европарламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Sep 2023 14:17:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европарламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од следната година, Европарламентот со дополнителни 15 пратенички места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-slednata-godina-evroparlamentot-so-dopolnitelni-15-pratenichki-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-slednata-godina-evroparlamentot-so-dopolnitelni-15-pratenichki-mesta/#respond Wed, 13 Sep 2023 14:16:12 +0000 https://kurir.mk/?p=877744

Европскиот парламент ќе има 15 места повеќе по европските избори во јуни следната година, со што вкупниот број на пратеници ќе се зголеми на 720. Петнаесетте дополнителни места треба да се поделат меѓу 12 различни земји-членки на ЕУ, одлучија денеска европратениците. Франција, Холандија и Шпанија треба да добијат уште по две места. Белгија, Данска, Ирска, Летонија Австрија, Полска, Финска, Словенија и Словачка ќе добијат по еден дополнителен мандат. Дополнителните места треба да ги одразат демографските промени во населението на ЕУ од последните европски избори кои се одржаа во 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-slednata-godina-evroparlamentot-so-dopolnitelni-15-pratenichki-mesta/feed/ 0
Европарламентот денеска ќе расправа по прашањето за проширување на Шенген-зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evroparlamentot-deneska-kje-rasprava-po-prashanjeto-za-proshiruvanje-na-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evroparlamentot-deneska-kje-rasprava-po-prashanjeto-za-proshiruvanje-na-shengen-zonata/#respond Wed, 05 Oct 2022 06:38:43 +0000 https://kurir.mk/?p=741213

Европскиот парламент на денешната седница ќе расправа за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген-зоната, при што се очекува европратениците да побараат проширување на областа на слободно движење за да ги вклучи сите земји-членки на ЕУ што сакаат да бидат вклучени во неа. Освен Бугарија и Романија, во моментов надвор од Шенген се и Хрватска, Кипар и Ирска. Тоа не се први дебати во Европскиот парламент на кои се упатува повик Бугарија и Романија да се вклучат во областа на слободното движење. Апел имаше и во резолуциите усвоени во 2018 и 2020 година, како и во минатогодишниот извештај за функционирањето на Шенген-зоната. Европската комисија, исто така, во повеќе наврати апелираше за влез на Бугарија и Романија во зоната. За тоа да се случи е неопходна едногласна согласност во Советот на ЕУ. Прашањето не беше приоритет на француското претседателство во Унијата што заврши на крајот на јуни, а администрацијата на претседателот Емануел Макрон беше на мислење дека пред приемот нови членки треба да се спроведат реформи во Шенген-зоната. Холандија и натаму се спротивставува на приемот нови членки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evroparlamentot-deneska-kje-rasprava-po-prashanjeto-za-proshiruvanje-na-shengen-zonata/feed/ 0
Бугарските историчари пред празна сала во Европарламентот ја претставуваа „Вистината за Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskite-istorichari-pred-prazna-sala-vo-evroparlamentot-ja-pretstavuvaa-vistinata-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskite-istorichari-pred-prazna-sala-vo-evroparlamentot-ja-pretstavuvaa-vistinata-za-makedonija/#respond Tue, 07 Jun 2022 19:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=688000

Група бугарски историчари и филолози денеска во Европскиот парламент (ЕП) ги презентираа причините за бугарското вето за старт на преворите на Северна Македонија за членство во ЕУ, на едночесовен настан насловен „Вистината за Македонија“, кој не предизвика големо внимание кај европратениците и беше следен само од неколкумина од нив, јави дописникот на МИА. Настанот не беше на официјалната агенда на Европскиот парламент, а негов организатор беше бугарскиот европратеник од групата „Конзервативци и реформисти“ Ангел Џамбаски. На настанот професорите Ана Кочева, Николај Овчаров, Спас Тасев, Пламен Павлов и Владимир Митов во нивните излагања ставија акцент на тезите дека „до 1944 година Бугарија и Северна Македонија имаале заедничка историја“, како и дека македонскиот јазик е „книжевна норма која произлегува од бугарскиот“. Митов во изјави дека „Грција ја блокираше Македонија 28 години, а никому не му беше грижа“, а сега кога Бугарија го прави истото таа е „прикажана како негативец“, додека Овчаров рече дека „не постојат историски извори за одвоено етничко македонско постоење до 20-от век“. На крајот Џамбаски најави дека ова е само прва од серијата на вакви настани за прикажување на „Вистината за Македонија“. Европскиот парламент на 19 мај со огромно мнозинство го усвои Извештајот со кој се повикува на брз почеток на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ и во кој беше нагласено дека блокирањето на стартот на преговорите претставува сериозна закана за политиката на проширување на Унијата, особено во контекст на војната во Украина и економската и енергетска зависност на Западниот Балкан од Русија и Кина. За две недели лидерите од земјите од Западниот Балкан ќе учествуваат на Европскиот совет во Брисел, при што ЕУ не ја крие желбата да даде јасен став на овој самит за пристапувањето на Северна Македонија и Албанија, за што доказ е и ангажирањето на француското претседателство со Советот на Унијата и лично на претседателот на Франција, Емануел Макрон за изнаоѓање на решение и за повлекување на бугарското вето за страт на преговорите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskite-istorichari-pred-prazna-sala-vo-evroparlamentot-ja-pretstavuvaa-vistinata-za-makedonija/feed/ 0
Европарламентот го усвои Извештајот за Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroparlamentot-go-usvoi-izveshtajot-za-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroparlamentot-go-usvoi-izveshtajot-za-severna-makedonija/#respond Thu, 19 May 2022 12:57:45 +0000 https://kurir.mk/?p=679004

Европските парламентарци попладнево со 508 гласа „за“ и 56 „против“ го усвоија Извештајот за напредокот на Северна Македонија на известувачот на Европскиот парламент, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, усвојувајќи притоа и некои од контроверзните амандмани, јави дописничката на МИА од Брисел. Извештајот го поздравува реформскиот напредок на земјата и инсистира на имплементација на Договорот за добрососедство со Бугарија. Европратениците ги одобрија спорните амандмани 75б, 79 и 80, за кои предупреди Институтот за европска политика (ЕПИ) дека претставуваат поткопување на основните стандарди вредности на ЕУ. Амандманот 75б се однесува на историското помирување и „заедничка историја“, со што според ЕПИ, Европскиот парламент го одобрува притисокот што го врши Бугарија за да се толкува историјата на нивен начин. Амандманот 79, кој исто така е усвоен, се оценува како притисок врз заедничката Комисија за , историски и образовни прашања, која треба да работи независно и без никакви политички притисоци. Конечно амандманот 80, се коси со проценката на Европската Комисија, бидејќи гласи оти нема напредок во имплементацијата на Договорот за пријателство меѓу земјава и Бугарија од 2017, што не е став на Европската комисија во нејзиниот последен извештај во 2021, предупреди ЕПИ. Освен тоа неколку европратеници од бугарската националистичката ВМРО – Бугарско национално движење во текот на расправата пред гласањето ја нареко Северна Македонија „геноцидна кон Бугарите“. Европратеникот Андреј Слабаков дури оцени дека без бараните бугарски промени, членството на Северна Македонија е рамно на „тумор за ЕУ“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroparlamentot-go-usvoi-izveshtajot-za-severna-makedonija/feed/ 0
Европарламентот ќе расправа за Извештајот за напредокот на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroparlamentot-kje-rasprava-za-izveshtajot-za-napredokot-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroparlamentot-kje-rasprava-za-izveshtajot-za-napredokot-na-makedonija/#respond Wed, 18 May 2022 09:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=678269

Европскиот парламент денеска ќе расправа за Извештајот на европратеникот Илхан Ќучук за напредокот на земјава, во кој ЕУ се повикува да ги процени историски важните безбедносни импликации за стабилноста и единството на европскиот континент и на Западен Балкан поради рускиот напад врз Украина. Во документот се упатува „итен повик“ до земјите од ЕУ да покажат единство со формално отворање на пристапните преговори со Скопје и Тирана, земајќи ги предвид геополитичките импликации и исполнувањето на официјалните барања, како што се инвестициите во доверба, стабилност, напредок и помирување во регионот, а се забележуваат и опасностите од растечката економска и енергетска зависност на целиот регион од Кина и Русија. Се очекува Европскиот парламент да го поздрави процесот на зајакнување на односите на Македонија со соседните земји и зајакнатата регионална соработка содржана во Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Се очекува европратениците да ги повикаат сите земји да продолжат да водат конструктивен дијалог за да се обезбеди целосна, доследна и совесна имплементација на двата документи, воздржувајќи се од дејствија кои би можеле да го поткопаат пристапот во ЕУ и пошироките европски интереси а Европската комисија да ги засили своите напори да го олесни дијалогот и на тој начин да го отвори патот одржлив договор. Извештајот изразува поддршка за Скопје и Софија да најдат заемно прифатливо решение за отворените билатерални прашања и силно го поздравува политичкиот поттик за широка, конструктивна комуникација меѓу двете земји, барајќи нова заедничка основа во многу области од заемен интерес наместо дополнителни линии на поделба. – Партнерите се охрабруваат да ја забрзаат оваа заложба со добра волја и во согласност со билатералниот договор и да ги започнат пристапните преговори, искрено стремејќи се да постигнат заемно прифатливи, избалансирани и трајни решенија за отворените билатерални прашања што е можно поскоро, се додава во документот. Во Извештајот се бара продолжување на работата на учебниците по историја за училиштата во Бугарија и Македонија и се нотира „важноста од заштитата на правата на сите заедници и ефикасна борба против сите случаи на дискриминација“ и препорачува „Владата во Скопје да обезбеди еднаква уставна заштита на правата на сите етнички заедници и да го заштити нивното културно наследство, јазици и традиции преку еднакви, инклузивен и недискриминаториски пристап до образованието и медиумите. Со документот се повикуваат властите во Македонија да ги спречат и да ги гонат сите наводи за непријателство и омраза, злосторства од омраза и заплашување, да истражат напади во такви случаи и да обезбедат безбедност и безбедност на оние против кои се насочени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroparlamentot-kje-rasprava-za-izveshtajot-za-napredokot-na-makedonija/feed/ 0
Европарламентот ги прекина преговорите за буџетот до 2027 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evroparlamentot-gi-prekina-pregovorite-za-budzetot-do-2027-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evroparlamentot-gi-prekina-pregovorite-za-budzetot-do-2027-godina/#respond Fri, 09 Oct 2020 06:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=414162

Европскиот парламент синоќа соопшти дека ги прекинува преговорите со земјите членки за идниот повеќегодишен буџет на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година, по цена да го одложи планот за закрепнување од пандемијата на Ковид-19, вреден 750 милијарди евра. – Европратениците ќе се вратат на преговарачка маса кога Советот, кој ги застапува земјите членки, ќе покаже вистинска волја за постигнување договор, се наведува во соопштението. Портпарол на германското претседателство на ЕУ изрази жалење поради „пропуштената шанса“. Шефовите на држави и влади на ЕУ се договорија во јули за седумгодишниот буџет во вредност од 1.074 милијарди евра. Меѓутоа, ЕП бара значително поголем износ, кој на крајот ќе биде наменет за „15 главни програми“ на ЕУ. Но, одлуката за тоа прашање ќе биде донесена дури за неколку години. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evroparlamentot-gi-prekina-pregovorite-za-budzetot-do-2027-godina/feed/ 0
Односот на сили помеѓу партиите во Европарламентот се менува по Брегзит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odnosot-na-sili-pomegju-partiite-vo-evroparlamentot-se-menuva-po-bregzit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odnosot-na-sili-pomegju-partiite-vo-evroparlamentot-se-menuva-po-bregzit/#respond Tue, 04 Feb 2020 07:17:22 +0000 https://kurir.mk/?p=298942

Со заминувањето на британските европратеници, односот на сили помеѓу политичките партии во Европскиот Парламент се менува. Екстремната десница сега ги надминува Зелените, јави дописничката на МИА од Брисел. Европскиот Парламент од 31 јануари, денот на Брегзит, има 705 пратеници наместо 751, а новиот распоред на седишта во домот на европските пратеници носи значителни политички промени. Па така, групата на Зелените која беше четврта сила до сега изгуби седум седишта и падна на 63, додека екстремно десната партија “Идентитет и демократија“ добива три седишта и се искачува на 73 пратеници. Но, за разлика од другите политички сили во Европскиот Парламент, екстремната десница е расцепкана и нема една единствена платформа. Покрај “Идентитет и демократија“ постојат уште неколку групи од крајната десница кои не успеваат да се обединат. Заминувањето на Британците остави 73 седишта што треба да се пополнат. Победник на новиот распоред е групата на Либералите позната под новото име “Обнова Европа“ (каде членува и македонската ЛДП). Либералите добиваат шест дополнителни седишта кои ќе им бидат доделени на дански, ирски, шпански, италијански и француски европратеник. Европската народна партија добива пет нови пратеници, социјалдемократите четири, а партијата на конзервативците – три. Важно е да се напомене дека не сите поранешни британски седишта се прераспоредени. Само 27 се дистрибуирани, останатите се чуваат во резерва за идните земји членки на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odnosot-na-sili-pomegju-partiite-vo-evroparlamentot-se-menuva-po-bregzit/feed/ 0
Илхан Ќучук нов известувач за Македонија во Европарламентот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilhan-kjuchuk-nov-izvestuvach-za-makedonija-vo-evroparlamentot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilhan-kjuchuk-nov-izvestuvach-za-makedonija-vo-evroparlamentot/#respond Thu, 07 Nov 2019 08:55:01 +0000 https://kurir.mk/?p=261144

Бугарскиот европратеник од редовите на Либералите, Обнова, Илхан Ќучук, е новиот известувач за Македонија во Европскиот Парламент. Одлуката е донесена вчера на комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент. Ќучук доаѓа на оваа позиција за следните пет години на местото на Словенецот Иво Вајгл. Улогата на известувачот во Европскиот Парламент е да ги подготвува извештаите за реформскиот напредок на Северна Македонија, кои служат како основа за ставот на Европарламентот. Илхан Ќучук е бугарски политичар од либералната партија „Движење за права и слободи“ (ДПС), која му припаѓа на либералдемократското семејство, Обнова, каде е член и партијата на францускиот претседател. Ова е втор европратенички мандат на Ќучук, член е на Комисијата за надворешни работи и потпретседател на европската делегација во рамките на заедничкиот парламентарен комитет со Турција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilhan-kjuchuk-nov-izvestuvach-za-makedonija-vo-evroparlamentot/feed/ 0
Избори за ЕП: Денеска гласаат во Чешка и во Ирска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-za-ep-deneska-glasaat-vo-cheshka-i-vo-irska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-za-ep-deneska-glasaat-vo-cheshka-i-vo-irska/#respond Fri, 24 May 2019 07:39:20 +0000 https://kurir.mk/?p=201407

Граѓаните на Чешка и Ирска гласаат денеска на изборите за Европскиот парламент, откако гласачите во Велика Британија и Холандија гласаа вчера. Со четиридневно гласање во 28 земји-членки започнува нов политички циклус во Унијата, во кој ќе бидат избрани и новите челници на европските институции. Исто така, изборите доаѓаат во време на планираното заминување на Обединетото Кралство од Унијата. Велика Британија и Холандија гласаа вчера, но повеќето од 28-те членки ќе гласаат в недела. Повеќе од 400 милиони гласачи ќе учествуваат на изборите. Чешките гласачи можат да гласаат денеска и утре, додека ирските избирачки места ќе се затворат денеска навечер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-za-ep-deneska-glasaat-vo-cheshka-i-vo-irska/feed/ 0
Поради политичката криза: Делегација на Европарламентот во посета на Тирана  https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-politichkata-kriza-delegacija-na-evroparlamentot-vo-poseta-na-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-politichkata-kriza-delegacija-na-evroparlamentot-vo-poseta-na-tirana/#respond Wed, 27 Feb 2019 07:09:42 +0000 https://kurir.mk/?p=168744

Поради длабоката политичка криза во која се наоѓа Албанија, денеска во Тирана ќе допатува седумчлена делегација на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент. Пред заминувањето за Тирана, шефот на делегацијата, европратеникот Туне Келам, побара од Владата и опозицијата да ја решат оваа ситуација преку конструктивен дијалог. -Силно ја осудуваме политичката реторика која поттикнува насилство и бараме опозицијата повторно да се вклучи во парламентарниот живот. Владата и опозицијата мора да ја надминат оваа ситуација преку конструктивен дијалог, изјави Келам. Делегацијата се очекува да се сретне со акбанскиот претседател Илир Мета, премиерот Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша. Членовите на делегацијата најавија прес-конференција за резултатите од посетата за утре, за кога опозицијата закажа нов антивладин протест. Доаѓањето на делегацјата на ЕП, го коментраше амбасадорот на Мисијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца, според кого, посетата е потврда дека Парламентот е место за дискусија. -Оваа посета не е случајност, туку потврда дека место за дискусија меѓу опозицијата и владата е Парламентот. Во четврток наутро ќе имаат прес-конференција и се надеваме дека ќе имаме позитивни сигнали, нагласи Сореца. Тој додаде дека европратениците одиграле значајна улога и во минатото, најавувајќи дека тие ќе ги слушнат двете страни и ќе донесат оценка за одлуката во јуни. Според албанските медиуми, по Тирана, седуметмина европратеници ќе отпатуваат за Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-politichkata-kriza-delegacija-na-evroparlamentot-vo-poseta-na-tirana/feed/ 0