еврокомисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 14:23:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еврокомисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еврокомисијата предлага 10 мерки за успешна транзиција на ЕУ во следните децении https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisijata-predlaga-10-merki-za-uspeshna-tranzitsija-na-eu-vo-slednite-detsenii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisijata-predlaga-10-merki-za-uspeshna-tranzitsija-na-eu-vo-slednite-detsenii/#respond Thu, 06 Jul 2023 14:23:57 +0000 https://kurir.mk/?p=853683

ЕУ спроведува суштинска и амбициозна транзиција со цел да постигне климатска неутралност и одржливост во следните неколку децении, што ќе биде клуч за зајакнување на Отворената стратешка автономија на ЕУ и за обезбедување на долгорочна конкурентност, за одржување на моделот на социјална пазарна економија и за консолидирање на глобално лидерство на Унијата. Ова се посочува во Извештајот за стратешко предвидување за 2023 година, што денеска го претстави Европската комисија и кој содржи препораки за обезбедување на одржлив развој и благосостојба на луѓето и предлага 10 конкретни активности за постигнување на поставените цели и спроведување на успешна транзиција. - За да успее, ЕУ ќе треба да одговори на неколку предизвици и да направи избори кои ќе влијаат на нашите општества и економии со досега невидени темпо и обем, се наведува во Извештајот. Според Комисијата, во однос на растот на бруто домашниот производ (БДП), потребно е да се води сметка и за благосостојбата на луѓето, нивното здравје и заштитата на животната средина и да се одбере пристап што ќе ја зајакне отворената стратешка автономија на ЕУ. Како главни социјални и економски предизвици со кои се соочува ЕУ, во Извештајот се посочуваат геополитичките промени во светот, потребата за воспоставување нов економски модел, фокусиран на благосостојбата на луѓето и на премин кон поодржливо производство и потрошувачка, недостигот на стручна работна сила и обезбедувањето доволно финансии и од јавниот и од приватниот сектор за инвестиции. За остварување на планираната транзиција фокусирана на благосостојбата на луѓето и општеството, Европската комисија посочува 10 приоритети, почнувајќи од изработка на нов Европски општествен договор со редефинирани политики за социјална помош и фокусиран на висококвалитетни социјални услуги, зајакнување на единствениот пазар и на понудата на ЕУ на глобалната сцена и поддршка на промените во производството и потрошувачката насочени кон одржливост и поттикнување балансиран начин на живот. Натаму, Еврокомисијата предлага јавна акција за насочување на финансиските текови за транзицијата кон планот за „Европа на инвестициите“, обезбедување одржливост на државните буџети преку ефикасна даночна рамка и јавна потрошувачка, насочување на политиките и економските индикатори кон инклузивна благосостојба, вклучување на сите Европејци во транзицијата преку зголемување на нивно учество на пазарот на трудот и развој на идните вештини, зајакнување на демократијата и поголемо граѓанско учество во зацврстување на механизмите на ЕУ за одговор на предизвиците. Извештајот за стратешко предвидување за 2023 година треба да биде разгледен на седницата на Советот за општи работи закажна за в понеделник, по што со очекува да се најде на дискусија пред лидерите на ЕУ на Самитот во Гранада во октомври 2023 година. По ова, во ноември се предвидува Еврокомисијата и Европскиот парламент заеднички да ја организираат Годишната конференција за европска стратегија и систем за политичка анализа (ЕСПАС), на која што ќе се разговара за клучните наоди од Извештајот и за идните планови. Инаку, на дневиот ред на заседанието на Советот за општи работи в понеделник е и Предлог-одлуката на Европската комисија за обезбедување макрофинансиска помош за земјава во износ до 100 милиони евра, за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisijata-predlaga-10-merki-za-uspeshna-tranzitsija-na-eu-vo-slednite-detsenii/feed/ 0
Еврокомисијата предложи царинска реформа, која вклучува царина за стоки со вредност помала од 150 евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisijata-predlozhi-tsarinska-reforma-koja-vkluchuva-tsarina-za-stoki-so-vrednost-pomala-od-150-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisijata-predlozhi-tsarinska-reforma-koja-vkluchuva-tsarina-za-stoki-so-vrednost-pomala-od-150-evra/#respond Wed, 17 May 2023 16:46:29 +0000 https://kurir.mk/?p=835457

Европската комисија денеска предложи реформа на царинската унија на ЕУ, со која, меѓу другото, се предвидува и воведување царини за производите чија вредност е помала од 150 евра. Со предложената реформа се укинува сегашниот праг врз основа на кој стоката со вредност помала од 150 евра е ослободена од царина, што според Еврокомисијата, било масовно користено од измамници. Од Комисијата наведуваат дека е многу вообичаена практика да се обезвреднуваат пакетите кои влегуваат во ЕУ за да се избегне плаќање царина. Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони изјави дека воведувањето царини за стоки вредни помалку од 150 евра не би требало да доведе до зголемување на потрошувачките цени. „Тоа не е нашата цел. Тарифите за мали пакети ќе бидат многу мали. Очекуваме дека приходите од е-трговија за земјите-членки ќе достигнат една милијарда евра годишно и тоа само затоа што поголем број пакети ќе бидат минимално оданочени“, појасни Џентилони. Комисијата посочува дека ова е најобемната реформа на царинската унија на ЕУ од нејзиното формирање во 1968 година. Турција е членка на царинската унија, што значи дека може да тргува со ЕУ без царини, но не може да има своја целосно независна трговска политика. Од друга страна, до неодамна членката на ЕУ, Велика Британија, не ја сакаше „турската опција“ и реши да ја напушти царинската унија, што создава големи проблеми во Северна Ирска. Предлогот на Комисијата мора да биде одобрен од Советот на ЕУ и Европскиот парламент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisijata-predlozhi-tsarinska-reforma-koja-vkluchuva-tsarina-za-stoki-so-vrednost-pomala-od-150-evra/feed/ 0
Еврокомисија: Намалување на потрошувачката на струја и дополнително оданочување на енергетскиот сектор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisija-namaluvanje-na-potroshuvachkata-na-struja-i-dopolnitelno-odanochuvanje-na-energetskiot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisija-namaluvanje-na-potroshuvachkata-na-struja-i-dopolnitelno-odanochuvanje-na-energetskiot-sektor/#respond Tue, 13 Sep 2022 19:17:33 +0000 https://kurir.mk/?p=732412

Еврокомесарката за енергетика Кадри Симсон денеска пред Европскиот парламент најави дека Комисијата ќе предложи обврзувачка цел за намалување на потрошувачката на електрична енергија и дополнително оданочување на енергетскиот сектор, за да се намали притисокот врз домаќинствата и компаниите кои се соочуваат со рекордни цени на енергијата. „Побарувачката за струја мораме да ја решиме на паметен начин. Важно е да се наметне обврзувачка цел за намалување на потрошувачката кога таа е најголема“, рече Симсон на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, истакнувајќи дека став на Комисијата е оти земјите-членки треба да имаат флексибилност во креирањето мерки. Таа напомена и дека Комисијата ќе предложи дополнително оданочување на компаниите што произведуваат електрична енергија. „Ова се вонредни околности и сметаме дека енергетскиот сектор треба да даде свој придонес. Секторот за нафта и гас прави огромни профити и мора да покаже солидарност“, посочи Симсон, додавајќи дека средствата од таквото оданочување може да се искористат за помош на ранливите сектори или за инвестирање во „чиста технологија“. „Не постои волшебно стапче што ќе ги врати цените на предвоените нивоа, но можеме да го намалиме притисокот и да им помогнеме на граѓаните со овој пакет“, додаде таа. Еврокомисијата утре треба официјално да го претстави целиот пакет мерки за сузбивање на рекордно високите цени на гасот и струјата. Се очекува на 30 септември на состанокот на министите за енергетика да постигнат договор, а како основа за преговори ќе послужи предлогот на Комисијата. Откако Европската унија воведе санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, Русија ги намали испораките на гас кон земјите од Европската унија, кои се обидуваат да го заменат рускиот гас до одреден степен со зајакнување на капацитетите на терминалите за течен гас и преку увоз на гас од Азербејџан и Северна Африка. На почетокот на септември рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави дека го затвора гасоводот „Северен тек 1“ на неодредено време, тврдејќи дека тоа е поврзано со тешкотии во сервисирањето на гасоводот поради санкциите. Според нацртот до кој стигнаа агенциите, Европската комисија предлага дополнително оданочување на профитот на ветерниците, соларните и нуклеарните централи, како и електраните на биомаса и отпад. Комисијата ќе предложи и мерки за зголемување на ликвидноста на енергетските компании, но не и воведување максимална цена на гасот, за што се залагаа Полска и Италија. Симсон не беше конкретна кога го образложуваше воведувањето плафон за цената на гасот увезен од Русија. „Сметаме дека ограничувањето на снабдувањето со гас што доаѓа од руските ресурси, исто така, ќе доведе до подобрувања, но останува да се види како тоа ќе влијае на земјите-членки кои зависат од рускиот гас“, рече таа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisija-namaluvanje-na-potroshuvachkata-na-struja-i-dopolnitelno-odanochuvanje-na-energetskiot-sektor/feed/ 0
Еврокомисијата ја тужи Велика Британија поради наводно кршење на договорот за Брегзит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisijata-ja-tuzi-velika-britanija-poradi-navodno-krshenje-na-dogovorot-za-bregzit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisijata-ja-tuzi-velika-britanija-poradi-navodno-krshenje-na-dogovorot-za-bregzit/#respond Fri, 22 Jul 2022 15:04:04 +0000 https://kurir.mk/?p=709027

Европската комисија поднесе четири тужби против Велика Британија поради наводно непочитување на догововор за Брекзит, што влијае врз увозот на стоки во Северна Ирска. Од Комисијата соопштуваат дека била приморана да дејствува бидејќи Лондон од февруари не учесвувал во „коректна дусикусија“ по прашањето. Брисел истовремено е загрижен поради Нацрт-протоколот за Северна Ирска што се наоѓа пред Парламентот. Владата во Лондон сака Парламентот да изгласа закон со кој еднострано ќе бидат изменети одредени делови од Брегзит, а се однесуваат на Северна Ирска, на што се спротивставува ЕУ истакнувајќи дека се работи за кршење на меѓународен договор. Случаот би можел да заврши пред Европскиот суд на правдата, и доколку тој Суд ја прогласи Велика Британија виновна тоа ќе значи дека Лондон ќе мора да плати соодветна казна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisijata-ja-tuzi-velika-britanija-poradi-navodno-krshenje-na-dogovorot-za-bregzit/feed/ 0
Еврокомисијата предлага 1.850 милијарди евра за опоравување на економијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisijata-predlaga-1-850-milijardi-evra-za-oporavuvanje-na-ekonomijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisijata-predlaga-1-850-milijardi-evra-za-oporavuvanje-na-ekonomijata/#respond Wed, 27 May 2020 12:53:20 +0000 https://kurir.mk/?p=350730

Европската комисија денеска предложи инструмент за опоравување на економијата по корона-кризата во вредност од 750 милијарди евра и Повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од 1.100 милијарди евра. Инструментот се состои од 500 милијарди американски долари неповратна помош за најтешко погодените земји-членки и секторите и 250 милијарди американски долари да бидат доделени како поволни заеми. За ВФО и Инструментот за опоравување и отпорност се предлагаат вкупно 1.850 милијарди евра, пренесува Хина. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен го претстави предлогот на денешната седница на Европскиот парламент. „ЕК денеска предлага нов инструмент за опоравување наречен ЕУ за нови генерации, во рамки на ревидираниот долгорочен буџет. Севкупно, овој европски план за обнова ќе обезбеди 1.850 милијарди евра за зајакнување на нашата економија и напредокот на Европа“, соопшти Еврокомисијата. Пакетот мерки за опоравување се состои од два дела – повеќегодишен буџет за периодот 2021 до 2027 година и инструментот за опоравување што ќе се финансира со задолжување на пазарите на капитал зсо гаранција од земјите-членки. Клучниот дел од предлогот е да се подигне горната граница на сопствените средства во европскиот буџет, односно буџетските приходи. Станува збор за најголем можен износ на придонес што може да се побара од земјите-членки за пополнување на буџетот. Во пракса, договорениот износ за ВФО секогаш помала од горната граница. Во моментов во сила е одлука за највисока горна граница од 1,23 проценти од бруто националниот приход, додека ВФО за периодот од 2014 до 2020 година е договорен на 1 процент од БДП. Оваа разлика ќе послужи како гаранција за задолжување на пазарот на капитал, односно како инструмент за опоравување и отпорност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomisijata-predlaga-1-850-milijardi-evra-za-oporavuvanje-na-ekonomijata/feed/ 0
Марош Шефчович се кандидира за претседател на Еврокомисијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marosh-shefchovich-se-kandidira-za-pretsedatel-na-evrokomisijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marosh-shefchovich-se-kandidira-za-pretsedatel-na-evrokomisijata/#respond Mon, 17 Sep 2018 16:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=102235

Потпретседателот на Европската комисија задолжен за енергетика, Словакот Марош Шефчович денеска најави дека ќе се номинира за кандидат на Европската социјалистичка партија за прв човек на Еврокомисијата. - Минуваме низ неколку општествени промени на кои многу луѓе гледаат како на закана, изјави Шефчович, најавувајќи ја сопствената кандидатура. Тој оцени дека зголемната нееднаквост придонесува за „извесна носталгија кон минатото“ и нагласи дека „лажните ветувања за лесни решенија“ поттикнуваат популистички, антиевропски и ксенонофобични ставови. - Тие ги користат стравот на луѓето, легитимните разочарувања или бесот. Тие го крадат, искривуваат и го злоупотребуваат чувството на патриотизам, истакна 52-годишниот Шефчович, кој е и поранешен амбасадор на Словачка во ЕУ и Израел. Шефчович е првиот член на Европската социјалистичка партија, што ја најави својата кандидатура за местото претседател на Еврокомисијата. Меѓу останатите можни социјалистички кандидати за оваа функција се споменуваат и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс и еврокомесарот за економија Пјер Московиси. Рокот за доставување на кандидатурите истекува на 18 октомври. Покрај Шефчович, досега кандидатура за местото претседател на Еврокомисијата најави уште само германскиот европратеник и лидер на Групата на Европската народна партија во Европскиот парламент, Манфред Вебер. Во исто време, Европската зелена партија денеска соопшти дека во трката за нејзин кандидат за претседател на Еврокомисијата се четворица политичари, меѓу кои и европратениците Ска Келер и Бас Ајкхут. Зелените својот кандидат за прв човек на Европската комисија ќе го изберат на партискиот Конгрес што ќе се одржи од 23 до 25 ноември во Берлин. Како што јави ДПА, согласно принципот воспоставен пред минатите избори за Европарламентот, европските партии номинираат свои кандидати за претседател на Еврокомисијата. Кандидатот на партијата што ќе освои најмногу пратеници на изборите има најголеми шанси да биде нов прв човек на Европската комисија, иако конечниот избор на носителот на оваа функција го прават самите земји членки на ЕУ. Актуелниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер најави дека нема да се кандидира за уште еден мандат на функцијата на изборите за Европарламентот што ќе се одржат во мај 2019 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marosh-shefchovich-se-kandidira-za-pretsedatel-na-evrokomisijata/feed/ 0