европратеник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Feb 2023 10:45:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европратеник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски со жесток одговор кон Јорданов кој ги навредуваше Македонците: Тоа што сте европратеник не ви го дава правото на непочитување, акт на нецивилизираност е што казнувате цела држава поради вашите историски фрустрации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-so-zhestok-odgovor-kon-jordanov-koj-gi-navreduvashe-makedontsite-toa-shto-ste-evropratenik-ne-vi-go-dava-pravoto-na-nepochituvane-akt-na-netsiviliziranost-e-shto-kaznuvate-tsela-drzhava-pora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-so-zhestok-odgovor-kon-jordanov-koj-gi-navreduvashe-makedontsite-toa-shto-ste-evropratenik-ne-vi-go-dava-pravoto-na-nepochituvane-akt-na-netsiviliziranost-e-shto-kaznuvate-tsela-drzhava-pora/#respond Tue, 07 Feb 2023 10:44:50 +0000 https://kurir.mk/?p=797207

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека тоа што Александар Јорданов е европратеник не му дава право за непочитување кон Македонија. „Го прочитав европратеникот Александър Йорданов и неговото гледање на моите позиции и ставови, неговите навреди кон Македонија и фалсификувањето на историјата и негирањето на македонската нација. Секако ова тврдење доаѓа по ползувањето на дипломатските придобивки кој како амбасадор на Бугарија ги уживаше во Скопје и Македонија при што луѓето кои го познаваат знаат да речат дека често пати со исклучителна љубов и почит говорел за нашето гостопримство. Тогаш за разлика од сега не му сметаше дека зема плата поради неговиот престој во Република Македонија каде постои Македонски народ. Е сега да одговорам малку околу суштината... Тоа што сте член на Европскиот Парламент не ви го дава правото на непочитување кон Македонија и постојаните фалсификати, историски и политички за кои говорите и ги произведувате. Кога говорите за Гоце Делчев можам само да благодарам на мудроста на вашите претходници и бугарски политичари кои ја испочитуваа желбата на големиот македонски херој и ги предадоа моштите во единственото слободно парче македонска почва, денешна Република Македонија. Тоа беше акт на бугарската почит кон македонскиот херој Делчев. Но за жал не пропуштате ниту миг да го изгнасите и нивниот чекор на пријателство, и нашето природно право слободно да се повикуваме и да го славиме неговото дело. Никој не ви го спори правото да го почитувате Гоце Делчев, доколку сакате. Но почитувајте го во целост и она што вистински бил. Македонец кој се борел за слободна Македонија. Го сфаќам и вашето неоправдано его и зголемена агресивност која ја црпите од молчаливоста и попустливоста на оваа македонската влада кон сите ваши глупости, лаги и измами. И тука можам да кажам дека тоа е наша македонска работа за која ние внатре во државата дебатираме и ќе се разбереме, но додека чкртате навреди кон мојот народ и Македонија да ви кажам што е цивилизирано, а што не. Има ли поголем акт на нецивилизираност да казнувате цела држава и цел еден народ поради вашите историски фрустрации кон Македонија? Цивилизираност ли е да доставите цела листа на барање кои водат кон доброволно самоукинување на македонскиот народ и држава? Цивилизирано ли е што еден европратеник како вас има навреди кон соседната држава со речник кој е недостоен и исполнет со патолошко и компулсивно лажење. Тоа што сте член на Европскиот Парламент не ве прави поголем европеец од нас Македонците коишто отсекогаш тежнееле и биле дел од заедничката прозападна идеја, туку ја зголемува вашата одговорност да се придржувате до цивилизираното однесување кое отсуствува во вашето делување. И друг пат пред се дрзнете да квалификувате цел народ и земја, треба да знаете дека темелите на оваа македонска држава се и илинденски и антифашистички. Како народ никогаш не сме војувале против соседите, никогаш не сме правеле сојузи со фашистите и никогаш, ама баш никогаш не сме го барале туѓото. Сме имале почит кон другите народи. Запомнете Македонија е слободарска држава која секогаш била на исправната страна на историјата“, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-so-zhestok-odgovor-kon-jordanov-koj-gi-navreduvashe-makedontsite-toa-shto-ste-evropratenik-ne-vi-go-dava-pravoto-na-nepochituvane-akt-na-netsiviliziranost-e-shto-kaznuvate-tsela-drzhava-pora/feed/ 0
Мицкоски оствари средба со европратеникот и шеф на делегацијата на партијата Лега, Марко Кампоменоси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-evropratenikot-i-shef-na-delegacijata-na-partijata-lega-marko-kampomenosi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-evropratenikot-i-shef-na-delegacijata-na-partijata-lega-marko-kampomenosi/#respond Mon, 28 Jun 2021 11:26:44 +0000 https://kurir.mk/?p=528903

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, денеска во рамки на работната посета на Брисел, остварија средба со Марко Кампоменоси, пратеник во Европскиот парламент и шеф на делегацијата на партијата Лега на Матео Салвини во Европскиот парламент. Мицкоски со Кампоменоси разговараа за продлабочување на односите помеѓу двете партии и држави, а по што истакна и дека Македонија сакајќи напредок мора да остане на евроинтеграцискиот пат. -На средбата Мицкоски истакна дека критериумите за отпочнување на преговорите со ЕУ се исполнети уште во 2009 година, а она што е ново за жал е спорот со Бугарија, кој се појави во време кога Зоран Заев е премиер, кој пак тврдеше дека ги затворил сите отворени прашања, а еве гледаме денес за жал токму тој спор претставува непреминлива пречка. И покрај тоа што Македонија има сериозни проблеми со растечкото ниво на корупција, сиромаштијата, и недостатокот на реформи во образованието и здравството, кои што беа главни ветувања на Заев и не ги оствари, сепак сме во Брисел за да побараме одблокирање на Македонија, истакна Мицкоски на средбата, се наведува во соопштението од партијата. Тој кажа и дека владата наместо да троши време на самосожалување и политика на неоправдано умилкување кон источниот сосед потребно е да се искористат сите конекции и сериозни познанства со Брисел за одлобкирање на европскиот пат на Македонија. На планот на продлабочување на односите помеѓу двете партии, претседателот Мицкоски го покани претседателот на Лега, Матео Салвини, да ја посети Македонија и со чест и задоволство би биле домаќини на истиот. Престојот продолжува со присуство на парламентарното собрание на Европската народна партија, од кое дел се сите центар десни партии во Европа, како ЦДУ на Ангела Меркел, ХДЗ од Хрватска, Народната партија од Шпанија, Модерати од Шведска и многу други партии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-evropratenikot-i-shef-na-delegacijata-na-partijata-lega-marko-kampomenosi/feed/ 0
СКАНДАЛ ВО БРИСЕЛ: 25 мажи имале „ковид оргија“, меѓу нив европски дипломати и европратеник! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-brisel-25-mazi-imale-kovid-orgija-megju-niv-evropski-diplomati-i-evropratenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-brisel-25-mazi-imale-kovid-orgija-megju-niv-evropski-diplomati-i-evropratenik/#respond Tue, 01 Dec 2020 14:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=437027

Бриселската полиција утрово соопшти дека открила и спречила „ковид оргија“ во кафуле во центарот на градот, помеѓу учесниците повеќе европски дипломати и еден европратеник, јави дописничката на МИА од Брисел. Дваесет и пет лица учествувале во оргијата во кафуле близу полициската станица во центарот на градот, информираа властите. Идентитетот на европските дипломати како и идентитетот на пратеникот од Европскиот Парламент не се откриваат од страна на полицијата, но познато е дека пратеникот се обидел да побегне кога влегла полицијата во објектот. Според весникот ДХ, кој ја обелодени информацијата, полициски извор изјавил „налетавме на огромен генг бенг“. Пронајдени се алкохол, дроги, а сите присутни се казнети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-brisel-25-mazi-imale-kovid-orgija-megju-niv-evropski-diplomati-i-evropratenik/feed/ 0
Полскиот кандидат за комесар не ги задоволи европратениците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polskiot-kandidat-za-komesar-ne-gi-zadovoli-evropratenicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polskiot-kandidat-za-komesar-ne-gi-zadovoli-evropratenicite/#respond Wed, 02 Oct 2019 06:58:45 +0000 https://kurir.mk/?p=246855

Јануш Војчеховски, полскиот кандидат за комесар назначен на ресорот земјоделство, не ги убеди европските пратеници. Тие бараат од него дополнителни писмени одговори пред да се произнесат за неговата кандидатура. Војчеховски беше сослушан од двете надлежни парламентарни комисии – земјоделство и животна средина – но голем број пратеници оценија дека неговите одговори беа премногу општи и нејасни за да можат веднаш да го потврдат на функцијата еврокомесар за земјоделство. Социјалдемократите прифатија да му дадат втора шанса и да му испратат серија дополнителни писмени прашања, додека Либералите размислуваат да побараат второ сослушување. Полскиот кандидат, освен за неговиот ресор, доби прашања и за истрагата на европското антикорупциско тело, ОЛАФ, кое пред неколку дена се произнесе во корист на Војчеховски. Претседателот на комисијата за земјоделство на Европскиот Парламент, Норберт Линс, на Твитер порача дека “одговорите на Војчеховски не беа јасни според мене, не сакам само да дискутирам, сакам да видам дела за нашите земјоделци“. Војчеховски се заложи дека ќе објави импакт студија за последиците на трговските спогодби врз земјоделството во ЕУ, еден од приоритетите на Европскиот Парламент, посебно по контроверзиите околу последниот договор со земјите од Јужна Америка (Меркосур). Околу можноста за ренационализација на Заедничката земјоделска политика, кандидатот одговори дека е “отворен за размена за да се изнајде решение“. Испрашан и за ограничувањето на финансиската помош за земјоделците, Војчеховски одговори дека е за повеќе флексибилност за да можат самите земји членки да одлучуваат. Европската Комисија до сега бараше задолжително ограничување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polskiot-kandidat-za-komesar-ne-gi-zadovoli-evropratenicite/feed/ 0
И европратеникот Милан Звер се истури врз Хан: Зошто молчиш за злоупотребата на судството од Владата на Заев? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-evropratenikot-milan-zver-se-isturi-vrz-han-zoshto-molchish-za-zloupotrebata-na-sudstvoto-od-vladata-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-evropratenikot-milan-zver-se-isturi-vrz-han-zoshto-molchish-za-zloupotrebata-na-sudstvoto-od-vladata-na-zaev/#respond Wed, 21 Nov 2018 20:29:51 +0000 https://kurir.mk/?p=130578

И европратеникот од Словенија, Милан Звер, истера мајтап со еврокомесарот Јоханес Хан, откако Австриецот побара ни помалку, ни повеќе, туку „гласно објаснување“ од унгарскиот премиер Виктор Орбан за азилот на Никола Груевски. Звер на својот Твитер профил напиша: „Како може премиерот Орбан да ја објасни одлуката (за азил на Н. Груевски, н.з.) ако тоа е по сите основи правно прашање, а не политичко?“, напиша Звер, фрлајќи на тој начин сомнеж и врз наводните заложби на Хан за правна држава, за почитување на правото кај членките на ЕУ, додека истовремено бара од политичар, како Орбан, да му објаснува, односно да му се правда за правна одлука на надлежните органи во Унгарија. Звер не застанува само тука, па на својот Твитер профил напиша и: „Исто така изненадува што Европската комисија не покажа интерес за злоупотреба на судството и за спроведување на законот за политички цели од страна на Владата на Заев. #двојнистандарди“ Ова е уште обвинување кон Хан (но и вооопшто кон ЕК на Јункер), кој изгледа, како му се приближува крајот на мандатот, тотално го загуби компасот, уривајќи го на тој начин кредибилитетот на ЕУ до крајни граници. Инаку, Звер е потпретседател на Демократската партија на Словенија, чиј претседател е Јанез Јанша. Тој е европратеник, а бил член на Владата на Словенија од 2004 до 2008 година.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-evropratenikot-milan-zver-se-isturi-vrz-han-zoshto-molchish-za-zloupotrebata-na-sudstvoto-od-vladata-na-zaev/feed/ 0