еврокомесар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Oct 2020 07:01:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еврокомесар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Марија Габриел е првата еврокомесарка позитивна на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/marija-gabriel-e-prvata-evrokomesarka-pozitivna-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/marija-gabriel-e-prvata-evrokomesarka-pozitivna-na-kovid-19/#respond Sun, 11 Oct 2020 07:01:43 +0000 https://kurir.mk/?p=414927

Еврокомесарката за иновации, истражувања, култура, образование и млади, Марија Габриел, соопшти дека е позитивна на коронавирусот. “По првиот негативен тест на Ковид-19 во понеделникот, мојот втор тест беше позитивен. Од понеделник јас сум во изолација и ќе останам дома, по утврдената процедура. Грижете се за вашето здравје”, напиша Габриел вчера на Твитер Бугарската политичарка е првиот член на Европската комисија заразен со коронавирусот, иако неколкумина од нив објавија дека се во самоизолација, пренесува Политико.еу. Претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лајен, и посака на Габриел брзо закрепнување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/marija-gabriel-e-prvata-evrokomesarka-pozitivna-na-kovid-19/feed/ 0
Еврокомесарот Вархеји доаѓа во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evrokomesarot-varheji-doagja-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evrokomesarot-varheji-doagja-vo-skopje/#respond Wed, 07 Oct 2020 05:26:33 +0000 https://kurir.mk/?p=413209

Еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји денеска ќе престојува во посета на Македонија. Вархеји, како што е најавено, ќе има средби со премиерот Зоран Заев и со членови на Владата. По билатералната средба и свечената седница на Владата, Заев и Вархеји ќе одржат прес-конференција. Предвидено е еврокомесарот за проширување и добрососедство да се сретне и со претседателот на Парламентот Талат Џафер и да има обраќање пред пратниците во законодавниот дом. Најавен е и работен ручек на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји со претседателот на државата Стево Пендаровски. За време на престојот во земјава, Вархеји ќе оствари средба и со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Еврокомесарот Оливер Вархеји доаѓа во Скопје откако вчера беше објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ, како и економскиот план за Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evrokomesarot-varheji-doagja-vo-skopje/feed/ 0
Еврокомесарот Фил Хоган поднесе оставка од морални причини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-fil-hogan-podnese-ostavka-od-moralni-prichini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-fil-hogan-podnese-ostavka-od-moralni-prichini/#respond Thu, 27 Aug 2020 06:14:17 +0000 https://kurir.mk/?p=395888

Заплеткан во скандал поради неговото присуство на настан каде не се почитувале препораките за заштита од Ковид-19, еврокомесарот за трговија, Фил Хоган поднесе оставка, јавува дописничката на МИА од Брисел. Скандалот изби на 19 август кога беше обелоденето дека Хоган присуствувал на гала вечера во Ирска, на која биле присутни повеќе од дозволените осум лица, како што предвидуваат правилата на ирската влада за заштита од Ковид-19. Во изјава објавена доцна синоќа, Хоган изрази “длабоко жалење“ за неговото однесување. -Секогаш се обидував да ги почитувам сите правила за Ковид-19 во Ирска и сметав дека ги исполнував сите релевантни здравствени препораки, посебно откако добив потврда за негативен тест на Ковид-19. Уште еднаш длабоко му се извинувам на ирскиот народ за моите грешки за време на мојата посета, напиша еврокомесарот. Хоган беше номиниран од страна на ирската влада уште за време на претходниот мандат на Европската Комисија, кога ја вршеше функцијата на еврокомесар за земјоделство. Во новата Комисија тој го доби портфолиото трговија, кое игра клучна улога во преговорите за Брегзит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-fil-hogan-podnese-ostavka-od-moralni-prichini/feed/ 0
Коронавирусот претставува сериозна опасност, вонреден министерски неделава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-pretstavuva-seriozna-opasnost-vonreden-ministerski-nedelava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-pretstavuva-seriozna-opasnost-vonreden-ministerski-nedelava/#respond Mon, 10 Feb 2020 11:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=301768

Еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, утрово го посети Европскиот центар за координација на итната помош во рамките на борбата против коронавирусот. Тој предупреди дека епидемијата е сериозна и дека за Европската Унија јавното здравје врвен приоритет. Комесарот потврди дека министрите за здравство на Европската Унија ќе се состанат кон крајот на оваа недела за вонреден министерски совет и порача дека Европската Комисија ја поддржува оваа иницијатива за да се интензивира соработката и координацијата на земјите членки. -Ситуацијата е загрижувачка, ова претставува сериозна опасност за јавното здравје, вирусот се шири со голема брзина, и мерките мора да се преземат на координиран начин, изјави пред медиумите Ленарчич. Европската Комисија не е одговорна и не одлучува за репатријација на заразените од Кина кон Европа, обврската е во рацете на националните власти, но ЕК им помага во напорите за координација. ЕК до сега спроведе репатријација на над петстотини ЕУ граѓани, потсети еврокомесарот и интензивно соработува со кинеските власти. -Во постојан контакт сме со кинеските власти за да видиме како можеме заеднички да го спречиме ширењето на вирусот, сега е време да ги здружиме нашите сили, да работиме заедно, да сториме сѐ за да ја стопираме епидемијата, изјави Ленарчич. Тој додаде дека е “можно ситуацијата прво да се влоши пред да се подобри“ и дека тоа само ќе ги “мотивира повеќе“ европските власти во нивните напори за спречување на заразата. Запрашан дали им верува на податоците и информациите на кинеските власти, кои долго време го криеја интензитетот и постоењето на вирусот, еврокомесарот порача дека “нема причина да не им веруваме на кинеските бројки“. Европската Комисија ги помага и напорите на научниците за нова вакцина против коронавирусот, одвоени се десет милиони евра за оваа цел, потсети комесарот. Тој призна дека последиците од вирусот врз кинеската економија најверојатно ќе имаат негативен економски импакт во Европа и во целиот свет, но порача дека во овој момент главен приоритет е здравјето на граѓаните. -Економските последици иако се важни се второстепени, изјави Ленарчич.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-pretstavuva-seriozna-opasnost-vonreden-ministerski-nedelava/feed/ 0
Кандидатот за еврокомесар за проширување на тест пред европратениците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kandidatot-za-evrokomesar-za-proshiruvanje-na-test-pred-evropratenicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kandidatot-za-evrokomesar-za-proshiruvanje-na-test-pred-evropratenicite/#respond Thu, 14 Nov 2019 06:27:15 +0000 https://kurir.mk/?p=263833

Оливер Вархелји, кандидатот за комесар за проширување утрово три часа ќе биде сослушуван од европратениците во комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент. Унгарскиот кандидат за комесар беше номиниран откако европратениците го отфрлија првиот предлог на владата на Виктор Орбан за оваа функција поради утврден конфликт на интереси. Вархелји до сега е амбасадор на Унгарија при ЕУ, функција што ќе треба да ја напушти доколку биде одобрен од Европскиот Парламент. Се очекува неговото сослушување да биде едно од најбурните, со оглед на тоа дека одреден број европратеници, посебно од редовите на социјалдемократите и зелените сметаат дека портфолиото проширување не треба да му биде доделено на унгарскиот кандидат. Некои европратеници го истакнаа, меѓу другото бегството на Никола Груевски како и односите на Будимпешта со Русија како проблематични и треба да бидат покренати во текот на денешното сослушување. Сослушувањето започнува утрово во осум часот и ќе трае три часа. Потоа, шефовите на политичките групи ќе му пренесат на претседателот на Европскиот Парламент дали е прифатлив кандидатот за нивните партии. Пратениците не гласаат за кандидатите комесари поединечно, туку за целокупниот состав на идната Европската Комисија. Денеска ќе бидат сослушани и двајца други комесари кои беа претходно отфрлени од европратениците. Французинот Тиери Бретон назначен за комесар за внатрешен пазар ќе настапи пред комисиите за внатрешен пазар и за индустрија на Европарламентот. Истовремено ќе се одржи и сослушувањето на романската кандидатка, Адина Валеан, кандидат комесарка за транспорт. Европскиот Парламент треба да гласа во текот на идната недела за или против новиот состав на Европската Комисија, зависно од тоа како ќе поминат денеска тројцата кандидати. Избраната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејн, се надева дека нејзиниот тим ќе може да започне со работа на 1 декември, односно со еден месец задоцнување. Обединетото Кралство не понуди комесар иако тоа беше побарано од страна на Европската Комисија. Британците треба да ја напуштат ЕУ на 31 јануари 2020.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kandidatot-za-evrokomesar-za-proshiruvanje-na-test-pred-evropratenicite/feed/ 0
Одбиен и четвртиот романски кандидат за еврокомесар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odbien-i-chetvrtiot-romanski-kandidat-za-evrokomesar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odbien-i-chetvrtiot-romanski-kandidat-za-evrokomesar/#respond Thu, 31 Oct 2019 07:27:18 +0000 https://kurir.mk/?p=258118

Новоизбраниот претседател на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го одбила и четвртиот кандидат за нов комесар кого го предлага Романија, наведуваат дипломатсми избори. Како што пренесуваат романските медиуми, романскиот премиер во заминување Виорика Данчила вчера предложила поранешниот министер и пратеник Виктор Негреску да ја претставува земјата во новиот состав на Европската комисија, но претседателот Јоханис Клаус прв го искритикува нејзиниот избор. Тој смета дека администрацијата на Данчила, на која на 10 октомври и беше изгласана недоверба, нема „легитимитет“ да предлага нови кандидати за Европската комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odbien-i-chetvrtiot-romanski-kandidat-za-evrokomesar/feed/ 0