Евгениј Пригожин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 07:19:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Евгениј Пригожин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бразил сака да учествува во истрагата за несреќата во која загина Пригожин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-saka-da-uchestvuva-vo-istragata-za-nesrekata-vo-koja-zagina-prigozhin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-saka-da-uchestvuva-vo-istragata-za-nesrekata-vo-koja-zagina-prigozhin/#respond Wed, 30 Aug 2023 07:19:39 +0000 https://kurir.mk/?p=872304

Бразилскиот Центар за истражување и спречување на воздухопловни несреќи (ЦЕНИПА) препорача Русија да отвори истрага за падот на авионот од бразилско производство во кој загина шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин според меѓународните правила, но Русија одговори дека тоа нема да го стори „во овој момент“. ЦЕНИПА соопшти дека е подготвена да ѝ се приклучи на Русија во нејзината истрага за падот на приватниот авион Embraer Legacy 600. Руските воздухопловни власти немаат обврска да се согласат бидејќи тоа беше домашен лет од Москва до Санкт Петербург, но некои иследници веруваат дека Русија треба да го стори тоа затоа што САД и други западни влади се сомневаат дека Кремљ стои зад авионската несреќа. - Тие немаат никаква обврска, само им беше препорачано да го сторат тоа, изјави шефот на ЦЕНИПА Марсело Морено откако бразилската агенција испрати барање до руските власти. - Но, ако кажат дека ќе отворат истрага и ќе го повикаат Бразил, ние ќе учествуваме од далеку, додаде Морено. Американскиот консултант за воздухопловна безбедност и поранешен истражител Џон Кокс рече дека внатрешната руска истрага ќе биде доведена во прашање без учество на Бразил, земјата во која е произведен авионот. - Мислам дека тоа ја повредува транспарентноста на руската истрага, рече Кокс за одговорот на Русија кон Бразил. Пригожин загина на 23 август во пад на приватен авион во Тверската област, недалеку од Москва. Кремљ негира каква било вмешаност во смртта на Пригожин. Несреќата се случи два месеци откако тој и неговите платеници почнаа бунт против руските воени команданти во кој ја презедоа контролата врз јужниот град Ростов на Дон и напредуваа кон Москва, пред да се вратат во своите бази. Тоа беше најголемиот предизвик за владеењето на рускиот претседател Владимир Путин откако ја презеде власта во 1999 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-saka-da-uchestvuva-vo-istragata-za-nesrekata-vo-koja-zagina-prigozhin/feed/ 0
Официјално: Пригожин е мртов, потврди анализата и идентификацијата на телата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ofitsijalno-prigozhin-e-mrtov-potvrdi-analizata-i-identifikatsijata-na-telata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ofitsijalno-prigozhin-e-mrtov-potvrdi-analizata-i-identifikatsijata-na-telata/#respond Sun, 27 Aug 2023 11:28:27 +0000 https://kurir.mk/?p=871475

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин е мртов, е потврдено по генетската анализа на телата пронајдени во авионската несреќа во средата, соопштија денеска руските власти. Истражниот комитет соопшти дека идентитетот на сите 10 жртви е утврден и тие се совпаѓаат со оние на списокот на патници на летот, пишува Би-Би-Си. Приватниот авион на Пригожин се урна северозападно од Москва на 25 август, при што загинаа сите патници во него. Кремљ ги демантираше шпекулациите дека тој е виновен за несреќата. РИА Новости ги наведе и имињата на сите патници: Пригожин Евгениј; Перпустин Сергеј; Макаријан Евгениј; Тотмин Александар; Валери Чекалов; Уткин Дмитриј; Матусеев Николај; командант Левшин Алексеј; копилот Каримов Рустам; стјуардеса Распопова Кристина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ofitsijalno-prigozhin-e-mrtov-potvrdi-analizata-i-identifikatsijata-na-telata/feed/ 0
Пригожин е мртов, Путин зајакнат? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prigozhin-e-mrtov-putin-zajaknat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prigozhin-e-mrtov-putin-zajaknat/#respond Sat, 26 Aug 2023 07:33:26 +0000 https://kurir.mk/?p=871107

Дојче Веле Евгениј Пригожин, човекот кој го предизвика рускиот претседател Владимир Путин како никој друг со неговата платеничка трупа „Вагнер“, очигледно е мртов. Што значи ова за руската војна во Украина? Многумина го очекуваа тоа, а набљудувачите, како Ирина Бороган, се само изненадени од начинот на кој Евгениј Пригожин го загуби животот. -Тоа што беше убиен толку спектакуларно е нешто ново, изјави Бороган за Дојче Веле. „Дури и ако никогаш не се разјаснат точните околности“, вели руската истражувачка новинарка. Малку се оние кои се сомневаат дека Пригожин е навистина мртов. Доколку тој дефинитивно е мртов, тоа веројатно не е случајно. Постои голема веројатност дека се работи за нарачано убиство „по наредба на претседателот на Русија, Владимир Путин“, вели за ДВ австрискиот политички експерт и добар руски експерт Герхард Мангот. Можен мотив би можел да биде одмаздата за неговото понижување за време на бунтот во јуни и „предупредување за критичарите во раководните редови“. Бунт против военото раководство - индиректно и против Путин Според официјалните информации, шефот на озлогласената платеничка група „Вагнер“, наводно, бил во приватен авион кој се урна во средата вечерта (23 август). На списокот на патници се најде и командантот Дмитриј Уткин, по чие кодно име „Вагнер“ групата го доби своето име. Има се повеќе докази дека авионот експлодирал на летот од Москва до Санкт Петербург. Неодамна се чинеше дека конфликтот меѓу Пригожин и рускиот претседател Владимир Путин е решен. Шефот на „Вагнер“ се движеше слободно и сними видеа од наводните нови дејствија на неговата војска, вклучително и во Африка. На крајот на јуни, Пригожин водеше вооружен бунт против военото раководство на Русија. Без отпор го зазеде командниот центар во Ростов на Дон. Со дел од својата приватна војска тргна кон Москва и собори авион и хеликоптер што се обиделе да го запрат. Путин го нарече предавник. Немаше конфликт, беше постигнат договор: на Пригожин му беше ветен имунитет во замена за егзил во Белорусија. Но, тој се врати. Инцидентот ја шокираше Русија. Во екот на агресорската војна против Украина, Пригожин го предизвика шефот на Кремљ како никој друг - и тоа воено. Владимир Путин тогаш со часови изгледаше слаб и немоќен. Пред тоа, Пригожин со месеци јавно се судиташе со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, близок соработник на Путин, како и со началникот на Генералштабот Валери Герасимов. И двајцата ги обвини за неспособност во војувањето. Пригожин индиректно го нападна Путин, јавно доведувајќи ги во прашање неговите причини за војната. Речиси без влијание врз војната во Украина Порано беше поинаку. Пригожин се сметаше за лојален, а неговите платеници и помогнаа на руската армија да ги освои териториите во Украина, неодамна во градот Бахмут на крајот на мај. Путин и Пригожин се познаваат уште од деведесеттите. На Пригожин му беше дозволено да биде првиот што формира приватна група за тешки и валкани операции по налог на Москва - во Украина, Блискиот Исток и Африка. -Поддржувачите на Пригожин сега се веројатно фрустрирани, претседателот Путин не треба да се плаши од нов бунт, изјави за ДВ Марина Мирон, експерт од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL). Шефот на Кремљ очигледно најде решение „да ја контролира групата“. Експертите сметаат дека тоа нема да влијае на војната во Украина. Групата „Вагнер“ на Пригожин веќе беше ослабена за време на тешките борби изминатата пролет, а сега е без водачи. Веќе три месеци руската армија се бори без помош на војниците на „Вагнер“ и според Путин е во подобра позиција од претходно. Путин се уште е со Шојгу? -Прашањето е што ќе се случи со мисиите на „Вагнер“ во Африка. Таму таа група направи многу валкани работи за руската Влада и значително го зајакна влијанието на Русија во африканските земји, потсетува Герхард Мангот. Тоа, значи, останува да се види. Останува нејасно и за колку долго претседателот Путин ќе може да ја засили својата моќ. Тоа ќе зависи од натамошниот тек на војната во Украина. Конечно, останува да се види дали шефот на Кремљ ќе продолжи да го поддржува својот министер за одбрана Шојгу. Неговата замена не ја бараа само Пригожин, туку и разни радикални националисти и некои таканаречени воени блогери. Нивната поддршка за војната е важна за Путин. Заради тоа, со некои од нив претходно, дури и лично се состанувал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prigozhin-e-mrtov-putin-zajaknat/feed/ 0
Десет тела и црната кутија пронајдени на местото на падот на авионот во кој бил Пригожин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-tela-i-tsrnata-kutija-pronajdeni-na-mestoto-na-padot-na-avionot-vo-koj-bil-prigozhin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-tela-i-tsrnata-kutija-pronajdeni-na-mestoto-na-padot-na-avionot-vo-koj-bil-prigozhin/#respond Fri, 25 Aug 2023 18:19:29 +0000 https://kurir.mk/?p=871005

Десет тела и црната кутија, како и бројни документи на жртвите, кои ќе бидат важни во понатамошниот тек на истрагата, се пронајдени во Тверската област каде се урна авионот во кој се наоѓаше водачот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин. „Во текот на почетните истражни активности, на местото на несреќата се пронајдени тела на десет загинати. Во тек се молекуларни генетски испитувања за да се утврди нивниот идентитет“, објави Рускиот истражен комитет на својот канал на Телеграм, пренесува Руската државна новинска агенција. „Сите можни верзии за тоа што се случи ќе бидат внимателно испитани“, се вели во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-tela-i-tsrnata-kutija-pronajdeni-na-mestoto-na-padot-na-avionot-vo-koj-bil-prigozhin/feed/ 0
Пронајден е вториот дел од авионот „Ембраер“ во кој загина Пригожин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajden-e-vtoriot-del-od-avionot-embraer-vo-koj-zagina-prigozhin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajden-e-vtoriot-del-od-avionot-embraer-vo-koj-zagina-prigozhin/#respond Fri, 25 Aug 2023 16:52:26 +0000 https://kurir.mk/?p=870977

Пронајден е вториот дел од авионот „Ембраер“ во кој завчера вечер загина лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Локацијата на која е пронајден вториот дел од авионот може да биде многу важна за истрагата за причината за авионската несреќа во која загина Пригожин. Руските медиуми објавија и видео од вториот дел од авионот на Пригожин, кој се состои од крила и опрема за слетување, на кои нема траги од делување на противвоздушна одбрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajden-e-vtoriot-del-od-avionot-embraer-vo-koj-zagina-prigozhin/feed/ 0
Путин се огласи по смртта на Пригожин: Беше талентиран бизнисмен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-se-oglasi-po-smrtta-na-prigozhin-beshe-talentiran-biznismen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-se-oglasi-po-smrtta-na-prigozhin-beshe-talentiran-biznismen/#respond Thu, 24 Aug 2023 17:05:25 +0000 https://kurir.mk/?p=870602

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази сочувство до семејствата на шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, и неговите колеги од урнатиот авион, пренесуваат британските медиуми. Рускиот претседател да го опиша Пригожин како „талентиран бизнисмен“, кого го познава уште од 1990-тите, а за неговата платеничка група „Вагнер“ кажа дека дала значаен придонес во борбата против нацизмот во Украина. -Тоа никогаш нема да го заборавиме, изјави рускиот лидер. Путин додаде дека шефот на Истражниот комитет на Русија го известил за почетокот на истрагата за авионската несреќа во која синоќа загина Пригожин и додаде дека таа ќе се истера до самиот крај. Тој кажа дека Русија ќе разгледа што велат истражителите за несреќата, но дека за дополнителни детали за инцидентот ќе биде потребно време. Неговите коментари доаѓаат 24 часа откако авионот со Пригожин се урна северно од Москва. Пригожин беше меѓу десетте патници и членови на екипажот на приватниот авион што се урна вчера во Русија. Во несреќата нема преживеани, но се уште официјално не е објавено дека меѓу жртвите е и Пригожин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-se-oglasi-po-smrtta-na-prigozhin-beshe-talentiran-biznismen/feed/ 0
САД сметаат дека авионот на Пригожин веројатно бил соборен со ракета земја-воздух, истрелана од руска територија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-smetaat-deka-avionot-na-prigozhin-verojatno-bil-soboren-so-raketa-zemja-vozduh-istrelana-od-ruska-teritorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-smetaat-deka-avionot-na-prigozhin-verojatno-bil-soboren-so-raketa-zemja-vozduh-istrelana-od-ruska-teritorija/#respond Thu, 24 Aug 2023 16:33:47 +0000 https://kurir.mk/?p=870591

САД веруваат дека авионот во кој патувал Евгениј Пригожин можеби бил соборен со проектил земја-воздух, истрелан од руска територија, јавија британските меидуми, повикувајќи се на извори од американската влада кои сакаа да останат анонимни. Оттаму нагласија дека се работи за прелиминарна проценка и дека информациите за случајот се уште се анализираат. Руските власти соопштија дека Евгениј Пригожин и неговата десна рака Дмитриј Уткин биле меѓу 10-те патници во приватниот авион што вчера се урна северно од Москва, и дека нема преживеани.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-smetaat-deka-avionot-na-prigozhin-verojatno-bil-soboren-so-raketa-zemja-vozduh-istrelana-od-ruska-teritorija/feed/ 0
Бербок предупреди да не се шпекулира околу смртта на Пригожин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berbok-predupredi-da-ne-se-shpekulira-okolu-smrtta-na-prigozhin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berbok-predupredi-da-ne-se-shpekulira-okolu-smrtta-na-prigozhin/#respond Thu, 24 Aug 2023 15:50:46 +0000 https://kurir.mk/?p=870570

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок предупреди да не се шпекулира за авионската несреќа во која, според руските власти, загинал Евгениј Пригожин, јави ДПА. Рускиот регулатор за цивилно воздухопловство Росавијација соопшти дека на списокот од 10 лица во урнатиот авион е и името на лидерот на приватната воена компанија „Вагнер“. И покрај тоа, ниту Росавијација, ниту кој било друг официјален извор од Руската Федерација, недвосмислено нема кажано дека Пригожин загинал. -Не треба да избрзувате со заклучоци, изјави Бербок за Радио  „Deutschlandfunk“. Како одговор на прашањето за иднината на „Вагнер“, Бербок кажа дека стравува дека „Русија ќе ја продолжи својата цинична игра со или без „Вагнер“, и тоа не само во Украина, туку и во Африка“. -Пригожин и „Вагнер“ се одговорни за ужасните дела против украинскиот народ, додаде шефицата на германската дипломатија. Авионот со седум патници и тројца членови на екипажот се урна во близина на селото Куженкино, во областа Твер, на околу 300 километри северозападно од руската престолнина Москва, појасни ДПА. Инцидентот останува обвиен со мистерија и ги поттикна шпекулациите за причината за наводната смрт на Пригожин, кој беше отворен критичар на високи функционери на руското Министерство за одбрана, забележа ДПА. Прокремљовската телевизија „Царград“, повикувајќи се на свои извори, соопшти дека телото на Пригожин е веќе идентификувано, но ДНК анализата се уште не е готова. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berbok-predupredi-da-ne-se-shpekulira-okolu-smrtta-na-prigozhin/feed/ 0
Стано: Тешко е да се поверува дека Пригожин навистина погинал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-teshko-e-da-se-poveruva-deka-prigozhin-navistina-poginal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-teshko-e-da-se-poveruva-deka-prigozhin-navistina-poginal/#respond Thu, 24 Aug 2023 15:22:35 +0000 https://kurir.mk/?p=870559

Европската унија соопшти дека е „тешко да се проверат“ извештаите дека лидерот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, загинал синоќа во авионската несреќа. -Видовме извештај за авионската несреќа во која наводно загинал Евгениј Пригожин, заедно со членовите на неговата придружба и членовите на екипажот, изјави Петер Стано, портпарол на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика на денешната прес-конференција. „Меѓутоа, како и многу други работи во Русија, многу тешко ни е да потврдиме за тоа, а не е наше да коментираме“, додаде Стано. Портпаролот на ЕУ истакна дека се добро познати „негативните акции“ на Пригожин и групата „Вагнер“, посочувајќи на нивното учество во војната во Украина и операциите во африканските земји. -Секаде каде што беа оставија трага од кршење на човекови права и меѓународното хуманитарно право. Има многу неодговорност и нејасни се правилата според кои работат, рече Стано. Идните операции на групата нема да бидат погодени само од „наводната смрт на Пригожин“, туку и од „настаните во јуни“ кога групата одлучи да маршира кон Москва во краткотраен бунт, додаде тој. Стано кажа дека ЕУ се надева дека ќе престане „негативното влијание“ на операциите на „Вагнер“, додавајќи дека е свесен дека платеничката група „не се врзува само за името на нејзиниот водач“. Тој посочи дека поврзаноста на групата со Кремљ е едно од неколкуте „комплексни прашања“, истовремено нагласувајќи дека не е на ЕУ да „погодува дали наводната смрт на Пригожин во авионска несреќа ќе има некои конкретни последици за активностите на „Вагнер“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stano-teshko-e-da-se-poveruva-deka-prigozhin-navistina-poginal/feed/ 0
Зеленски за загинувањето на Пригожин: Сите се свесни за тоа кој е виновникот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-za-zaginuvaneto-na-prigozhin-site-se-svesni-za-toa-koj-e-vinovnikot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-za-zaginuvaneto-na-prigozhin-site-se-svesni-za-toa-koj-e-vinovnikot/#respond Thu, 24 Aug 2023 13:13:17 +0000 https://kurir.mk/?p=870504

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема никаква врска со наводната смрт на Евгениј Пригожин, кој очигледно загина вчера во авионска несреќа во Русија, пренесуваат украинските медиуми. -Ние не сме вмешани во оваа ситуација, тоа е сигурно. Мислам дека сите се свесни за тоа кој е вклучен, рече Зеленски на прес-конференција во Киев, но не даде повеќе детали. Украинскиот претседател, наведе дека, најверојатно, зад падот на авионот на Пригожин стои рускиот претседател Владимир Путин, против кого Пригожин се обиде да изврши државен удар пред неколку месеци и експресно се откажа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-za-zaginuvaneto-na-prigozhin-site-se-svesni-za-toa-koj-e-vinovnikot/feed/ 0