Европската конфедерација на синдикатите за образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Apr 2022 13:56:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Европската конфедерација на синдикатите за образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СОНК ја запознал Европската конфедерација на синдикатите за образование за причините и подготовките на штрајкот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-ja-zapoznal-evropskata-konfederacija-na-sindikatite-za-obrazovanie-za-prichinite-i-podgotovkite-na-shtrajkot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-ja-zapoznal-evropskata-konfederacija-na-sindikatite-za-obrazovanie-za-prichinite-i-podgotovkite-na-shtrajkot/#respond Wed, 06 Apr 2022 13:56:50 +0000 https://kurir.mk/?p=659252

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков денеска имал работна средба со Сузан Флокен, претседателка на Европската конфедерација на синдикатите за образование (ETUCE), на која ја информиал за причините и подготовката за организирање на штрајкот во градинките, основното и средното образование најавен за понеделник. -Г-ѓа Флокен во името на ETUCE дава силна поддршка на СОНК и верува во издржаните барања до конечен успех. Подвлече дека будно ќе ги следат случувањата и извештаите од штрајкот на СОНК особено ако има обиди за попречување на правото на штрајк, што е регулирано со меѓународните конвенции и препораките на Меѓународната организација на трудот, објави Неделков на Фејсбук. Генералниот штрајк во училиштата и градинките СОНК ќе го организира од 11 април бидејќи не е исполнето нивното барање за зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита. СОНК бара зголемување на платите за 18,4 проценти односно нивно усогласување со миниманата плата која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места. Преговори меѓу СОНК и Владата имаше минатиот вторник и овој понеделник но завршија без договор. Неделков по завчерашната средба, која се одржа во Министетството за финансии, изјави дека нема краткорочно решение со кое, како што рече, „сега и веднаш ќе се зголемат платите на дејностите што ги застапува Синдикатот“. -За жал никаков процент, никакви бројки не беа изнесени на маса и морам да кажам дека излегуваме разочарани што нема што да пренесеме во јавноста и до членството. Очигледно, несериозно се сфаќа дека ќе има генерален штрајк на 11 април, кој може да има многу сериозни последици за сите, изјави Неделков по средбата во понеделникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-ja-zapoznal-evropskata-konfederacija-na-sindikatite-za-obrazovanie-za-prichinite-i-podgotovkite-na-shtrajkot/feed/ 0