евролига – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 03:47:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png евролига – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шпанците и Турците беа против учество на Макаби Тел Авив во Евролигата? https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/shpantsite-i-turtsite-bea-protiv-uchestvo-na-makabi-tel-aviv-vo-evroligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/shpantsite-i-turtsite-bea-protiv-uchestvo-na-makabi-tel-aviv-vo-evroligata/#respond Thu, 26 Oct 2023 03:47:51 +0000 https://kurir.mk/?p=893160

Кошаркарскиот клуб Макаби од Тел Авив ќе ја продолжи сезоната како домаќин во Белград, во салата „Александар Николиќ“, поради воената состојба во Израел, а според информациите на израелските медиуми, шпанските и турските клубови, на неодамна средба во Евролигата, се спротивстави на понатамошното играње на гордоста на Израел во елитното натпреварување. Порталот „Вала“ од Израел, дознава дека претставниците на шпански и турски клубови на последниот состанок во Евролигата, на кој се решаваше судбината на Макаби, биле против тие да го продолжат натпреварувањето. Како причина го наведоа тоа што секој натпревар на Макаби повлекува вонредни безбедносни мерки кои секој клуб ќе мора да ги преземе во иднина поради зголеменото непријателство кон Израелците, што автоматски ги зголемува трошоците за организација на тие натпревари. На тој состанок присуствуваа Панатинаикос, Олимпијакос, Милано, како и ЦСКА која не се натпреварува поради руската инвазија врз Украина. Евролигата не го ни гласаше предлогот Макаби да го продолжи натпреварувањето во Белград. „Вала“ наведува дека сопствениците на Макаби, Давид и Дени Федерман дури и се заканиле дека ќе се повлечат од натпреварувањето доколку не им биде дозволено да го продолжат натпреварувањето, а потоа имало дискусија по која е одлучено Макаби своите натпревари да ги игра во Белград до понатамошно известување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/shpantsite-i-turtsite-bea-protiv-uchestvo-na-makabi-tel-aviv-vo-evroligata/feed/ 0
Клуб од Дубаи влегува во Евролигата и АБА https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/klub-od-dubai-vleguva-vo-evroligata-i-aba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/klub-od-dubai-vleguva-vo-evroligata-i-aba/#respond Wed, 25 Oct 2023 16:54:14 +0000 https://kurir.mk/?p=893091

Интересни вести доаѓаат од Шпанија во врска со европската кошарка. Порталот „Енцестандо“ наведува дека Евролигата сака што поскоро да одобри проширување за уште два тима. Станува збор за Париз, но и за целосно нов клуб кој ќе биде со седиште во Дубаи. За таков развој на настаните веќе се зборуваше и претходните години, а сега има конкретни информации. Покрај настапот во Евролигата, клубот од Дубаи би бил член и на АБА лигата, за што регионалното натпреварување би добило голем финансиски надомест, пишува „Енкестандо“. Новинарот Хавиер Маестро се повикува на свои извори и пишува дека тимот веќе избрал тренер. Тоа е познатиот стручњак Светислав Пешиќ, селектор на Србија и вицешампион на светот од последниот Мундобаскет. Како потврда на своето пишување, „Енцестандо“ наведува дека еден од клучните луѓе за формирање на клубот во Дубаи е Дејан Камењашевиќ, син на некогаш познатиот спортски коментатор Мирко Камењашевиќ. Дејан Камењашевиќ пристигна во Жирона како 17-годишник и долго време е во кошарката, а токму во овој каталонски клуб му беше помошник на Пешиќ. Покрај тоа, тој работеше и во стручниот штаб на Басконија а со години работи и во Персискиот залив. Ова не е крајот на информациите - еден од главните луѓе за функционирање на блискоисточниот клуб треба да биде Ѓорѓе Ѓоковиќ, помладиот брат на Новак Ѓоковиќ. Ѓорѓе Ѓоковиќ веќе има искуство во светот на спортот и е организатор на турнирот „Србија опен“ што се одржуваше во Белград и Бања Лука. Останува да видиме како ќе се реши фактот што Дубаи е доста далеку од некои градови од Евролигата, особено оние од Западна и Северна Европа - Мадрид или Каунас, на пример. Тоа е лет од седум или осум часа. Париз моментално учествува во Еврокупот, има голем буџет од над девет милиони евра, а не е тајна дека елитното европско натпреварување сака да се прошири во еден од најголемите европски градови, а со тоа и пазари. Тимот го предводат нови ѕвезди на европската кошарка – финскиот тренер Исало и американскиот плејмејкер со македонски пасош Ти Џеј Шортс]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/klub-od-dubai-vleguva-vo-evroligata-i-aba/feed/ 0
ЕВРОЛИГА: Монако победи во Белград, Валенсија останува со перфектен учинок https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroliga-monako-pobedi-vo-belgrad-valensija-ostanuva-so-perfekten-uchinok/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroliga-monako-pobedi-vo-belgrad-valensija-ostanuva-so-perfekten-uchinok/#respond Thu, 19 Oct 2023 04:03:53 +0000 https://kurir.mk/?p=890533

Монако оствари важна победа над Црвена Звезда и тоа во Белград (76:82), а најголем виновник за евролигашкиот успех на францускиот прволигаш е расположениот Мајк Џејмс. Американецот диктираше темпо против српскиот противник и го заврши дуелот со дабл-дабл, односно 18 поени и 11 асистенции. Домаќините имаа подобар почеток, но подоцна Монако успеа да го надмудри противникот за успешно гостување против Црвена Звезда и прва победа во Евролигата сезонава на неговиот тим. Гидраитис со 20 поени беше најефикасен во редовите на „црвено-белите“, додека Недовиќ го заврши натпреварот со 15 поени. Валенсија триумфираше против Макаби со 75:66 и останува една од трите екипи со перфектен учинок, односно три победи во досегашниот дел на сезоната. Инглис со 11 поени бил најефикасен во шпанскиот состав, додека Колсон реализирал 20 во дресот на Макаби. Виртуз Болоња исто така ја искористи предноста на домашен терен и ја совлада Алба со 87:76, што е веќе втора победа во низа за италијанскиот тим во Евролигата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroliga-monako-pobedi-vo-belgrad-valensija-ostanuva-so-perfekten-uchinok/feed/ 0
Евролига: Барселона победи кај Партизан, Фенер го растури Панатинаикос https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroliga-barselona-pobedi-kaj-partizan-fener-go-rasturi-panatinaikos/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroliga-barselona-pobedi-kaj-partizan-fener-go-rasturi-panatinaikos/#respond Wed, 18 Oct 2023 04:14:25 +0000 https://kurir.mk/?p=890032

Барселона остана нерешлива енигма за Партизан во Евролигата. Каталонците вечерва победија во Белград со 92:83. Во исто време Фенербахче го декласира Панатинаикос со 83:69. Конечниот резултат не ја покажува доминацијата на турскиот тим. Барселона и по третото коло нема пораз во Евролигата, додека Партизан го запиша вториот пораз. Барселона, со исклучок на воведните минути, константно имаше предност. Најефикасен актер на теренотбеше Николас Лапровитола со 20 поени и дури шест тројки од 10 обиди. Го следеа Вили Ернангомез и Оскар Да Силва со по 15, односно 13 поени, а двајцата имаа по четири скока. Двоцифрен беше и Јан Весели со 12 поени и шест скока, а на скокот особено добар беше Џабари Паркер со 11 скока топки и девет поени. Кај Партизан се истакна Џејмс Нанали со 14 поени, Пи Џеј Даузер додаде 13 и имаше пет асистенции. Двоцифрен беше и Зек Ледеј со 12, Пантер и Аврамовиќ постигнаа по 11. Избраниците на Димитрис Итудис го победија дома Панатинаикос со 83:69 (27:9, 16:19, 24:17, 16:24). Првиот период Фенер го доби со 18 поени разлика и тука беше решен победникот. Во последниот период домаќините дојдоа до највисоката предност 72:47 и тука застанаа, па Панатинаикос извлече присотен пораз. Фенербахче до победата го предводеа Јоргос Папајанис со 15 поени, Џонатан Мотли со 14 поени, Марко Гудуриќ и Ник Калатес постигнаа по 12 поени. Кај Панатинаикос подобар од останатите беше Матијас Лесор со 19 поени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroliga-barselona-pobedi-kaj-partizan-fener-go-rasturi-panatinaikos/feed/ 0
Макаби ќе ја доживее истата судбина како на ЦСКА Москва во Евролигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makabi-ke-ja-dozhivee-istata-sudbina-kako-na-tsska-moskva-vo-evroligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makabi-ke-ja-dozhivee-istata-sudbina-kako-na-tsska-moskva-vo-evroligata/#respond Tue, 17 Oct 2023 04:56:50 +0000 https://kurir.mk/?p=889561

Според истакнатиот литвански кошаркарски новинар Донатас Урбонас, главен уредник на веб-страницата „Баскет њуз“, неколку клубови учесници во Евролигата се противат на продолжување на учеството на Макаби поради војната во Израел. Комплетниот тим на Макаби се пресели на Кипар, но Евролигата донесе одлука „Гордоста на Израел“ се уште да не може да игра како домаќин, па натпреварот од третото коло помеѓу Макаби и Валенсија ќе се игра во Шпанија. Урбонас предупредува дека Макаби ќе ја има истата судбина како и руските клубови поради нивното учество во војната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makabi-ke-ja-dozhivee-istata-sudbina-kako-na-tsska-moskva-vo-evroligata/feed/ 0
Партизан го растури Асвел, Реал Мадрид без милост против Анадолу https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/partizan-go-rasturi-asvel-real-madrid-bez-milost-protiv-anadolu/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/partizan-go-rasturi-asvel-real-madrid-bez-milost-protiv-anadolu/#respond Thu, 12 Oct 2023 20:29:50 +0000 https://kurir.mk/?p=888233

Кошаркарите на Партизан ја забележаа првата победа во новата евролигашка сезона. Тие на гостински терен го растурија францускиот претставник Асвел Лион со 26 поени разлика, односно 62-88. “Црно-белите“ од Белград ги добија сите четири четвртини и не му оставија ниту трошка надеж на противникот да се надева на поволен резултат од овој натпревар. Најефикасен во редовите на Партизан беше Нунали со 17 поени. Убедлива победа забележа и Реал Мадрид, кој немаше милост за Анадолу Ефес и го совлада со 80-103 на негов терен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/partizan-go-rasturi-asvel-real-madrid-bez-milost-protiv-anadolu/feed/ 0
Најдобрите потези од 1. коло во Евролигата (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/najdobrite-potezi-od-1-kolo-vo-evroligata-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/najdobrite-potezi-od-1-kolo-vo-evroligata-video/#respond Sun, 08 Oct 2023 05:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=886492

Одличното прво коло од најквалитетното европско кошаркарско натпреварување е зад нас, а ова се потезите кои ги одбележаа натпреварите одиграни во четврток и петок. Во продолжение погледнете кои други играчи со своите потези го одбележаа првото коло во Евролигата. https://twitter.com/i/status/1710580882141233630]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/najdobrite-potezi-od-1-kolo-vo-evroligata-video/feed/ 0
ЕВРОЛИГА: Звезда фуриозна на стартот на новата сезона, Партизан поразен во Израел https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroliga-zvezda-furiozna-na-startot-na-novata-sezona-partizan-porazen-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroliga-zvezda-furiozna-na-startot-na-novata-sezona-partizan-porazen-vo-izrael/#respond Fri, 06 Oct 2023 04:06:44 +0000 https://kurir.mk/?p=885779

Програмата беше отворена во Белград со натпреварот кој го играше Црвена Звезда против Асвел, а на кај домашните играчи водени од публиката стигнаа до лесна и убедлива победа од над 20 поени разлика. Голема победа на Звезда, која на крајот славеше со 94:73  „Штарк арена“. За разлика од Звезда, Партизан имаше непосакувано отворање на новиот шампионат во Европа, бидејќи момците на Жељко Обрадовиќ немаа сили за цели 40 минути во Израел и загубија со 96:81. ОВаа убедлива победа секако не беше планиран старт за актуелниот АБА шампион, а од другите натпревари, за издвојување е уште победата на Барса над Анадолу со резултат 91:74.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evroliga-zvezda-furiozna-na-startot-na-novata-sezona-partizan-porazen-vo-izrael/feed/ 0
Почнува новата сезона во кошаркарската Евролига https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pochnuva-novata-sezona-vo-kosharkarskata-evroliga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pochnuva-novata-sezona-vo-kosharkarskata-evroliga/#respond Thu, 05 Oct 2023 16:20:05 +0000 https://kurir.mk/?p=885693

Новата сезона во кошаркарската Евролига почнува денеска во која 18 екипи ќе се борат за место на завршниот турнир во Берлин. Сезоната од 19 часот во белградската Арена ќе ја отворат кошаркарите на Црвена ѕвезда и Асвел, а вечерва на програмата се и дуелите меѓу Макаби – Партизан, Барселона – Ефес, Баерн – Алба и Виртус Болоња – Жалгирис. Евролигата од оваа сезона првпат воведе плејин турнир по примерот во НБА лигата. Регуларниот дел од сезоната ќе трае до 12 април. Плејин турнирот ќе се игра од 16 до 19 април, а плејофот ќе почне на 23 април и ќе заврши најдоцна до 8 мај. Финалниот турнир е на програмата од 23 до 26 мај идната година во Берлин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pochnuva-novata-sezona-vo-kosharkarskata-evroliga/feed/ 0
Почнува 67-та сезона на Евролигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pochnuva-67-ta-sezona-na-evroligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pochnuva-67-ta-sezona-na-evroligata/#respond Thu, 05 Oct 2023 04:20:21 +0000 https://kurir.mk/?p=885316

Со мечот Црвена звезда – Асвел, од 19 часот, почнува 67-та сезона на кошаркарската Евролига, во која годинава ќе има неколку измени на форматот на натпреварувањето и на правилата за игра. Денес на програмата се уште четири меча (Макаби – Партизан, Барселона – Анадолу Ефес, Баерн – Алба и Виртус Билоња – Жалгирис), а в петок уште четири (Фенербахче – Милано, Панатинаикос – Олимпијакос, Басконија – Реал Мадрид и Валенсија – Монако). Од годинава, по завршувањето на регуларниот дел од сезоната (34 кола) ќе се игра и т.н. плејин-турнир, дополнителни мечеви за обезбедување место во доигрувањето за титулата, т.н. плејоф. Во плејофот директно ќе се пласираат првопласираните шест тима, а екипите од седмото до десеттото место ќе играат за уште двете места во плејофот. Измените на правилата, пак, вклучуваат дополнителна можност тренерите на секој меч да проверат судиска одлука (т.н. челинџ), нови ситуации што судиите можат да ги прегледаат за време на средбите и промена на правилата за исклучување на играчите или на членовите на персоналот на клупата за време на расправија на теренот, пишува Евролигата. Главните тренери сега ќе добијат два челинџа за користење во текот на секој натпревар, но мора да искористат барем еден во првите 38 минути од натпреварот. За да се забрзаат мечевите, судиите сега ќе можат да иницираат преиспитување прекршок само во последните две минути од натпреварот или последните две минути во продолженијата. Тренерите ќе можат да користат челинџ за да иницираат проверка на прекршок во секое време. Секој играч или тимски персонал што ја напушта клупата за време на инцидент на теренот, а кој нема активно да се вклучи во нарушувањето, нема да биде дисквалификуван. Ова претпоставува дека судиите ќе можат да прегледаат снимки и да потврдат дека играчот од клупата не бил вклучен, пишува Евролигата. Титулата од лани ја брани Реал Мадрид, кој е најтрофеен во натпреварувањето, со 11 европски трофеи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pochnuva-67-ta-sezona-na-evroligata/feed/ 0