европска централна банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Mar 2022 19:18:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европска централна банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕЦБ ги зголеми проценките за инфлацијата во еврозоната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-gi-zgolemi-procenkite-za-inflacijata-vo-evrozonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-gi-zgolemi-procenkite-za-inflacijata-vo-evrozonata/#respond Thu, 10 Mar 2022 19:18:43 +0000 https://kurir.mk/?p=645098

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ги зголеми проценките за инфлација во еврозоната, најавувајќи дека може да ги прекине монетарните стимулации во третиот квартал, и покрај проценките дека руско-украинскиот конфликт негативно ќе влијае на економијата. ЕЦБ сега проценува дека инфлацијата ќе биде повеќе од двојно повеќе од овогодишната цел од два отсто и би требало да остане над тоа ниво следната година, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард на прес-конференција. За оваа година банката проценува дека во просек ќе изнесува 5,1 отсто, што е значително повеќе од проектираните 3,2 отсто на декемвриската седница. Во 2023 година би требало да падне на 2,1 отсто и да биде за 0,3 процентни поени повисока од прогнозата во декември. За 2024 година, проектираната стапка на инфлација е зголемена за 0,1 процентен поен, на 1,9 отсто. Руско-украинската војна „значително ќе влијае на економската активност и инфлацијата преку повисоки цени на енергијата и стоките, нарушување на меѓународната трговија и послабата доверба“, предупреди Лагард. Степенот на тоа влијание ќе зависи од развојот на конфликтот, влијанието на сегашните санкции и можните дополнителни мерки, додаде таа. Лагард сепак рече дека Управниот совет на ЕЦБ „верува дека има се поголеми шанси инфлацијата да се стабилизира на целта од два проценти на среден рок“. Банката денеска ја намали прогнозата за раст на економијата на еврозоната во оваа година за половина процентен поен на 3,7 отсто. Прогнозата за следната година е намалена за 0,1 процентен поен, на 2,8 отсто, додека за 2024 година е потврдена на 1,6 отсто. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-gi-zgolemi-procenkite-za-inflacijata-vo-evrozonata/feed/ 0