ЕВН волонтира – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Mar 2023 13:50:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕВН волонтира – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕВН Македонија и годинава продолжува со проектот „ЕВН Волонтира“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evn-makedonija-i-godinava-prodolzhuva-so-proektot-evn-volontira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evn-makedonija-i-godinava-prodolzhuva-so-proektot-evn-volontira/#respond Fri, 10 Mar 2023 13:50:41 +0000 https://kurir.mk/?p=810491

Вработените на ЕВН волонтираа во училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ - Скопје ЕВН Македонија преку програмата „ЕВН Волонтира“ и годинава продолжува да ги поддржи своите вработени при реализација на волонтерски активности за доброто на заедниците. Група волонтери на ЕВН денешните работни часови ги посветија на реализација на волонтерска акција во државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје, каде што ги инсталираа потребните ЛЕД светилки низ просториите на објектот. Со новото осветлување на училиштето, ќе им се олесни движењето и ориентацијата на  учениците и ќе им се подобрат условите за учење и завршување на нивните домашни задачи и останати обврски. Инсталацијата на ЛЕД светилките воедно ќе придонесе во штедењето на електричната енергија на државното училиште „Димитар Влахов“, што е една од главните стратешки цели на институциите во Македонија за време на енергетската криза. „ЕВН Волонтира“ започна летото во 2017 година. До сега се реализирани 54 волонтерски акции со над 600 учесници. Програмата е уникатна по тоа што овозможува системско решавање на волонтерството во компанијата, од обмислување до реализација на идеите. Вработените имаат можност да реализираат волонтерска акција во текот на работното време во било која локација во државата.  
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evn-makedonija-i-godinava-prodolzhuva-so-proektot-evn-volontira/feed/ 0
Едукативен проект за електрична енергија преку програмата „ЕВН Волонтира“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edukativen-proekt-za-elektrichna-energija-preku-programata-evn-volontira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edukativen-proekt-za-elektrichna-energija-preku-programata-evn-volontira/#respond Fri, 26 Nov 2021 13:16:53 +0000 https://kurir.mk/?p=600191

Во рамки на програмата „ЕВН Волонтира“, вработени од ЕВН Македонија спроведoa волонтерски проект за едукација на млади во врска со историјата на развојот на електрична енергија. Проектот се реализираше во просториите на изложбениот центар на ЕВН „Матка“, а групата од дваесеттина млади се штитеници на Дневниот центар за деца при Здружението за заштита на правата на детето. Изложбениот центар за електрична енергија „Матка“ овозможува поголема едукација и преку интерактивни експонати ја раскажува историјата на електричната енергија во земјата, како и промените што настанале со електрификацијата. Истовремено, преку иновативен мултимедијален пристап, експонатите нудат уникатна можност за едукација и интеракција. ЕВН Македонија со оваа волонтерска акција се приклучи кон иницијативата на здружението „Сошл Фрајдеј“ која има за цел да ги претвори петочните попладневни часови во општествено одговорни практики, со тоа што вработени кои работат во канцеларии излегуваат на терен и реализираат волонтерски акции за доброто на локалните заедници. „ЕВН Волонтира“ е проект на ЕВН Македонија кој официјално започна во јули 2017г. како дел од долгорочната стратегија за општествена одговорност на компанијата. Вкупно се реализирани 52 акции во големи групи низ целата земја, а учествувале над 500 вработени. Една од главните цели на овој проект кој е се уште во тек, е да се подигне свеста кај поединци и компании дека сите имаме посебни квалификации и способности кои може да ги искористиме за да направиме добро во заедниците во коишто живееме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edukativen-proekt-za-elektrichna-energija-preku-programata-evn-volontira/feed/ 0