евроамбасадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Oct 2022 05:28:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png евроамбасадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroambasadorot-dejvid-gir-vo-poseta-na-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroambasadorot-dejvid-gir-vo-poseta-na-kavadarci/#respond Wed, 05 Oct 2022 05:28:29 +0000 https://kurir.mk/?p=741165

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети општината Кавадарци, каде што ќе се сретне со градоначалникот Митко Јанчев, членовите на Советот на општината и претставници на граѓанските организации. Ова е прва од претстојната серија посети на општините по отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија во јули 2022 година. Целта на посетите е да се презентираат новите чекори во процесот на пристапните преговори со ЕУ и нивното влијание врз секојдневниот живот на граѓаните. Евроамбасадорот Гир ќе учествува и на кафе-дебата со граѓаните за да одговори на прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroambasadorot-dejvid-gir-vo-poseta-na-kavadarci/feed/ 0
Пендаровски на средба со евроамбасадорот Гир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-evroambasadorot-gir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-evroambasadorot-gir/#respond Wed, 05 Jan 2022 12:08:06 +0000 https://kurir.mk/?p=616173

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир. На средбата соговорниците разговараа за политичките случувања во земјата во пресрет на формирањето на новата влада, како и за очекувањата и можностите за напредок во однос на европските перспективи на Северна Македонија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија останува фокусирана на европската агенда и подготвена за дијалог со Република Бугарија во насока на надминување на постоечката состојба. Истовремено, претседателот Пендаровски констатираше дека валоризирањето на напредокот на нашата држава и почетокот на пристапните преговори, согласно препораките на Европската Комисија, ќе претставува дополнителен поттик за реформските процеси, посебно во клучните сфери како борбата против високата корупција и владеењето на правото. На средбата беше посочено дека почетокот на пристапните преговори со Европската Унија значително ќе се одрази и на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-evroambasadorot-gir/feed/ 0
Кривични пријави за евроамбасадорот Сореца и градоначалникот на Тирана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivichni-prijavi-za-evroambasadorot-soreca-i-gradonachalnikot-na-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivichni-prijavi-za-evroambasadorot-soreca-i-gradonachalnikot-na-tirana/#respond Mon, 12 Jul 2021 18:40:51 +0000 https://kurir.mk/?p=535695

Алијансата за заштита на Националниот театар поднесе кривични пријави против евроамбасадорот во Тирана, Луиџи Сореца и градоначалникот Ерион Велиај, јави дописничката на МИА од Тирана. – По јавно објавените обвинувања, Алијансата за одбрана на Националниот театар денеска до Специјалното јавно обвинителство (СПАК) поднесе кривична пријава против евроамбасадорот Луиџи Сореца и градоначалникот Ерион Велиај. Алијансата го обвинува Сореца за незаконско влијание врз Уставниот суд, во корист на Велиај во врска со случајот „Театар“, пренесува Ора њуз. Алијансата бара од шефот на државата Илир Мета и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, евроамбасадорот да го прогласат за непожелна личност. – Ние, Алијансата за одбрана на театарот, посетата на амбасадорот Сореца на Уставниот суд го сметаме кривично дело, зашто оствари средба со претседателката на судот ден пред донесување на одлуката за што сметаме дека влијаел на одлуката на Уставниот суд. Ние го осудуваме ова кривично дело на амбасадорот Сореца и за сите овие активности го информиравме Европскиот парламент. Го замоливме и претседателот на Републиката Илир Мета да го прогласи за „персона нон грата“ во претседателската резиденција и од друга страна министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка да го прогласи „нон грата“ на територијата на Албанија, рече Адриана Калаја, правен застапник на Алијансата. Исто така рече дека побарале од СПАК да ги „заплени сите снимки од безбедносните камери внатре и надвор од Уставниот суд и да ги одземе снимките од телефонските разговори на Сореца со градоначалникот на Велиај. Националниот театар на Албанија, што се сметаше за еден од најубавите и најзначајни објекти во албанската метропола, беше урнат во мај минатата година и покрај противењето на театарските работници, граѓани, граѓански здруженија, партии и претседателот Мета. Објектот беше дело на италијанскиот архитект Џулио Берте, изграден 1938/39 година по барање на албанското кралско семејство. Одлука за негово уривање беше донесена од страна на Парламентот во 2018 година. Поради нефункционирање на Уставнот суд, предметот „театар“ судот го разгледа деновиве при што единствено ја поништи одлуката на Владата со која земјиштето каде беше комплексот на театарот се трансферира во сопственост на општина Тирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivichni-prijavi-za-evroambasadorot-soreca-i-gradonachalnikot-na-tirana/feed/ 0
Евроамбасадорот Гир во посета на Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroambasadorot-gir-vo-poseta-na-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroambasadorot-gir-vo-poseta-na-ohrid/#respond Wed, 27 Jan 2021 06:27:18 +0000 https://kurir.mk/?p=460324

Амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир денеска ќе го посети Охрид за да разговара за тековните напори за зачувување на статусот на УНЕСКО „Природно и културно наследство на охридскиот регион“ што беше утврден во 1979-1980 година. Тој, како што соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава, ќе оствари средби со Константин Георгиески, градоначалник на Охрид, како и со претставници од Министерството за култура и од граѓанските здруженија за да разговара за загрозениот УНЕСКО статус и за конкретните чекори што треба да се преземат за зачувување на природното и културното наследство на охридскиот регион. Амбасадорот Гир, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и претседателот на општинската организација на Црвен крст во Охрид Сашо Точков ќе ја претстави опремата за зимско спасување што беше обезбедена во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија што се финансира од ЕУ. – Посетата „ЕУ со ТЕБЕ“ ќе се организира во Охрид за да се нагласи важноста на заштитата на статусот на Исклучителна универзална вредност што му беше доделен на регионот од страна на УНЕСКО за неговите природни вредности и за разновидноста на културното, материјалното и духовното наследство. „ЕУ со ТЕБЕ“ вклучува теренска посета на Охрид и стариот дел од градот и средба со градоначалникот на Охрид за да се разговара за предизвиците со коишто се соочуваат засегнатите општини (Охрид, Струга и Дебрца), како и за потребата од зајакнато вклучување на заедницата, целосна посветеност на земјата и координиран пристап како на централно, така и на локално ниво, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroambasadorot-gir-vo-poseta-na-ohrid/feed/ 0
Евроамбасадорот Жбогар во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroambasadorot-zbogar-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroambasadorot-zbogar-vo-ohrid/#respond Thu, 02 Jul 2020 05:34:18 +0000 https://kurir.mk/?p=367079

Амбасадор на Европската Унија Самуел Жбогар денеска во Охрид во рамки на кампањата „ЕУ со тебе“ ќе се сретне со градоначалникот Константин Георгиевски, при што ќе се разговара за статусот на спроведување на препораките за зачувување на „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“ на УНЕСКО, испишано во 1979-1980 година. За време на престојот  тие ќе го посетат Националниот парк Галичица, каде Европската унија инвестираше 390.000 евра за подобра заштита, конзервација и управување со заштитеното подрачје. Во рамки на проектот основана е мала ботаничка градина со детски патеки и отворена училница, како и репродуктивниот центар од 100 ха за европскиот (црвен) елен, кој создаде услови за враќање на овој „крал на шумата“ по децениско долго отсуство заради нелегалниот лов и несоодветниот мониторинг. Проектот е дел од програмата финансирана од ЕУ за подобро управување со заштитените подрачја во вредност од 4,3 милиони евра што ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. -Оваа посета „ЕУ со Тебе“ ќе се одржи во Охрид за да се потенцира важноста за заштита на Извонредната Универзална Вредност што УНЕСКО му го препиша на регионот за неговите природни вредности и за разновидноста на културното, материјалното и духовното наследство, наведуваат во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroambasadorot-zbogar-vo-ohrid/feed/ 0