европол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Jul 2023 09:14:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европол: Прекинат синџир на криумчари на луѓе, 5000 Кубанци поминувале преку илегални патишта низ Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-prekinat-sindhir-na-kriumchari-na-luge-5000-kubantsi-pominuvale-preku-ilegalni-patishta-niz-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-prekinat-sindhir-na-kriumchari-na-luge-5000-kubantsi-pominuvale-preku-ilegalni-patishta-niz-makedonija/#respond Mon, 24 Jul 2023 09:14:50 +0000 https://kurir.mk/?p=859384

Полицијата на пет европски земји го прекина синџирот на шверцери на луѓе кои префрлиле 5.000 кубански мигранти во Европа, преку Србија и Грција. Како што наведува Европол во денешното соопштение, крајната дестинација на тие луѓе била Шпанија. Шверцерите го искористија фактот дека на кубанските граѓани не им е потребна виза за Србија. Уапсени се 62 осомничени. Истрагата откри обемна криминална мрежа која до апсењето оперирала во Србија, Шпанија и Грција. Кај осомничените била пронајдена поголема количина фалсификувани документи што ги користеле мигрантите. Тие влегле легално во Србија, а потоа шверцерите ги префрлиле во Грција, а потоа во Шпанија преку илегални патишта низ Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-prekinat-sindhir-na-kriumchari-na-luge-5000-kubantsi-pominuvale-preku-ilegalni-patishta-niz-makedonija/feed/ 0
Во акција на Европол уапсени 21 лице за експлоатација на жртви на трговија со луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-aktsija-na-evropol-uapseni-21-litse-za-eksploatatsija-na-zhrtvi-na-trgovija-so-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-aktsija-na-evropol-uapseni-21-litse-za-eksploatatsija-na-zhrtvi-na-trgovija-so-luge/#respond Wed, 05 Jul 2023 16:24:42 +0000 https://kurir.mk/?p=853198

Во заеднички акции, кои биле координирани од Европол во средината на јуни, уапсени се 21 лице за трудова експлоатација на жртви на трговија со луѓе, соопшти ова тело на Европската унија. Помеѓу 10 и 17 јуни, Европол координирал заеднички акции наречени ЕМПАКТ, со цел справување со трговијата со луѓе и експлоатација на мигранти за работни цели. Во соопштението се наведува дека во акцијата во која заедно учествувале извршните власти на 31 земја, со поддршка на Евроџаст, Фронтекс и Европската агенција за труд, над 27.000 полицајци извршиле инспекции на вкупно 11.360 локации во повеќе сектори, вклучувајќи гастрономија, земјоделство и индустрија за убавина, особено фокусирајќи се на експлоатација на државјани на земји кои не се членки на ЕУ. Како резултат на инспекцијата, идентификувани се 57 осомничени, приведени се 21 од нив, за трудова експлоатација и идентификувани се 261 жртва. Податоците собрани за време на операцијата доведоа до започнување на 86 нови истраги за да се идентификуваат дополнителни потенцијални осомничени и жртви поврзани со случаи на трговија со луѓе низ ЕУ и во други земји. Операциите биле насочени кон низа сектори, вклучително и преработка на храна и месо, ресторани, услуги за достава на храна, салони за убавина, градежништво, рударство, транспорт и земјоделство, а официјалните лица, исто така, беа насочени кон трудова експлоатација на домаќинките и негуватели на приватните имоти.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-aktsija-na-evropol-uapseni-21-litse-za-eksploatatsija-na-zhrtvi-na-trgovija-so-luge/feed/ 0
Европол: Уапсен е шефот на криминалната група одговорна за измама на стотици пензионери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-uapsen-e-shefot-na-kriminalnata-grupa-odgovorna-za-izmama-na-stotitsi-penzioneri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-uapsen-e-shefot-na-kriminalnata-grupa-odgovorna-za-izmama-na-stotitsi-penzioneri/#respond Fri, 30 Jun 2023 11:54:31 +0000 https://kurir.mk/?p=851217

Полицијата на Германија, Полска и Велика Британија со поддршка на Европол го уапсила шефот на криминалната мрежа одговорна за измама на стотици постари граѓани, соопшти денеска Европол. Како што се наведува, осомничениот шеф на групата е приведен во близина на Лондон, од каде управувал со мрежа на измамници кои главно биле насочени кон германски и полски граѓани. Во исто време, германската полиција изврши претреси на пет локации и заплени повеќе од 160.000 евра во готовина, златни прачки и накит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-uapsen-e-shefot-na-kriminalnata-grupa-odgovorna-za-izmama-na-stotitsi-penzioneri/feed/ 0
Во акција на Европол уапсени 288 лица за илегална трговија на Дарк веб https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-aktsija-na-evropol-uapseni-288-litsa-za-ilegalna-trgovija-na-dark-veb/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-aktsija-na-evropol-uapseni-288-litsa-za-ilegalna-trgovija-na-dark-veb/#respond Tue, 02 May 2023 15:59:43 +0000 https://kurir.mk/?p=829813

Меѓународната акција против илегалната трговија на дарк веб заврши со апсење на 288 лица и заплена на околу 51 милион евра во готовина и криптовалути, соопшти денеска Европол. „Силите за спроведување на законот ја запленија нелегалната платформа (...) и Монополскиот пазар и уапсија 288 осомничени за купување и продажба на дрога на Дарк веб“, се наведува во соопштението на Европската полициска агенција со седиште во Хаг. Дополнително, запленети се 850 килограми дрога и 117 парчиња оружје, додава Европол, што ја координираше меѓународната операција наречена СпекТор во која учествуваа девет земји. Акцијата уследи по операцијата на германската полиција во 2021 година во која беше запленета криминалната инфраструктура на платформата. „Европол ги собра сите информации врз основа на вредните докази што ги обезбедија германските власти“, соопшти полициската агенција. Тие информации „биле основа за стотици национални истраги“, додава агенцијата. Низ повеќе земји на ЕУ беа уапсени повеќе лица - 52 во Германија, десет во Холандија и пет во Франција - но исто така и во Велика Британија (158), САД (55) и еден во Бразил. Меѓу запленетите дроги имало 258 килограми амфетамин, 43 килограми кокаин, 43 килограми МДМА и повеќе од 10 килограми ЛСД и таблети екстази, додава истиот извор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-aktsija-na-evropol-uapseni-288-litsa-za-ilegalna-trgovija-na-dark-veb/feed/ 0
Европол: Организираниот криминал се инфилтрира во европските пристаништа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-organiziraniot-kriminal-se-infiltrira-vo-evropskite-pristanishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-organiziraniot-kriminal-se-infiltrira-vo-evropskite-pristanishta/#respond Wed, 05 Apr 2023 09:41:04 +0000 https://kurir.mk/?p=820447

Криминални групи за шверц на дрога се повеќе се инфилтрираат во европските пристаништа поткупувајќи функционери и тајно внесуваат свои членови во објектите, соопшти денеска европската полициска служба Европол, јави ДПА. Бандите главно користеле контејнерски транспорт за шверц на кокаин во Европската унија. Тие сè повеќе ги користеле дигиталните безбедносни кодови што се наменети за заклучување на контејнерите. Со шифрите, криминалците лесно можат да ги отворат контејнерите и да ја отстранат дрогата скриена внатре. Според Европол, околу 90 милиони контејнери минуваат низ поморските пристаништа на ЕУ, а само дел од нив се проверуваат. Рекордна количина од речиси 200 тони кокаин е запленета на двете главни пристаништа Ротердам во Холандија и Антверпен во Белгија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-organiziraniot-kriminal-se-infiltrira-vo-evropskite-pristanishta/feed/ 0
Европол: Пресретнат бразилски брод со повеќе од 4,6 тони кокаин во вредност од над 150 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-presretnat-brazilski-brod-so-povekje-od-4-6-toni-kokain-vo-vrednost-od-nad-150-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-presretnat-brazilski-brod-so-povekje-od-4-6-toni-kokain-vo-vrednost-od-nad-150-milioni-evra/#respond Wed, 07 Dec 2022 14:17:28 +0000 https://kurir.mk/?p=772312

Бразилски брод со повеќе од 4,6 тони кокаин вреден повеќе од 150 милиони евра бил пресретнат минатата недела од француската морнарица во близина на Сиера Леоне, соопшти денеска Европол. Бродот, што тргнал кон Европа, бил пресретнат на 30 ноември во заедничка операција на Франција, Бразил, Велика Британија и САД, соопшти Европол. – Во тек е истрага за да се утврди кои криминални страни стојат зад овој случај од двете страни на океанот, се додава во соопштението. Агенции на Европската Унија во мај предупредија дека Европа се повеќе станува центар за производство и испорака на кокаин во други региони во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-presretnat-brazilski-brod-so-povekje-od-4-6-toni-kokain-vo-vrednost-od-nad-150-milioni-evra/feed/ 0
ЕВРОПОЛ: Во акција на Балканот уапсени 382 лица, осомничени за трговија со луѓе, дрога и оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-vo-akcija-na-balkanot-uapseni-382-lica-osomnicheni-za-trgovija-so-lugje-droga-i-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-vo-akcija-na-balkanot-uapseni-382-lica-osomnicheni-za-trgovija-so-lugje-droga-i-oruzje/#respond Fri, 04 Nov 2022 17:31:41 +0000 https://kurir.mk/?p=755929

Европол денеска соопшти дека во рамки на меѓународна операција на крајот на минатиот месец биле уапсени 382 лица, осомничени за трговија со дрога, луѓе и оружје, кои главно дејствувале на Балканот и во Југоисточна Европа. Сто педесет и девет од уапсените се осомничени за трговија со мигранти, 112 за трговија со дрога, 38 за трговија со огнено оружје и двајца за трговија со луѓе, соопштија од Европол во врска со операцијата во која учествувале полициските служби на 28 земји. Регистрирани се 2.500 нелегални влегувања на територијата на Европската унија и запленети се 106 парчиња огнено оружје. Запленети се и 304 килограми хероин, 147 килограми канабис и 1,3 килограми кокаин. Балканската рута преку која илјадници транспортни возила влегуваат на територијата на Европската унија, активно се користи за илегална трговија со луѓе, огнено оружје и дрога до европските земји, посочуваат од Европол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-vo-akcija-na-balkanot-uapseni-382-lica-osomnicheni-za-trgovija-so-lugje-droga-i-oruzje/feed/ 0
Меѓународна акција за сузбивање криминал во Југоисточна Европа: Во Македонија запленети злато, оружје, дрога и пари – откриени вкупно 389 мигранти (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/megjunarodna-akcija-za-suzbivanje-kriminal-vo-jugoistochna-evropa-vo-makedonija-zapleneti-zlato-oruzje-droga-i-pari-otkrieni-vkupno-389-migranti-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/megjunarodna-akcija-za-suzbivanje-kriminal-vo-jugoistochna-evropa-vo-makedonija-zapleneti-zlato-oruzje-droga-i-pari-otkrieni-vkupno-389-migranti-foto/#respond Sun, 30 Oct 2022 10:06:44 +0000 https://kurir.mk/?p=752604

Во рамки на Заедничките акциски денови на Европол во периодот од 26 до 29 октомври, беше спроведена меѓународна акција „Акциски денови– JAД 2022 – Југоисточна Европа“ за спречување на недозволена трговија со огнено оружје и муниција, недозволена трговија со дрога и сузбивање на прекуграничен криминал и илегална миграција. Во операцијата покрај Република Северна Македонија учествуваа повеќе земји од регионот и земји членки на Европска унија, додека на граничните премини беа присутни и претставници од Фронтекс. Во нашата земја се вршеа зајакнати селективни контроли при влез и излез на граничните премини на патници, автобуси, патнички и товарни моторни возила. Освен полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во спроведувањето на акцијата учество зедоа и царински службеници од Царинската управа на Република Северна Македонија, преку своите мобилните тимови. Носител на акцијата во Министерството за внатрешни работи, беше Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, а учество во реализацијата зедоа полициски службеници од повеќе надлежни организациски единици, како што се организиран и сериозен криминал, гранични работи, криминалистичко разузнавање и анализа, меѓународна полициска соработка, како и Секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Струмица, Битола и Охрид. Притоа, беше извршена контрола и преглед на 858 селектирани лица, 437 патнички возила, 10 товарни возила и 22 автобуси. При извршените прегледи, како и извршените 20 претреси на повеќе локации низ државата, при што се лишени од слобода 13 лица за понатамошна постапка. Пронајдени се осум пушки, три пиштоли различни марки и калибар, како и по еден гасен, сигнален и пневматски пиштол, 356 парчиња муниција различен калибар, рамка за пиштол, 91 парче пиротехнички средства, 2,5 килограми висококвалитетен златен накит, 1,5 килограм наркотична дрога марихуана, 360 семки од растението „канабис“, поголем број различни пакувања и зипер кесиња со прашкаста материја, два метални детектори за откривање на метал во земја, 286 метални монети и накит од постаро време, 50.000 евра како и поголем износ на денари во различни апоени идр. За време на акцијата, откриени се вкупно 389 мигранти од кои 202 од Сирија, 80 од Авганистан, 34 од Мароко , 23 од Конго, 17 од Пакистан, осум од Палестина...
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/megjunarodna-akcija-za-suzbivanje-kriminal-vo-jugoistochna-evropa-vo-makedonija-zapleneti-zlato-oruzje-droga-i-pari-otkrieni-vkupno-389-migranti-foto/feed/ 0
Европол: Осомничени поврзани со тероризам патуваат во ЕУ преку Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-osomnicheni-povrzani-so-terorizam-patuvaat-vo-eu-preku-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-osomnicheni-povrzani-so-terorizam-patuvaat-vo-eu-preku-zapaden-balkan/#respond Fri, 15 Jul 2022 08:24:38 +0000 https://kurir.mk/?p=705532

Осомничени поврзани со тероризам патуваат во ЕУ користејќи ги услугите на криминалните мрежи за криумчарење мигранти, се предупредува во Извештајот за тероризам на Европол. Во извештајот се додава дека тие рути го вклучуваат источниот Медитеран, влезот во Грција од Турција и натаму патувања преку Западен Балкан до ЕУ. Како што беше нагласено, осомничените терористи или насилните екстремисти, вклучително и поединци кои се враќаат од бојното поле, користат лажни документи добиени од криминални структури за да патуваат до или низ ЕУ. Се наведува дека во 2021 година до Европол бил пријавен само еден насилен инцидент потенцијално поврзан со џихадизмот во Западен Балкан. Се појаснува дека албански државјанин е уапсен под обвинение за тероризам, откако со нож избодел пет лица во џамија во Тирана. Во текот на судењето, насилникот бил сместен во психијатриска болница. „Методите кои се користат за радикализација или регрутирање следбеници во регионот го одразуваат сложеното политичко сценарио во земјите од Западен Балкан, каде прашањата поврзани со етничкиот и верскиот идентитет се комбинираат со економските и социјалните тешкотии“, се вели во овој документ објавен на нивната официјална веб-страница, пренесе порталот RTCG. Се вели дека радикализираните и екстремистичките групи во регионот се обично мали, лабаво организирани и водени од поединци кои се прифатени од членовите на групите како верски афторитети. „Според оценката на земјите од Западен Балкан, салафистичките групи и поединци кои се залагаат за ултра-конзервативни и екстремистички толкувања на исламот остануваат главни двигатели на радикализацијата во регионот. Во салафистичките заедници, забележано е дека проповедниците активни во „паралелни џамии“ и на неформални собири промовираат насилство, додека повратниците од Сирија и другите конфликтни области продолжија да шират џихадистички идеологии“, се вели во извештајот. Неколку земји од Западен Балкан, како што се наведува, го потврдија трендот забележан во претходните години дека некои екстремистички групи се претставуваат како невладини организации (НВО) кои работат во хуманитарни цели. „Во оваа позиција, тие собираат донации кои потоа се насочени кон поддржувачи или симпатизери на радикалните исламистички идеологии. Во некои случаи, овие групи воспоставија врски со мигрантските заедници кои потекнуваат од Западен Балкан во земјите на ЕУ. Неколку осомничени се вратија во 2021 година од конфликтните области на земјите од Западен Балкан“, се наведува во извештајот на Европол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-osomnicheni-povrzani-so-terorizam-patuvaat-vo-eu-preku-zapaden-balkan/feed/ 0
Европол: Опасноста од тероризам во ЕУ останува висока https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-opasnosta-od-terorizam-vo-eu-ostanuva-visoka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-opasnosta-od-terorizam-vo-eu-ostanuva-visoka/#respond Wed, 13 Jul 2022 09:52:09 +0000 https://kurir.mk/?p=704384

Опасноста од тероризам во Европската унија останува висока и покрај намалениот број на напади, се наведува во последниот извештај на Европол. Во извештајот за состојбата и трендот на тероризмот на ЕУ за 2022 година (EU Terrorism Situation & Trend Report 2022 TE-SAT 2022), кој Европол го претстави денеска во Хаг, се наведува дека опасноста првенствено доаѓа од поединечни сторители со џихадистичко потекло и од екстремно десничарски екстремисти. Според експертите, Европа е загрозена и од ефектите од војната во Украина и од противниците на мерките за спречување на пандемијата на коронавирус. – Наодите од TE-SAT 2022 потврдуваат дека тероризмот сè уште претставува реална и присутна опасност за ЕУ, изјави извршната директорка на Европол, Кетрин Де Боле. – Во време на геополитички промени, ЕУ треба да продолжи повеќе од кога било со своите антитерористички мерки. Европол ќе продолжи тесно да соработува со своите партнери за да одговори на предизвиците што претстојат“, додаде таа. Во 2021 година, истражителите во земјите на ЕУ регистрираа 15 терористички напади, вклучувајќи неуспешни и спречени обиди. Според извештајот, ова е значително помалку од 57-те напади во претходната година. Околу 388 осомничени беа уапсени, две третини за осомничени дела за тероризам на џихадистите во Австрија, Франција и Шпанија. Во 2020 година имало 449 апсења, во 2019 година 723. Според извештајот, терористичката пропаганда распространета на интернет во 2021 година продолжила да ги одразува темите поврзани со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropol-opasnosta-od-terorizam-vo-eu-ostanuva-visoka/feed/ 0