евробарометар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 May 2022 11:36:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png евробарометар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Евробарометар: Огромно мнозинство граѓани на ЕУ ги одобруваат санкциите против Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrobarometar-ogromno-mnozinstvo-gragjani-na-eu-gi-odobruvaat-sankciite-protiv-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrobarometar-ogromno-mnozinstvo-gragjani-na-eu-gi-odobruvaat-sankciite-protiv-rusija/#respond Thu, 05 May 2022 11:36:07 +0000 https://kurir.mk/?p=672315

Најновото истражување на јавното мислење на граѓаните на ЕУ покажува широка поддршка за начинот на кој Унијата се справува со Русија и војната во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Според анкетата, 80 отсто од граѓаните на ЕУ ги одобруваат економските санкции против Русија, додека последните истражувања во Русија покажуваат дека поради санкциите поддршката за власта на Путин е зголемена. Над 80 отсто руски граѓани сметаат дека треба да го поддржат Путин поради санкциите, иако не се согласуваат со неговата политика. Што се однесува до Евробарометарот, 79 отсто од граѓаните поддржуваат санкции против руските олигарси и елити, додека 67 отсто поддржуваат набавка на оружје и достава на истото во Украина од страна на ЕУ. Војната во ЕУ резултира и со поддршка од 75 отсто за поголема воена соработка внатре во ЕУ. Запрашани за енергетските санкции и зависноста од Русија, 84 отсто граѓани сметаат дека треба да се инвестира во обновливи извори на енергија за да се намали зависноста од рускиот гас, додека пак 90 отсто од нив рекле дека треба да се преземат мерки за да се ублажи ценовниот шок во енергетиката. За 86 отсто граѓани на ЕУ зголемената цена на енергенсите има последици врз нивната куповна моќ. Граѓаните на ЕУ во огромно мнозинство поддржуваат хуманитарни мерки и прием на бегалци од Украина како и финансиска помош за нив, а 66 отсто сметаат дека Украина треба да стане земја-членка на ЕУ кога ќе биде подготвена за тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrobarometar-ogromno-mnozinstvo-gragjani-na-eu-gi-odobruvaat-sankciite-protiv-rusija/feed/ 0
Оваа балканска земја е меѓу најскептичните за вакцинирање против Ковид-19 во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovaa-balkanska-zemja-e-megju-najskeptichnite-za-vakciniranje-protiv-kovid-19-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovaa-balkanska-zemja-e-megju-najskeptichnite-za-vakciniranje-protiv-kovid-19-vo-evropa/#respond Fri, 23 Apr 2021 15:34:12 +0000 https://kurir.mk/?p=501294

Нешто повеќе од една петтина од хрватските граѓани изјавиле дека не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19, со што Хрватска е една од првите неколку земји во ЕУ, според резултатите на Евробарометар. На прашањето кога би се вакцинирале ако властите одобрат вакцина против Ковид-19 и ако е достапна – 22 проценти од испитаниците во Хрватска одговориле „никогаш“. Најголем број на такви одговори е забележан во Кипар (26 проценти), Летонија (23 проценти) и Хрватска, Бугарија и Франција со по 22 проценти. Една петтина, или 20 проценти од испитаниците во Хрватска изјавиле дека ќе вакцинираат што е можно поскоро или веќе биле вакцинирани, 27 проценти рекле дека ќе се вакцинираат оваа година, а 30 проценти подоцна. Најмалку скептични во однос на вакцинацијата има во Данска (2 проценти), Ирска, Шведска и Малта по 4 проценти, а во Португалија 5 проценти. Анкетата беше спроведена во февруари и март од сите 27 земји-членки. Повеќе од половина од Хрватите, 55 проценти, се задоволни од мерките преземени од Европската унија за борба против пандемијата на коронавирусот. Најмалку се задоволни во Грција (31 процент), Франција (32 проценти) и Германија (33 проценти). Најзадоволни се во Данска (68 проценти), Литванија (67 проценти) и Португалија (66 проценти). Еврото има најголема поддршка во Португалија (95 проценти), Словенија (94 проценти) и Ирска (91 процент). Еврото има најниска поддршка во Шведска (25 проценти), Данска (32 проценти), Полска (34 проценти) и Чешка и Бугарија по 40 проценти. Осумдесет и седум отсто од Хрватите ја оценуваат економската состојба во нивната земја како „целосно лоша“ и 13 проценти како целосно добра. Повеќе незадоволни од Хрватите се Грците и Португалците, од кои 90 проценти ја оценија економската состојба во нивната земја како целосно лоша, по што следат Шпанците со 91 процент и Италијанците со 93 проценти. Најзадоволни се во Луксембург, каде 86 проценти од испитаниците ја оценија економската состојба како целосно добра, следена од Шведска (81 процент) и Данска (71 процент). Само шест проценти од Хрватите веруваат дека хрватската економија ќе се опорави од ефектите на пандемијата оваа година, 20 проценти сметаат дека тоа ќе се случи следната, во 2022 година и 57 проценти во 2023 година или подоцна. Во сите земји-членки, мнозинството од испитаниците изјавиле дека очекуваат закрепнување во 2023 година или подоцна – помеѓу 44 и 82 проценти. Многу помал дел очекува закрепнување следната година, помеѓу 10 и 31 процент. Повеќето Хрвати сметаат дека европскиот план за закрепнување од 750 милијарди евра на Европа е ефективен одговор на економските последици од корона-кризата и – 68 проценти од Хрватите го оценуваат овој инструмент како „многу ефикасен“ и „доста ефикасен“. Малта е пред Хрватска (83 проценти), а на другата страна се Финска со 42 проценти, Франција со 45 проценти и Летонија со 47 проценти. Нешто повеќе од половина од Хрватите, 51 процент, имаат доверба во ЕУ, а 44 проценти не. Португалија (78 проценти), Ирска (74 проценти) и Литванија (70 проценти) имаат најголема доверба во ЕУ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovaa-balkanska-zemja-e-megju-najskeptichnite-za-vakciniranje-protiv-kovid-19-vo-evropa/feed/ 0
Евробарометар: Европејците загрижени поради економијата, сепак веруваат во подобра иднина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrobarometar-evropejcite-zagrizeni-poradi-ekonomijata-sepak-veruvaat-vo-podobra-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrobarometar-evropejcite-zagrizeni-poradi-ekonomijata-sepak-veruvaat-vo-podobra-idnina/#respond Fri, 23 Oct 2020 12:20:02 +0000 https://kurir.mk/?p=419762

Истражувањето на „Евробарометар“, спроведено во периодот обележан со пандемијата Ковид-19, покажува дека Европејците се многу загрижени за економската состојба, но исто така имаат уверување дека ЕУ ќе донесе правилни одлуки кога станува збор за одговор на кризата. Според новиот Евробарометар, спроведен во јули и август, 64 отсто од Европејците сметаат дека економската состојба е „лоша“, а 42 отсто сметаат дека економијата на нивната земја ќе се опорави од негативните ефекти од појавата на вирусот „во 2023 година или подоцна“. Европејците се поделени во однос на мерките што ЕУ ги презеде за борба против пандемијата, но 62 проценти велат дека веруваат дека ЕУ ќе донесе правилни одлуки во иднина, а 60 проценти остануваат оптимисти за иднината на ЕУ. Најмногу оптимизам е регистриран во Ирска (81 отсто), Литванија и Полска (по 75 отсто) и Хрватска (74 отсто). Најниски нивоа на оптимизам се забележани во Грција (44 отсто) и Италија (49 отсто), каде песимизмот го надминува оптимизмот и Франција, каде мислењето е поделено подеднакво (49 отсто наспроти 49 отсто). Повеќе од една третина од испитаниците сметаат дека економската состојба е најитно прашање со кое се соочува ЕУ, што не се случило од економската криза во 2014 година. Кога станува збор за лични искуства за време на периодот на „затворање“ поради вирусот, 30 проценти од Европејците велат дека било „прилично лесно“ да се справат, додека четвртина велат дека било „прилично тешко“ да се справат со него. Поддршката за Економската и монетарната унија и еврото останува висока, при што 75 проценти од испитаниците во еврозоната заговараат единствена валута на ЕУ, додека тој процент на ниво на целата ЕУ е 67 проценти. Мнозинството луѓе во 26-те земји-членки на ЕУ, со исклучок на Италија, велат дека „се чувствуваат како граѓани на ЕУ“, со најголеми оценки во Ирска и Луксембург (по 89 отсто), Полска (83 отсто), Словачка и Германија (по 82 отсто), Литванија (81 отсто), Унгарија, Португалија и Данска (сите 80 отсто).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrobarometar-evropejcite-zagrizeni-poradi-ekonomijata-sepak-veruvaat-vo-podobra-idnina/feed/ 0
Евробарометар: Довербата на Македонците во ЕУ е падната за шест отсто за помалку од една година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evrobarometar-doverbata-na-makedoncite-vo-eu-e-padnata-za-shest-otsto-za-pomalku-od-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evrobarometar-doverbata-na-makedoncite-vo-eu-e-padnata-za-shest-otsto-za-pomalku-od-edna-godina/#respond Tue, 06 Aug 2019 12:29:09 +0000 https://kurir.mk/?p=226951

Довербата на граѓаните на Македонија во ЕУ е 57 отсто и бележи намалување од шест отсто во однос на есента минатата година. Сепак, 68 отсто сметаат дека членството во ЕУ би било многу добро за земјата, наспроти 16 проценти кои имаат спротивен став. Дека земјата ќе има корист од зaчленувањето во ЕУ сметаат 72 отсто од граѓаните. Ова го покажуваат податоците од стандардното истражување на Евробарометар спроведено по европските избори меѓу 7 јуни и 1 јули 2019 година во сите 28 земји членки на ЕУ и петте земји кандидати. Поддршка за прием на нови земји членки даваат 48 отсто од жителите на ЕУ, што е пораст од три проценти во однос на есента 2018 година. Најголема поддршка за проширувањето даваат Шпанците (70 отсто), Полјаците и Литванците (69 отсто), Унгарците (65 отсто) и Словенците (64 отсто). Најмала поддршка за проширувањето на ЕУ има во Холандија (31 отсто), Франција (32 отсто) и Германија(33 отсто). Сепак, во Франција и Германија, во споредба со претходниот извештај, има раст од два отсто на оние кои се за прием на нови членки. Граѓаните на Македонија како два најголеми проблема со кои се соочува земјата ја посочиле економската ситуација (35 отсто) и невработеноста (30 отсто). На прашањето колку се задоволни од животот што го водат, 67 проценти од анкетираните во земјава одговориле дека се задоволни, а 33 незадоволни. Запрашани дали очекуваат подобар живот во наредните 12 месеци 33 отсто одговориле позитивно, 16 негативно, а 50 проценти сметаат дека животот ќе им остане ист. Општата ситуација во земјата во моментот како добра ја оцениле 47 отсто од испитаниците што е за 10 проценти повеќе во однос на есенскиот Евробарометар. Како лоша, пак, ја оцениле 51 процент или за 11 отсто помалку во споредба со претходното истражување. Економската состојба како генерално добра ја оценуваат 36 отсто (зголемување од 8 отсто), а како лоша 62 отсто (намалување од 8 отсто). Подобрување на општата ситуација во земјата во наредните 12 месеци очекуваат 28 отсто, исто толку сметаат дека ќе биде полошо, 40 отсто оти ќе остане иста, а четири отсто не одговориле. Довербата во Владата е 33 отсто, во Парламентот е 31 отсто, но и кај двете институции има раст од три отсто во однос на резултатите од есенскиот Евробарометар. Доверба во политичките партии, пак, имаат 20 отсто, наспроти 77 отсто кои немаат. На медиумите им веруваат 36 отсто, а не им веруваат 62 отсто од испитаниците. Истражувањето на Евробарометар е спроведено според методологија „лице во лице“. Во ЕУ биле опфатени 27 464 испитаници, а во Македонија 1 017 во периодот од 12 до 26 јуни годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evrobarometar-doverbata-na-makedoncite-vo-eu-e-padnata-za-shest-otsto-za-pomalku-od-edna-godina/feed/ 0