евија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 07:55:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png евија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Земјотрес од 5,2 степени на грчкиот остров Евија, почувствуван и во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-od-5-2-stepeni-na-grchkiot-ostrov-evija-pochuvstvuvan-i-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-od-5-2-stepeni-na-grchkiot-ostrov-evija-pochuvstvuvan-i-vo-atina/#respond Fri, 03 Nov 2023 07:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=896047

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер бил регистриран на грчкиот остров Евија кусо пред 8.30 часот утрово по локално време, согласно податоците од Геодинамичкиот центар на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Епицентарот на земјотресот бил во централниот дел на Евија, а беше почувствуван и во Атина. Засега нема информации за повредени или материјална штета. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-od-5-2-stepeni-na-grchkiot-ostrov-evija-pochuvstvuvan-i-vo-atina/feed/ 0
Пронајдено телото на пилотот од хеликоптерот што се урна во северниот дел на грчкиот остров Евија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-teloto-na-pilotot-od-helikopterot-shto-se-urna-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-teloto-na-pilotot-od-helikopterot-shto-se-urna-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/#respond Fri, 29 Sep 2023 10:14:32 +0000 https://kurir.mk/?p=883178

Безживотното тело на пилотот од приватниот хеликоптер, што вчера се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, претпладнево беше извлечено од нуркачи на Крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, нуркачките тимови, на длабочина од 52 метри, ги пронашле остатоците од кабината на хеликоптерот, од каде што го извлекле и телото. Хеликоптерот, вчера околу 10 часот наутро, полетал од местото Мантуди на Евија полетал кон индустриската област во Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата и започна спасувачката акција, по што подоцна беше потврдено дека паднал во морскиот дел на северот на Евија. Хеликоптерот се урна во период кога островот беше зафатен од невремето „Илиас“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-teloto-na-pilotot-od-helikopterot-shto-se-urna-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/feed/ 0
Продолжува потрагата по пилотот од хеликоптерот што се урна во северниот дел на грчкиот остров Евија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzhuva-potragata-po-pilotot-od-helikopterot-shto-se-urna-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzhuva-potragata-po-pilotot-od-helikopterot-shto-se-urna-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/#respond Fri, 29 Sep 2023 07:14:04 +0000 https://kurir.mk/?p=883084

Спасувачките екипи од Крајбрежната служба на Грција и денеска, во море, на копно и од воздух, продолжуваат со потрагата на пилотот и приватниот хеликоптер, што вчера се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, подрачјето што беше зафатено од невреме, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека во потрагата по единствениот патник во хеликоптерот, 69-годишниот пилот, учествуваат четири патролни чамци, две патролни возила од копно, по еден хеликоптер од военото воздухопловство и воената морнарица, два чамци и морско такси. Вчера околу 10 часот наутро, хеликоптерот полетал од местото Мантуди на Евија полетал кон индустриската област во Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата и започна спасувачката акција, по што подоцна беше потврдено дека паднал во морскиот дел на северот на Евија. Хеликоптерот се урна во период кога островот беше зафатен од невремето „Илиас“, што предизвика проблеми и материјална штета не само на Евија, туку и во поширокиот регион на областа Магнисија и градот Волос. Според Противпожарната служба на Грција во Магнисија, од пладневните часови во средата заклучно до денеска примиле 1.820 повици за помош, а 312 лица биле пренесени на безбедни локации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzhuva-potragata-po-pilotot-od-helikopterot-shto-se-urna-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/feed/ 0
Поплави во северниот дел на грчкиот остров Евија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poplavi-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poplavi-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/#respond Wed, 27 Sep 2023 13:02:36 +0000 https://kurir.mk/?p=882295

Во повеќе села во северниот дел на грчкиот остров Евија од рано утрово има сериозни проблеми поради невремето „Илиас“ што предизвика поплави како на домови, така и на улиците, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми, предизвикана е материјална штета, во одредени делови има и лизгање на земјиштето, а поради проблемите на патната инфраструктура, во прекин е сообраќајот на повеќе локални патишта. Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека во северниот дел на островот е и министерот за климатска криза и цивилна заштита Василис Кикиљас. На невремето „Илиас“ што денеска кулминира во повеќе делови на Грција, се осврна и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на владината седница, истакнувајќи дека „во погодените подрачја мобилизиран е државниот механизам“, а фокусот е на ситуацијата на Евија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poplavi-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/feed/ 0
Загинаа двајцата пилоти од Канадерот што се урна на грчкиот остров Евија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaginaa-dvajtsata-piloti-od-kanaderot-shto-se-urna-na-grchkiot-ostrov-evija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaginaa-dvajtsata-piloti-od-kanaderot-shto-se-urna-na-grchkiot-ostrov-evija/#respond Tue, 25 Jul 2023 15:59:34 +0000 https://kurir.mk/?p=859947

Двајцата пилоти, на возраст од 27 и 34 години загинаа откако кусо пред 15 часот по локално време се урна Канадерот со кој го гаснеа пожарот во близина на Каристос на грчкиот остров Евија,  јави дописничката на МИА од Атина. Од Генералштабот на грчкото воздухопловство соопштијадека за време на воздушно гаснење на пожарот на Евија, во 14:52 часот, се урна авионот CL-215 и загинаа пилотот и копилотот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaginaa-dvajtsata-piloti-od-kanaderot-shto-se-urna-na-grchkiot-ostrov-evija/feed/ 0
Се урна Канадер на грчкиот остров Евија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-urna-kanader-na-grchkiot-ostrov-evija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-urna-kanader-na-grchkiot-ostrov-evija/#respond Tue, 25 Jul 2023 12:28:50 +0000 https://kurir.mk/?p=859853

Авион од типот Канадер се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално станува збор за грчки авион, со оглед на тоа дека во Грција пристигнаа и странски авиони за да помогнат во гаснењето на пожарот. Во канадерите најчесто има две лица, пилот и копилот, а засега не познато дали преживеале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-urna-kanader-na-grchkiot-ostrov-evija/feed/ 0
Превентивни евакуации поради пожари и на Евија, Крф и Пелопонез https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preventivni-evakuatsii-poradi-pozhari-i-na-evija-krf-i-peloponez/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preventivni-evakuatsii-poradi-pozhari-i-na-evija-krf-i-peloponez/#respond Sun, 23 Jul 2023 18:07:27 +0000 https://kurir.mk/?p=859247

Преку три различни пораки од бројот 112 за итни случаи во периодот од18 до 20.30 беа испратени пораки: до жителите на четири населени места во јужниот дел на грчкиот остров Евија; до сите оние кои се наоѓаат во пет населени места во североисточниот дел на Крф ,како и во едно село во северниот дел на Пелопонез, превентивно, да се евакуираат поради активни пожари во конкретните региони, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, информираше во Грција денеска избувнале 64 нови шумски пожари, а пожарникарите ширум земјата се справуваат со вкупно 82. Освен оној на Родос, активни се уште три големи пожари, во близина на Каристос на Евија, каде што од три жаришта едно е ставено под контрола, на Крф и во близина на Егио на Пелопонез, а сите пожари се гаснат од копно и воздух. За големиот пожар на Родос активен веќе шести ден, Ватракојанис објасни дека го гаснат 266 пожарникари со 16 пешадиски тима и 55 возила, десет авиони и пет хеликоптери, а помагаат и пожарникарите од европскиот механизам за цивилна заштита, како и силите испратени на билатерално ниво. -Тешкотиите се пред нас. Условите и понатаму се екстремни. Апелираме до граѓаните кои се евакуираат, за ваша сопствена безбедност, доколку сакате да се вратите во вашето место на живеење или сместување, ќе мора задолжително да се информирате од надлежните органи. Сите сили на Цивилната заштита остануваат во состојба на готовност, порача Ватракојанис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preventivni-evakuatsii-poradi-pozhari-i-na-evija-krf-i-peloponez/feed/ 0
Земјотрес со јачина од 4,5 степени го погоди грчкиот остров Евија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-so-jachina-od-4-5-stepeni-go-pogodi-grchkiot-ostrov-evija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-so-jachina-od-4-5-stepeni-go-pogodi-grchkiot-ostrov-evija/#respond Sat, 22 Apr 2023 10:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=826342

Земјотрес со јачина од 4,5 степени беше регистриран претпладнево на грчкиот остров Евија според официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Засега нема информации за повредени или материјална штета, а земјотресот во југоисточниот дел на Евија беше почувствуван и во Атина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-so-jachina-od-4-5-stepeni-go-pogodi-grchkiot-ostrov-evija/feed/ 0
Над 100 последователни потреси по силниот земјотрес на грчкиот остров Евија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-100-posledovatelni-potresi-po-silniot-zemjotres-na-grchkiot-ostrov-evija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-100-posledovatelni-potresi-po-silniot-zemjotres-na-grchkiot-ostrov-evija/#respond Fri, 30 Dec 2022 08:52:36 +0000 https://kurir.mk/?p=782468

По силниот земјотрес од 4,9 степени на Евија во средата, заклучно со синоќа на грчкиот остров биле регистрирани над 100 последователни потреси, согласно извештајот на специјалната научна комисија за проценка на сеизмичка опасност и намалување на сеизмичкиот ризик, јави дописничката на МИА од Атина. Надлежната комисија вчера одржа втор состанок свикан по барање на министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилианидис, за да се разгледаат новите податоци за сеизмичката активност на грчкиот остров. Согласно заклучоците на Комисијата, по завчерашниот земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер, сеизмичката активност во централна Евија „опфаќа и повеќе од 100 земјотреси со максимална јачина од 3,5 степени“ и не ја исклучуваат можноста за силен последователен земјотрес. Земјотресот беше регистриран во средата, кусо пред 14.30 часот по локално време, во централниот дел на Евија, а освен на островот, беше почувствуван и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-100-posledovatelni-potresi-po-silniot-zemjotres-na-grchkiot-ostrov-evija/feed/ 0
Очекувано: Силен земјотрес во близина на грчкиот остров Евија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ochekuvano-silen-zemjotres-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-evija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ochekuvano-silen-zemjotres-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-evija/#respond Wed, 14 Dec 2022 16:48:07 +0000 https://kurir.mk/?p=775617

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер, беше регистриран попладнево во морскиот дел источно од островот Евија онаму каде што пред 15 дена беше регистриран силниот земјотрес од 5 степени, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките сеизмолози, станува збор за последователни земјотреси по оној од 29 ноември и е нешто што е очекувано. Земјотресот, освен на Евија, беше почувствувани и во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ochekuvano-silen-zemjotres-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-evija/feed/ 0