еврејски празник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Feb 2023 15:02:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еврејски празник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одбележан еврејскиот празник Ту Бишват – Нова година на дрвото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhan-evrejskiot-praznik-tu-bishvat-nova-godina-na-drvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhan-evrejskiot-praznik-tu-bishvat-nova-godina-na-drvoto/#respond Mon, 06 Feb 2023 15:02:31 +0000 https://kurir.mk/?p=796827

Во паркот пред Меморијален центар на холокаустот на Евреите во Скопје денеска, по повод еврејскиот празик Ту Бишват - Нова година на дрвото, претставници на ОБСЕ и на Центарот засадија дрвца. Директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите Горан Садикаријо посочи дека празникот се коинцидира со почетокот на Конференцијата посветена на борбата со антисемитизмот на ОБСЕ, со која што претседава РСМ. -Ова симболично садење на дрвја можеме да го поистоветиме со тоа да ја смениме реториката за чиста Македонија. Под чиста Македонија да подразбираме еколошки, здрава и чиста средина, чиста Македонија, ослободена и исчистена од секаков вид на дискриминација, антисемитизам и ксенофобија, да создадеме здраво општество за сите нас, нагласи Садикаријо. Раби Ендру Бејкер, специјален претставник на претседавачот со ОБСЕ наведе дека во земјава бил многу пати, уште од почетокот на создавањето на Меморијалниот центар и посочи дека чувстува голема поврзаност со Центарот. Тој истакна дека во чест на Ту Бишват е прикладно да се засадат дрвја. Ендру Бајкер наведе дека создавањето на Меморијалниот центат го рефлектира разбирањето за тоа колку е важно учењето, не само лекциите за холокаустот, туку вистинското споделување на сликата за комплицираниот еврејски живот низ историјата во целиот регион. Освен Ендру Бејкер, меѓу претставниците на ОБСЕ, присуствуваа и Катерина Форшунбајн, специјален претставник на ЕУ за добробит на еврејските заедни и борба против антисемитизмот и директорот на ОБСЕ Матео Мекачи. Имено, за празникот Ту Бишват, легендата раскажува како дрвјата станале многу тажни затоа што само луѓето ја прославувале Новата година и се обратиле до Бога со молба да направи Нова година и за нив. Бог ја послушал нивната молба и ја направил Новата година на дрвјата на крајот на зимата, кога сè почнува да оживува. Главните традиции за празникот се од антички Израел. Од дрвјата е побарано да имаат доволно овошје, вода, сонце и љубов за да им обезбедат на луѓето и на сите суштества она што им треба. На Ту Бишват, Евреите на својата трпеза ставаат различни овошја по кои е познат Израел, а кои биле донесени во храмот во Ерусалим - суво грозје, ореви, урми, смокви, калинки и пченица - плодовите што растат во Израел. Во модерен Израел, овој празник се слави како ден на еколошка свест и се садат дрвја како благодарност до природата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhan-evrejskiot-praznik-tu-bishvat-nova-godina-na-drvoto/feed/ 0
Честитка по повод еврејскиот празник Јом Кипур https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-po-povod-evrejskiot-praznik-jom-kipur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-po-povod-evrejskiot-praznik-jom-kipur/#respond Wed, 05 Oct 2022 10:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=741323

Во име на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на партијата на сите граѓани припадници на еврејската заедница во Република Македонија им го честитам најсветиот еврејски празник Јом Кипур. „Нека празничните мигови ви поминат во мир и спокој во овие тешки времиња на предизвици и тешкотии. Токму хуманоста и сплотеноста нека бидат нашата духовна ѕвезда водилка која ќе ни помогне на сите нас да ги пребродиме кризите и да си бидеме потпора еден на друг во справувањето со сите пречки во животот. Македонија била и ќе биде секогаш добар пример на толеранција и меѓусебно разбирање, пример за мултиконфесионално општество во кое почитта кон сите била врската која не одржувала низ вековите. Нека се од Бога благословени ваквите празници кои не потсетуваат на традицијата на помирувањето и милосрдието. Само со подадена рака еден кон друг ќе ја градиме Македонија и подобрата иднина на нашите деца. Нека е честит Јом Кипур. Нека е вековит празникот. Нека е вековита Македонија“, стои во нивната честитка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-po-povod-evrejskiot-praznik-jom-kipur/feed/ 0
Честитка од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-po-povod-evrejskiot-praznik-jom-kipur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-po-povod-evrejskiot-praznik-jom-kipur/#respond Wed, 05 Oct 2022 07:13:43 +0000 https://kurir.mk/?p=741225

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателот на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Пепо Леви и до сите припадници на еврејската заедница во земјава. – Јом Кипур е најсветиот еврејски празник. На овој ден верниците чекорат низ патот на внатрешното преиспитување, покајание, простување и помирување со Бога и со луѓето. Вам лично и на сите припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, среќа и љубов. Молитвите кон Бога и постот како столбови на Јом Кипур нека ви донесат духовен мир и нека инспирираат добри дела. Еврејската заедница, со своите специфики има исклучително важен удел во градењето на македонскиот соживот и негувањето на почитта и разбирањето меѓу различните етнички и религиозни групи. Времето на предизвици во кое живееме не упатува да бидеме уште посплотени. На овој голем празник посакувам и понатаму сплотени да работиме на просперитетот на нашата заедничка татковина и да делуваме за нејзин просперитет и напредок. G’mar chatima tova., се наведува честитката од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-po-povod-evrejskiot-praznik-jom-kipur/feed/ 0