европејци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 10:15:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европејци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Младите Европејци ги напуштаат родителските домови на 26 години, девојките порано од момците https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mladite-evropejtsi-gi-napushtaat-roditelskite-domovi-na-26-godini-devojkite-porano-od-momtsite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mladite-evropejtsi-gi-napushtaat-roditelskite-domovi-na-26-godini-devojkite-porano-od-momtsite/#respond Mon, 04 Sep 2023 10:15:56 +0000 https://kurir.mk/?p=874326

Во 2022 година младите луѓе во земјите членки на ЕУ се иселувале од домовите на своите родители во просек на возраст од 26,4 години, покажуваат податоците на Европската статистичка служба - Евростат. Гледано по држави најдоцна своите родителски домови ги напуштаат младите во Хрватска и тоа на 33,4-годишна возраст, а по нив се нивните врсници во Словачка на 30,8, во Грција на 30,7, во Бугарија и Шпанија на по 30,3, Малта на 30,1 и во Италија во просек на возраст од 30 години. Од друга страна, најрано се иселувале од домовите на своите родители младите во земјите околу Балтичкото Море - во Финска на старост од 21,3 години), пред Шведска на 21,4, Данска на 21,7 и Естонија на 22,7-годишна возраст. Во изминатите 10 години, просечната возраст на која младите го напуштаат својот родителски дом се зголемиле во дури 14 земји на ЕУ и тоа најмногу во Хрватска за 1,8 години, пред Грција за 1,7 и Шпанија за 1,6 години. Тренд на подоцнежно напуштање на домот на своите родители има и во некои од земјите каде младите најрано се осамостојуваат. Така, во 2012 година во Шведска, каде тогаш младите најарно го напуштале родителскиот дом и тоа на 19,9-годишна возраст, 10 години подоцна таа старосна граница е поместена за 1,5 години. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во периодот 2012-22 година, младите Европејци во просек најрано се иселувале од домовите на своите родители во 2019-та на 26,2 година, а најдоцна, на 26,5-годишна возраст во дури четири години - 2012, 2014, 2020 и 2021 година. Кога станува збор за полот, девојките во сите земји членки на ЕУ порано ги напуштаат своите родителски домови од нивните машки врсници. Така, додека девојките во 2022 година се иселиле од својот дом на возраст од 25,4 години, кај младите мажи просекот изнесува 27,3-годишна возраст. Во девет земји на ЕУ мажите ги напуштиле родителските домови над возраст од 30 години и тоа Хрватска, Бугарија, Грција, Словачка, Шпанија, Италија, Малта, Словенија и Португалија. Од друга страна, Хрватска е единствената членка на Унијата во која младите жени се иселиле од домот на своите родители на возраст од над 30 години. Кога е во прашање родовиот јаз, тој е најголем во Романија од 4,5 години, каде мажите го напуштале родителскиот дом на 29,9 години, а жените на 25,4, и во Бугарија од 4,1 година - мажите се иселувале на 32,3 години, а жените на 28,2 години. Родовиот јаз пак е најмал во Луксембург од 0,5 години, во Шведска од 0,6 и Данска и Малта од по  0,7 години.(МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mladite-evropejtsi-gi-napushtaat-roditelskite-domovi-na-26-godini-devojkite-porano-od-momtsite/feed/ 0
СЗО: Околу 36 милиони Европејци страдаат од „долг ковид“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-okolu-36-milioni-evropejtsi-stradaat-od-dolg-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-okolu-36-milioni-evropejtsi-stradaat-od-dolg-kovid/#respond Tue, 27 Jun 2023 16:03:41 +0000 https://kurir.mk/?p=850184

Речиси 36 милиони луѓе во европскиот регион, од почетокот на пандемијата со Ковид-19 можеби развиле долгорочни здравствени последици по инфекцијата со коронавирусот, велат податоците на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО). -Во просек, тоа значи дека во последните три години приближно еден од триесет Европејци почувствувал или сè уште има такви последици, рече регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге, на денешната конференција одржана во Копенхаген. Тој посочи дека треба да се направи многу повеќе за подобро да се разбере таканаречениот „долг ковид“. -„Долгиот ковид“ останува сложена здравствена состојба за која сè уште знаеме многу малку, рече Клуге, додавајќи дека без развој на сеопфатна дијагностика и форми на лекување, општеството никогаш нема вистински да закрепне од пандемијата. СЗО во европскиот регион опфаќа вкупно 53 земји. Покрај членките на ЕУ, таа вклучува и земји источно од Европската унија, сè до Централна Азија. „Долг ковид“ е термин кој се користи за опишување на симптоми кои се развиваат и не попуштаат по акутната фаза на болеста (трае четири недели) или повторно се појавуваат по одредено време. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-okolu-36-milioni-evropejtsi-stradaat-od-dolg-kovid/feed/ 0
Над 238 илјади Европејци починале во 2020 година како последица на загадувањето на воздухот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-238-iljadi-evropejci-pochinale-vo-2020-godina-kako-posledica-na-zagaduvanjeto-na-vozduhot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-238-iljadi-evropejci-pochinale-vo-2020-godina-kako-posledica-na-zagaduvanjeto-na-vozduhot/#respond Thu, 24 Nov 2022 06:34:35 +0000 https://kurir.mk/?p=765657

Најмалку 238 илјади луѓе во ЕУ починале предвремено во 2020 година поради загадениот воздух, и покрај тоа што квалитетот на воздухот генерално се подобрува, покажуваат најновите податоци на Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Аналитичарите на агенцијата посочуваат дека загадувањето на воздухот е „најголемиот здравствен ризик во Европа и дека значително влијае на здравјето на Европејците, особено во градовите“, независно што најголемите загадувачи ги намалија своите емисии. Според ЕЕА, најмалку 238 илјади луѓе починале предвреме во 2020 година поради изложеност на „ПM2,5 – честичките“, при што 96 отсто од населението во градовите е изложено на нивоа над препораките на СЗО. Истовремено, азотниот диоксид е причина за 49 илјади предвремени смртни случаи, додека изложеноста на озон однела 24 илјади животи, вели ЕЕА. Сепак, бројот предвремени смртни случаи поради изложеност на „ПM2,5“ во периодот од 2005 до 2020 година опаднал за 45 проценти. . „Ако трендот продолжи, се очекува ЕУ да ја исполни својата цел за намалување на предвремените смртни случаи за 55 проценти до 2030 година“, пишува во извештајот. Сепак, според ЕЕА, потребни се дополнителни напори за да се исполни целта за нула загадување до 2050 година или намалување на загадувањето на воздухот до нивоа што не се штетни за здравјето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-238-iljadi-evropejci-pochinale-vo-2020-godina-kako-posledica-na-zagaduvanjeto-na-vozduhot/feed/ 0
ЕК: Преголем број Европејци сѐ уште погрешно употребуваат антибиотици https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-pregolem-broj-evropejci-s-ushte-pogreshno-upotrebuvaat-antibiotici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-pregolem-broj-evropejci-s-ushte-pogreshno-upotrebuvaat-antibiotici/#respond Thu, 17 Nov 2022 12:42:48 +0000 https://kurir.mk/?p=762390

Европската Комисија објави анализа за употребата на антибиотици во ЕУ, а резултатите сѐ уште не се задоволителни. Утре се одбележува паневропскиот ден на сензибилизација против антибиотици. По овој повод анализата покажува дека преголем број граѓани во ЕУ и натаму веруваат дека антибиотиците убиваат вируси, што е медицински погрешно. Според анкетата 23 отсто од испитаниците употребиле антибиотик во измината година, што е сепак најнизок број од 2009 и покажува подобрување на знаењето на граѓаните. Но, како што посочува Европската Комисија, преостанува уште многу работа на полето на сензибилизацијата. Комисијата алармира повторно дека отпорноста на антибиотици е една од трите најголеми опасности за здравјето на луѓето. За да се надмине проблемот Комисијата повикува на засилена координација меѓу земјите членки на ЕУ. Секоја година во ЕУ, Исланд и Норвешка над 35 илјади луѓе умираат поради инфекции отпорни на антибиотик. Ова значи дополнителен товар од 1,5 милиони ера за здравствените системи во ЕУ. Во овој контекст Европската Комисија најави дека на почетокот на идната година ќе предложи промени на фармацевтското законодавство за справување со овој проблем и препорака до Советот на ЕУ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-pregolem-broj-evropejci-s-ushte-pogreshno-upotrebuvaat-antibiotici/feed/ 0
Истражување: Секој четврти Европеец смета дека неговата финансиска состојба е „несигурна“ Истражување: Секој четврти Европеец смета дека неговата финансиска состојба е „несигурна“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-sekoj-chetvrti-evropeec-smeta-deka-negovata-finansiska-sostojba-e-nesigurna-istrazuvanje-sekoj-chetvrti-evropeec-smeta-deka-negovata-finansiska-sostojba-e-nesigurna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-sekoj-chetvrti-evropeec-smeta-deka-negovata-finansiska-sostojba-e-nesigurna-istrazuvanje-sekoj-chetvrti-evropeec-smeta-deka-negovata-finansiska-sostojba-e-nesigurna/#respond Mon, 07 Nov 2022 14:39:17 +0000 https://kurir.mk/?p=756959

Секој четврти Европеец ја опишува својата финансиска состојба како „несигурна“, повеќе од половината веруваат дека постои сериозен ризик да стане несигурна во наредните месеци, а 80 отсто веќе биле принудени да направат тежок избор при купувањето, покажува истражување. Ипсос за невладината организација Секур Попилер спроведе истражување во шест европски земји – Франција, Германија, Грција, Италија, Полска и Велика Британија за порастот на трошоците за живот поради поскапувањето на енергенсите, инфлацијата и војната во Украина. Од над 6.000 учесници во истражувањето, 54 отсто рекле дека нивната куповна моќ се намалила во последните три години, главно поради зголемувањето на цените на храната, горивото, парното и кириите. Најпогодена земја е Грција, каде 68 отсто од испитаниците изјавиле дека куповната моќ им паднала „многу“ или „донекаде“. Во Франција тој процент е 63 отсто, во Италија 57 отсто, во Германија 54 отсто, во Велика Британија 48 отсто и во Полска 38 отсто, покажува истражувањето. Околу 80 отсто од испитаниците рекле дека веќе морале да направат значителни компромиси – 62 отсто за намалување на патувањеата, 47 отсто за намалување на греењето, 42 отсто за позајмување пари од пријатели или роднини, 40 отсто за наоѓање дополнителна работа и 29 проценти да прескокнете оброк. Повеќето од нив, 64 отсто, рекле дека „често“ или „понекогаш“ не можат да одлучат на што друго да заштедат, бидејќи веќе се откажале од она што можат, 28 отсто од анкетираните остануваат без пари до средината на месецот, а 27 проценти често или понекогаш се плашат дека ќе ја загубат куќата. Во просек, 27 отсто од испитаниците во шесте земји изјавиле дека нивната финансиска или материјална состојба е „неизвесна“ и оти „еден неочекуван трошок може да промени сè“, додека 55 отсто рекле дека мора да внимаваат. Иднината за многумина изгледа уште понеизвесна. Мнозинството Европејци, 55 отсто, рекле дека чувствуваат дека постои висок или значителен ризик да западнат во несигурна финансиска ситуација во наредните месеци, а секој петти смета дека можноста за тоа е многу голема. Најзагрижени се Италијанците (70 отсто) и Грците (68 отсто), потоа Британците (47 отсто) и Французите (42 отсто). Истражувањето покажало дека до 70 проценти, рекле дека морале да ги намалат своите слободни активности, третмани за коса и убавина, како и купување облека за да го зачуваат квалитетот на животот на нивните деца. Речиси половина од родителите (48 проценти) исто така рекле дека редовно јадат помалку за да ги прехранат своите деца, а 66 проценти рекле дека мора да ги ограничат активностите на нивните деца, вклучително и излегувањата и одморите. Во просек, 49 отсто од родителите се загрижени дека нема да можат да ги задоволат потребите на своите деца, а една третина рекле дека повеќе не можат да им обезбедат разновидна исхрана. Истражувањето покажа и големи разлики меѓу земјите во однос на групите кои се најмногу изложени на ризик од сиромаштија – во Германија тоа се пензионери (61 отсто), во Италија млади (57 отсто) и во Велика Британија самохрани родители (55 отсто).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-sekoj-chetvrti-evropeec-smeta-deka-negovata-finansiska-sostojba-e-nesigurna-istrazuvanje-sekoj-chetvrti-evropeec-smeta-deka-negovata-finansiska-sostojba-e-nesigurna/feed/ 0
Клуге: Пандемијата и војната влијаат врз менталното здравје на Европејците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kluge-pandemijata-i-vojnata-vlijaat-vrz-mentalnoto-zdravje-na-evropejcite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kluge-pandemijata-i-vojnata-vlijaat-vrz-mentalnoto-zdravje-na-evropejcite/#respond Wed, 04 May 2022 12:59:14 +0000 https://kurir.mk/?p=671730

Директорот на Светска здравствена организација (СЗО) ЗА Европа, Ханс Клуге денеска изјави дека континентот се наоѓа во важен момент во борбата против проблемите со менталното здравје во текот на пандемијата со Ковид-19 и војната во Украина. – Нашиот регион минува низ далекусежни државни удари и промени. Пандемијата стави фокус на менталното здравје, додека вооружениот конфликт во Украина влијае на менталното здравје на милиони луѓе. Десет недели војна во Украина доведоа до огромна несигурност, тага и загуби, истакна Клуге. Клуге го претстави првиот состанок на Паневропската коалиција за ментално здравје, што ќе поттикне акција на сите нивоа за решавање на занемарените ментални потреби низ Европа. Коалицијата беше лансирана во септември 2021 година и ја сочинуваат 53 земји-членки на СЗО Европа, заедно со меѓународни невладини организации, експерти и луѓе погодени од проблеми со менталното здравје. Според СЗО, повеќе од 150 милиони луѓе во регионот живееле со ментални здравствени проблеми во 2021 година. Само еден човек од тројца со депресија моментално добиваат потребната помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kluge-pandemijata-i-vojnata-vlijaat-vrz-mentalnoto-zdravje-na-evropejcite/feed/ 0
Анализа: Европејците повеќе штедат во време на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analiza-evropejcite-povekje-shtedat-vo-vreme-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analiza-evropejcite-povekje-shtedat-vo-vreme-na-pandemijata/#respond Sun, 21 Feb 2021 09:27:18 +0000 https://kurir.mk/?p=471678

Европејците трошат помалку и штедат повеќе за време на пандемијата на коронавирусот, покажува студијата на Deposit Solutions, финансиска фирма со седиште во Хамбург. Лани на тековните и штедните сметки во еврозоната пристигнало салдо од 585 милијарди евра, се вели во анализата на компанијата. Обемот на заштеди во еврозоната се зголеми за 48 проценти во споредба со 2019 година, кога изнесуваше 395 милијарди евра. Од таа сума, дури 150 милијарди евра им припаѓаат на германските штедачи, покажува истражувањето во кое е нагласено дека има трајно ниски каматни стапки на банкарските депозити. Во Германија, заштедите се зголемија за 37 проценти од претходната година, повеќе отколку во Италија (32 проценти), но помалку отколку во Франција (72 проценти) и Шпанија (38 проценти). Во Велика Британија, која беше анализирана одделно од еврозоната, заштедите пораснаа за 170 проценти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analiza-evropejcite-povekje-shtedat-vo-vreme-na-pandemijata/feed/ 0
Евробарометар: Европејците загрижени поради економијата, сепак веруваат во подобра иднина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrobarometar-evropejcite-zagrizeni-poradi-ekonomijata-sepak-veruvaat-vo-podobra-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrobarometar-evropejcite-zagrizeni-poradi-ekonomijata-sepak-veruvaat-vo-podobra-idnina/#respond Fri, 23 Oct 2020 12:20:02 +0000 https://kurir.mk/?p=419762

Истражувањето на „Евробарометар“, спроведено во периодот обележан со пандемијата Ковид-19, покажува дека Европејците се многу загрижени за економската состојба, но исто така имаат уверување дека ЕУ ќе донесе правилни одлуки кога станува збор за одговор на кризата. Според новиот Евробарометар, спроведен во јули и август, 64 отсто од Европејците сметаат дека економската состојба е „лоша“, а 42 отсто сметаат дека економијата на нивната земја ќе се опорави од негативните ефекти од појавата на вирусот „во 2023 година или подоцна“. Европејците се поделени во однос на мерките што ЕУ ги презеде за борба против пандемијата, но 62 проценти велат дека веруваат дека ЕУ ќе донесе правилни одлуки во иднина, а 60 проценти остануваат оптимисти за иднината на ЕУ. Најмногу оптимизам е регистриран во Ирска (81 отсто), Литванија и Полска (по 75 отсто) и Хрватска (74 отсто). Најниски нивоа на оптимизам се забележани во Грција (44 отсто) и Италија (49 отсто), каде песимизмот го надминува оптимизмот и Франција, каде мислењето е поделено подеднакво (49 отсто наспроти 49 отсто). Повеќе од една третина од испитаниците сметаат дека економската состојба е најитно прашање со кое се соочува ЕУ, што не се случило од економската криза во 2014 година. Кога станува збор за лични искуства за време на периодот на „затворање“ поради вирусот, 30 проценти од Европејците велат дека било „прилично лесно“ да се справат, додека четвртина велат дека било „прилично тешко“ да се справат со него. Поддршката за Економската и монетарната унија и еврото останува висока, при што 75 проценти од испитаниците во еврозоната заговараат единствена валута на ЕУ, додека тој процент на ниво на целата ЕУ е 67 проценти. Мнозинството луѓе во 26-те земји-членки на ЕУ, со исклучок на Италија, велат дека „се чувствуваат како граѓани на ЕУ“, со најголеми оценки во Ирска и Луксембург (по 89 отсто), Полска (83 отсто), Словачка и Германија (по 82 отсто), Литванија (81 отсто), Унгарија, Португалија и Данска (сите 80 отсто).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrobarometar-evropejcite-zagrizeni-poradi-ekonomijata-sepak-veruvaat-vo-podobra-idnina/feed/ 0
Европејците од почетокот на пандемијата трошат помалку и штедат повеќе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropejcite-od-pochetokot-na-pandemijata-troshat-pomalku-i-shtedat-povekje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropejcite-od-pochetokot-na-pandemijata-troshat-pomalku-i-shtedat-povekje/#respond Tue, 28 Jul 2020 14:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=382754

Европејците од почетокот на пандемијата трошат помалку и штедат повеќе Брисел, 28 јули 2020 (МИА) – Реалната потрошувачка на домаќинства по глава на жител во првиот квартал од 2020 година во земјите од еврозоната опадна за три проценти, а во целата Европска унија за 2,9 проценти, објави Евростат. Се наведува дека тоа е периодот кога во сила беа широки мерки за заштита од ширење на Ковид-19 и дека ова е најголем пад на потрошувачката на домаќинствата во ЕУ од 1999 година и почетокот на мерењето на таквата статистика. Евростат наведува дека во истиот период имало зголемување на бруто расположливиот приход кај домаќинствата во еврозоната за 0,9 проценти, а на ниво на ЕУ за 1,2 проценти. Објаснето е дека врз зголемувањето на приходите позитивно влијаело намалувањето на тековните даноци и нето социјалните давачки, но и зголемувањето на социјалната помош на државите. Во првиот квартал на 2020 година, стапката на заштеда на домаќинствата во еврозоната и ЕУ се зголемила за 4,3 проценти во однос на четвртиот квартал од 2019 година. Највисоки зголемувања се забележани во Белгија, Данска и Холандија, а најмали во Полска, Шведска и Чешка. За сите држави членки, освен две, зголемувањето на стапката на заштеда е објаснето со силно намалување на индивидуалните трошоци. Падот на индивидуалната потрошувачка во домаќинствата е најизразен во Италија, Шпанија и Белгија, а потоа следува и Франција. Во исто време, бруто расположливиот приход варирал, зголемувајќи се во Полска, Данска, Чешка, Ирска, Холандија и Финска, а се намалил во Шпанија, Италија, Португалија, Германија и Австрија. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropejcite-od-pochetokot-na-pandemijata-troshat-pomalku-i-shtedat-povekje/feed/ 0
Анкета: Европејците сакаат поголема соработка во Унијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-evropejcite-sakaat-pogolema-sorabotka-vo-unijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-evropejcite-sakaat-pogolema-sorabotka-vo-unijata/#respond Mon, 29 Jun 2020 14:04:44 +0000 https://kurir.mk/?p=365163

Анкета во девет земји од Европската унија покажа широко распространето незадоволство на граѓаните од одговорот на Унијата на кризата со коронавирусот, но и согласност за потребата од посилна европска соработка и чувство дека Европа мора да се потпира на сопствената сила, објави порталот Еуроактив Германија. Истражувањето на „Датапракс“ и „ЈуГов“, во кое беа вклучени 11.000 луѓе во девет земји членки на ЕУ во последната недела од април и првата недела од мај, покажа дека многу Европејци, во просек од 46 проценти, рекоа дека Унијата не е на задачата да одговори на пандемиската криза. Се покажа дека тоа незадоволство е особено изразено во некои земји – 63 отсто од Италијанците и 61 отсто од Французите оценија дека ЕУ не ги исполнува своите задачи. Во исто време, во ниту една од државите опфатени со истражувањето, мнозинството граѓани не беа задоволни од одговорот на ЕУ. Жителите на Португалија имаа најмногу позитивно мислење, каде 36 отсто од учесниците во истражувањето позитивно го оценија однесувањето на ЕУ. Повеќе од половина од Португалците, како и Шпанците, го поддржаа ставот дека ЕУ не е дорасната за задачата. Покрај тоа, многу учесници во анкетата оценија дека ЕУ се покажа како „ирелевантна“ за време на пандемијата. Во Франција, 58 проценти од испитаниците, делумно и експлицитно, го поддржаа ваквиот став, а во Португалија 52 проценти. Повеќето учесници во анкетата оценија дека кризата покажа потреба од посилна соработка во рамките на ЕУ. Во некои земји, вклучително и Португалија, Шпанија и Италија, повеќе од три четвртини од граѓаните (90, 81 и 77 проценти) го делат тој став. Анкетата исто така покажа дека нема голем ентузијазам кај Европејците за спектакуларното враќање на националните влади на политичката сцена. Иако многу влади во кризата презедоа поголеми овластувања, тоа во најголем дел беше придружено со мал ентузијазам, проценуваат авторите на студијата. Во девет европски земји, само 29 проценти од граѓаните изјавиле дека сега имаат поголема доверба во своите влади и дека мислат дека направиле добра работа. Спротивно на тоа, 33 проценти изјавиле дека изгубиле доверба во своите влади и изразија скептицизам во врска со нивните постапки за време на кризата. Во  Данска 60 проценти од граѓаните изјавиле дека имаат доверба во својата влада и изразија задоволство од работата за време на кризата, додека во Франција – 61 процент од испитаниците рекле дека сега имаат помалку доверба во владата и имаат негативно мислење за нејзиното однесување во кризата. Истражувањето ги опфати Бугарија, Данска, Франција, Италија, Германија, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-evropejcite-sakaat-pogolema-sorabotka-vo-unijata/feed/ 0