европрајд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Sep 2022 13:38:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европрајд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ХАОС ВО БЕЛГРАД: Судири помеѓу противниците на „Европрајд“ и полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-belgrad-sudiri-pomegju-protivnicite-na-evroprajd-i-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-belgrad-sudiri-pomegju-protivnicite-na-evroprajd-i-policijata/#respond Sat, 17 Sep 2022 13:38:19 +0000 https://kurir.mk/?p=734144

Противниците на одржување „Европорајд 2022“ во Белград денеска се судрија со српската полиција во близина на Собранието. Инцидентот почнал кога противниците почнале да фрлаат со шишиња врз автомобилите, ги пцуеле новинарските екипи и се расправале со полицијата. Според порталот „Нова.рс“ помеѓу противниците бил и расчинетиот монах Антониј, кој со шише го погодил во стомак снимателот на Н1. Нападот е пријавен во полиција. Полицијата во повеќе делови од Белград уапси десетици луѓе, меѓу кои и расчинетиот монах Антониј. Медиумите јавуваат и за повеќе повредени лица. Организаторите на „Европрајд“ изјавија дека и покрај забраната нема да го откажат настанот. Тие ги повикаа учесниците да почнат да се собираат во 16 часот, но групи противници на маршот од утрово се собираат во мали групи во центарот на Белград. Порталот „Нова.рс“ објави дека по дипломатските напори во преговорите меѓу Европска Унија и кабинетот на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, постигнат е договор според кој ќе биде дозволено одржување на „Европрајд“. „Постигнато е компромисно решение со кое ќе се овозможи „Европрајд“, по заложбите на еврокомесарката за еднаквост Хелена Дали во нејзиниот личен ангажман за време на преговорите со премиерката“, објави „Нова.рс“. Дали е во Белград, како и бројни претставници од ЕУ како поддршка на овогодишниот „Европрајд“и остварувањето на правата на ЛГБТК плус заедницата во Србија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-belgrad-sudiri-pomegju-protivnicite-na-evroprajd-i-policijata/feed/ 0
Српското МВР ја забрани Парадата на гордоста, организаторите најавија дека сепак ќе шетаат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskoto-mvr-ja-zabrani-paradata-na-gordosta-organizatorite-najavija-deka-sepak-kje-shetaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskoto-mvr-ja-zabrani-paradata-na-gordosta-organizatorite-najavija-deka-sepak-kje-shetaat/#respond Tue, 13 Sep 2022 14:40:58 +0000 https://kurir.mk/?p=732237

Министерството за внатрешни работи на Србија ја забрани Парадата на гордоста, прошетка во рамките на Европрајд 2022, која беше закажана за сабота, 17 септември, јави дописникот на МИА од Белград. Координаторот на Европрајд во Белград, Горан Милетиќ изјави дека го добиле решението на МВР и дека организаторите ќе поднесат жалба на таа одлука. – Денеска во 14:15 часот добивме известување од МВР дека не се дозволува прошетката и во решението е наведено дека причината за забраната е безбедноста. Тоа е се што знаеме во моментов. Нашиот правен тим веќе почна да подготвува претставка до полицијата. Ова е прва претставка која се поднесува во рок од 24 часа, изјави Милетиќ за Нова.рс. Тој додаде дека организаторите не се откажуваат од прошетката „без разлика на се“. – Прошетката мора да се случи и нема причина да се забрани. Забранета е всушност рутата по која планиравме да одиме, а не самото пешачење, објасни тој. Тој вчера рече дека нема законски услови за забрана на планираната прошетка и дека одлуката за нејзина забрана би била неуставна и незаконска. Претседателот на Србија Александар Вучиќ во саботата, по седницата на Советот за национална безбедност, изјави дека за одлуката за одржување на прошетката е надлежно МВР и дека одлуката ќе ја донесе навремено. Тој тогаш посочи дека организаторите имаат на располагање правни средства, меѓу кои е и жалба до МВР и во управен спор пред судот. „Загрижени сме за безбедносната ситуација и ја гледаме тешката ситуација во која се наоѓа земјата“, рече Вучиќ. Во Белград вчера беше отворена манифестација Европрајд 2022, во рамки на која е предвидена меѓународната конференција за човекови права и голем број странски гости, дипломати, претставници на странски влади, ќе бидат организирани и голем број изложби, активистички, едукативни, културни и забавни настани, а „Неделата на гордоста“ во Белград предвидено е да заврши во сабота, на 17 септември, со прошетка на учесниците. Како што изјави вчера Милетиќ, доколку има забрана, тие сигурно ќе пешачат бидејќи организаторите не можат да им кажат „не можеш“. – А ако кажам „немој“, тие ќе излезат и тоа ќе биде протест, рече Милетиќ, наведувајќи дека тогаш ќе се забрани форматот, односно нема да има шетање како секоја година, туку тоа ќе стане протест. Во пресрет на одржувањето на Европрајд 2022, десничарските партии и коалиции во Србија започнаа агресивна кампања против Европрајд, повикувајќи на откажување на настанот. Таквата атмосфера се прелеа од политичката арена на улиците, каде што можеа да се забележат и графити на омраза. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskoto-mvr-ja-zabrani-paradata-na-gordosta-organizatorite-najavija-deka-sepak-kje-shetaat/feed/ 0
Патријархот Порфириј се изјасни за откажувањето на Европрајд во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-porfirij-se-izjasni-za-otkazuvanjeto-na-evroprajd-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-porfirij-se-izjasni-za-otkazuvanjeto-na-evroprajd-vo-belgrad/#respond Tue, 06 Sep 2022 17:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=729560

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфириј го поддржа откажувањето на Европрајд, чие одржување беше најавено во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. -Оваа тема ни е вештачки наметната и е тотално против вредносниот систем на нашиот народ, како и на нашите браќа и сестри од други религии и народи со кои живееме. За ова директно ми посведочеа претставници на традиционалните Цркви и верски заедници. Затоа, откажувањето на оваа манифестација го сметам за правилно, се вели во соопштението на Порфириј објавено на веб-страницата на СПЦ. Тој изјави дека во душата на православните христијани е всадено учењето на црквата, изразено веќе на првите страници на Библијата, каде што пишува дека „Бог го создаде човекот како два пола, како машки и женски, што значи дека бракот и семејството, од почетокот на светот до денес и до крајот на светот и векот, е дефинирано како заедница на љубов на маж и жена со нивните деца“. -Целосно ја разбираме фундаментално оправданата голема загриженост на нашиот народ кој во грубото промовирање и наметнување на политики и идеологии кои имаат за цел да ги уништат столбовите на кои со векови се гради нашиот идентитет, да направат сè да биде кревко, релативно и флуидно, да се почувствува длабоко и систематско загрозување на сите фундаментални вредности на кои им е верен со векови, особено на светињата на бракот и семејството, напиша Порфиј. „Од овие причини, неколку пати во директен разговор со највисоките претставници на државата ги презентиравме причините поради кои сметаме дека е неопходно и оправдано да се откаже од Европрајд“, додаде тој. Патријархот на СПЦ исто така изјави дека црквата е „против секаква форма на насилство, јавно жигосување и прогон на кој било“. -Злото не се лечи и не се победува со насилство, туку на тој начин само се множи, се вели во изјавата на Порфириј. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-porfirij-se-izjasni-za-otkazuvanjeto-na-evroprajd-vo-belgrad/feed/ 0
Блинкен ја повикува Србија да остане доследна на одлуката да биде домаќин на Европрајд 2022 година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blinken-ja-povikuva-srbija-da-ostane-dosledna-na-odlukata-da-bide-domakjin-na-evroprajd-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blinken-ja-povikuva-srbija-da-ostane-dosledna-na-odlukata-da-bide-domakjin-na-evroprajd-2022-godina/#respond Wed, 31 Aug 2022 08:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=726481

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен ја повика Србија да дозволи одржување на Европрајд. Тој на Твитер напиша дека „слободата на мирен собир и изразување е суштинска компонента на здрава демократија“. - Ја повикуваме Србија да остане доследна на одлуката да биде домаќин на Европрајд 2022 година. ЛГБТКИ+ правата се човекови права, подвлече Блинкен. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Европрајд треба да биде одложен или откажан, додека Владата на Србија соопшти оти во овој момент не постојат услови за безбедно одржување. Европрајд требаше да се одржи од 12 до 18 септември во Белград. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blinken-ja-povikuva-srbija-da-ostane-dosledna-na-odlukata-da-bide-domakjin-na-evroprajd-2022-godina/feed/ 0