton-na-makedonski-nachin-pop-acev-ubedlivo-prv-vo-trka-vo-koja-plival-sam-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maraton-na-makedonski-nachin-pop-acev-ubedlivo-prv-vo-trka-vo-koja-plival-sam-foto/#respond Sat, 10 Aug 2019 18:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=228452

Најдобриот македонски пливачки маратонец, Евгениј Поп Ацев победи денеска на Интернационалиот олимписки пливачки маратон на десет километри, кој се одржа во Охрид, на кој верувале или не само тој си пливал на оваа најдолга делница и нормално - победил. Поп Ацев од пливачкиот клуб Вардар 2018 десетте километри кои се пливаа во круг во македонскиот бисер, трката ја заврши со време од 2:15,56 часа, а сооглед дека беше без конкуренција како единствен пливач, ова време беше и најдобро на оваа делница. Се пливаше на уште две делниви, на 5 километри најбрз беше Андреј Стојановски (ПФМ) пред Божидар Мирчевски (ВиП Работнички) и Петар Краљевси (Аква Куманови). Во женска конкуренција на истата делница од пет километри победи Јана Костадиновска пред клупските другарки Калина Стојчевска и Лина Јордановска, сите од ПК Младост. На двојно покусата делница од 2,5 километри, прв беше Андреј Крстевски од ПВК Орион, пред Марио Ѓузиќ и Мане Манов, додека воженска конкуренција најбрза беше Калина Стојановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maraton-na-makedonski-nachin-pop-acev-ubedlivo-prv-vo-trka-vo-koja-plival-sam-foto/feed/ 0
Случај Поп Ацев: Маленко вели не е крив, во федерацијата поднесена оставка, АМС жали што не била порано информирана https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sluchaj-pop-acev-malenko-veli-ne-e-kriv-vo-federacijata-podnesena-ostavka-ams-zali-shto-ne-bila-porano-informirana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sluchaj-pop-acev-malenko-veli-ne-e-kriv-vo-federacijata-podnesena-ostavka-ams-zali-shto-ne-bila-porano-informirana/#respond Thu, 09 Aug 2018 18:56:28 +0000 https://kurir.mk/?p=86314

Еден од најдобрите македонски пливачи во историјата и светски првак  во маратонско пливање за 2015 година и првиот Македонец кој победил на Охридскиот маратон, остана без учество на Европското првенство во Глазгов, откако Пливачката федерација на Македонија не го пријавила за учество, иако како што тој вели уште во февруари ја исполнил нормата дадена од ПФМ. -Чувствувам обврска да ја објаснам сегашната ситуација околу Европското Првенство во Глазгов. Во Февруари ја исполнив нормата дадена ПФМ за настап на Европското Првенство и во изминатата година цела моја енергија фокус тренинг и мотивација беше за ова Првенство. До последен ден добивав лажни информации од ПФМ и верував дека се е во ред со мојот настап. Може да замислите колку беше разочарувачки и тажно за мене кога со веќе пола спакувана торба видов на стартната листа (пред само два дена) дека моето име не е таму. Имам едно објаснување од ПФМ( нема ни да се осмелам да го објаснувам зашто е патетично и понижувачко ) и сосема спротивно од ЛЕН која вели дека мојата Федерација не пратила пријава воопшто. За тие кои ме познаваат или кои се натпреварувале на интернационално ниво ќе разберат дека за моите разочараност огорченост и болка нема зборови да се опишат. Уште поболно е дека луѓето одговорни за оваа ситуација се натпреварувале на исто ниво и се свесни колку ми значеше настапот на ова Првенство и колку можев да постигнам. Мислам дека тешко ќе му биде на секој нормален човек да си објасни зашто ова ми го направија и до последен момент ме лажеа, но ако некој знае слободно нека пише во коментар или нека ми се јави, пишува на Фејсбук Поп Ацев. Тој статусот на Фејсбук го завршува со констатација дека ниту еден спортист не заслужува и не треба да го доживее тоа што тој го доживеал, па дека од таа причина решил јавно да сподели. Овој статус на Поп Ацев и потегот на ПФМ предизвика жестока дискусија кај многумина на социјалните, кои сметаат дека Поп Ацев со оглед на неговите досегашни успеси, како и со тоа дека ја исполнил нормата требало да добие шанса за настап во Глазгов. Од ПФМ, во соопштение потпишано од претседателот Александар Маленко, пак велат дека Поп Ацев не ги исполнил условите за учество, иако пливачот го тврди спротивното. Тој во својот статус на Фејсбук кажа дека имал обезбедено норма за настап на првенството во Глазгов. Случајот околу Поп Ацев, сепак не завршува, од федерацијата тврдат дека тој не ги исполнувал условите, пливачот пак тврди бил лажен до последниот ден од нивна страна. Дополнителна дамка на работата на федерацијата пак фрла и денешната оставка на членот на Управниот одбор на ПФМ, Александар Поповски, кој како причина ја наведе неправдата направена кон Поп Ацев. -Се работи за неправда која му е нанесена на нашиот пливач Евгениј Поп Ацев …. Од март месец до денешен ден на повеќе наврати раководството на ПФМ, од неразбирливи причини за мене го опструираат неговото учество на значајни маратонски трки, а врв на сето тоа однесување е ненавременото пријавување за Европското првенство кое се одржува во Глазгов и покрај ветувањата од нивна страна пред месец дена дека се е во ред и дека Евгениј ќе настапи на истото, наведува Поповски. Откако еден од најдобрите пливачи во историјата на Македонија ја загуби шансата за настап во Глазгов и јавно го обелодени овој скандал, Агенцијата за млади и спорт (АМС) реагираше во врска со случајот на Евгениј Поп Ацев и по повод последните случувања во Пливачката федерација на Македонија (ПФМ). Од АМС наведуваат дека внимателно го следат случајот. –Евгениј Поп Ацев е еден од најуспешните македонски пливачи и еден од најголемите спортски амбасадори на нашата држава, кој безрезервно е поддржан во сите неговите настапи и натпреварувања од страна на АМС. Изразуваме жалење што АМС не била порано информирана дека иако има постигнато норма нема да биде пријавен да учествува на ова првенство, како би можеле писмено да реагираме до надлежните меѓународни спортски институции и да најдеме начин да го поддржиме, стои во соопштението на АМС. Од Aгенцијата нагласуваат дека се залагаат за системско решавање на проблемите во пливањето, за во иднина да нема вакви случаи, кои се на штета на спортот и спортистите, кои ја претставуваат нашата земја. –Ги повикуваме сите инволвирани кои одлучиле Евгениј да не учествува во Европското првенство во Глазгов да се произнесат во јавноста со сериозни факти и аргументи врз кои ја донеле оваа одлука и да сносат соодветна одговорност, наведуваат од АМС. Инаку, Поп Ацев има големи успеси во кариерата, како што веќе споменавме како што е победата на Охридскиот маратон во 2015-та, прв Македонец кој успеал во тоа, како и титулата светски првак во маратонско пливање истата година, тој во 2015-та беше и прогласен за спортист на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sluchaj-pop-acev-malenko-veli-ne-e-kriv-vo-federacijata-podnesena-ostavka-ams-zali-shto-ne-bila-porano-informirana/feed/ 0
АМС бара факти и аргументи од ПФМ за случајот со Евгениј Поп Ацев https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ams-bara-fakti-i-argumenti-od-pfm-za-sluchajot-so-evgenij-pop-acev/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ams-bara-fakti-i-argumenti-od-pfm-za-sluchajot-so-evgenij-pop-acev/#respond Thu, 09 Aug 2018 15:07:46 +0000 https://kurir.mk/?p=86234

Агенцијата за млади и спорт (АМС) реагираше во врска со случајот со пливачот Евгениј Поп Ацев и по повод последните случувања во Пливачката федерација на Македонија (ПФМ). Од АМС наведуваат дека внимателно го следат случајот.

- Евгениј Поп Ацев е еден од најуспешните македонски пливачи и еден од најголемите спортски амбасадори на нашата држава, кој безрезервно е поддржан во сите неговите настапи и натпреварувања од страна на АМС. Изразуваме жалење што АМС не била порано информирана дека иако има постигнато норма нема да биде пријавен да учествува на ова првенство, како би можеле писмено да реагираме до надлежните меѓународни спортски институции и да најдеме начин да го поддржиме, стои во соопштението на АМС.

Од Aгенцијата нагласуваат дека се залагаат за системско решавање на проблемите во пливањето, за во иднина да нема вакви случаи, кои се на штета на спортот и спортистите, кои ја претставуваат нашата земја.

- Ги повикуваме сите инволвирани кои одлучиле Евгениј да не учествува во Европското првенство во Глазгов да се произнесат во јавноста со сериозни факти и аргументи врз кои ја донеле оваа одлука и да сносат соодветна одговорност, наведуваат од АМС.

МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ams-bara-fakti-i-argumenti-od-pfm-za-sluchajot-so-evgenij-pop-acev/feed/ 0