Европската комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 08:50:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Европската комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фон дер Лајен пречекана од Ковачевски пред Владата со највисоки државни почести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-prechekana-od-kovachevski-pred-vladata-so-najvisoki-drzhavni-pochesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-prechekana-od-kovachevski-pred-vladata-so-najvisoki-drzhavni-pochesti/#respond Mon, 30 Oct 2023 08:18:41 +0000 https://kurir.mk/?p=894350

Премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни почести ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјалната посета на државава. Веднаш по церемонијата Ковачевски и Фон дер Лајен се упатија на тет-а-тет средба во Владата, по која ќе следува билатерална средба на двете делегации. Во составот на македонската делегација се бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспот и врски Благој Бочварски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и министерот за информатичко општество Азир Алиу. По средбите Ковачевски и Фон дер Лајен ќе одржат прес-конференција по која ќе посетат фабрика за преработка на овошје и зеленчук во близина на Скопје, корисник на средства од ИПАРД програмата финансирана од ЕУ. Претседателката на Европската комисија вчера попладне допатува во Скопје, а на Меѓународниот аеродром беше пречекана од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по што имаше средба во вила Водно со претседателот Стево Пендаровски. Според соопштението од претседателскиот Кабинет, Пендаровски и Фон дер Лајен разговарале за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Северна Македонија и за тековните состојби во регионот, и во таа насока биле разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-prechekana-od-kovachevski-pred-vladata-so-najvisoki-drzhavni-pochesti/feed/ 0
Фон дер Лајен: Од Гранада упатуваме силна порака до Путин дека не толерираме агресија врз суверена земја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-od-granada-upatuvame-silna-poraka-do-putin-deka-ne-tolerirame-agresija-vrz-suverena-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-od-granada-upatuvame-silna-poraka-do-putin-deka-ne-tolerirame-agresija-vrz-suverena-zemja/#respond Thu, 05 Oct 2023 11:25:04 +0000 https://kurir.mk/?p=885543

Поддршката од Европската политичка заедница за Украина претставува силна порака за рускиот претседател Владимир Путин, од Даблин до Кишињев, дека нема да толерираме агресија врз суверена земја, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада. - Ние во ЕУ работиме на пакет од 50 милијарди помош за Украина за периодот 2024-2027, што е многу важно затоа што на Украина и е потребна предвидливост и доверливост и буџетска поддршка, истакна Фон дер Лајен. Таа изрази надеж дека одлуката на САД за запирање на поддршката за Украина е времена и дека наскоро таа ќе продолжи. Претседателката на Европската комисија додаде дека една од темите на состанокот на ЕПЗ ќе биде и енергијата, во услови кога Европа е уценувана од Русија. - Ние се справивме со оваа криза, цените се намалија драстично и најважно е што создадовме заедничка платформа за набавка на гас. Тоа е голем успех, поради фактот што кон оваа платформа не се приклучија само 27-те земји на ЕУ, туку и членки на Европската политичка заедница, како Норвешка, Украина, Молдавија и Србија, истакна Фон дер Лајен. Со ова, според неа, се намали европската зависност од руските енергенси и лани прв пат ЕУ произведе повеќе електрична енергија од обновливи извори, отколку од гас. Фон дер Лајен истакна дека на состанокот ќе се разговара и „за Ерменија и за нејзините хуманитарни потреби“, за што ЕУ веќе одвои 5,2 милиони евра помош, но дека ќе работи и на нејзино удвојување, како и на обезбедување на средства за директна буџетска поддршка. Таа при тоа потсети дека ЕУ ја осуди азербејџанската воена операција во Нагорно-Карабах и повика на обнова на дијалогот меѓу Азербејџан и Ерменија и постигнување мировно решение. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-od-granada-upatuvame-silna-poraka-do-putin-deka-ne-tolerirame-agresija-vrz-suverena-zemja/feed/ 0
Именувани нови раководители во четири генерални директорати на Европската комисија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/imenuvani-novi-rakovoditeli-vo-chetiri-generalni-direktorati-na-evropskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/imenuvani-novi-rakovoditeli-vo-chetiri-generalni-direktorati-na-evropskata-komisija/#respond Wed, 06 Sep 2023 15:28:44 +0000 https://kurir.mk/?p=875288

Европската комисија на денешното заседание донесе одлука за именување на шест носители на раководни функции на четири нејзини генерални директорати. За заменичка генерална директорка задолжена за меѓународната димензија на политиките за правдата, владеење на правото и еднаквоста на Генералниот директорат за правда и потрошувачи на ЕК е именувана Ирена Моозова од Чешка. Во истиот Директорат за директорка за потрошувачи е назначена Изабел Перињон, а за директор за владеење на правото, фундаментални права и демократија е именуван Жилиен Мусние и двајцата од Франција За нова директорка за управување со ресурси во Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој е назначена Кармен Роза Нарањо Санчез од Шпанија, а за директорка за ресурси, меѓуинституционални односи, комуникации и граѓанско општество во Генералниот директорат за трговија е именувана нејзината сонародничка Софија Муњоз Албаран. За директорка за расходи во Генералниот директорат за буџет е поставена Ленка Филипкова од Чешка. Моозова и работно искуство од речиси 30 години во јавната администрација на европско и национално ниво и длабоко познавање за клучните приоритети и политики на Комисијата, како и за нејзините административни практики и процедури. - Имајќи бројни менаџерски позиции, таа има докажано искуство во обезбедувањето успешно лидерство. Таа, исто така, има стекнато големо искуство во претставување на Комисијата во меѓународните преговори на високо ниво и поседува одличен капацитет за ефективно комуницирање со надворешните чинители, се наведува во образложението. Ирена Моозова моментално е директорка за еднаквост и европско граѓанство во Генералниот директорат за правда и потрошувачи. Пред тоа, таа работела како раководител на оддел во Генералниот директорат за комуникации. Во Европската комисија таа е вработена од 2006 година како шеф на претставништвото во Прага, а пред тоа 15 години работела во чешкото Министерство за надворешни работи, при што била и заменик амбасадор на Чешка во Шпанија. Перињон во изминатите децении извршувала различни раководни позиции во Комисијата, поврзани со кривичното право, спроведување на законот и формирањето на Европското јавно обвинителство. - Таа, исто така, беше член на Кабинетот на неколку комесари, вклучително и комесарката за вредности и транспарентност Вера Јоурова и поранешната комесарка за внатрешни работи Сесилија Малмстром. Благодарение на нејзините поранешни искуства, таа има одлични стратегиски вештини за планирање, координација и управување, заедно со големото искуство во преговорите во име на Комисијата со надворешни чинители, посочува ЕК. Перињон моментално е заменик-шеф на Кабинетот на комесарот за правда Дидие Рејндерс. Од 2017 до 2019 година работела како раководител на одделението за процесно кривично право во Генералниот директорат за правда и потрошувачи, а пред тоа во Генералниот директорат за внатрешни работи како заменик-раководител на Одделението за борба против организираниот криминал и како раководител на сектор во Одделението за полициска соработка и односи со Европол. Пред да се приклучи на Комисијата во 2003 година, Изабел Перињон ила адвокат специјализирана за правото на ЕУ. Таа има магистратури по европски правни студии и по бизнис студии. Мусние има 23-годишно искуство во работењето во Комисијата на различни раководни позиции во областите на правдата, владеењето на правото, потрошувачките прашања, внатрешните работи и миграцијата. - Тој поседува исклучителни организациски, координациски и менаџерски вештини заедно со длабоко познавање на институционалните процеси на донесување одлуки. Мусние поседува опширно знаење и широка перспектива за различните досиеја со кои се работи во Дирекцијата за која тој ќе биде одговорен, се посочува во соопштението. Мусние моментно е раководител на Одделението за координација на политиките - граѓани, еднаквост, демократија и владеење на правото во Генералниот секретаријат на Комисијата. Од 2014 до 2018 година тој бил раководител на одделение и заменик раководител на Одделението за координација на политиките – граѓаните и безбедноста при Генералниот секретаријат. Претходно, работел во Кабинетот на поранешен еврокомесар за земјоделство и рурален развој Фишер Боел и во Генералниот директорат за животна средина. Пред да се вработи во Комисијата во 2000 година, тој работел како шеф на европската канцеларија на „Американ Електроник Асосиејшн“ и како раководител на француската групација „Гран Суд“. Мусние е магистер по европско и германско право. Во текот на нејзиното 22-годишно искуство во Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, како што наведува ЕК, Нарањо Санчез ги усоврши своите менаџерски вештини во различни области, вклучувајќи координација, меѓуинституционални прашања и човечки ресурси. - Во својот нов капацитет, Нарањо Санчез ќе се потпира на своето длабоко познавање на земјоделската политика заедно со нејзиниот покажан капацитет за спроведување на здрава стратешка координација и управување со човечките и финансиските ресурси, заедно со силни интерперсонални вештини и стратешки ум, се додава во соопштението. Нарањо Санчез моментално ја извршува функцијата раководител на Одделението за стратешко програмирање, внатрешна контрола и меѓуинституционални односи при Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој. Од 2014 до 2019 година, таа била раководител на Одделение за персонал и администрација во овој Директорат, а пред тоа била заменик-раководител на Одделението за човечки капитал и кариерен развој и в.д. раководител на Одделението за стратешко планирање, внатрешна контрола и односи со Европскиот ревизорски суд. Нарањо Санчез, која работи во Европската комисијата во 2001 година, има две магистерски дипломи и тоа за европски политички и административни студии и за споредбено европско право. За Муноз Албаран, Европската комисија посочува дека нејзината нова улога ќе се надоврзе на над 25-годишното работно искуство во Генералниот директорат за трговија на различни лидерски позиции. - Таа поседува темелно познавање на клучните димензии на трговската политика на ЕУ, како и силни организациски, координативни и менаџерски вештини. Таа има стекнато големо искуство во успешно управување со различни тимови и проекти во текот на нејзината кариера, како и во претставување на Комисијата во преговарање билатерални трговски договори со меѓународни партнери и во управувањето со нивната имплементација, наведува ЕК. Муњоз Албаран во моментов е в.д. директор за ресурси, меѓуинституционални односи, комуникации и граѓанско општество во Генералниот директорат за трговија, а од 2007 и 2015 година работела како раководител и заменик-раководител на одделот се евромедитеранско партнерство во Директоратот. Од 2001 до 2005 година била билатерален координатор за трговски односи на ЕУ со Русија и Украина. Таа има две магистерски дипломи по меѓународна политика и европско право и докторат по политички транзиции во Источна и Централна Европа. Пред да се вработи во Комисијата во 1998 година, таа работела како адвокат специјализирана за конкурентност. Ленка Филипкова има повеќе од 15 години работно искуство на различни раководни позиции во Генералниот директорат за буџет, каде, како што посочува ЕК, се стекна со солидно искуство во водењето сложени буџетски преговори со земјите членки, во координација и подготовка на годишниот буџет и во претставувањето на Комисијата на високо меѓуинституционално и меѓународно ниво. - Нејзиното солидно раководење и лидерство, како и стратешките и аналитичките вештини ја прават добро прилагодена да придонесе за севкупната стратешка ориентација и управување со Генералниот директорат за буџет, се наведува во соопштението. Филипкова моментално е раководител на Одделението за буџетски процедури и извршување и односи со буџетските комисии во овој Директорат, а пред тоа работела и во Одделението одговорно за повеќегодишната финансиска рамка, ресурсите и проширувањето. Пред да се приклучи на Европската комисија во 2007 година, Филипкова осум години работела во Министерството за финансии на Чешка и била вклучена во преговорите за членство на земјата во ЕУ и потоа за изработката на повеќегодишната финансиска рамка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/imenuvani-novi-rakovoditeli-vo-chetiri-generalni-direktorati-na-evropskata-komisija/feed/ 0
Еврокомесарот Тимерманс ќе поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-timermans-ke-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-timermans-ke-podnese-ostavka/#respond Tue, 22 Aug 2023 17:42:25 +0000 https://kurir.mk/?p=869755

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс ќе поднесе оставка на функцијата во Европската комисија за да се кандидира на националните избори во Холандија во ноември, лишувајќи ја ЕУ од клучната фигура во претстојните меѓународни преговори за климата. Холандската Лабуристичка партија и Зелената левичарска партија денеска соопштија дека Тимерманс ќе биде нивен лидер на општите избори на 2 ноември. Тимерманс, чиј мандат во Европската комисија завршува во ноември оваа година, во јули изјави дека би сакал да се обиде како следен холандски премиер. Комисијата соопшти дека Тимерманс ќе поднесе оставка од функцијата во Комисијата по најавата на Лабуристичка партија и Зелена левичарска партија. Тимерманс, кој освен родниот холандски, зборува англиски, германски, француски, италијански и руски јазик, е добро позната личност во Холандија, бидејќи ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи од 2012 до 2014 година. По речиси една деценија во Брисел, Тимерманс ќе се натпреварува на првите холандски избори од 2006 година на кои премиерот во заминување Марк Руте нема да ја води неговата конзервативна партија ВВД. Руте, холандскиот премиер со најдолг стаж, ја шокираше нацијата во јули кога објави дека се повлекува откако неговата четирипартиска коалиција не успеа да се договори за мигрантската политика. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-timermans-ke-podnese-ostavka/feed/ 0
Фон дер Лајен: Русија ќе мора да плати за воените злосторства во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-rusija-ke-mora-da-plati-za-voenite-zlostorstva-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-rusija-ke-mora-da-plati-za-voenite-zlostorstva-vo-ukraina/#respond Tue, 06 Jun 2023 20:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=842957

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија ќе мора да плати за воените злосторства извршени во Украина. - Уништувањето на браната, невиден напад врз цивилната инфраструктура, става во опасност илјадници луѓе во регионот Херсон. Европа мобилизира поддршка преку Механизмот за цивилна заштита. Се координираме со земјите-членки за брза испорака на пумпи, противпожарни црева, филтри за вода. Стоиме покрај Украина онолку долго колку што е потребно, напиша Фон дер Лајен на Твитер. Претходно, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, го осуди нападот, истакнувајќи дека украинските деца, жени и мажи ќе трпат последици од страшното уништување на хидроцентралата Каховка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-rusija-ke-mora-da-plati-za-voenite-zlostorstva-vo-ukraina/feed/ 0
Шефчович: Заедничката набавка на гас да почне пред летото https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefchovich-zaednichkata-nabavka-na-gas-da-pochne-pred-letoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefchovich-zaednichkata-nabavka-na-gas-da-pochne-pred-letoto/#respond Mon, 16 Jan 2023 15:40:22 +0000 https://kurir.mk/?p=788030

Европската комисија сака земјите од ЕУ да започнат заеднички набавки на гас пред летото, во обид да се избегне недостиг на снабдување следната зима, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович. „Работиме на густ распоред за да се подготвиме навреме за следната зима и сезоната за полнење складишта“, рече Шефчовиќ, по првиот состанок на претставниците за координација на планираните набавки на земјите од ЕУ. Тој ги повика земјите-членки да се вклучат во пазарот на гас во нивните земји да ја проценат количината на гас што ќе ја купат заедно. Шефчович побара од земјите-членки да потврдат дали се заинтересирани да се приклучат на заедничката шема за купување гас на ЕУ, потег за кој Европската комисија се надева дека ќе и помогне на Европа да ги наполни складиштата. Комисијата сака да ја објави количината на гас што европските земји планираат заедно да ја купат на пролет. Земјите на ЕУ мора да се погрижат нивните локални компании да учествуваат во купувањето гас во запремнина од 15 отсто од гасот потребен за полнење складишта на таа земја до 90 отсто капацитет. Низ ЕУ, барањата од 15 проценти изнесуваат околу 13 милијарди кубни метри гас, според податоците на Евростат.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefchovich-zaednichkata-nabavka-na-gas-da-pochne-pred-letoto/feed/ 0
Фон дер Лајен е сигурна дека ќе има мнозинство за уставните измени во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-e-sigurna-deka-kje-ima-mnozinstvo-za-ustavnite-izmeni-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-e-sigurna-deka-kje-ima-mnozinstvo-za-ustavnite-izmeni-vo-makedonija/#respond Wed, 26 Oct 2022 18:54:06 +0000 https://kurir.mk/?p=750891

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен смета дека ќе се постигне мнозинство и уставните измени ќе бидат изгласани. -На билатералната средба зборувавме за оваа важна тема за уставните измени. Сигурна сум дека луѓето од Северна Македонија ќе постигнат мнозинство и ќе гласаат позитивно за уставните измени. Постигнавте многу, бевте успешни во напредувањето и сигурна сум дека ќе најдете убедливи аргументи за сите да сфатат дека сите се одгворини за придонес кон тоа земјата да се движи напред. Ги повикувам сите политичари да го остварат сонот на младите луѓе кои сакаат да се дел од ЕУ, рече Фон дер Лајен, одговорајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-e-sigurna-deka-kje-ima-mnozinstvo-za-ustavnite-izmeni-vo-makedonija/feed/ 0
Фон дер Лајен го посети Киев и ѝ честиташе на Украина за нејзините воени успеси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-go-poseti-kiev-i-chestitashe-na-ukraina-za-nejzinite-voeni-uspesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-go-poseti-kiev-i-chestitashe-na-ukraina-za-nejzinite-voeni-uspesi/#respond Thu, 15 Sep 2022 17:00:28 +0000 https://kurir.mk/?p=733396

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска и честиташе на Украина за неодамна постигнатите воени успеси во војната со Русија. Таа одржа заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, јави ДПА. „Знам дека е потребна консолидација на напорите, но сепак сум импресионирана кога ја гледам храброста на украинските вооружени сили“, додаде таа. „Нивните успеси го подигнуваат духот, би рекла, не само на украинскиот народ, туку и на сите ваши пријатели“, рече Фон дер Лејен. Според неа, процесот за пристапување во Европската унија е во полн ек. „Импресионирана сум кога ја гледам брзината, решителноста и прецизноста со која напредуваме“, рече претседателката на Европската комисија. Фон дер Лајен, која вчера пристигна во Киев на средба со Зеленски, додаде дека Европската унија мора да направи се што е во нејзина моќ за да се осигура дека ќе има „повеќе бизнис и повеќе приходи“ за Украина. Таа рече дека ЕУ ќе му обезбеди на Киев 100 милиони евра за обнова на училиштата во земјата. Зеленски на прес-конференцијата рече дека системите за противвоздушна одбрана се приоритет за неговата земја бидејќи се обидува да ги заштити своите градови од руски воздушни напади. Тој додаде дека се уште не добил позитивен одговор од Израел за можно снабдување со системи за противвоздушна одбрана. Зеленски рече дека слични системи претходно ветени од Германија и САД сè уште не пристигнале во Украина. Друг приоритет за Украина, како што рече, е интеграцијата на единствениот пазар на ЕУ, каде што стоките, услугите и капиталот можат слободно да се движат меѓу земјите. „Приоритетно прашање за нас е интеграцијата на Украина на единствениот пазар на ЕУ, бидејќи тргнавме на патот кон добивање статус на земја-членка на ЕУ“, додаде Зеленски.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-go-poseti-kiev-i-chestitashe-na-ukraina-za-nejzinite-voeni-uspesi/feed/ 0
Фон дер Лајен не е оптимистка за компромис за нафтата на вонредниот самит на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-ne-e-optimistka-za-kompromis-za-naftata-na-vonredniot-samit-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-ne-e-optimistka-za-kompromis-za-naftata-na-vonredniot-samit-na-eu/#respond Mon, 30 May 2022 13:23:40 +0000 https://kurir.mk/?p=683633

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред почетокот на вонредниот ЕУ самит изјави дека компромис е можен за ембарго врз руската нафта подоцна, но не во следните 48 часа, јави дописничката на МИА од Брисел. Предлогот за санкции врз руската нафта е предлог на институцијата на Фон дер Лајен. Ова е шест предлог санкции против Русија откако почна војната во Украина. До сега сите други пет пакети беа одобрени од страна на земјите членки, но нафтата предизвика поделби помеѓу членките на ЕУ. Најзависните земји од Русија, без излез на море, како Унгарија, се посебно засегнати и за сега кочат. Пред малку амбасадорите на земјите членки успеаја да се договорат дека треба да се изнајде компромис за ембарго врз нафтата, но модалитетите остануваат неизвесни. Унгарија, и други, се зависни од нафтоводот Дружба, кој поминува низ Украина. Претседателката Фон дер Лајен попладнево изјави дека се испеглани сите разлики освен “сировата нафта преку нафтовод“. -Немам високи очекувања за следните 48 часа, изјави шефицата на Европската комисија за новинарите пред стартот на самитот. Фон дер Лајен нагласи дека макотрпно се работи на шестиот пакет санкции и на нафтеното ембарго. -Уште не сме успеале но работите созреаја, очекувањата се мали за следните 48 часа, но имам доверба дека потоа постои можност, мојот повик до сите земји членки е дека единствен пат до успехот е солидарност со Украина и единство на ЕУ, рече Фон дер Лајен. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-ne-e-optimistka-za-kompromis-za-naftata-na-vonredniot-samit-na-eu/feed/ 0
ЕК: Повеќе од половина коментари на веб сајтови ги залажуваат потрошувачите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-povekje-od-polovina-komentari-na-veb-sajtovi-gi-zalazuvaat-potroshuvachite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-povekje-od-polovina-komentari-na-veb-sajtovi-gi-zalazuvaat-potroshuvachite/#respond Thu, 20 Jan 2022 12:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=621289

Анализа на Европската комисија утврди дека 55 отсто од веб сајтовите објавуваат коментари на корисници кои ги залажуваат потрошувачите, со што го прекршуваат и правото на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија, заедно со националните власти за заштита на потрошувачите во ЕУ, анализирале 223 сајтови што содржат коментари на корисници и заклучиле дека за 114 од нив не можело да се утврди дали коментарите се веродостојни. Според правото на ЕУ, комерцијалните сајтови имаат обврска да ја почитуваат директивата за фер трговски практики. Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, се огласи, потсетувајќи дека потрошувачите многу често се потпираат на објавените коментари и оценки на веб сајтовите пред да одлучат да купат нешто. -Не сакам потрошувачите да бидат залажувани, рече еврокомесарот, додавајќи дека бизнисите имаат обврска на потрошувачите да им обезбедат јасна и видлива информација за веродостојноста на корисничките коментари. Анализирани се веб сајтови на продавници, како и сајтови за букирање, или пак сајтови кои овозможуваат споредба на производи. Трговците имаат обврска да обезбедат автентични коментари на нивните сајтови. Но според анализата на Европската комисија повеќе од половината не ги информираат корисниците за начинот на кој се собираат и третираат коментарите и оценките. Од 223 сајтови, 118 не соржат податоци за тоа дали обезбедуваат спречување на лажни коментари, додека 176 сајтови не споменуваат дека се забранети платени коментари. Платените коментари мора да бидат обележани и корисникот тоа да го знае. Бидејќи е утврдено дека повеќе од половината од овие веб сајтови ја прекршуваат директивата на ЕУ, Европската комисија најави дека ќе продолжи со истрагата и ќе одлучи какви мерки ќе преземе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-povekje-od-polovina-komentari-na-veb-sajtovi-gi-zalazuvaat-potroshuvachite/feed/ 0