еврејска заедница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Dec 2022 06:32:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еврејска заедница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еврејската заедница го прославува празникот Ханука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evrejskata-zaednica-go-proslavuva-praznikot-hanuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evrejskata-zaednica-go-proslavuva-praznikot-hanuka/#respond Tue, 20 Dec 2022 06:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=777853

Еврејската заедница вечер (19.00) во синагогата „Бет Јаков” ќе го прославува празникот на светлината „Ханука”. Денеска е третиот ден од празникот, а од Заедницата најавуваат дека третата свеќа ќе ја запали претседателот Стево Пендаровски. „Ханука” се слави како сеќавање на победоносната ослободителна борба на еврејскиот народ на тлото на древниот Израел против елинистичкиот окупатор. – Легендата запишана во Талмудот раскажува за тоа како Грците влегле во Храмот и го осквернавиле и маслото кое се чувало за палење на обредните свеќи. Макабејците, ослободители, по влегувањето во Ерусалим нашле во Храмот само еден сад со масло, со печат на големиот свештеник, кој бил доволен за горење за само еден ден. Тогаш се случило чудо (Божјо) и тоа масло горело во свеќникот осум дена. Затоа кога ја празнуваме Ханука и ден денес горат 8 свеќи осум дена, информираат од Еврејската заедница. Оттаму велат дека „Ханука” е пред сè семеен празник, свеќниците се палат секоја вечер во кругот на семејството и тоа првиот ден се пали една, а потоа секој ден по една свеќа повеќе. Тој обичај е сочуван до ден денес. Синагогата „Бет Јаков” во којашто ќе се одржува прославата се наоѓа на ул. „Борка Талески” бр.24.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evrejskata-zaednica-go-proslavuva-praznikot-hanuka/feed/ 0
Реакција на Еврејската заедница на отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-evrejskata-zaednica-na-otvoranjeto-na-bugarskiot-kulturen-centar-vancho-mihajlov-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-evrejskata-zaednica-na-otvoranjeto-na-bugarskiot-kulturen-centar-vancho-mihajlov-vo-bitola/#respond Mon, 18 Apr 2022 10:31:31 +0000 https://kurir.mk/?p=664699

Во саботата – Шабат и прв ден Песах, кога Евреите од целиот свет го слават празникот за ослободување од египетско ропство, највисоките бугарски претставници на власта предводени од премиерот Кирил Петков, официјално отворија бугарски културен центар „Ванчо Михајлов“ по името на докажан фашист, соработник на Павелиќ, Мусолини и Хитлер, соопштија Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, – Овој чин претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права, кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа. Чин со кој се загрозува мултикултурализмот и класичен пример за непочитување и искривување на историјата, се оценува во реакцијата. Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија истакнаа дека се „згрозени и навредени од името на новиот културен дом во Битола, кој носи име на потврден фашист и близок соработник со нацистите“. – Еклатантен обид во таканаречената „заедничка историја“ на која инсистира Бугарија, таа да се претстави како ослободител, а не како фашистички окупатор кој во центарот за убивање Треблинка депортира 7144 македонски Евреи или 98 проценти од еврејската популација во тоа време. Обид да се минимизира улогата на Р. Бугарија во холокаустот и окупацијата на Македонија. Искривување на фактите од европската и светска историја за Втората светска војна. Чин којшто не е во духот на добрососедските односи помеѓу Северна Македонија и Бугарија, пишува во реакцијата на Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Во неа тие наведуваат дека како наследници на преживеаните од холокаустот нема да ги премолчуваат ваквите појави и бараат итно и неодложно во Собранието да се донесат измените на Кривичниот закон, иницирани од Еврејската заедница во 2017 година, со кои ширењето на антисемитизмот, негирањето и искривувањето на холокаустот, глорификација на фашизмот и нацизмот, како и употреба на нивните симболи и поздрави да бидат казниви со закон. Еврејската заедница бара и да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија итн. да носат имиња по потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите, Владата на Р. Бугарија да се извини за злосторствата и холокаустот направени од нивните претходници за време на Втората светска војна и Европската Унија и Европскиот парламент да го осудат ваквото поведение на Република Бугарија. – Ние, Евреите од Република Северна Македонија, како и бројни македонски граѓани, имаме многу пријатели од Р. Бугарија, со којашто сакаме како соседи да живееме во мир и благосостојба. Фашистичкото минато на Бугарија под водство на цар Борис Трети и останатите докажани нацисти од врвот на власта на Царска Бугарија во Втората светска војна не смеат да претставуваат пречка во градењето добрососедски односи втемелени на заемна почит, пријателство и доверба. Денешницата не смее да биде жртва на историјата, како што и иднината не смее да биде жртва на вистината, пишува во реакцијата на Еврејска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-evrejskata-zaednica-na-otvoranjeto-na-bugarskiot-kulturen-centar-vancho-mihajlov-vo-bitola/feed/ 0
Пендаровски го прими Пепо Леви, новиот претседател на Еврејската заедница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-primi-pepo-levi-noviot-pretsedatel-na-evrejskata-zaednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-primi-pepo-levi-noviot-pretsedatel-na-evrejskata-zaednica/#respond Wed, 23 Feb 2022 13:31:22 +0000 https://kurir.mk/?p=635471

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Пепо Леви, новиот претседател на Еврејската заедница. На средбата, претседателот Пендаровски упати честитки за назначувањето на Пепо Леви за претседател на Еврејската заедница и притоа ја истакна својата заложба за соработка со Еврејската заедница, како и со другите верски заедници во Република Северна Македонија, во интерес на меѓусебното разбирање и почитувањето на различноста како една од темелните вредности во нашето општество. -Претседателот Пендаровски, нагласувајќи ја улогата на водачите на верските заедници во негувањето на соживотот, како важен предуслов за просперитет и напредок, изрази очекување дека новиот претседател и сите припадници на Еврејската заедница, како и досега, така и во иднина ќе продолжат да даваат значаен придонес кон нашата заедничка иднина, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот. На средбата стана збор и за тековните активности на Еврејската заедница, како и за нивните идни планови и ангажмани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-primi-pepo-levi-noviot-pretsedatel-na-evrejskata-zaednica/feed/ 0
ВИДЕО: Полицијата за групата од Куманово која е снимана по улици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-policijata-za-grupata-od-kumanovo-koja-e-snimana-po-ulici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-policijata-za-grupata-od-kumanovo-koja-e-snimana-po-ulici/#respond Sun, 13 Feb 2022 13:56:29 +0000 https://kurir.mk/?p=630916

Секторот за внатрешни работи Куманово ја информира јавноста дека групата лица забележана во Куманово претставува група припадници на Еврејската верска заедница. „Овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Во групата има Американски, Канадски, Белгиски и граѓани од Јужна Америка, тие имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во Републиа Северна Македонија. Според информациите со кои располага МВР, групата е во постојано движење и во наредните денови се очекува да ја напуштат нашата држава. СВР Куманово ги информира граѓаните на Куманово дека наведената група не претставува никаква опасност и апелира на толеранција и солидарност кон истите“, велат од МВР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-policijata-za-grupata-od-kumanovo-koja-e-snimana-po-ulici/feed/ 0
Став на Еврејската заедница за улогата на Царството Бугарија во депортацијата на македонските Евреи во Треблинка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stav-na-evrejskata-zaednica-za-ulogata-na-carstvoto-bugarija-vo-deportacijata-na-makedonskite-evrei-vo-treblinka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stav-na-evrejskata-zaednica-za-ulogata-na-carstvoto-bugarija-vo-deportacijata-na-makedonskite-evrei-vo-treblinka/#respond Thu, 10 Dec 2020 10:21:48 +0000 https://kurir.mk/?p=441369

Имајќи ги предвид константните и континуирани обиди за наметнување на само една „историска вистина“ во врска со историски настани што се случувале на територијата на денешна Република Македонија за време на Втората светска војна, Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија потсетуваат на неоспорните историски факти кои се општо прифатени а се однесуваат на улогата на Царството Бугарија во холокаустот и депортацијата на Евреите од денешна Северна Македонија и го реафирмираат својот став: 1. За време на Втората светска војна територијата на денешна Република Северна Македонија, на која живееле околу 8 000 Евреи, е под директна окупација на Царството Бугарија и Италија, кои се сојузници во оската. Еврејското население кое живее во Македонија за време на Втората светска војна се наоѓа под бугарска окупација. Бугарските пронацистички окупаторски власти веднаш го спроведуваат врз Евреите антисемитскиот Закон за заштита на нацијата со кој на Евреите им се ускратуваат сите граѓански права, се дехуманизираат, се воведува Законот за еднократен данок на имот, со кој се „легално“ ограбени, се задложуваат сите Евреи да носат Давидова ѕвезда, еврејските куќи се обележани, дуќаните затворени, бизнисите и парите конфискувани. 2. Бугарската пронацистичка власт, на чело со Богдан Филов и цар Борис Трети, дава согласност за потпишување договор за иселување (депортација) на Евреите од окупираните територии од страна на Бугарија, но и од самата Бугарија. На 22 февруари 1943 година Александар Белев, комесар за Еврејските прашања и Теодор Данекер, претставник на нацистичка Германија го потпишуваат Договорот за најпрво иселување на 20 000 Евреи од окупираните територии и од самата Бугарија. Согласно со овој Договор, на 11 март 1943 година бугарската пронацистичка војска и полицијата насилно ги собираат Евреите од нивните домови во Скопје, Битола, Штип… и ги транспортираат во привремениот логор, кој служел како транзитен логор, во Тутунскиот комбинат во Скопје – Монопол. Оттаму 7 144 Евреи, или 98% од вкупното еврејско население од тоа време, во три одделни транспорти, 22-ти, 25-ти и 29-ти март 1943 година, организирани од бугарските окупаторски власти, Комесаријатот за Еврејските прашања и со логистика на бугарската железница се депортирани и предадени на нацистите во центарот за убивање Треблинка. Никој од депортираните Евреи не се врати жив. 3. Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ги сметаат бугарските пронацистички власти од тоа време за директно одговорни за насилното собирање на Евреите од нивните домови, грабежот врз движниот и недвижниот имот, депортацијата на Евреите од денешна Северна Македонија, Источна Македонија и Тракија во денешна Грција и градот Пирот во денешна Р. Србија за време на Втората светска војна. Повеќе од 11 300 Евреи од окупираните територии се насилно депортирани во смрт од страна на бугарската пронацистичка влада од тоа време. 4. Еврејската заедница и Фондот на холокаустот не забораваат и им оддаваат должна почит на македонските граѓани од разлчни етникуми, знајни и незнајни, кои ги ризикуваа сопствените животи и животите на нивните семејства за да спасат Евреи од сигурна смрт и се прогласени за праведници меѓу народите: Алипармак Борис и Васка Рибарев Трајко и Драгица Сиљановски Стојан Тодоров Александар и Блага Хаџи-Митков Тодор и Пандора Чекада Смилјан Евреите од Северна Македонија им оддаваат и должна почит на бугарската православна црква, антифашистичката јавност, 43 парламентарци на чело со Димитар Пешев и на други интелектуалци кои со своите заложби успеаја да ја запрат депортацијата и да ги заштитат Евреите од Бугарија од пронацистичкиот бугарски режим, но не и Евреите во окупираните територии. 5. Евреите за време на Втората светска војна активно се влучија во Народноослободителната и антифашистичка војна заедно со своите сограѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци. Многу Евреи го дадоа својот живот борејќи се за слобода. Една од нив е Естреја Овадија-Мара, која загина во 1944 година борејќи се против бугарската окупаторска војска, а подоцна е прогласена за народен херој. 6. Денешната власт во Република Бугарија има морална обврска да ја признае вината и да ја преземе одговорноста, по примерот на многу европски држави кои биле на погрешната страна за време на Втората светска војна за злосторствата кои нивните претходници, пронацистичката влада, ги направија врз еврејското население во окупираните територии за време на Втората светска војна. Република Бугарија со укинувањето на пресудите во 1996, донесени од Народниот суд во 1945 и аболицирање на злосторниците од Втората светска војна свесно ја прикрива својата мрачна историја и со тоа ја искривува вистината за холокаустот што го направија нивните претходници врз еврејското население во окупираните територии. Ова е во целосна спротивност на дефиницијата на ИХРА за негирање и искривоколчување на холокаустот. 7. Јавно ја повикуваме владата (или официјалните избрани политички авторитети – премиер, претседател, претседател на парламент) на Република Бугарија да се соочат со вистината за холокаустот врз Евреите во окупираните територии, за која пронацистичката влада во Царството Бугарија од тоа време е директно одговорна, и да се извинат и да ја прифатат одговорноста. Колку поскоро демократска Република Бугарија се соочи со болните и мрачни моменти од своето минато, помирувањето е возможно, бидејќи негирањата на злосторствата е прв чекор кон нивно повторување. 8. Овој став во никој случај не смее и не може да биде протолкуван како антибугарски кон денешна демократска Република Бугарија и нејзиниот народ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stav-na-evrejskata-zaednica-za-ulogata-na-carstvoto-bugarija-vo-deportacijata-na-makedonskite-evrei-vo-treblinka/feed/ 0
Среда неработен за припадниците на еврејската заедница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sreda-neraboten-za-pripadnicite-na-evrejskata-zaednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sreda-neraboten-za-pripadnicite-na-evrejskata-zaednica/#respond Thu, 03 Oct 2019 07:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=247336

Првиот ден на Јом Кипур 9 октомври (среда) е неработен ден за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на еврејската заедница им го честита Јом Кипур.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sreda-neraboten-za-pripadnicite-na-evrejskata-zaednica/feed/ 0
Првиот ден на Јом Кипур неработен за еврејската заедница во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-den-na-jom-kipur-neraboten-za-evrejskata-zaednica-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-den-na-jom-kipur-neraboten-za-evrejskata-zaednica-vo-makedonija/#respond Wed, 12 Sep 2018 09:11:22 +0000 https://kurir.mk/?p=99780

Првиот ден на Јом Кипур (19 септември-среда) е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Овој ден е прогласен за неработен за граѓаните од еврејската заедница согласно Законот за празници на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-den-na-jom-kipur-neraboten-za-evrejskata-zaednica-vo-makedonija/feed/ 0