еврообврзница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Mar 2023 09:23:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еврообврзница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МФ: Денеска се одржува аукција за деветата еврообврзница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-deneska-se-odrzhuva-auktsija-za-devetata-evroobvrznitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-deneska-se-odrzhuva-auktsija-za-devetata-evroobvrznitsa/#respond Mon, 06 Mar 2023 09:23:01 +0000 https://kurir.mk/?p=808517

Денеска се одржува аукцијата за деветата еврообврзница. Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција. Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност. -Во насока на транспаретност и отчетност Министерството за финансии ќе извести веднаш за условите по завршување на аукцијата, додека пред нејзино затворање укажуваме на ценовната чуствителност на информациите и објавите, велат од МФ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-deneska-se-odrzhuva-auktsija-za-devetata-evroobvrznitsa/feed/ 0
Бесими: Подготвени сме за издавање на еврообврзница, инвеститорите имаат доверба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-podgotveni-sme-za-izdavane-na-evroobvrznitsa-investitorite-imaat-doverba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-podgotveni-sme-za-izdavane-na-evroobvrznitsa-investitorite-imaat-doverba/#respond Tue, 21 Feb 2023 10:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=803079

Министерството за финансии е подготвено и може веднаш да излезе на меѓународниот пазар со издавање на еврообврзницата, штом во Собранието заврши процедурата за избор на министер за правда. Очекувам и следната аукција да биде успешна. Зад овој процес стои конзорциум на банки со кои 20 години земјата реализира успешно издавање на еврообврзници, а постои и интерес од инвеститорите што учествуваа на аукцијата на 9 март повторно да учествуваат. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во 24 Анализа. Повторената аукција, како што рече министерот, не повлекува финансиски трошок, бидејќи тоа е во рамки на договорот што го има земјата со конзорциумите банки, кои во овој процес не следат 20 години. „Штом се избере министер за правда, ние сме подготвени следниот ден да настапиме на пазарот, зависно од оценките на банките кои ќе посочат кои се добри позиции. И следната трансакција ќе биде успешна. Инвеститорите покажуваат интерес повторно да се јават. Ние издаваме познат производ за нив, не доцниме со исплати и тоа и е познато на нив. Нема нови трошоци за повторената постапка, додека каматата ја пазарот“, рече министерот Бесими. Тој потенцира дека каматната стапка ќе го одреди и износот на кој ќе биде издадена Еврообврзницата. „Ние имавме плафон на 800 милиони евра и одлучивме да издадеме Еврообврзница од 600 милиони евра за да ги платиме обврските кон странство, односно еврообврзницата што доспева во јуни од 450 милиони и каматите околу 30 милиони за истата, како и други заеми што доспеваат кон странство. Идејата беше тоа што ќе го обезбедиме со Еврообврзница да платиме она што е обврска кон странство. Доколку каматата е над 7 проценти и повеќе, може да се разгледа опцијата да се издаде Еврообврзница само на 500 милиони евра, па во текот на годината да се видат повторно условите, односно доколку се олабават каматите, затоа што се очекува во втората половина од годината инфлацијата да се намали и растот да се зголеми, но имаме многу непознати и никој не знае што ќе се случи во Украина“, истакна министерот Бесими. Појаснувајќи ја постапката поради која ќе се повтори аукцијата за издавање на еврообврзница, рече дека тоа е поука и најави дека ќе се предложат законски измени со кои нема да се потпишува мислењето само од министер за правда, туку тоа да може да биде и друг член од Владата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-podgotveni-sme-za-izdavane-na-evroobvrznitsa-investitorite-imaat-doverba/feed/ 0
Ефтимов до Ковачевски: Дали ќе поднесете одговорност пред законот доколку наредната еврообврзница која што ќе се издаде биде макар и со 0,05 % повисока од онаа што беше веќе издадена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-do-kovachevski-dali-ke-podnesete-odgovornost-pred-zakonot-dokolku-narednata-evroobvrznitsa-koja-shto-ke-se-izdade-bide-makar-i-so-0-05-povisoka-od-onaa-shto-beshe-veke-izdadena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-do-kovachevski-dali-ke-podnesete-odgovornost-pred-zakonot-dokolku-narednata-evroobvrznitsa-koja-shto-ke-se-izdade-bide-makar-i-so-0-05-povisoka-od-onaa-shto-beshe-veke-izdadena/#respond Fri, 17 Feb 2023 13:36:21 +0000 https://kurir.mk/?p=801800

Почитувани граѓани техничка грешка образложување за еврообврзницата постои кривично дело несовесно работење во службата и таму има предвидено санкции, премиере дали самиот ќе се понесете на одговорност пред законот доколку наредната еврообврзница која што ќе се издаде биде макар и со 0,05 % повисока од онаа што беше веќе издадена и можеше да се реализира а со тоа и ќе се сервисираа сите буџетска средства“ , кажа Ефтимов. Ефтимов нагласи дека не видовме никаков напредок на владата од страна на администрацијата , нема реформи, нема никаква борба со корупцијата. „Ова е следствено на сето она што се случува и во администрацијата и во сите други органи. Не видовме никаков напредок на владата од страна на администрацијата каде заглавија овие реформи, немате никаква борба со корупцијата. Сте предвиделе во програмата дигитализација деновиве видовме дека од дигитализација не можете и не знаете да ги управувате и одржувате онаа база и оние податоци кои што се веќе воспоставени а не да ги дигитализирате и правосудните органи и целото административно работење“ , истакна Ефтимов. Ефтимов додаде и дека нема професионализација на институциите и има слаба реализација на буџетските средства во институциите. „Од правосудството 3 % доверба кај граѓаните, 97 % недоверба, од професионализација на институциите ве демантираат вашите институции, ДКСК кажува 12 % се реализирани обврските согласно стратегијата за борба со корупцијата. Министерот за правда вели согласно стратегијата за реформа во правосудниот систем од 2017 до 2022 година завршена имаме реализација само на 20 % од буџетските средства предвидени за тоа. сето ова е доказ дека немате капацитет да спроведете реформи“ , рече Ефтимов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-do-kovachevski-dali-ke-podnesete-odgovornost-pred-zakonot-dokolku-narednata-evroobvrznitsa-koja-shto-ke-se-izdade-bide-makar-i-so-0-05-povisoka-od-onaa-shto-beshe-veke-izdadena/feed/ 0
„Владата да каже колку изнесуваат загубите од откажувањето од еврообврзницата и кој ќе понесе одговорност?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-da-kazhe-kolku-iznesuvaat-zagubite-od-otkazhuvaneto-od-evroobvrznitsata-i-koj-ke-ponese-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-da-kazhe-kolku-iznesuvaat-zagubite-od-otkazhuvaneto-od-evroobvrznitsata-i-koj-ke-ponese-odgovornost/#respond Fri, 17 Feb 2023 07:47:32 +0000 https://kurir.mk/?p=801593

Владата да каже колку изнесуваат загубите од откажувањето од еврообврзницата, и кој ќе понесе одговорност? Владата треба да плати провизии на 4 меѓународни финансиски институции кои го воделе процесот за издавање на обврзницата, тоа е обврска на власта, и тоа се пари кои сега се плаќаат без основ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Ковачевски заради аматерскиот пристап кон процесот за издавање на еврообврзницата ја оштети државата за милиони кои треба да бидат платени на име провизии, а потоа го наруши и кредитната репутација на државата. Која сериозна финансиска институција ќе сака да позајми пари на држава која откажува издавање на обврзница, заради политичка нестабилност во владата? И доколку позајми, каматите ќе бидат поголеми. Лошата репутација која ја предизвика Ковачевски ќе ја следи Македонија подолг период, и потребно е време и сериозен пристап за да се исправи сликата за државата. Нема поле на кое Ковачевски и СДС не ја посрамотија Македонија. Потребни се промени на власта, за ваквите бламирања на државата да не продолжат да бидат пракса и во иднина, стои во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-da-kazhe-kolku-iznesuvaat-zagubite-od-otkazhuvaneto-od-evroobvrznitsata-i-koj-ke-ponese-odgovornost/feed/ 0
МФ: Издадена деветта еврообврзница во износ од 600 милиони евра за отплата на стари долгови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-izdadena-devetta-evroobvrznitsa-vo-iznos-od-600-milioni-evra-za-otplata-na-stari-dolgovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-izdadena-devetta-evroobvrznitsa-vo-iznos-od-600-milioni-evra-za-otplata-na-stari-dolgovi/#respond Wed, 08 Feb 2023 18:15:39 +0000 https://kurir.mk/?p=798030

Северна Македонија денеска ја издаде деветтата еврообврзница во вредност од 600 милиони евра, која ќе се искористи исклучиво за финансирање на обврските по основ на стари долгови, кои доспеваат за отплата годинава, информира Министерството за финансии. По основ на главница и камата, за сервисирање на стари долгови кон надворешни кредитори, годинава треба да исплатиме 594 милиони евра за главница како и 138 милиона евра за камати. Од нив, најголемиот дел отпаѓа на седумгодишната еврообврзница издадена во 2016 година, и за која само во оваа година треба да се исплати износ од 450 милиони евра, со камата од дополнителни 25 милиони евра. -Поради доспеаните обврски, деветтата еврообврзница е издадена и покрај затегнатите услови на меѓународните пазари на капитал, за што сведочи и повеќекратното зголемување на референтните каматни стапки од големите централни банки, посочуваат од Министерството за финансии. Купонската каматна стапка од 6,25 проценти на годишно ниво, која денеска е постигната, укажуваат од МФ, е пониска од пазарните каматни стапки на веќе издадените еврообврзници, со кои во моментов се тргува на меѓународните берзи. Таа е многу пониска и од каматните стапки, кои преовладуваа во последните месеци од овој период на енергетска криза, која сѐ уште трае, и кои се движеа над 8 проценти. Финансирањето на буџетскиот дефицит за годинава е обезбедено под уште поповолни услови преку Макро-финансиската помош на Европската комисија, Линијата за претпазливост и ликвидност на ММФ и други меѓународни институции, како Светската банка, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка. -Пристапот е, во услови на скапи финансиски пазари, да не се изврши задолжување за целиот одобрен износ до 800 милиони евра, туку само за износот за враќање на старите долгови. Рочноста на новата еврообврзница е само четири години, при што интенцијата е да се оди со пократок период на отплата (наместо, вообичаениот од седум години), за да се намали годишниот буџетски трошок за каматни плаќања, информира МФ. Побарувачката за деветтата еврообврзница, како што дополнуваат, беше 2,5 пати поголема во однос на понудената сума, што ја потврдува довербата на инвеститорите во нашата економија и економски политики. Каматата на издадената еврообврзница е на исто ниво со каматата на еврообврзниците со слична рочност од држави-членки на Унијата (како Унгарија и Романија) и кандидати за членство во ЕУ (Србија), кои ги издадоа од почетокот на годинава. Иако овие земји имаат подобар кредитен рејтинг, постигнатата купонска каматна стапка е на приближно исто ниво со онаа на деветтата еврообврзница. -Ова е потврда на здравите фундаменти и макроекономски политики кои ги спроведува Владата, како што беше наведено и од страна на ММФ при одобрувањето и прегледот на Линијата за претпазливост и ликвидност, а потврдено и преку макро-финансиската помош од Европската комисија, отворањето на скрининг процесот за почнување преговори за членство во ЕУ, како и посилната (од планираната) фискална консолидација и помалиот јавен долг во текот на 2022 година и во петгодишните проекции. Нашата заложба како Влада за внимателно управување со јавните финансии е преточена во современа законска регулатива, со носењето на новиот реформски Закон за буџети, со кои се поставуваат фискални правила, односно лимити за долгот и буџетскиот дефицит и Фискален совет како независно тело, кое ќе го надгледува неговото извршување, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-izdadena-devetta-evroobvrznitsa-vo-iznos-od-600-milioni-evra-za-otplata-na-stari-dolgovi/feed/ 0
Албанија прејку еврообврзница се задолжи со 650 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-prejku-evroobvrznica-se-zadolzi-so-650-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-prejku-evroobvrznica-se-zadolzi-so-650-milioni-evra/#respond Wed, 24 Nov 2021 14:23:59 +0000 https://kurir.mk/?p=599382

Албанија преку обврзница на меѓународниот пазар се задолжи со 650 милиони евра, со што земјата по петтипат се задолжува на тој начин, информираше министерката за финансии Делина Ибрахимај, по седницата на владата. Соопштувајќи детали од договорот рече дека таа еврообврзница е со рок на доспевање од 10 години односно во ноември 2031 година. -Албанија се појави по петтипат на меѓународните пазари. Оваа важна операција беше успешно завршена вчера. Еврообврзницата е издадена со вредност од 650 милиони евра, со долгорочна каматна стапка од 3,75 и со рок на доспевање 10 години. Споредено со последните две еврообврзници издадени од нашата земја, оваа сегашна имаше вредност слична на онаа издадена во последните 2 години и во вредност еднаква на издадената во 2020 година, рече Ибрахимај, оценувајќи го како успех во историјата на албанската економија. Според неа еврообврзницата ќе оди за финансирање на буџетските потреби за оваа и за 2022 година, но главно најголемиот дел ќе остане за 2022 година. Албанија првпат со еврообрзница се задолжи во 2010 година кога позајми 300 милиони евра, вторпат во 2015 година со 450 милиони евра, третпат се задолжи со 500 милиони евра во 2018 година. Во јуни 2020 година, по четврти пат Албанија се задолжи со еврообврзница од 650 милиони евра, со каматна стапка од 3,6 отсто. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-prejku-evroobvrznica-se-zadolzi-so-650-milioni-evra/feed/ 0
До крајот на јули нова еврообврзница до 800 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-krajot-na-juli-nova-evroobvrznica-do-800-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-krajot-na-juli-nova-evroobvrznica-do-800-milioni-evra/#respond Thu, 09 Apr 2020 14:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=329801

Македонија до крајот на јули ќе издаде нова еврообврзница во висина до 800 милиони евра со рок на достасување до 10 години. Оваа еврообврзница ќе треба да служи за покривање на дупките во приходите во буџетот кој настанаа поради коронавирусот. Инаку Владата на Македонија бара средства и од Меѓународниот монетарен фонд и од Светска банка но колку од бараните средства ќе добие ќе се знае деновиве. Од ММФ земјава бара 176 милиони евра, а од Светска банка околу 80 милиони евра. Земјава се обидува да добие парични средства и од Европската Унива во висина до 100 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-krajot-na-juli-nova-evroobvrznica-do-800-milioni-evra/feed/ 0
Земјотресот ја принудува албанската Влада да издаде еврообврзница од 560 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotresot-ja-prinuduva-albanskata-vlada-da-izdade-evroobvrznica-od-560-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotresot-ja-prinuduva-albanskata-vlada-da-izdade-evroobvrznica-od-560-milioni-evra/#respond Mon, 20 Jan 2020 07:32:45 +0000 https://kurir.mk/?p=292056

Албанската Влада во мај ќе издаде еврообврзница на меѓународниот пазар со што ќе ја задолжи државата за 560 милиони евра,јави телевизија Клан. Истиот извор наведува дека според пресметките на Министерството за финансии и економија, потребите се поголеми споредено со пресметките направени при изготвувањето на буџетот за 2020 година, како резултат на последиците од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата во ноември минатата година. -Еврообврзницата првично било планирано да биде во висина од 500 милиони евра, а сега се водат дискусии за зголемување на износот со други 60 до70 милиони евра. Конечната висина ќе се знае на крајот на февруари, по меѓународната донаторска конференцијата што ќе се одржи на 17 февруари во Брисел,наведува телевизијата. Во моментов, Министерството за финансии е пред договор со правно студио кое ќе обезбеди техничка помош за привлекување инвеститори, додека на почетокот на мај, ќе се излезе на пазарот со еврообврзницата. Извори од мнистерството велат дека и финансирањето на проекти за изградба на објектите настрадани во земјотресот бара зголемено јавно задолжување, што го прави неизбежно забрзувањето на процесот на задолжување на меѓународните пазари. Ова ќе биде четврта евтообрзница со која се задолжува Владата. Првпат тоа беше во 2010 година кога позајми 300 милиони евра, вторпат во 2015 година кога Албанија со еврообврзница позајми 450 милиони евра со камата од 5,75 проценти, а кој треба да се подмири оваа година. Последен пат се задолжи во 2017 година со 500 милиони евра,со каматна стапка од 3,55 процени и рок на враќање пет години]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotresot-ja-prinuduva-albanskata-vlada-da-izdade-evroobvrznica-od-560-milioni-evra/feed/ 0
Албанската Влада ќе се задолжи со 500 милиони евра со еврообрзница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-vlada-kje-se-zadolzi-so-500-milioni-evra-so-evroobrznica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-vlada-kje-se-zadolzi-so-500-milioni-evra-so-evroobrznica/#respond Tue, 25 Sep 2018 12:24:33 +0000 https://kurir.mk/?p=105796

Албанската Влада издаде еврообврзница на меѓународниот пазар со што ќе ја задолжи државата за 500 милиони евра. Јавното наддавање ќе се одржи идната недела, а парите ќе се користат за финансирање на буџетот и за рефинансирање на стари долгови. Рокот на достасување на еврообврзницата ќе биде пет години но колкава ќе биде каматната стапка не се наведува. - Ова не подразбира понатамишно зголемување на надворешниот долг, туку е во рамките на стратегијата за менаџирање на доспеани долгови. Задолжувањето ќе биде со поволна камата и ќе го олесни кредитирањето на домашниот бизнис, изјави министерот за економија Арбен Ахметај. Tретпат Албанија се задолжува со еврообврзница. Првпат во 2010 година кога позајми 300 милиони евра и вторпат во 2015 година кога Албанија со еврообврзница позајми 450 милиони евра со камата од 5,75 проценти, а кој треба да се подмири во 2020 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-vlada-kje-se-zadolzi-so-500-milioni-evra-so-evroobrznica/feed/ 0
Државниот и јавниот долг растат и без вкалкулирана еврообврзница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drzavniot-i-javniot-dolg-rastat-i-bez-vkalkulirana-evroobvrznica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drzavniot-i-javniot-dolg-rastat-i-bez-vkalkulirana-evroobvrznica/#respond Wed, 31 Jan 2018 14:52:24 +0000 http://kurir.mk/?p=16824

Јавниот и државниот долг пораснале за 95,4 и 82,7 милиони евра само во октомври, ноември и декември, објави денеска Министерството за финансии. Тука не се вкалкулирани половина милијарда евра од еврообврзницата која е издадена во јануари, што ќе придонесе кон ново зголемување на јавниот и државниот долг. Согласно податоците објавени на веб страната на Министерството за финансии, јавниот долг заклучно декември изнесува 4 милијарди 786 милиони и 900 илјади евра и е за 95 милиони и 400 илјади евра зголемен во однос на претходниот квартал. Јавниот долг прикажан како процент од БДП изнесува 46,7% од БДП што покажува зголемување од 0.9 процентни поени. Државниот долг изнесува 3 милијарди 958 милиони и 500 илјади евра и е зголемен за 82.7 милиони евра во однос на претходниот квартал. Како процент од БДП државниот долг сега изнесува 38,7% од БДП и е зголемен за 0,9 процентни поени. На годишна основа во апсолутен износ јавниот долг е зголемен за 75,5 милиони евра, додека државниот за 107 милиони евра. Согласно фискалната стратегија до 2019 година јавниот долг се очекува да се искачи до 55,9 осто од БДП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drzavniot-i-javniot-dolg-rastat-i-bez-vkalkulirana-evroobvrznica/feed/ 0