еврокомесари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Sep 2019 13:25:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еврокомесари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Oд 30 септември ЕП ќе ги сослушува новите комесари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-30-septemvri-ep-kje-gi-soslushuva-novite-komesari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-30-septemvri-ep-kje-gi-soslushuva-novite-komesari/#respond Mon, 16 Sep 2019 13:25:59 +0000 https://kurir.mk/?p=241337

Комесарите предложени за нов состав на Европската комисија од 30 септември до 8 октомври ќе бидат сослушани од европските парламентарци.  На 23 октомври, Европскиот парламент гласа за нов тим на Комисијата, кој ја презема функцијата на 1 ноември. Индикативниот календар на сослушувања за назначените еврокомесари го постави конференцијата на претседатели, составена од претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли и лидери на политичките групи во парламентот. -Европскиот парламент е решен да го гарантира најдемократскиот и најтранспарентниот изборен процес за Европската комисија. Назначените комесари ќе се соочат со фундаментални прашања за нивните вештини и соодветност, како и за нивната способност и подготвеност да се справат со грижите на граѓаните и да работат на програмата претставена од новоназначената претседателка Урсула фон дер Лајен, вели претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли. Од 30 септември до 8 октомври, сите 27 комесари, вклучително и предложениот министер за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, ќе одговорат на прашањата од европратениците. Сослушувањата ќе се одржуваат по две наутро, попладне и навечер. На 19 септември, конференцијата на претседатели на ЕП треба да изготви детален план – кој комесар кога и пред  кој парламентарен одбор треба да одговара на прашање на пратениците. За 15 октомври е закажана седница на претседателите на парламентарните комисии на која ќе се оцени исходот од сите расправи и наодите пренесени на конференцијата на претседатели, кои треба до 17 октомври, да ги финализираат, да ги завршат расправите или да побараат дополнителни чекори доколку е потребно. Европскиот парламент забележува дека дополнителни сослушувања или сослушувања на алтернативните комесари, доколку некој од предложените комесари биде одбиен, ќе се одржат на 14 и 15 октомври. Европскиот парламент треба да го даде последното „зелено светло“ за новиот состав на Европската комисија на пленарното гласање во Стразбур на 23 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-30-septemvri-ep-kje-gi-soslushuva-novite-komesari/feed/ 0
Урсула фон дер Лајен ќе ги претстави кандидатите за нови еврокомесари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ursula-fon-der-lajen-kje-gi-pretstavi-kandidatite-za-novi-evrokomesari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ursula-fon-der-lajen-kje-gi-pretstavi-kandidatite-za-novi-evrokomesari/#respond Tue, 10 Sep 2019 07:08:04 +0000 https://kurir.mk/?p=238850

Новоименуваната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе ги претстави кандидатите за нови еврокомесари и нивните задолженија. Областа на политиката за проширување на Европската унија може да ја добие комесар кој доаѓа од земја на Вишеградската група или од Југоисточна Европа. Словенечкиот дипломат Јанез Ленарчиќ и поранешниот унгарски министер за правда Ласло Трохани се двете најчесто споменувани имиња за новиот комесар за проширување на ЕУ. Се споменува и грчкиот претставник, досегашниот портпарол на Европската комисија, Маргаритис Шинас. Како што пренесуваат светските агенции, иако Фон дер Лајен ја заклучи листата на комесари кои во наредните пет години треба да го претставуваат нејзиниот тим, еден ден пред закажаната конференција и официјалното објавување на распределбата на функциите во новиот состав на ЕК во Брисел немаше конкретни информации кој ќе биде задолжен за ЕУ политиката. За идните комесари и нивните функции ќе расправа и Европскиот парламент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ursula-fon-der-lajen-kje-gi-pretstavi-kandidatite-za-novi-evrokomesari/feed/ 0
Завршува рокот за пријава на кандидати за еврокомесари, Франција и Италија без предлози https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshuva-rokot-za-prijava-na-kandidati-za-evrokomesari-francija-i-italija-bez-predlozi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshuva-rokot-za-prijava-na-kandidati-za-evrokomesari-francija-i-italija-bez-predlozi/#respond Mon, 26 Aug 2019 06:58:20 +0000 https://kurir.mk/?p=233349

Земјите членки на ЕУ имаа до денеска рок да ги пријават своите кандидати за еврокомесари за идниот состав на Европската Комисија, Франција и Италија сѐ уште не го сториле тоа.

Новоименуваната претседателка на Европската Комисија, Германката Урсула фон дер Лајен, од денеска треба да ја започне процедурата на распределување на портфолијата за новите европски комесари.

За разлика од досегашниот состав, идната ЕК ќе има 27 комесари наместо 28 поради истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, додека пак Германија ја доби највисоката функција – претседател.

Најбарани портфолија се економските и финансиските, но конечната одлука и припаѓа на претседателка Фон дер Лејн, која од денеска ќе ги сослушува кандидатите, по што ќе изготви список на новиот состав на ЕК. Кандидатите, откако ќе им биде назначена областа, ќе бидат сослушани од европратениците.

Во минатото, се случувало Европскиот парламент да одбие кандидати за комесари. Потоа, Европскиот парламент ќе гласа за целокупниот конечен состав, гласање кое треба да биде одобрено од Европскиот совет, односно шефовите на држави и влади на ЕУ во текот на октомври.

Новата Европска Комисија треба да стапи на функција на први ноември.

Претседателката Урсула фон дер Лајен се заложи за родова еднаквост во идната ЕК, но голем број земји членки сепак назначија мажи. Претседателката побара од земјите да поднесат две имиња за кандидати – маж и жена – но тоа го стори само Португалија. Таа има право да одбие предлози на земјите членки.

Иако рокот за назначување завршува денеска, Франција и Италија сѐ уште не понудиле свои кандидати.  

МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshuva-rokot-za-prijava-na-kandidati-za-evrokomesari-francija-i-italija-bez-predlozi/feed/ 0