ЕВН Хоум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 24 Jun 2023 07:09:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕВН Хоум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 До 30 јуни одлука за цената на струјата за наредните шест месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-30-juni-odluka-za-tsenata-na-strujata-za-narednite-shest-mesetsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-30-juni-odluka-za-tsenata-na-strujata-za-narednite-shest-mesetsi/#respond Sat, 24 Jun 2023 07:38:18 +0000 https://kurir.mk/?p=849199

АД ЕСМ вчера достави понуда на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за купопродажна цена на електричната енергија од 53 евра за мегават час за покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини со што Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги има сите неопходни податоци за во текот на следната недела да ја донесе одлуката за цената на струјата што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар во наредните шест месеци, почнувајќи од 1 јули. Цената што е доставена на тендерот е за 5,35 проценти пониска од 56 евра за мегават час, колку што ЕСМ и ја продаваше струјата на ЕВН Хоум во изминатите шест месеци. Од неа најмногу зависи колкави ќе бидат сметките на граѓаните во следните шест месеци. Сепак, во вкупната цена влегуваат и други влезни параметри, како што се цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција, како и ДДВ-то кое од 1 јули повторно ќе изнесува 18 отсто, наместо досегашните 10 отсто. ДДВ-то на конечната цена влијае околу 7,2 отсто, а претходно МЕПСО до РКЕ достави барање за зголемување на цената за преносот за 50 отсто, Електродистрибуција, пак, побара зголемување на цената за делот на дистрибуција за околу 30 отсто. И покрај тоа премиерот Димитар Ковачевски не очекува да има зголемување на цената на електричната енергија. - Цената на електричната енергија ја дефинира РКЕ, но не очекувам да има ценовен шок. Истото го кажав и пред претпоследното определување на цената на струјата. Тогаш сите велеа дека ќе има зголемување на цената на струјата од 30 до 60 проценти. Тоа се истите скептици, истите критизери кои единствено сакаат да внесат немир и дезинформации кај граѓаните, изјави Ковачевски по вчерашната посета на компанијата за производство на фина картонска амбалажа „Еврос Комерц“ во Старо Нагоричане. Тој посочи дека во Буџетот има финансиски средства за антикризни мерки со кои ќе биде помогната ЕСМ. Во однос на воведувањето на дневната евтина тарифа, Ковачевски рече дека одлуката ја носи РКЕ и додаде дека за тој процес на ЕВН му е потребно време за да ги намести броилата во домаќинствата. - Ако биде донесена таква одлука, бидејќи не можам да зборувам во име на РКЕ, тогаш сигурно на ЕВН ќе му биде потребен определен временски период за да тоа го воведе во сите броила на домаќинствата, рече Ковачевски. Премиерот посочи дека се води сметка и за цената на електричната енергија за малите компании со цел таа да биде на ниво одржливо за нивното производство. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, пак, неодамна нагласи дека сигурно ќе биде воведена евтина дневна тарифа на струјата, но посочи дека РКЕ ги завршува анализите и ги знае техничките проблеми кои ги има во процесот. - Во овој момент имаме сериозно разединување за колкав временски период тие технички софтверски проблеми може да се надминат. Овие неколку дена ќе ги искористиме за интензивна комуникација со операторот на дистрибутивниот систем за да видиме реално кога и како може да започне имплементацијата на евтината тарифа, рече Бислимоски и додаде дека е сигурно оти евтината тарифа ќе биде воведена. Целта, како што истакна, им е што е можно повеќе граѓани во ист момент да ја користат евтината тарифа за да нема жалби и поплаки зошто некој има, а зошто друг нема. - За тоа разговараме со операторот на дистрибутивниот систем и преговорите и разговорите ќе мора да ги завршиме кон почетокот на идната недела, рече Бислимоски. Тој појасни дека по воведувањето на блок тарифите броилата имаат четири позиции во кои се регистрира скапата тарифа, а сега треба дополнително да се воведе и евтина тарифа така што на операторот на дистрибутивниот систем му треба време за да се сетираат сите броила. Време е потребно и а да се промени билинг системот за да може да се фактурира евтината тарифа. - Тоа го прави надворешна фирма како што вели операторот и за тоа им било потребно малку повеќе време. Но, разговараме со нив навреме да си го решат тој проблем. Броилата кои немаат далечинско отчитување ќе мора рачно да се прилагодуваат и е потребно повеќе време, а за оние со далечинско отчитување тоа ќе се направи од компјутерскиот центар на операторот за две минути, истакна Бислимоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-30-juni-odluka-za-tsenata-na-strujata-za-narednite-shest-mesetsi/feed/ 0
ЕСМ доставила до ЕВН Хоум понуда од 53 евра за мегават час електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-dostavila-do-evn-houm-ponuda-od-53-evra-za-megavat-chas-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-dostavila-do-evn-houm-ponuda-od-53-evra-za-megavat-chas-elektrichna-energija/#respond Fri, 23 Jun 2023 13:33:47 +0000 https://kurir.mk/?p=849030

АД ЕСМ доставила до ЕВН Хоум како универзален снабдувач, понуда за купопродажна цена на електричната енергија од 53 евра за мегават час за покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини. - Оваа цена е за околу 5,35 проценти пониска од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2023), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 56 евра за мегаватчас, информираа од ЕВН Хоум. За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција. Од ЕВН Хоум информираа дека понуда на тендерот пристигнала само од АД ЕСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-dostavila-do-evn-houm-ponuda-od-53-evra-za-megavat-chas-elektrichna-energija/feed/ 0
АД ЕСМ и понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 56 евра за мегаватчас, цена за околу 16% повисока од претходната година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ad-esm-i-ponudi-na-evn-home-kupoprodazna-cena-na-elektrichna-energija-od-56-evra-za-megavatchas-cena-za-okolu-16-povisoka-od-prethodnata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ad-esm-i-ponudi-na-evn-home-kupoprodazna-cena-na-elektrichna-energija-od-56-evra-za-megavatchas-cena-za-okolu-16-povisoka-od-prethodnata-godina/#respond Fri, 16 Dec 2022 11:54:00 +0000 https://kurir.mk/?p=776565

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2023, доби само една понуда од АД ЕСМ. АД ЕСМ и понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 56 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е за околу 16% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јули-декември 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 48 евра за мегаватчас. За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ad-esm-i-ponudi-na-evn-home-kupoprodazna-cena-na-elektrichna-energija-od-56-evra-za-megavatchas-cena-za-okolu-16-povisoka-od-prethodnata-godina/feed/ 0
ЕСМ соопшти зошто не се јавиле на тендерот на ЕВН Хоум https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-soopshti-zoshto-ne-se-javile-na-tenderot-na-evn-houm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-soopshti-zoshto-ne-se-javile-na-tenderot-na-evn-houm/#respond Thu, 09 Dec 2021 11:50:50 +0000 https://kurir.mk/?p=606065

Одлуката од Владата на Р. Северна Македоанија во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД ЕСМ треба да се јави на тендерот на ЕВН Хоум за 2022г. се однесуваат на 6-месечен период, додека актуелниот тендер на ЕВН Хоум е распишан за 12-месечен период. Од тие причини АД ЕСМ денеска не поднесе понуда, соопштуваат од ЕСМ Оттаму велат дека ќе се јават на следниот повик на Универзалниот снабдувач кој треба да се однесува на периодот јануари-јуни 2022г. ЕСМ ниту на четвртиот тендер на ЕВН Хоум не достави понуда за електрична енергија за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи. Алсат претходно објави дека ЕСМ не доставила понуда затоа што засега немаат обезбедено 100 отсто од потребната струја за сите 12 месеци од 2022 година, туку засега со сигурност имаат електрична енергија за задоволување на потребите на граѓаните за само 10 месеци од идната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-soopshti-zoshto-ne-se-javile-na-tenderot-na-evn-houm/feed/ 0
Цената на струјата ќе се зголеми од 1 јануари, надлежните не очекуваат покачување повеќе од 10 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenata-na-strujata-kje-se-zgolemi-od-1-januari-nadleznite-ne-ochekuvaat-pokachuvanje-povekje-od-10-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenata-na-strujata-kje-se-zgolemi-od-1-januari-nadleznite-ne-ochekuvaat-pokachuvanje-povekje-od-10-procenti/#respond Thu, 09 Dec 2021 06:40:13 +0000 https://kurir.mk/?p=605928

Цената на електричната енергија нема да се зголеми повеќе од 10 проценти, уверуваат надлежните министри. Според нив, понудата што ЕСМ треба да ја даде кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на електрична енергија. Денеска се очекува и АД ЕСМ да ја достави понудата на отворениот повик на ЕВН Хоум. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера изјави дека согласно сите проекции, од 1 јануари не очекува да се зголеми цената на струјата повеќе од 10 проценти. – Согласно Законот за енергетика, цената на струјата од 1 јануари за првите шест месеци од 2022 година ја потврдува Регулаторната комисија за енергетика, но имајќи предвид дека цената што ќе ја понуди ЕСМ кон универзалниот снабдувач многу влијае врз финалната цена, зголемување над 10 отсто нема да има. Со тоа се отфрлаат сите предвидувања од експерти во областа на енергетиката и од одредени политички партии дека зголемувањето ќе биде 30, 40 или 50 отсто, изјави Бектеши. И министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека нема да има значително зголемување на цената на струјата. – Како што беше најавено, ќе има понуда од ЕСМ кон универзалниот снабдувач на електрична енергија, која веројатно, според тие проценки, ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на струјата, рече вчера Бесими, не сакаше да калкулира со бројки. Во насока на стабилизирање на цената на струјата, одлучено е и ЕСМ наместо задолжителните 60 проценти, да покрива 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум. – Ние донесовме одлука да испорачуваме 100 проценти енергија во 2022 кон ЕВН Хоум и тоа значи дека оваа компанија нема да набавува дополнителни количества енергија кои на берзата се со повисоки цени. Така, нашата компанија и натаму ќе остане стабилизатор на цената за домаќинствата и малите потрошувачи, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во понеделникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenata-na-strujata-kje-se-zgolemi-od-1-januari-nadleznite-ne-ochekuvaat-pokachuvanje-povekje-od-10-procenti/feed/ 0