Европска инвестициска банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Mar 2023 08:24:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Европска инвестициска банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потпретседателката на ЕИБ доаѓа во Скопје за да потпише грант за пречистителната станица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelkata-na-eib-doaga-vo-skopje-za-da-potpishe-grant-za-prechistitelnata-stanitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelkata-na-eib-doaga-vo-skopje-za-da-potpishe-grant-za-prechistitelnata-stanitsa/#respond Wed, 22 Mar 2023 08:24:27 +0000 https://kurir.mk/?p=814804

Потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова денеска доаѓа во земјава за да потпише грант за пречистителната станица во Скопје. Павлова во интервју за МИА открива дека станува збор за најголем грант досега од ЕУ доделен за Северна Македонија според Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и дека со него се комплетира финансирањето на проектот, заедно со заемите од ЕИБ и ЕБОР. - Овој еколошки проект е дел од Економскиот и инвестицискиот план и зелената агенда со цел да се забрза зелената транзиција и да се овозможат подобри услови за живот за околу 500.000 луѓе. Имплементацијата треба да започне наскоро, по завршување на фазата на набавка, вели Павлова во интервјуто кое подоцна ќе биде објавено во целост. Потпишувањето на договорот ќе биде во Клубот на пратеници, а на него најавено е присуство на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и евроамбасадорот Дејвид Гир. Во интервјуто зборуваме со Павлова и за тоа колку е сигурен банкарскиот сектор по случувањата во Силиконската долина и Credit Suisse и кога може да очекуваме олабавување на монетарната политика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelkata-na-eib-doaga-vo-skopje-za-da-potpishe-grant-za-prechistitelnata-stanitsa/feed/ 0
Пакет од 1,5 милијарда евра за Украина од Европска инвестициска банка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/paket-od-1-5-milijarda-evra-za-ukraina-od-evropska-investiciska-banka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/paket-od-1-5-milijarda-evra-za-ukraina-od-evropska-investiciska-banka/#respond Thu, 15 Sep 2022 11:07:49 +0000 https://kurir.mk/?p=733176

Европската инвестициска банка (ЕИБ) во соработка со Европската Комисија ги испратија првите транши помош за Украина од вкупниот износ од 1,59 милијарди евра, јави дописничката на МИА од Брисел. Овие пари се испраќаат во рамките на итната солидарна помош за Украина, поддржана со гаранција на ЕУ и во соработка со Европската Комисија. Првата транша изнесува 500 милиони евра за покривање на финансиските потреби на краток рок, како поправање на оштетените инфраструктури и поддршка за државните компании за патишта и железници. Од Европската Комисија изјавија дека поправањето на железниците, мостовите и патиштата ќе помогне да продолжат луѓето, стоките и житото да се движат, посебно со оглед на важноста на Украина во извозот на житарици во светот. Наредните транши ќе бидат исплатени во следните денови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/paket-od-1-5-milijarda-evra-za-ukraina-od-evropska-investiciska-banka/feed/ 0
Отворање на канцеларија на Европската инвестициска банка во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/otvoranje-na-kancelarija-na-evropskata-investiciska-banka-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/otvoranje-na-kancelarija-na-evropskata-investiciska-banka-vo-skopje/#respond Mon, 30 May 2022 05:41:18 +0000 https://kurir.mk/?p=683229

Инвестициските и развојни планови за земјата и клучните цели поврзани со отворањето на локалната канцеларија на Европската инвестициска банка ќе бидат претставени денеска во Скопје на настан по повод официјалното отворање на Канцеларијата во Скопје. На настанот, како што е најавено ќе се обратат потпретседателката на на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова, премиерот Димитар Ковачевски,министерот за финансии Фатмир Бесими и евроамбасадорот Дејвид Гир. Европска инвестициона банка (ЕИБ) е непрофитна финансиска институција на Европската унија (ЕУ), со седиште во Луксембург, формирана во 1958 година со Римскиот договор. Нејзина основна задача е да придонесе кон интеграција, балансиран развој и социјална и економска кохезија на земјите членки на ЕУ, додека почнувајќи уште од 1963 година, ЕИБ во согласност со европската политика за соработка и помош во развојот одобрува заеми и на земји кои не се членки на ЕУ. Со потпишувањето на Протоколот 3 за финансиска соработка на Спогодбата за соработка меѓу Република Македонија и Европската заедница во 1997 година, ЕИБ за прв пат почна да ѝ доделува заеми на Република Северна Македонија како суверен заемопримач. Соработката е зајакната во април 2008 година со потпишување на Рамковната спогодба со ЕИБ за регулирање на активностите на ЕИБ во Република Северна Македонија, со што се отворија нови можности за реализација на проекти од области кои се од клучно значење за Република Северна Македонија. Активностите на ЕИБ се фокусираат главно на четири приоритетни области, и тоа – иновации и вештини; пристап до финансии за малите претпријатија; инфраструктура и животна средина и климатски промени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/otvoranje-na-kancelarija-na-evropskata-investiciska-banka-vo-skopje/feed/ 0