европска вселенска агенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Nov 2022 18:20:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европска вселенска агенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европска вселенска агенција ќе добие речиси 17 милијари евра од 22 земји-членки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropska-vselenska-agencija-kje-dobie-rechisi-17-milijari-evra-od-22-zemji-chlenki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropska-vselenska-agencija-kje-dobie-rechisi-17-milijari-evra-od-22-zemji-chlenki/#respond Wed, 23 Nov 2022 18:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=765563

Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе добие 16,9 милијарди евра од 22 земји-членки, изјави денеска генералниот директор на ЕСА Џозеф Ашбахер. Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер потврди дека денеска речиси 17 милијарди евра ќе добие Европската вселенска агенција, при што Франција ќе учествува во вкупната сума со 3,2 милијарди евра. ЕСА побара од своите 22 земји-членки да одвојат 18,5 милијарди евра за финансирање на ракетни лансирања, сателити и европско учество во планетарните истражувања во периодот од 2023 до 2025 година, што е повеќе од 14,5 милијарди во претходниот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropska-vselenska-agencija-kje-dobie-rechisi-17-milijari-evra-od-22-zemji-chlenki/feed/ 0
ЕСА ја одложи мисијата „Егзо-Марс“ поради руската инвазија врз Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-ja-odlozi-misijata-egzo-mars-poradi-ruskata-invazija-vrz-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-ja-odlozi-misijata-egzo-mars-poradi-ruskata-invazija-vrz-ukraina/#respond Mon, 07 Mar 2022 10:41:53 +0000 https://kurir.mk/?p=642538

Европската вселенска агенција (ЕСА) повторно го одложи лансирањето на роверот „Егзо-Марс“ на нам соседната „Црвена Планета“. ЕСА лани изврши тестирање на падобран наменет за мисијата, но поради нападот на Русија кон Украина, лансирањето сега е одложено. „Егзо-Марс“ всушност требаше да биде лансиран летото 2020 година, но тогаш мисијата беше одложена поради пандемијата на коронавирусот и технички пречки. На 28 февруари агенцијата истакна дека не се согласува со постапките на Русија и дека нема да соработува со оваа земја во мисијата за испраќање ровер во Вселената. Се наведува дека агенција целосно ќе ги спроведува санкциите кон Русија. А, поради тоа што мисијата „Егзо-Марс“ е заеднички проект на ЕСА и руската вселенска агенција Роскосмос, европската агенција не може да продолжи со проектот. „Жалиме за човечките жртви и трагичните последици од војната во Украина. Приоритет е да се донесат соодветни одлуки, не само за нашата работна сила во програмите, туку и за целосно почитување на европските вредности кои отсекогаш го обликувале нашиот пристап кон меѓународната соработка“, се вели во соопштението на ЕСА. Кога ќе се исполнат условите за продолжување на соработката, роверот ќе бара органски молекули и какви било знаци на живот на Марс. Планирано беше мисијата да отпочне наесен и да пристигне на Марс во 2023 година, но тоа нема да се случи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-ja-odlozi-misijata-egzo-mars-poradi-ruskata-invazija-vrz-ukraina/feed/ 0
Европската вселенска агенција бара повеќе пари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-vselenska-agencija-bara-povekje-pari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-vselenska-agencija-bara-povekje-pari/#respond Thu, 28 Nov 2019 07:52:41 +0000 https://kurir.mk/?p=270370

Европската вселенска агенција (ЕСА) побара повеќе пари од своите 22 земји-членки за финансирање на заеднички проекти за истражување на вселената. – Иако многумина не мислат така, патувањата во вселената се клучни за секојдневниот живот на Земјата, изјави шефот на агенцијата Јан Вернер на состанок во Севиља. Тој сака да го зголеми буџетот на ЕСА за најмалку десет проценти во следните три години. ЕСА има буџет од вкупно 5,72 милијарди евра оваа година, а 73 отсто од нив ги финансираат земјите-членки. Најголем придонес има Франција, 1,2 милијарди евра, а потоа следува Германија со 927 милиони евра. Дел од парите ги плаќаат и институционалните партнери како што е ЕУ. Меѓу новите проекти што ги разгледува ЕСА се и новата ракета Аријана 6, истражување на вселената и заштита од астероиди. Важна тема е учеството во програмата на НАСА Артемис чија цел е враќање на американските астронаути на Месечината во 2024 година. ЕСА треба да развие сервисен модул кој ќе ја напојува вселенската капсула Орион. Вернер, исто така, сака европските астронаути да учествуваат во слетувањето на месечината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-vselenska-agencija-bara-povekje-pari/feed/ 0