европратеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 09:49:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европратеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Група од 76 европратеници бараат итен прекин на огнот во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grupa-od-76-evropratenitsi-baraat-iten-prekin-na-ognot-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grupa-od-76-evropratenitsi-baraat-iten-prekin-na-ognot-vo-gaza/#respond Fri, 27 Oct 2023 09:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=893719

Вкупно 76 европратеници испратија заедничко писмо до лидерите на Европската комисија и Советот на ЕУ со кое бараат од нив „да се заложат за итен прекин на огнот“ во Газа за да се овозможи хуманитарен пристап до цивилното население. - Ви се обраќаме со ова итно писмо со цел да ја изразиме нашата најголема загриженост во врска со хуманитарната ситуација во Газа и да ве повикаме на вашата должност да преземете итна акција на ЕУ со цел да се спречи катастрофа, се наведува во писмото адресирано до претседателите на Европскиот совет и на Еврокомисијата, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен и до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. Во писмото, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се апелира на „отстранување на целосната блокада“ и „непречен хуманитарен пристап“ до Газа. - Ние долупотпишаните членови на Европскиот парламент, очекуваме од Вас, како претставници на ЕУ, да преземете решителна акција за заштита на човечките животи и меѓународното хуманитарно право, се заклучува во писмото потпишано од 32 европратеници од групата на Зелените, 19 од групата Левица, 13 од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), деветмина од либералната група Да ја обновиме Европа и шестмина членови на ЕП кои не се членови на ниту една од пратеничките групи. Во заклучоците од Самитот на ЕУ, што вчера и денеска се одржува во Брисел, во делот за случувањата на Блискиот Исток се посочува дека Европскиот совет ја повторува својата изјава од 15 октомври за „најсилно можно изразување на осуда на Хамас за неговите брутални и неселективни терористички напади низ Израел“ и се додава дека „употребата на цивили како жив штит од страна на Хамас претставува особено жално злосторство“. - Европскиот совет силно го нагласува правото на Израел да се брани во согласност со меѓународното право и меѓународното хуманитарно право. Советот го повторува својот повик до Хамас веднаш да ги ослободи сите заложници без никакви предуслови. Европскиот совет ја повторува важноста да се обезбеди заштита на сите цивили во секое време во согласност со меѓународното хуманитарно право и изразува жалење за сите загуби на цивилни животи. Европскиот совет ја разгледа состојбата на теренот и ги следи различните насоки на дејствување, вклучително и заедничките напори за помош на граѓаните на ЕУ, се додава во заклучоците. Во делот од документот поврзан со хуманитарната состојба во Газа, Европскиот совет изразува „сериозна загриженост за влошувањето на хуманитарната ситуација“ и повикува на континуиран, брз, безбеден и непречен хуманитарен пристап на помошта до сите оние на кои им е потребна „преку сите неопходни мерки, вклучувајќи и хуманитарни коридори и хуманитарни паузи“. Во заклучоците се додава и дека ЕУ тесно ќе соработува со партнерите во регионот за да ги заштити цивилите, да обезбеди помош и да го олесни пристапот до храна, вода, медицинска нега, гориво и засолниште, обезбедувајќи таквата помош да не биде злоупотребена од терористичките организации. - Европскиот совет потсетува на потребата да се избегне регионална ескалација и се ангажира со партнерите за ова прашање, вклучително и со палестинската управа. Европската Унија е подготвена да придонесе за заживување на политичкиот процес врз основа на решението за две држави, вклучително и преку напорите за Денот на мирот и ги поздравува дипломатските иницијативи за мир и безбедност и го поддржува претстојното одржување на меѓународната мировна конференција. Европскиот совет ја нагласува потребата за борба против ширењето на дезинформации и илегални содржини и ја нагласува правната одговорност на платформите во овој контекст, се додава во делот од заклучоците од Самитот на ЕУ во врска со настаните на Блискиот Исток. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grupa-od-76-evropratenitsi-baraat-iten-prekin-na-ognot-vo-gaza/feed/ 0
Европратениците ја критикуваа реториката на Белград и побараа санкции за Србија и за Курти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropratenitsite-ja-kritikuvaa-retorikata-na-belgrad-i-pobaraa-sanktsii-za-srbija-i-za-kurti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropratenitsite-ja-kritikuvaa-retorikata-na-belgrad-i-pobaraa-sanktsii-za-srbija-i-za-kurti/#respond Wed, 04 Oct 2023 09:55:45 +0000 https://kurir.mk/?p=885012

Пратениците од Европскиот парламент доцна синоќа порачаа дека е потребна непристрасна истрага за вооружениот конфликт на северот на Косово и дека одговорните треба да бидат изведени пред лицето на правдата, ја критикуваа реториката на Белград и побараа санкции за Србија, како и за косовскиот премиер Албин Курти поради застојот на дијалогот, а повикаа и на зајакнување на единиците КФОР во северно Косово, јави допсиникот на МИА од Белград. Шпанскиот државен секретар за прашања на ЕУ, Пасквал Наваро Риос, повика во име на ЕУ да се запрат непријателствата меѓу Србија и Косово, остро го осуди нападот во Бањска и побара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата. - Советот е загрижен затоа што недостигаат напори од двете страни да се намалат тензиите на северно Косово и ЕУ е подготвена да преземе соодветни мерки, во случај да не биде постигнат напредок во дијалогот, вклучително и одржувањето на предвремените локални избори на Косово, изјави Риос. Европскиот комесар за управување со кризи, Јанез Ленарчич, истакна дека операцијата во Бањска е без преседан, конфискуваната количината на оружје е огромна што предизвикува загриженост, ситуацијата е исклучително сериозна и ја повика Србија на соработка за да се спречи шверцот со оружје. Косово и Србија треба да се воздржат од активности кои можат да доведат до ескалација, рече тој и додаде дека ЕУ е загрижена за реториката од Белград во оваа прилика, како и за прогласувањето ден на жалост. - Тој изрази загриженост за зајакнувањето на воените сили на југот на Србија, пред локалните избори на северот на Косово и порача дека Косово треба конструктивно да соработува. Сакам да ги потсетам двете страни дека нивниот пат кон ЕУ е преку дијалог и нормализација и дека секоја понатамошна ескалација лошо ќе се одрази на тој процес, но и на стабилноста на регионот, заклучи Ленарчич. Пратеникот во Европскиот парламент и известувач за Србија, Владимир Билчик, истакна дека е потребна вистинска истрага и изведување на одговорните пред лицето на правдата, и да двете страни сносат одговорност што поскоро да се вратат на дијалогот, додавајќи дека треба да биде јасно дека со враќањето на Албин Курти на власт, дијалогот е отежнат и стагнира, наместо да напредува. Одговорност на Белград е да ни ги претстави вистинските факти. Не ни треба површно доделување на вината, туку стабилизација на Балканот. Тоа е она што и пречи на Путинова Русија, рече Билчик. Пратеникот во Европскиот парламент Тонино Пицула истакна дека овој напад е доказ за континуирани тензии кои постојано се на работ на ескалација и предложи можност да се запре финансирањето на инфраструктурните проекти. Некои пратеници сметаат дека е срамота што ЕУ од САД дознала дека Србија трупа војска на југот на Србија, како и тоа што Ленарчич е пред пратениците наместо високиот претставник Жозеп Борел и Мирослав Лајчак. Некои од нив предложија и Лајчак да размисли за оставка, бидејќи нема резултати. Бројни пратеници го критикуваа српскиот претседател Александар Вучиќ, изјавувајќи дека тој го загрозил мирот и стабилноста „притискајќи го копчето“ за ескалација, играјќи си со оган и го обвинија дека го направил истото како Слободан Милошевиќ во раните 1990-ти, односно Владимир Путин со анексијата на Крим. Треба да покажеме решителност, што не спречува да воведеме казнени мерки против Србија, порачаа пратениците барајќи од Европската комисија и Советот на ЕУ да преземат мерки. Мал број пратеници во Европскиот парламент укажаа дека нема смисла Косово да се интегрира во ЕУ бидејќи не е независна држава, дека е неопходно да се формира Заедница на српски општини и да се поддржат низа меѓународни конвенции кои гарантираат посебни статусот на малцинските заедници.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropratenitsite-ja-kritikuvaa-retorikata-na-belgrad-i-pobaraa-sanktsii-za-srbija-i-za-kurti/feed/ 0
Европратениците предлагаат кривично гонење на корисниците на сексуални услуги https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-predlagaat-krivichno-gonene-na-korisnitsite-na-seksualni-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-predlagaat-krivichno-gonene-na-korisnitsite-na-seksualni-uslugi/#respond Thu, 14 Sep 2023 12:44:57 +0000 https://kurir.mk/?p=878050

Европскиот парламент денеска со 234 гласа „за“, 175 „против“ и 122 „воздржани“ усвои Извештај со кој се бара преземање мерки од страна на ЕУ за справување со последиците од проституцијата, со кои меѓу другото се предлага и кривично гонење на корисниците на сексуални услуги. Во Извештајот се посочува дека проституцијата има влијание врз родовата еднаквост и правата на жените, како и дека асиметријата помеѓу националните правила за проституција во ЕУ води до зголемен број на жртви на трговија со луѓе за сексуална експлоатација и создава плодна почва за организиран криминал. - Земјите членки треба да го преоценат постојното законодавство за да се избегнат какви било пропусти што би им дозволиле на криминалците да дејствуваат неказнето, додека Комисијата треба да развие заеднички насоки на ЕУ кои ќе ги гарантираат основните права на луѓето вклучени во проституцијата, се наведува во Извештајот. Во документот се додава и дека проституцијата и сексуалната експлоатација постојат затоа што има побарувачка за нив, па затоа „намалувањето на побарувачката е клучно за спречување и намалување на трговијата со луѓе и тоа мора да се направи на начин што нема да им се наштети на оние кои се занимаваат со проституција“. Со извештајот се бара преземање мерки и против рекламите на интернет што директно или индиректно поттикнуваат проституција и соработка на полицијата и другите агенции за спроведување на законот со социјалните и медицинските служби и невладините организации во справување со трговијата со луѓе и сексуалната експлоатација и во заштита на жените вклучени во проституцијата. - Лицата кои се занимаваат со проституција се соочуваат со постојана закана од полициски и судски прогон и се маргинализирани и стигматизирани, што често ја попречува нивната намера да бараат правда, се додава во извештајот, во кој се апелира за овозможување на нивни целосен пристап до висококвалитетни здравствени и социјални услуги и до правосудниот систем. Но, предлогот за кривично гонење на корисниците на сексуални услуги не наиде на подршка на сексуалните работници и организациите што поддржуваат целосна декриминализација на проституцијата, кои апелираа до европратениците да го отфрлат Извештајот. Според нив, идејата за гонење на корисниците на сексуални услуги не ги штити правата на жените и другите ангажирани во сексуалната работа. Тие оценуваат дека Извештајот е „пристрасен и штетен“ и бараат да се усвои „пристап заснован на почитување на човековите права“, со кој би се декриминализирале сите аспекти на сексуалната работа. Според нив, гонењето на корисниците на сексуални услуги ќе ја поттикне илегалната проституција и ќе придонесе за помала безбедност за сексуалните работници. Европарламентот на денешното продолжение на овонеделната септемвриска сесија со 366 гласови „за“, 186 „против“ и 18 „воздржани“ даде зелено светло за старт на преговорите со Советот на ЕУ за реформа на пазарот на електрична енергија во Унијата, чија примарна цел е заштитата на потрошувачите од нестабилните цени на струјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-predlagaat-krivichno-gonene-na-korisnitsite-na-seksualni-uslugi/feed/ 0
Европратениците одобрија зголемување на производството на муниција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-odobrija-zgolemuvane-na-proizvodstvoto-na-munitsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-odobrija-zgolemuvane-na-proizvodstvoto-na-munitsija/#respond Thu, 01 Jun 2023 17:50:49 +0000 https://kurir.mk/?p=841313

Европратениците денеска го одобрија предлог-законот за зголемување на производството на муниција во Европската унија со цел да се вратат резервите и да се забрза испораката во Украина. Законот за „поддршка за производство на муниција“ беше усвоен со 446 гласа „за“, 67 против и 112 воздржани, на мини-пленарната седница во Брисел. На почетокот на мај, Европската комисија го претстави тој план, кој вклучува 500 милиони евра за зајакнување на капацитетот за производство на муниција во ЕУ на еден милион проектили годишно. Тоа треба да овозможи кофинансирање на инвестициите на индустријалците за зголемување на производството на нивните фабрики во ЕУ. Според комесарот за индустрија Тиери Бретон, заедно со финансирањето на земјите членки, инвестицискиот капацитет би бил една милијарда евра. Европратениците кои одлучија да ја спроведат итната процедура за усвојување на тој закон, сега треба да почнат преговори со Советот на ЕУ (земјите членки) за постигнување договор, и да одат на конечно усвојување на пленарна седница во јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-odobrija-zgolemuvane-na-proizvodstvoto-na-munitsija/feed/ 0
Европратениците ќе гласаат за забрана на употреба на технологија за препознавање лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-ke-glasaat-za-zabrana-na-upotreba-na-tehnologija-za-prepoznavane-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-ke-glasaat-za-zabrana-na-upotreba-na-tehnologija-za-prepoznavane-litsa/#respond Wed, 10 May 2023 10:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=832642

Иницијативата за забрана на употреба на технологија за препознавање лица, позната и како „Големиот брат“, на улиците на земјите од ЕУ ќе биде ставена на тест утре за време на клучното гласање во Европскиот парламент. Амандманот е дел од пакетот предлози за првите закони во светот за вештачка интелигенција, според кои компаниите би можеле да бидат казнети до 10 милиони евра или отстранети од трговијата во рамките на ЕУ доколку ги прекршат правилата, објави „Гардијан“. Меѓутоа, се очекува на забраната да се спротивстават група европратеници од десниот центар, кои сметаат дека биометриското скенирање треба да се користи за борба против сериозни злосторства како што е тероризмот. Утре пред собраниската комисија ќе се најде измената на членот 5 од предложениот Закон за вештачка интелигенција, со кој се забранува употреба на камери за следење на луѓето околу продавниците, на улиците, во парковите или на други јавни места. Амандманот им забранува на компаниите да користат вештачка интелигенција за да идентификуваат поединци преку споредување на лица од камери за надзор со фотографии што корисниците ги објавуваат на Инстаграм, Фејсбук и други социјални мрежи. Друг амандман ја забранува употребата на таканареченото „емоционално препознавање“, кое би можело да им овозможи на компјутерските системи да препознаат кога некој е уморен, поради загриженоста дека тоа би можело да биде злоупотребено. Таков надзор веќе постои во делови од Кина и го користи сообраќајната полиција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-ke-glasaat-za-zabrana-na-upotreba-na-tehnologija-za-prepoznavane-litsa/feed/ 0
Европратеници бараат сослушување за новиот сопственик на „Твитер“ Илон Маск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenici-baraat-soslushuvanje-za-noviot-sopstvenik-na-tviter-ilon-mask/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenici-baraat-soslushuvanje-za-noviot-sopstvenik-na-tviter-ilon-mask/#respond Tue, 08 Nov 2022 19:51:41 +0000 https://kurir.mk/?p=757661

Европратениците од центристичката група „Да ја обновиме Европа“ денеска побараа мултимилијардерот Илон Маск да биде сослушан во Европскиот парламент за да се дознае повеќе за неговите намери како нов сопственик на социјалната мрежа „Твитер“ и да се потсети на неговите обврски. -Иако сè уште не знаеме целосно кои се намерите на новиот сопственик на „Твитер“, неговите досегашни изјави и постапки предизвикуваат загриженост, напиша групата, која е трета по големина во Европскиот парламент, во писмо до претседателката на ЕП Роберта Мецола. -Постојат добри причини да се верува дека сегашните стандарди на „Твитер“ би можеле да бидат ослабени во време кога борбата против мешањето во изборите, дезинформациите и говорот на омраза е поважна од кога било досега, се вели во писмото потпишано од потпретседателката на групата Дита Чаразнова и европратеничката Софи ин’т Велд. Пратеничката група бара од претседателката на ЕП Роберта Мецола да го повика Илон Маск на сослушување во Европскиот парламент за да го потсети на неговите обврски според регулативите на ЕУ и Кодексот на добра практика од 2022 година во врска со дезинформациите. -Без оглед на одлуките на Маск, нашето мото ќе остане: Нашт континент, наши правила. Треба да бидеме сигурни дека „Твитер“ ќе продолжи да дејствува против дезинформациите и говорот на омраза, напиша претседателот на групата Стефан Сежурне. Најбогатиот човек на светот на 28 октомври го презеде управувањето со „Твитер“ кој го купи за 44 милијарди долари и веднаш го распушти одборот на директори, отпушти менаџери и половина од 7.500 вработени.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenici-baraat-soslushuvanje-za-noviot-sopstvenik-na-tviter-ilon-mask/feed/ 0
Ќе се зборува и за Македонија: Европратениците ќе дебатираат за односите со Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-zboruva-i-za-makedonija-evropratenicite-kje-debatiraat-za-odnosite-so-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-zboruva-i-za-makedonija-evropratenicite-kje-debatiraat-za-odnosite-so-zapaden-balkan/#respond Tue, 18 Oct 2022 14:55:17 +0000 https://kurir.mk/?p=747127

Утре попладне, европратениците со Комисијата ќе дебатираат и ќе ги проценат односите на ЕУ со Западен Балкан во светло на напредокот кон членството во ЕУ, јави дописникот на МИА од Стразбур. Комесарот за европска соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, оваа недела пред европратениците во Комисијата за надворешни работи ги презентираше анализите и прогнозите на Комисијата за европската политика за проширување во контекст на тешка геополитичка ситуација. Евалуацијата, исто така, ќе го опфати влијанието на претпристапното финансирање, состојбата со владеењето на правото во земјите пристапнички и други фундаментални реформски прашања. На утрешната пленарна дебата, европратениците се очекува да го поздрават официјалниот почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија минатиот јули и се очекува да ја повикаат ЕУ да го либерализира визниот режим за Косово. Тие, исто така, треба да побараат од Србија да се усогласи со рестриктивните мерки на ЕУ против Русија. Црна Гора и Србија соодветно ги започнаа преговорите во 2012 и 2014 година, додека Босна и Херцеговина и Косово се потенцијални кандидати. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-zboruva-i-za-makedonija-evropratenicite-kje-debatiraat-za-odnosite-so-zapaden-balkan/feed/ 0
Европратениците не го прифатија отчетот на буџетот на Фронтекс за 2020 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenicite-ne-go-prifatija-otchetot-na-budzetot-na-fronteks-za-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenicite-ne-go-prifatija-otchetot-na-budzetot-na-fronteks-za-2020-godina/#respond Tue, 18 Oct 2022 14:08:09 +0000 https://kurir.mk/?p=747106

Европскиот парламент одби да ги одобри сметките на Агенцијата за крајбрежна и гранична стража на ЕУ (фронтекс) и  на Советот за 2020 година и притоа ги одобри тие на Европскиот економски и социјален комитет, јави дописникот на МИА од Стразбур. За препораката на Комисијата за буџетска контрола да се одбие одобрувањето на Фронтекс, гласаа 345 европратеници гласаа, 284 гласаа против препораката и 8 беа воздржани. Европратениците го критикуваат „обемот на сериозно недолично однесување“ на претходниот извршен директор на агенцијата, кој поднесе оставка на 28 април по објавувањето на извештајот на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ). Агенцијата не успеа да ги заштити основните права на мигрантите и барателите на азил и, наводно, била вмешана во незаконско враќање на најмалку 957 бегалци меѓу март 2020 година и септември 2021 година, вели Парламентот. Пратениците, исто така, истакнаа дека се шокирани од самоубиството на вработен во Агенцијата, „во врска со наводните практики на сексуално вознемирување“, и забележуваат дека во рамките на „Агенцијата во 2020 година се пријавени 17 случаи на сексуално вознемирување, од кои 15 не добиле никаква разврска и биле класирани. Парламентот го поздравува именувањето на новиот привремен извршен директор во јули 2022 година, веќе преземените или планираните корективни активности и позитивните промени во однос на основните права. Тие, исто така, го поздравуваат новиот стил на управување на Агенцијата, кој се стреми да ја направи безбедно место „каде полицајците не се плашат да покренат евентуални неправилности“. Оттаму додаваат дека проблемите на Агенцијата би можеле да бидат од подлабок структурен карактер, надвор од недостатоците на одредени поединци. Оваа точка беше покрената од многу европратеници за време на пленарната дебата за одговорноста на Фронтекс за прекршување на основните права на надворешните граници на ЕУ. Многу други европратеници во исто време се изјаснија за одобрување, истакнувајќи ги реформите кои се во тек и постигнатиот напредок во исполнувањето на сите услови што ги побара Парламентот во претходниот извештај за отпуштање. Европратениците жалат што Фронтекс не успеа да спроведе некои од условите наведени во претходните извештаи на Парламентот за прифаќање на буџетот . Тие особено бараат поддршката на Фронтекс за активностите поврзани со враќањето во Унгарија веднаш да се прекине, со оглед на состојбата на владеењето на правото во земјата. Што се однесува до Грција, тие се особено загрижени од неодамнешните откритија дека поранешното раководство на Фронтекс било свесно за незаконските враќања и дека ги поддржувало и учествувало во нивното финансирање. Европратениците бараат од Комисијата да се погрижи тоа да не се повтори. Со посебно гласање, Парламентот го одобри отчетот на Европскиот економски и социјален комитет, откако првично го одложи во мај минатата година. Како што беше случај повеќе од десет години, европратениците одбија да му дадат ослободување на Советот, со оглед на недостатокот на соработка од институцијата.  Европскиот парламентот има ексклузивно право да одобри како телата на ЕУ го спроведуваат својот буџет, донесувајќи одлука за одобрување, одложување или одбивање на отчетот. Како орган за ослободување, Парламентот бара од европските институции да одговорат за тоа како ги трошат јавните средства. За време на постапката за ослободување, Парламентот ја потврдува законитоста, регуларноста и стабилното финансиско управување, а исто така го проценува степенот до кој засегнатата институција придонесе за постигнување на политичките цели на ЕУ и работеше во согласност со вредностите на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenicite-ne-go-prifatija-otchetot-na-budzetot-na-fronteks-za-2020-godina/feed/ 0
Бугарски историчари и филолози ќе убедуваат европратеници дека тоа што го прави Бугарија кон Македонија е исправно https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarski-istorichari-i-filolozi-kje-ubeduvaat-evropratenici-deka-toa-shto-go-pravi-bugarija-kon-makedonija-e-ispravno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarski-istorichari-i-filolozi-kje-ubeduvaat-evropratenici-deka-toa-shto-go-pravi-bugarija-kon-makedonija-e-ispravno/#respond Fri, 03 Jun 2022 08:54:45 +0000 https://kurir.mk/?p=686029

Бугарски историчарите и филолози ќе заминат за Стразбур, со мисија да ги убедат европратениците во „исправноста на бугарската позиција во спорот меѓу Република Бугарија и Република Македонија“, објави софиски „Стандард“. – Ова патување доаѓа многу доцна. Две години предлагам да одиме со проф. Пламен Павлов и проф. Ана Кочева во европските метрополи и да убедуваме. Пред две години кога се појави овој спор беше поинаку. Сега овој спор буквално врие – ќе пукне во секој момент и затоа, иако е предоцна, добро е да се направи тоа, изјави археологот Николај Овчаров во гостување во емисијата „Бугарија наутро“ на Бугарија Он Ер. Според него, Бугарија прави огромен компромис бидејќи „го признава македонскиот идентитет“, додека земјава треба само „да ја признае бугарската историја до 1944 година“. – Бугарија не сака ништо невообичаено од Република Северна Македонија. Има некои многу јасни работи од кои Северна Македонија мора да се откаже. Пред се, тоа е јазикот на омраза, манипулации и фалсификување. Од друга страна, не можеме да ги игнорираме десетиците, па дури и стотиците илјади луѓе кои имаат бугарски идентитет. Крајно време е јасно и недвосмислено да им кажеме на европратениците, на сите институции во Брисел и Стразбур, дека вистината е една и не може да се гази, бидејќи тоа е спротивно на европските универзални вредности, вели Павлов. Тој вели дека тие сакаат да извршат притисок и врз бугарската страна, бидејќи, според него, влада во Софија има „прилично колеблив став“. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarski-istorichari-i-filolozi-kje-ubeduvaat-evropratenici-deka-toa-shto-go-pravi-bugarija-kon-makedonija-e-ispravno/feed/ 0
Група европратеници ќе ги проверуваат наводите за корупција во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grupa-evropratenici-kje-gi-proveruvaat-navodite-za-korupcija-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grupa-evropratenici-kje-gi-proveruvaat-navodite-za-korupcija-vo-bugarija/#respond Mon, 11 Apr 2022 07:16:38 +0000 https://kurir.mk/?p=661118

Делегација на Комитетот за буџетска контрола на Европскиот парламент денеска почнува тридневна посета на Бугарија, соопшти ЕП. Како што јави дописникот на МИА од Софија, европратениците ќе ги испитаат наводите за корупција и злоупотреба на јавните средства и како тие влијаат врз финансиските интереси на ЕУ. Во делегацијата се Томаш Здечовски (ЕПП, Чешка), Цветелина Пенкова (С&Д, Бугарија), Софија ин’т Велт (Рењу, Холандија), Виола фон Крамон-Таубадел (Зелени / ЕСА, Германија), Јоаким Кус (ИД, Германија) , Ришард Чарнецки (EQF, Полска) и Андреј Новаков (ЕПП, Бугарија) како придружен член. Делегацијата ќе има средби со различни бугарски граѓански организации, истражувачки новинари, како и со високи државни и владини претставници директно или индиректно вклучени во администрацијата и управувањето со европските фондови во Бугарија, вклучително и министерствата за финансии, внатрешни работи и за земјоделство, како и како и Обвинителството, Националното собрание на Бугарија, Извршната агенција одговорна за ревизија на фондовите на ЕУ, Националната канцеларија за ревизија и Националната асоцијација на општини во Бугарија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grupa-evropratenici-kje-gi-proveruvaat-navodite-za-korupcija-vo-bugarija/feed/ 0