европска унија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 07:04:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европска унија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, ќе разговараат за ситуацијата во Шенген зоната, импликациите на ситуацијата на Блискиот Исток за внатрешната безбедност во ЕУ и миграцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostanok-na-ministrite-za-vnatreshni-raboti-na-zemjite-chlenki-na-eu-ke-razgovaraat-za-situatsijata-vo-shengen-zonata-implikatsiite-na-situatsijata-na-bliskiot-istok-za-vnatreshnata-bezbednost-vo-eu-i/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostanok-na-ministrite-za-vnatreshni-raboti-na-zemjite-chlenki-na-eu-ke-razgovaraat-za-situatsijata-vo-shengen-zonata-implikatsiite-na-situatsijata-na-bliskiot-istok-za-vnatreshnata-bezbednost-vo-eu-i/#respond Thu, 19 Oct 2023 07:04:52 +0000 https://kurir.mk/?p=890604

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ денеска се среќаваат во Луксембург каде ќе разговараат за ситуацијата во Шенген зоната, импликациите од ситуацијата на Блискиот Исток за внатрешната безбедност во ЕУ и миграцијата. Се повеќе земји воведуваат гранични контроли во Шенген зоната поради големиот број илегални мигранти. Италија најави дека поради променетите околности во Европа и на Блискиот Исток ќе воведе надзор на границата со Словенија. Следствено, во Словенија се најавува дека ќе воведат контроли на границите со Хрватска и со Унгарија. Италија ја извести Словенија дека првично ќе воведе гранични контроли за десет дена со можност за продолжување. Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси го информирал својот словенечки колега Боштјан Поклукар дека суштината на воведувањето на оваа привремена мерка е спречување на тероризмот и организираниот криминал. Двајцата министри се согласија дека западнобалканската рута, која внимателно ја следат словенечките и италијанските безбедносни служби, може да биде атрактивен коридор за потенцијална радикализација. Поради големиот мигрантски притисок и ситуацијата на Блискиот Исток, се повеќе земји воведуваат или продолжуваат гранични контроли на внатрешните граници на Шенген зоната. Австрија воведе гранични контроли со Словенија и Унгарија уште во 2015 година, а во понеделникот ја извести Комисијата дека ќе продолжи до мај следната година. Во средата воведе контроли и на границата со Чешка, откако Германија одлучи да воведе контроли на границите со Полска и Швајцарија и да ги прошири контролите на границата со Австрија. Контроли на внатрешните граници на Шенген зоната вршат и Данска, Франција, Норвешка и Шведска. Во рамките на дискусијата за Шенген зоната, посебно внимание ќе се посвети на криумчарењето мигранти и како ефикасно да се бориме против него. За време на работниот ручек, министрите ќе разговараат за импликациите на ситуацијата на Блискиот Исток врз внатрешната безбедност во земјите-членки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostanok-na-ministrite-za-vnatreshni-raboti-na-zemjite-chlenki-na-eu-ke-razgovaraat-za-situatsijata-vo-shengen-zonata-implikatsiite-na-situatsijata-na-bliskiot-istok-za-vnatreshnata-bezbednost-vo-eu-i/feed/ 0
Портпаролот на ЕУ за Денот на жалост во Србија: Напаѓачите никогаш не треба да се поистоветуваат со жртвите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/portparolot-na-eu-za-denot-na-zhalost-vo-srbija-napagachite-nikogash-ne-treba-da-se-poistovetuvaat-so-zhrtvite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/portparolot-na-eu-za-denot-na-zhalost-vo-srbija-napagachite-nikogash-ne-treba-da-se-poistovetuvaat-so-zhrtvite/#respond Thu, 28 Sep 2023 17:12:51 +0000 https://kurir.mk/?p=882948

Европската Унија суштински се противи на глорификацијата на криминалците, терористите и жалоста за нив, изјави за Радио Слободна Европа портпаролот на ЕУ, Петер Стано, по повод прогласувањето Ден на жалост во Србија по нападот во селото Бањска во општина Звечан, северно Косово. Стано потврди дека на 25 септември, кога беше прогласен ден на жалост во Косово, Канцеларијата на ЕУ во Приштина го спушти знамето на ЕУ на половина копје во чест на убиените и ранетите косовски полицајци, „жртви на страшниот терористички напад во неделата“. Тој потенцираше дека тоа не го направила делегацијата на ЕУ во Белград на 27 септември, кога во Србија беше ден на жалост. Напаѓачите никогаш не треба да се поистоветуваат со жртвите, рече Стано во писмената реакција до Радио Слободна Европа. Во неделата, косовската полиција го истражувала теренот околу селото Бањска на северот на земјата, кога во раните утрински часови група маскирани и вооружени лица ја нападнаа полицијата. Во престрелката убиен е еден полицаец, како и тројца напаѓачи од српска националност. Овој напад наиде на осуда од меѓународната заедница, а ЕУ оцени дека станува збор за „терористички напад“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/portparolot-na-eu-za-denot-na-zhalost-vo-srbija-napagachite-nikogash-ne-treba-da-se-poistovetuvaat-so-zhrtvite/feed/ 0
Саудиска Арабија и Европската Унија покренаа нова иницијатива за мир меѓу Палестинците и Израелците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-i-evropskata-unija-pokrenaa-nova-initsijativa-za-mir-megu-palestintsite-i-izraeltsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-i-evropskata-unija-pokrenaa-nova-initsijativa-za-mir-megu-palestintsite-i-izraeltsite/#respond Tue, 19 Sep 2023 06:37:20 +0000 https://kurir.mk/?p=879348

Саудиска Арабија и Европската Унија покренаа нова иницијатива наречена „Напор за Ден на мирот“ за да состават пакет стимулации за Израелците и Палестинците со надеж дека повторно ќе започнат израелско-палестинскиот мировен процес кој е замрзнат во изминатата деценија. Јордан, Египет и Арапската лига се исто така дел од иницијативата, чиј воведен состанок се одржа вчера, на маргините на седницата на високо ниво на 78-та сесија на Генералното собрание на ОН. „Знаеме дека засегнатите страни не се подготвени во оваа фаза. Тие не се подготвени“, изјави за новинарите во Њујорк шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, по состанокот на кој присуствуваа претставници на 60 земји-членки на ОН. - Не можеме да стоиме со скрстени раце повторувајќи ја мантрата за „решение за две држави“ без да направиме се што можеме за да го постигнеме тоа. Резултатот од средбата е поголема посветеност на многу луѓе да се ангажираат повеќе во ова „решение со две држави“, кое е единственото остварливо решение. Нема алтернатива на дводржавно решение на конфликтот и не постои друго одржливо решение, рече Борел. Саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд, вчера изјави за државната телевизија дека нема да има решение за палестинско-израелскиот конфликт без независна палестинска држава. - Решението со две држави мора да се врати во прв план, додаде тој. САД се залагаат за безбедносен пакт со Ријад, кој ќе вклучува договор за нормализација меѓу Саудиска Арабија и Вашингтон, заедно со израелски гестови кон Палестинците. Израел го посочи овој договор што чека и други договори за нормализација со арапските држави како доказ дека Израел може да ги унапреди своите врски со арапскиот свет одвоено од прашањето за палестинската државност. Борел објасни дека иако ги поздравува „договорите меѓу арапските земји и Израел... ние мора да работиме за мир меѓу Израел и Палестина, и сите треба да придонесат за тоа - Арапите, Европејците, Соединетите Држави, целиот свет. ЕУ соопшти дека се формирани три работни групи, вклучително политика и безбедност, економија и животна средина и човекова димензија. Напредокот кон креирање стимулативен пакет до септември 2024 година ќе се оценува на секои три месеци. Беше создаден и механизам за да им се овозможи на Израелците и Палестинците одделно да комуницираат со Иницијативата. Оние кои се вклучени во Иницијативата, го поддржуваат решението со две држави врз основа на линиите од пред 1967 година со соседната палестинска територија, соопшти ЕУ. Заменик-генералниот секретар на ОН, Розмари Ди Карло, рече дека е важно да се деескалираат тензиите, да се прекине циклусот на насилство и повторно да се воспостави политичкиот хоризонт и дека за оваа цел е потребно политичко лидерство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-i-evropskata-unija-pokrenaa-nova-initsijativa-za-mir-megu-palestintsite-i-izraeltsite/feed/ 0
Вархеји го поддржа ставот на Мишел за 2030 година како година на проширување на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/varheji-go-poddrzha-stavot-na-mishel-za-2030-godina-kako-godina-na-proshiruvane-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/varheji-go-poddrzha-stavot-na-mishel-za-2030-godina-kako-godina-na-proshiruvane-na-eu/#respond Thu, 07 Sep 2023 07:43:09 +0000 https://kurir.mk/?p=875570

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји го поддржа ставот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови земји-членки до 2030 година, што е спротивно на официјалната изјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пишува порталот „Политико“. Вархеји не се согласува со ставот на својот шеф дека не треба да има цел датум за проширување на ЕУ, со што се доведува во прашање внатрешното единство на извршното тело на Унијата во однос на оваа клучна тема, пишува бриселскиот портал. „Од наша страна неуморно работевме на таа цел - па затоа сум многу среќен што конечно гледам дека земјите-членки исто така почнуваат да се движат и да се мобилизираат политички и подготвени да инвестираат политички за да има нови членки на ЕУ до 2030 година“, рече Вархеји за време на прес-конференцијата во Анкара со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. Навраќајќи се на предлогот на Мишел дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови членки во 2030 година, Вархеји изјави дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови членки до таа година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/varheji-go-poddrzha-stavot-na-mishel-za-2030-godina-kako-godina-na-proshiruvane-na-eu/feed/ 0
Османи: Ја добивме 2030 како рамка, нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-ja-dobivme-2030-kako-ramka-nema-da-prifatime-nishto-pomalku-od-polnopravno-chlenstvo-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-ja-dobivme-2030-kako-ramka-nema-da-prifatime-nishto-pomalku-od-polnopravno-chlenstvo-vo-eu/#respond Wed, 30 Aug 2023 11:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=872532

Изјавата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, Европската унија да се подготви за проширување до 2030 година, дадена на Бледскиот стратешки форум има историска тежина и ја чини кредибилна европската перспектива на земјите канидати за членство во ЕУ. Сега со дадена рамка на нас е да работиме. Нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ, оцени денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи. -Тоа што се случи во Блед, е дел од историјата. Ќе биде дел од историјата. Тоа што беше Солунскиот самит во 2003 година мислам дека од прилика таква тежина ќе има Бледскиот стратешки форум каде што претседателот на Советот во свој потполно официјален капацитет, не во приватен капацитет, во име на ЕУ рече Унијата ќе биде спремна до 2030 година да прима нови членки. И тоа е пораката што ние ја баравме. Знаете колку време јас зборувам за 2030 година? И јас мислам дека е тоа дел од тоа наше лобирање што се случи во Блед. Бидејќи ова сега ќе ни даде рамка, ќе ни даде идеја за што работиме, за кога работиме. Тоа не значи дека 2030 ние ќе влеземе ако не сме спремни. Важно Европа ќе ги отвори вратите до 2030 година, рече Османи на новинарско прашање на прес-конференција во МНР. Коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа во повеќе брзини“, според министерот Османи, на прво читање звучи како да е демантирање на претходното, но, како што рече, неговата идеја била разјаснета во Блед од неговиот министер за европски прашања Лоренс Бун и од Александар Адам негов советник и креатор на францускиот предлог. -И тие кажаа дека Макрон зборувал за брзини во смисла дека нема да влезат сите наеднаш, туку во различни брзини во зависност кој кога ќе биде подготвен, а не Европа во слоеви во смисла привилегирани и помалку привилегирани бидејќи ние нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ. Со тоа што знаете дека ние го промовираме концептот повеќе интеграција пред членство што значи кога веќе 2030 ни е фиксна, дајте да станеме дел од Унијата и пред членство, односно како исполнуваме едно поглавје стануваме дел од таа политика на Унијата. Влегуваме во единствениот пазар, имаме пристап до фондовите. И пред самото членство ние веќе ќе бидеме во Унија, единствено што нема да имаме до тогаш е правото на глас кое што ќе го добиеме на денот на членство, вели министерот Османи. Според него, на овој начин и ние ќе имаме годишни цели коишто ќе ги постигнеме наместо само една долгорочна цел која што е малку далеку и еве, потенцираше, ни создава фрустрации, граѓаните ги разочарува, па другите (трети страни) ги злоупотребуваат тие разочарувања. -Мислам дека од вчера имаме навистина кредибилна перспектива. Сега топката е на наша страна да работиме, пријатели имаме, поддршка имаме, гледате цел свет доаѓа во Скопје. Мислам дека сега треба само да се сплотиме да направиме тоа што го барам веќе долго време – натпартиски државен договор. Да седнеме сите партии да кажеме ЕУ 2030 е наша цел, ги оставаме овие теми надвор од дневно-политичката битка, ќе се расправаме за се друго, рече шефот на дипломатијата. Во однос на демантот од ЕК на изјавата на Мишел, Османи посочи дека станува збор за две различни институции - Европскиот совет се земјите членки кои ги носат политичките одлуки и Комисијата која нема политички мандат туку проверува објективно дали ги исполнуваме критериумите. -И затоа Комисијата вели политичките одлуки ги носат земјите членки, за мене е важно кој ги исполнува критериумите бидејќи јас давам извештај. Така што, ЕК не ја демантира пораката на Шарл Мишел, само вели за мене вие одлучете како сакате за тајмингот, за мене е важно дали сте ги исполниле критериумите, бидејќи двете институции гледаат различни перспективи од проширувањето, вели Османи. Според него, проблемот со сегашниот модел на интегрирање е што е „се или ништо“. Значи, ништо додека станете членка, а после добивате се кога станувате членка и тоа, вели, создава фрустрации за нас бидејќи патот е долг, непредвидлив, со тешки компромиси, а ништо не добиваме по пат. Концептот повеќе интеграција пред членство, за кој се залагаме, наведе Османи, веќе станува основа за разговори во Брисел. -Затоа овој наш концепт – интеграција пред членство, е да добиеме, да имаме опипливи придобивки за граѓаните во тек на процесот, вчера имав можност да го споделам концептот и тој нон пејпер што го имаме подготвено со повеќе министри кои навистина реагираат позитивно. Тоа го правам сега погласно бидејќи сега сум во комфорна позиција бидејќи веќе ја имаме 2030. Претходно можеше некој да мисли – аха, овие нудат некое алтернативно решение од ЕУ. Не, сега имаме 2030, ништо помалку од полноправно членство, но не сакам празен од дотогаш. Сакам да имам пристап до фондовите бидејќи сега ние добиваме 160 евра по глава на жител пари од ЕУ. Бугарите, Романците, Грците добиваат 4.700 евра по глава на жител. Е како ние ќе ги доближиме стандардите ако продолжиме вака – ние 160 евра, тие 4.700 евра. Дајте и ние да добиеме ако не 4.700 да добиеме по 3.000 евра по глава на жител до членство, право на вето ќе си добиеме тогаш, тоа не ни е толку важно. Нам ни е важно да имаме пристап до пазар, пристап до пари, пристап до политиките на ЕУ и тоа е концепт којшто ние го туркаме како МНР и како Влада и има позитивен одек, вели Османи. Тој одговари и на прашање дали за изјавата на Макрон добил такво уверување од француските претставници на билатералните средби на форумот во Блед дека Франција нема да излезе со нов план за проширувањето или е негов заклучок од форумот. -Јас имав состанок и ги прашав буквално зошто две контрадикторни изјави наизглед меѓу двајца важни лидери на ЕУ. Одговорот беше дека Макрон не мислел на слоеви, туку на брзини, буквално брзини. Дека ако Македонија е спремна пред 2030 може и да стане членка пред 2030, дека нема анблок да влезат сите земји. Ако е така, јас верувам на француска министерка за Европа, доколку не демантира тоа е друго прашање. Засега мислам дека треба навистина да сме задоволни со изјавата на Шарл Мишел и тоа треба да ни биде точка водилка, смета шефот на дипломатијата Бујар Османи. Прашан за собраниската седница за уставните измени, Османи истакна дека лично е фокусиран на големата слика, односно да ги демантира сите шпекулации по однос на процесот.  Преговарачката рамка, за која говорел и на панел во Блед, рече дека се заснова на два основни принципи - едно големо НЕ на историски и идентитетски прашања во преговарачката рамка и едно големо ДА на човекови права. Уставни измени во коишто ќе влезат Бугарите, сите права за помалите заедници, како што посочува, е основниот принцип. -За жал, еве ако ги прашаме граѓаните голем дел не се убедени и со право не се убедени затоа што се разочарани долго време. Но, мојата мисија е сега со аргументи да стигнам до секој еден да кажам дека не можевме да добиеме подобар договор, дека ова е најдоброто што можевме да го имаме и можеме кога било да го извлечеме, да направиме поместување од историски идентитетски, во човекови права. Тоа е наш терен. Веќе кога топката стигна на човекови права не може да не победи никој бидејќи тука сме најдобри, рече Османи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-ja-dobivme-2030-kako-ramka-nema-da-prifatime-nishto-pomalku-od-polnopravno-chlenstvo-vo-eu/feed/ 0
Раст на вработените во културата во ЕУ од 4,5 отсто, се намалува доминацијата на мажите во културниот сектор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-vrabotenite-vo-kulturata-vo-eu-od-4-5-otsto-se-namaluva-dominatsijata-na-mazhite-vo-kulturniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-vrabotenite-vo-kulturata-vo-eu-od-4-5-otsto-se-namaluva-dominatsijata-na-mazhite-vo-kulturniot-sektor/#respond Fri, 25 Aug 2023 08:19:21 +0000 https://kurir.mk/?p=870779

Во секторот култура во ЕУ во 2022 година биле вработени 7,7 милиони лица, што претставува 3,8 проценти од вкупниот број работници во Унијата и е зголемување за 4,5 отсто во споредба со претходната година, кога во културниот сектор бил ангажирани 7,4 милиони лица. Како што соопшти Европската статистичка служба – Евростат, уделот на вработени во културниот сектор се зголемил во 19 членки на ЕУ, а се намалил во останатите осум. Најголем раст на бројот на културни работинци на годишно ниво е забележан на Кипар и тоа од 21,5 отсто, пред Луксембург со 14,5, Ирска со 14, Шведска со 11,9 и Холандија со раст од 10,5 проценти. Од друга страна, најголемо намалување на бројот на вработрни во културата од 7,7 отсто има во Бугарија, по што следуваат Чешка со 7,3, Хрватска со 6,3, Естонија 5,3 и Летонија со пад од 2,5 проценти. Култура ЕУ Карактеристично е што лани е забележан најмал родов јаз меѓу вработените во културта од само 1,6 процентни поени, продолжувајќи го трендот започнат во 2013 година на раст на бројот на жени ангажирани во културниот сектор. Така, во 2022 година во културата биле вработени 3,93 милиони мажи, што претставува 50,8 отсто од вкупниот број културни работници и 3,8 милиони жени, односно 49,2 проценти. Во 14 земји членки на ЕУ во културниот сектор се ангажирани поголем број на жени отколку мажи, при што најголема разлика во полза на жените има во Летонија од 26,3 проценти поени. Натаму следуваат Литванија со 25,7 проценти поени повеќе жени од мажи, пред Кипар со 17,1, Бугарија со 13,6 и Луксембург со 13,3 проценти поени. Од друга страна, најголем родов јаз во полза на мажите има на Малта од 21,6 проценти поени, пред Шпанија со 9,5 и Ирска и Италија со по 8,5 проценти поени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-vrabotenite-vo-kulturata-vo-eu-od-4-5-otsto-se-namaluva-dominatsijata-na-mazhite-vo-kulturniot-sektor/feed/ 0
ЕУ денеска ги прошири санкциите кон Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-deneska-gi-proshiri-sanktsiite-kon-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-deneska-gi-proshiri-sanktsiite-kon-belorusija/#respond Mon, 21 Aug 2023 18:08:45 +0000 https://kurir.mk/?p=869309

Европската унија денеска објави дека ги проширила санкциите против Белорусија со забрана за извоз на голем број високо чувствителни стоки и технологии во таа земја, јави Бета. Како што соопшти Европската комисија, мерките усвоени од Советот на Европската унија „ги усогласуваат санкциите против Белорусија со режимот на санкции против Русија“ и обезбедуваат казнените мерки што се наметнати кон Москва да не можат да се заобиколат преку Белорусија. Забраната опфаќа стоки и технологии што придонесуваат за воениот и технолошкиот напредок на Белорусија и се погодни за употреба во воздухопловната и вселенската индустрија. Меѓу забранетите стоки се и огнено оружје и муниција. Воведувањето на најновиот, 11-ти пакет рестриктивни мерки е поврзано со вмешаноста на Белорусија во руската инвазија на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-deneska-gi-proshiri-sanktsiite-kon-belorusija/feed/ 0
ЕК предлага ревизија на буџетот на ЕУ заради Украина и миграцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlaga-revizija-na-budhetot-na-eu-zaradi-ukraina-i-migratsijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlaga-revizija-na-budhetot-na-eu-zaradi-ukraina-i-migratsijata/#respond Tue, 20 Jun 2023 13:10:32 +0000 https://kurir.mk/?p=847841

Европската комисија денеска предложи буџетот на ЕУ да се ревидира за да се задоволат потребите на Украина, за управување со миграцијата и да се одржи конкурентноста на економијата. Планирано е во следните четири години за Украина да бидат наменети 50 милијарди евра, најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа појасни дека средствата доделени на Киев ќе бидат обезбедени неповратно и во форма на заеми. Фон дер Лејен истакна дека овие трошоци не биле вклучени во буџетот при неговото изготвување. „Далеку сме од условите под кои беше договорен повеќегодишниот буџет на ЕУ до 2027 година“, рече претседателката на ЕК. Според неа, Комисијата веќе морала да пренасочи суми од кохезивните фондови за да ги обезбеди како помош за земјите што ги примиле украинските бегалци. „Досега Украина има добиено 30 милијарди евра помош“, додаде Фон дер Лајен. Таа повика и да се обезбедат 15 милијарди евра за заштита на надворешните граници на ЕУ и за земјите од кои доаѓаат мигрантите. Фон дер Лајен рече дека пакетот помош ќе обезбеди перспектива и сигурност на украинските партнери на Унијата. Најавата доаѓа пред меѓународната конференција во Лондон оваа недела, чија цел е да се соберат дополнителни средства за обнова на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlaga-revizija-na-budhetot-na-eu-zaradi-ukraina-i-migratsijata/feed/ 0
ЕУ остро ги осуди судирите во северно Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-ostro-gi-osudi-sudirite-vo-severno-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-ostro-gi-osudi-sudirite-vo-severno-kosovo/#respond Fri, 26 May 2023 18:41:49 +0000 https://kurir.mk/?p=839211

Европската унија остро ги осудува судирите во кои учествуваа косовската полиција и демонстрантите на северот на Косово, иницирани од обидот на новоизбраните градоначалници да влезат во општинските згради, соопшти ЕУ. - Силно изразуваме жалење за нападите врз патролите на цивилната мисија на ЕУ на Косово, Еулекс. На Еулекс мора да му се дозволи мирно да го спроведува својот мандат, се вели во пишаната изјава на Петер Стано, главниот портпарол за надворешна политика и безбедност на Унијата. Според ЕУ, сите страни треба да преземат акции за деескалација на тензичната ситуација и веднаш да се врати смиреноста. ЕУ нагласува дека нема да прифати никакви дополнителни еднострани или провокативни дејствија, а приоритет треба да бидат зачувување на мирот, а безбедноста на теренот. - Како што ЕУ постојано наведува, неодамнешните дополнителни избори на северот на Косово не нудат долгорочно политичко решение за вклучените општини. Таквото решение може да се најде само преку вистински дијалог меѓу сите клучни чинители, кои ги вклучуваат Косово, Србија и заедницата на косовските Срби, со посредство на ЕУ, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-ostro-gi-osudi-sudirite-vo-severno-kosovo/feed/ 0
Мицкоски: Европската Унија мора повеќе да се спротивставува на отворените злоупотреби кои актуелната власт ги прави во нејзино име https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-evropskata-unija-mora-poveke-da-se-sprotivstavuva-na-otvorenite-zloupotrebi-koi-aktuelnata-vlast-gi-pravi-vo-nejzino-ime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-evropskata-unija-mora-poveke-da-se-sprotivstavuva-na-otvorenite-zloupotrebi-koi-aktuelnata-vlast-gi-pravi-vo-nejzino-ime/#respond Tue, 09 May 2023 18:39:39 +0000 https://kurir.mk/?p=832389

„Денес е денот на Европа, каде реално треба да се прославува идејата за Европската Унија кон која целиме цели 32 години. 32 години во борба да оствариме еден сон, со многу попатни препреки, условувања, откажувања. 32 години на докажувања, објективни внатрешни недостатоци и отсуство на реформи но и многубројни субјективни пречки, условувања од надворешни фактори, непринципиелни барања за себе одрекувања. По 32 години Македонија е уморна од бркање на морковот кој никако да дојде“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната трибина насловена „Социјални политики против иселување и сиромаштија“. Тој додаде дека тие 32 години се на постојани чекања и големи разочарувања. 32 години на нови и нови генерации кои растеа и се разочаруваа од сонот за ЕУ кој никако да го оствариме. „Она што ја раѓа апатијата е и непринципиелноста на Европската Унија кон Македонија и блокадите кои ги има на секој чекор. Неразумноста и уцените за себеодрекување, од една страна и сервилноста на актуелната влада е она што најмногу удира во чувствата на граѓаните и ја раѓа фрустрацијата“, кажа Мицкоски. Мицкоски посочи дека денес Европската Унија со право ја слави победата над таквиот фашизам, победа на чие право има и македонскиот народ кој со свои сили се ослободил и дал жртва во таа борба ослободувајќи се пред се од бугарскиот фашистички окупатор. Пред десетина години желбата за интеграција била исклучително висока, затоа што народот верувал дека така ќе се постигнат стандарди, ќе има иднина, подобар живот, ќе дојде надеж и мотив за борба, впрочем истите работи поради кои денес народот се иселува, а не ги гледа повеќе тука“, кажа Мицкоски. Мицкоски додаде дека поради вината за намалената доверба и растечкиот евроскептицизам потребна е одговорност на нашата владејачка клика. „Вината поради намалената доверба и растечкиот евроскептицизам покрај на овдешната владејачка клика неодминливо е и на Европската Унија која мора повеќе да се спротивставува на отворените злоупотреби кои актуелната власт ги прави и во нејзино име“, дециден е Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-evropskata-unija-mora-poveke-da-se-sprotivstavuva-na-otvorenite-zloupotrebi-koi-aktuelnata-vlast-gi-pravi-vo-nejzino-ime/feed/ 0