европска недела на мобилност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Sep 2023 10:59:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европска недела на мобилност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аеродром ја одбележа Европската недела на мобилност https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-ja-odbelezha-evropskata-nedela-na-mobilnost/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-ja-odbelezha-evropskata-nedela-na-mobilnost/#respond Sat, 23 Sep 2023 10:59:51 +0000 https://kurir.mk/?p=880953

Со велосипедско дефиле на кејот на Вардар и паркот „Авион“, стотици ученици и наставници заедно со вработените од Општина Аеродром и партнерски организации на општината, го одбележаа последниот ден од Европската недела на мобилност. Изминатите денови, сите училишта и градинки на територијата на општината организираа и земаа учество во активностите чија примарна цел беше подигнувањето на свеста за користење алтернативни средства за превоз и зачувување на животната средина, но и промовирање здрави навики и физички активен живот кај младите. Учениците учеа за сообраќајните правила и прописи што треба да се почитуваат кога се движат со велосипед или тротинет, за процесот на одржување и поправање на велосипедите, предностите кои овој вид на превоз ги нуди и низ интеракција и забавни полигони ја испратија пораката до пошироката јавност за потребата од водење здрав и активен живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-ja-odbelezha-evropskata-nedela-na-mobilnost/feed/ 0
Општина Битола е дел од Европската недела на мобилност https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-e-del-od-evropskata-nedela-na-mobilnost/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-e-del-od-evropskata-nedela-na-mobilnost/#respond Fri, 22 Sep 2023 12:33:04 +0000 https://kurir.mk/?p=880755

Со низа настани во кои се вклучени повеќе институции и организации, во Битола се одбележува Европската недела на мобилност, во чии рамки се промовира користењето на алтернативни видови на превоз, а пред се велосипедизмот и пешачењето. Во соработка со општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, општинскиот совет за превенција на детско престапништво, вклучување на учениците од битолските гимназии, но и со поддршка на останатите учесници, локалната самоуправа, ја потенцира својата активна заложба за подобрување на инфраструктурата и изградба на тротоари и велопатеки преку кои ќе се создадат потребните услови за поголемо користење на велосипед, но и зголемена безбедност за пешаците, како учесници во сообраќајот. Во оваа насока и со цел одржлива мобилност, градоначалникот Коњановски, нагласи дека општина Битола за првпат е проектно подготвена за изградба на тротоари и вело патеки во должина од над 5 километри. „Општина Битола ги поддржува сите активности: на локалниот совет за безбедност во сообраќајот, советот за превенција од детско претстапништво, како и другите учесници во рамките на Европската недела на мобилност. Тука сме да дадеме поддршка на сите овие настани, затоа што Битола, навистина е желна за вакви настани и манифестации со кои ќе дадеме целосен придонес за безбедност во сообраќајот, поддршка за пешаците и велосипедистите. Во таа насока се и сите активности кои ги преземаме и како локална самоуправа и со проектот кој го предложивме до Советот на општина Битола за велосипедските патеки. И тоа не се само велосипедски патеки, туку и реконструкција на тротоарите. Тоа е во склоп на се она што градот го бара, зошто да напоменеме дека сите имавме иста заложба и во предизборието и сега, дека на градот му треба многу подобра организираност во делот на сообраќајот, се разбира во соработка со МВР, а со тоа да обезбедиме и простор за пешаците и велосипедистите,“ изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Активни учесници во одбележувањето на Европската недела на мобилност, се УКЛО и останатите соработници: СВР Битола, Народна техника Битола, ИМКА Битола, Велосипедски клуб Пелистер 15 МАЈ, Црвен крст Битола, Општинските совети: за безбедност на сообраќајот на патишта и за превенција од детско претстапништво, Националната мрежа за спорт и млади, во соработка со училишни сообраќајни единици од основци и средношколци од повеќе битолски училишта, потпомогнати од јавните претпријатија Стрежево и Комуналец. Меѓу поддржувачите и учесниците на настанот беа Македонско-Американската алумни асоцијација, Europe House Bitola Podcast Corner и Американското катче Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-e-del-od-evropskata-nedela-na-mobilnost/feed/ 0
Општина Кисела Вода ја одбележува Европската недела на мобилност https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-ja-odbelezhuva-evropskata-nedela-na-mobilnost/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-ja-odbelezhuva-evropskata-nedela-na-mobilnost/#respond Wed, 20 Sep 2023 12:46:31 +0000 https://kurir.mk/?p=879901

Во рамки на Европската недела на мобилност вчера во паркот „Шопен“ во Кисела Вода се одвиваше настан со еколошки потпис. -Со поддршка од Општина Кисела Вода и во организација на Здружението на граѓани „Eco Logik“, заедно со Europe house се одржа работилница „Вело родео“, која на креативен  начин ја пренесе годинашната порака на манифестацијата „Движи се рационално, штеди енергија“, информираат од Општина Кисела Вода. На настанот учествуваа механичари и уметници, кои  им дадоа можност на учесниците да ги поправат или разубават своите велосипеди. Најмладите уживаа во дружењето, унапредувајќи ги своите велосипедски вештини. Промовирањето на велосипедизам во насока на здрав концепт на живеење и заштита на животната средина беше дополнето и со работилница со лего коцки. -Општина Кисела Вода ќе продолжи со поддршка и промоција на вакви и слични настани кои ги мотивираат граѓаните да применуваат современи еколошки практики со цел да се намали негативниот ефект врз животната средина, велат од Општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-ja-odbelezhuva-evropskata-nedela-na-mobilnost/feed/ 0
Општина Аеродром ја одбележува Европската недела на мобилност https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-ja-odbelezhuva-evropskata-nedela-na-mobilnost/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-ja-odbelezhuva-evropskata-nedela-na-mobilnost/#respond Wed, 20 Sep 2023 08:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=879773

Со објавување на повикот за доделување субвенции за електрични тротинети и велосипеди, како и низа активности во детските градинки и основни училишта, Општина Аеродром е една од шесте општини од Македонија кои се вклучија во одбележување на Европската недела на мобилност, која традиционално се одбележува секоја година во текот на септември. Целта на годинешното одбележување на Европската недела на мобилност е полесно и подлабоко да се разбере културата на одржливост и мобилност со активности кои се организираат во повеќе од 3500 општини и градови во светот, поттикнувајќи ги луѓето да пешачат, користат велосипеди и јавен транспорт. Изминатите неколку денови во детските градинки и основните училишта, дечињата зедоа учество во различни активности кои имаа цел да го подигнат знаењето и свеста за алтернативните начини на превоз и зачувување на животната средина. Овие активности продолжуваат и во текот на денешниот и следните денови. Во рамки на Европската недела на мобилност традиционално секоја година се организира Светскиот ден без автомобили, во чии рамки ќе биде организирано и велосипедско дефиле во Општина Аеродром. -Подигнувањето на свеста и одржувањето на здрава и чиста животна средина е високо во приоритетите на Општина Аеродром, а токму проектот „Смарт Аеродром“ кој го најавивме пред неколку месеци има  цел да поттикне поголема мобилност и употреба на велосипедите, електричните тротинети и јавниот превоз. Паралелно со ова, а во насока на зачувување на чистата и здрава животна средина, Општина Аеродром во континуитет врши замена на постојните со фасади со енергетска ефикасност во училиштата и детските градинки и веќе втора година по ред се имплементира проектот „Clean AirDrom“, поддржан од Европската унија кој има за цел да воспостави систем за примарна селекција на отпадот во Аеродром, велат од општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-ja-odbelezhuva-evropskata-nedela-na-mobilnost/feed/ 0
Заштедете енергија – и гледајте зелени филмови! https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zashtedete-energija-i-gledajte-zeleni-filmovi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zashtedete-energija-i-gledajte-zeleni-filmovi/#respond Fri, 15 Sep 2023 14:09:56 +0000 https://kurir.mk/?p=878449

По повод одбележување на Европската недела на мобилност, која се одржува на тема „Заштедете енергија“ од 16 до 22 септември, Младинското кино на ЕУ: Green Deal претставува тематски соодветни филмови. Училишните паралелки се поканети во кино додека секој може бесплатно да проследи неколку филмови од зелената програма Европската недела на мобилност е најважна кампања на Европската комисија фокусирана на подигнување на свеста за одржлива мобилност. Иницијативата, која се смета за движечка сила за климатски и напредни транспортни промени, расте во популарност: само минатата година официјално учествуваа речиси 3.000 градови и населени места од над 50 земји. Овогодинешното мото „Заштедете енергија“ има цел да ја намали потрошувачката на енергија преку промовирање еколошки транспортни решенија и мотивирање и инспирација на луѓето да прифатат поактивен животен стил.

Свртете го филмот за Европската недела на мобилност

Мултикултурното транснационално EU Youth Cinema: Green Deal, координирано во Северна Македонија од невладината организација Go Green Скопје, ја поддржува овогодинешната Европска недела на мобилност со атрактивна програма за стриминг, која исто така бесплатно е достапна за сите заинтересирани лица преку www.euyc.green/mk. Во продолжение, австриските документарни филмови AUSTRIA2AUSTRALIA и ПРОМЕНА НА ГЕНЕРАЦИЈА - КОЈ ГО СПАСИ СВЕТОТ? ќе бидат понудени на училишта низ многу европски кина. Во Северна Македонија, Cineplexx Скопје е ексклузивен кино партнер на проектот. Првиот од двата филма, снимен од австриските хоби велосипедисти Доминик Бочис и Андреас Буциуман, е за двајца пријатели кои со велосипед поминуваат 18.000 километри и 19 земји - прилично необична рута. Продуцентот Јозеф Ајхолцер коментира: „Во општество кое системски се фокусира на нормите, правилата и минимизирањето на ризикот, излегувањето од конвенционалното е желба со која многумина од нас може да се идентификуваат“. Во ПРОМЕНА НА ГЕНЕРАЦИЈА - КОЈ ГО СПАСУВА СВЕТОТ? решителната климатска активистка Сара Садеги патува со воз и интервјуира главно млади луѓе од различни европски земји за нивните идеи за подобра иднина. Паметната продукција на SFM Storyboard OG, нарачана од Südwind како дел од проектот на ЕУ „1Planet4All“, веќе допре до илјадници училишни деца – вклучително и оние во Северна Македонија – со својата јасна порака. „Најважно во заштитата на климата е да се размислува политички. Да станеме, да го изразиме своето мислење, да гласаме, да потпишуваме петиции и да ја користиме секоја можност што ја нуди нашата демократија да се вклучиме политички - затоа што преку политиката, секој може да направи огромна разлика“ - рече режисерката Ванеса Бочер.

GREEN FILMS @AUSTRIA

Фокусот GREEN FILMS @AUSTRIA, кој моментално се прикажува во кино салите и се емитува на интернет, ќе биде претставен преку филмовите ЈАДЕЈЌИ ПОИНАКУ – ЕКСПЕРИМЕНТ (во режија на Андреа Ернст и Курт Лангбејн), НЕШТА НАДВОР ОД МЕСТО (режија Николаус Гејрхалтер), ЗЕЛЕНАТА ЛАГА (режија Вернер Буте), СПАСИ ГО СЕЛОТО (режија Тереза Дистелбергер), ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО СОДОМ (режија Кристијан Кронес и Флоријан Вајгенсамер) и ДРВО – ПРИКРИЕНИ МЕНУВАЧИ НА ИГРИ (режија Моника Лазуреан-Горган и Михаела Кирст и Еба Синзингер) кои го комплетираат составот. Целата програма се нуди бесплатно, благодарение на финансирањето од ЕУ (Програма: Развој на публика и филмско образование) како и кофинансирање од страна на австриското Министерство за клима (БМК). Виена Иншуренс Груп и Винер, Винер Лајф и Осигурување Мaкедонија и Друштвото за собирање аудиовизуелни материјали (ВАМ), Cineplexx International кино групација исто така го поддржува проектот како ексклузивен кино партнер.

За EU Youth Cinema: Green Deal

EU Youth Cinema: Green Deal, активен од март 2022 година во Северна Македонија, Австрија, Хрватска, Романија и Словенија го управува австриското здружение LET'S CEE Film Festival заедно со локалните координатори Go Green (Северна Македонија) и EPEKA (Словенија). Активностите за односи со јавноста се управувани низ земјите од страна на агенцијата Chapter 4. Програмата во моментов се состои од над 30 европски филмови, кои се прикажуваат во кината и се емитуваат онлајн. Дидактичките материјали и меѓунационалната маркетинг кампања го комплетираат иновативниот концепт. Целосната верзија на програмата е достапна бесплатно за сите регистрирани училишни паралелки (регистрација: www.youth-cinema.eu/mk) во петте земји. Секој заинтересиран ширум светот може бесплатно да стримува неколку филмови преку www.euyc.green/mk. Младинско кино на ЕУ: Green Deal – стриминг програма за време на Европската недела на мобилност. Сите филмови се достапни со преводи и потполно бесплатни! ПРОМЕНА НА ГЕНЕРАЦИЈА - КОЈ ЌЕ ГО СПАСИ СВЕТОТ? AT/DE/IT/PT/ES/CZ/PL/FR | 82 мин. Документарен филм на Ванеса Ботчер (Vanessa Böttcher) нарачан од Зундвинд (Südwind) со превод Очајна поради инерцијата на политичарите кои не дејствуваат против климатската криза, Австриската активистка Сара тргнува на спектакуларно патување со воз низ Европа во потрага по луѓе со вистински решенија. Документарен патувачки филм помеѓу криза и надеж. Бесплатен стриминг: www.euyc.green/mk/filme/generation-change НОЗЕТЕ НА АМСТЕРДАМ Холандија 2015 | 12 мин. Kраток филм Режија: Витсе Котсе со превод Портрет на најавтентичниот амстердамски мајстор за велосипеди. Во брзиот ритам на секојдневјето на Амстердам, Франс фон дер Мер ја држи својата 90-годишна велосипедска работилница како еден од најавтентичните градски мајстори за велосипеди. Франс не само што си го знае занаетот, туку и чува парче од стариот Амстердам, каде што градот е како село, каде што соседите се како фамилија, а велосипедите како нозе. Бесплатен стриминг: www.euyc.green/mk/legs-of-amsterdam ВЕЛОСИПЕДСКИ ПРИКАЗНИ ФОРАРЛБЕРГ Австрија 2022 | 15 мин. Kраток филм Режија: Хана Матис со превод Главната актерка Фабриција нѐ води низ петнаесетминутната пилот епизода со цел да дознае како функционира велосипедот. Со нејзината шармантна и интелигентна природа, успева да собере знаење, да направи дрезина и да добие помош од Пиратите на педали во Лустенау. Бесплатен стриминг: www.euyc.green/mk/bike-stories-vorarlberg]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zashtedete-energija-i-gledajte-zeleni-filmovi/feed/ 0
Европската недела на мобилност со еко филмови посветени на велосипедот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskata-nedela-na-mobilnost-so-eko-filmovi-posveteni-na-velosipedot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskata-nedela-na-mobilnost-so-eko-filmovi-posveteni-na-velosipedot/#respond Wed, 21 Sep 2022 13:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=735782

Во рамки на Европската недела на мобилност, вчера, во Синеплекс се одржа проекција на екофилмови посветени на велосипедот. Во организација на Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот „Младинско кино на ЕУ: Зелен Договор“, кофинансиран од Европската Унија, овој настан го посетија 200 ученици од средните и основните училишта од Скопје, каде имаа можност, преку филмови и дискусија, да зборуваат за важноста за користење алтернативен транспорт кој не загадува, за Европскиот зелен договор и за важноста на филмот во едукација на младите. На дискусијата присуствуваа амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир кој изјави дека екомобилноста е важна во борбата со климатските промени. Возењето велосипед ги намалува гужвата во сообраќајот и загадувањето, а истовремено промовира здрави навики. Понатаму, активистот Дарко Арсовски Петровски, од иницијативата НаТочак, зборуваше за можноста да се поврзат градовите во нашата земја со безбедни велосипедски патеки, да се овозможи систем за изнајмување велосипеди во градовите за подобрување на туризмот и на мобилноста до училишта, работа, рекреација, како и за можноста за комбинирање на транспортот – јавен превоз со велосипедски, железнички и слично. Саша Станишиќ од Унијата на македонски креативни индустрии зборуваше за тоа како аудиовизуелната индустрија во сите нејзини сегменти (снимање/продукција, дистрибуција и киноприкажување) влијае врз загадувањето на животната средина, какви стратегии и зелени политики развива Европската Унија во насока на надминување на овој проблем и што нашата аудиовизуелна индустрија и држава прави за тоа. Според Мила Јовановска од Гоу Грин „едукацијата на младите за климатските промени и заштитата на животната средина е многу важна, бидејќи тие се идните генерации кои ќе ја наследат Планетата Земја. Кога човек е запознаен со нешто што подобро го разбира и може само да го унапреди, така и со младите - сакаме тие да ја унапредат животната средина и да ги ублажат последиците од климатските промени преку нивните секојдневни активности, но и понатаму како професионалци во разни области. Гоу Грин Скопје веќе 12 години работи токму на едукација кај младите и многу ни е драго што, преку  овој проект, имаме можност тоа да го правиме и преку филмови, промовирајќи ја и уметничката култура“. Европската недела на мобилност се одбележува за да се промовира одржливата урбана мобилност, се поттикнуваат промени во навиките во насока на активна мобилност, користење јавен транспорт како и други алтернативи. Оваа година темата е „Подобри врски“ и се одбележува од 16-22 септември.

ЗА ПРОЕКТОТ EU YOUTH CINEMA: GREEN DEAL

Започнувајќи во Европската година на младите 2022 година и со времетраење од 24 месеци, „Младинско кино на ЕУ: Зелен Договор“, кофинансиран од Европската Унија, нуди континуирана програма со силен мултикултурен пристап и јасен фокус на информирање и едукација за Зелената агенда. Проектот посветува внимание на еколошките предизвиции ја промовира свеста за поодржлив начин на живот. Селекцијата на зелени филмови се состои од 25 европски филмови кои ќе бидат претставени во кината Cineplexx во 20 европски градови во Австрија, Хрватска, Северна Македонија, Романија и Словенија како и на платформа за стриминг www.euyc.green/mk. Едукативната програма е надополнета со работилници, предавања, дискусии и дидактички материјали и е достапна со регистрација на https://www.youth-cinema.eu/mk. Партнер за имплементацијата на активностите во С. Македонија е Здружението Гоу Грин Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskata-nedela-na-mobilnost-so-eko-filmovi-posveteni-na-velosipedot/feed/ 0
Европска недела на мобилност: Возете велосипед! Бидете внимателни и одговорни велосипедисти! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropska-nedela-na-mobilnost-vozete-velosiped-bidete-vnimatelni-i-odgovorni-velosipedisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropska-nedela-na-mobilnost-vozete-velosiped-bidete-vnimatelni-i-odgovorni-velosipedisti/#respond Fri, 16 Sep 2022 08:23:14 +0000 https://kurir.mk/?p=733568

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со повеќе активности се приклучува во кампањата „Европска недела на мобилност“, која Европската комисија веќе две децении ја спроведува секоја година во третата седмица од септември. Целта на кампањата е формирање на здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативни форми на мобилност затоа што возењето велосипед е здрава навика која позитивно влијае на здравјето на луѓето, ја заштитува околината и ја намалува емисијата на гасови. Секојдневно користење на велосипед е неспоредливо поевтин начин на урбана мобилност од кое било друго превозно средство со бесплатно место за паркирање, велосипедот претставува доминантно превозно средство на кратко растојание до 5 километри во урбана средина од аспект на побрзо и побезбедно пристигнување до целта, а секој велосипед повеќе значи моторно возило помалку, што значи и намалување на сообраќајниот метеж и побезбеден сообраќај, велат од РСБСП. Велосипедскиот сообраќај се промовира бидејќи е еколошки најодржлива форма на сообраќај, троши малку енергија, не бара многу простор за движење и за паркирање, зашто е најевтин начин на урбана мобилност и придонесува за унапредување на здравјето. Освен пешачењето, велосипедот е средство за транспорт со кое може директно да се пристапи до целта на патувањето, има мала потрошувачка на енергија, не загадува, придонесува за одржување на здравјето на луѓето, овозможува заштеда на простор (велосипедот бара релативно малку простор за движење и мирување) Велосипедот е рамноправно превозно средство во сообраќајот на патиштата. Велосипедистите треба да се движат по означени велосипедски патеки, а каде што нема такви треба да се движат од десната страна, покрај работ, на коловозот. РСБСП укажува на здравствените, еколошките, економските, социјалните и други придобивки од возењето велосипед и апелира: „Возете велосипед! Бидете внимателни и одговорни велосипедисти!“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropska-nedela-na-mobilnost-vozete-velosiped-bidete-vnimatelni-i-odgovorni-velosipedisti/feed/ 0