Европската Унија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Oct 2023 05:48:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Европската Унија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Борел пристигна во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-pristigna-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-pristigna-vo-kina/#respond Thu, 12 Oct 2023 05:48:52 +0000 https://kurir.mk/?p=887876

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, пристигна денеска во Кина, објави тој на својот официјален профил на социјалните мрежи. „Само што слетав во Кина за да копретседавам со стратешкиот дијалог ЕУ-Кина со мојот колега, министерот Ванг Ји“, објави Борел на социјалната мрежа Х. „Важна посета за да се разговара за односите меѓу ЕУ и Кина, клучните регионални и глобални предизвици со кинеските власти, научниците и претставниците на бизнисот“, додаде тој. Односите меѓу ЕУ и Кина се силно затегнати по руската инвазија на Украина во февруари минатата година, која Пекинг не ја осуди.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-pristigna-vo-kina/feed/ 0
Бун: АфД е закана за ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bun-afd-e-zakana-za-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bun-afd-e-zakana-za-eu/#respond Tue, 08 Aug 2023 08:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=864504

Француската министерка за прашања на Европската унија, Лоренс Бун изјави дека подемот на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) е закана за стабилноста на Европа. -АфД води политика на исцрпување во Европа, рече Бун. Коментирајќи дека „општо познато е дека АфД има проруска позиција“, Бун рече дека оваа ситуација е загрижувачка и додаде дека „подемот на оваа партија е закана за стабилноста на Европа“. Бун додаде дека екстремно десничарските партии на континентот се отворени за уништување на Европската унија со напуштање на блокот, тврдејќи дека тоа не е она што тие го сакаат. АфД претходно ја прогласи Европската унија за „пропаднат проект“ во нејзината сегашна форма.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bun-afd-e-zakana-za-eu/feed/ 0
Продолжен за две години мандатот на Мирослав Лајчак https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzen-za-dve-godini-mandatot-na-miroslav-lajchak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzen-za-dve-godini-mandatot-na-miroslav-lajchak/#respond Mon, 18 Jul 2022 12:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=706962

Советот на Европската унија денеска усвои одлука за продолжување на мандатот на специјалниот претставник за дијалогот Белград – Приштина, и други отворени прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Мандатот му е продолжен за две години до 31 август 2024 година, соопшти Советот. Лајчак на функцијата беше именуван на 2 април 2020 година на предлог на шефот на дипломатријата на ЕУ, Жозеп Борел со согласност од сите шефови на дипломатии на Унијата]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzen-za-dve-godini-mandatot-na-miroslav-lajchak/feed/ 0
Ковачевски: Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-zapaden-balkan-mora-da-stane-del-od-evropskata-unija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-zapaden-balkan-mora-da-stane-del-od-evropskata-unija/#respond Wed, 08 Jun 2022 09:46:00 +0000 https://kurir.mk/?p=688268

Ова е време на големи предизвици кои бараат храбри одлуки и заедништво. Иницијативата „Отворен Балкан“ е наша заложба за стабилен регион, владеење на мир, за соработка и за економски развој – ова е нашата заложба за подобар живот на нашите народи. Наша автохтона иницијатива за европеизација на регионот, порача премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на Самитот „Отворен Балкан“ што се одржува во Охрид. Во услови кога цела Европа се соочува со последици од воената, енергетската, економската и здравствената криза, според Ковачевски, земјите од регионот се природно поврзани една со друга и имаат заедничка цел – заедно да одат напред. Војната во Украина, како што посочи, е ризик за зголемено влијание на трети страни во регионот, а оставањето на геостратегиска празнина во овој дел од Европа, не е опција. – Нашата политичка цел е јасна и единствена – Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија. Местото на секоја земја од регионот е во Европската Унија. По тој пат одиме. Заедно се европеизираме. Земјите од Западниот Балкан се тесно поврзани. Кога има напредок во една земја, тоа е поттик за напредок кај другите соседи. Европски е да се помагаме, а не да се кочиме и блокираме. Драгоценото време треба да го користиме поефикасно. Војната која се случува во Украина, е ризик за зголемено влијание на трети страни во регионот. Затоа сите мораме да бидеме исклучително внимателни и подготвени. Оставањето геостратегиска празнина во нашиот дел од Европа не е опција. Ние сме тие што мораме да ја пополниме таа празнина и затоа постои Отворен Балкан што е наша, автохтона, органска иницијатива создадена од нашите институции, сериозно поддржана од сите народи и етникуми кои живеат во нашите држави, порача Ковачевски. Од исклучителна важност е, рече Ковачевски, Европската Унија и земјите членки максимално одговорно да прифатат дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан веќе е и стратешко и безбедносно прашање. – Интеграцијата значи заедничка посветеност за изградба на силна, стабилна и обединета Европа, како дом на демократски и цивилизациски вредности и сили. Нашата визија за Балканот во 21 век е визија за напреден регион интегриран во Европа каде мирот, стабилноста и развојот веќе никој не ги доведува во прашање. Ние дејствуваме прагматично и економски и со тоа ќе создадеме услови за големи инвестиции во нашиот регион, а тоа ќе значи повеќе работа и подобро платена работа за нашите млади и нашите граѓани. Бараме ЕУ да го поддржи овој наш напор и да го препознае како инспирација за решавање на сопствените проблеми, нагласи Ковачевски. Премиерот се надева дека иницијативата „Отворен Балкан“ ќе стане сѐ поатрактивна и дека кон неа ќе се приклучат и останатите држави од регионот. Го поздрави присуството на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и на претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, а, како што рече, останува отворена поканата и за косовскиот премиер. – Јас сум убеден дека бенефитите од Отворен Балкан ги заслужуваат и дека ќе ги добијат и граѓаните на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово и верувам дека овој самит ќе донесе позитивен пресврт кога е во прашање проширувањето на Отворен Балкан. „Отворен Балкан“ е за интеграција. За отворени можности. За слобода. „Отворен Балкан“ е за олеснување, помагање, пријателство, рече Ковачевски. Во рамки на иницијативата денеска во Охрид ќе бидат потпишани договори за меѓусебно признавање дипломи издадени од високообразовните установи и други овластени институции, како и меморандуми за соработка во туризамот, културата и даночната администрација во Западен Балкан. – Денес отвораме ново поглавје во нашата соработка во областа туризам. Отворен Балкан заеднички ќе го промовираме како регионална атрактивна туристичка дестинација. Имаме на светот да му ги понудиме дел од најубавите мориња на Медитаренот благодарение на богатството на Албанија. Планините и прочуениот селски туризам на Србија. Македонските езерски пејсажи и убавите зелени планини. Овие убавини ќе му ги понудиме на светот, но пред се ќе овозможиме нашите граѓани да ги уживаат преку најповолни услови, рече Ковачевски, додавајќи дека ќе се креира и заеднички календар на културни настани со што се очекува зголемување на фестивалските настани во регионот. Иницијативата „Отворен Балкан“ ја покренаа Северна Македонија, Србија и Албанија за поголема економска и друга соработка со цел подобар живот на граѓаните. Од неа веќе се чувствуваат првите бенефити со воведувањето на т.н. зелени ленти за камионите на граничните премини Ќафасан и Табановце со кои се овозможува побрз проток на храна и земјоделски производи. На самитот во Охрид присутен е и еврокомесарот Оливер Вархеји, а преку видео обраќање се очекува да се вклучи и заменикот помошник на државниот секретар на САД Габриел Ескобар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-zapaden-balkan-mora-da-stane-del-od-evropskata-unija/feed/ 0
Би-би-си тврди дека претпладнево на прес конференција најверојатно ќе биде објавено за постигнат трговски договор Лондон-Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-tvrdi-deka-pretpladnevo-na-pres-konferencija-najverojatno-kje-bide-objaveno-za-postignat-trgovski-dogovor-london-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-tvrdi-deka-pretpladnevo-na-pres-konferencija-najverojatno-kje-bide-objaveno-za-postignat-trgovski-dogovor-london-brisel/#respond Thu, 24 Dec 2020 07:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=447479

Прес-конференција за постигнат трговски договор на Велика Британија и Европската унија по брегзит најверојатно ќе се одржи денеска претпладне, јави Би-би-си. Медиумот се повикува на извори во Лондон и од Брисел. Информацијата е откако беше објавено дека Велика Британија и ЕУ се блиску до постигнување договор. Така, по повеќемесечни преговори, двете страни ќе избегнат хаос околу тврдиот брегзит, фпфсвса медиумот во извештајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bi-bi-si-tvrdi-deka-pretpladnevo-na-pres-konferencija-najverojatno-kje-bide-objaveno-za-postignat-trgovski-dogovor-london-brisel/feed/ 0
Џонсон: Се уште се многу оддалечени, но има надеж https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-se-ushte-se-mnogu-oddalecheni-no-ima-nadez/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-se-ushte-se-mnogu-oddalecheni-no-ima-nadez/#respond Sun, 13 Dec 2020 14:34:40 +0000 https://kurir.mk/?p=442713

Велика Британија и Европската унија се многу оддалечени кога станува збор за клучните прашања во трговските разговори за Брегзит, така што луѓето треба да бидат подготвени за непостигнување договор до 31 декември, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон. – Се плашам дека се уште сме многу далеку кога станува збор за некои клучни работи, но се додека има живот, има и надеж. Ќе продолжиме да разговараме за да видиме што можеме да направиме. Велика Британија сигурно нема да ги напушти разговорите”, изјави Џонсон. Денеска е крајниот рок за постигнување договор меѓу ЕУ и Велика Британија за идните односи и бидејќи не е постигнат, договорено е преговорите да продолжат и по преодниот рок. Џонсон рече дека е подготвен да разговара и со „другите престолнини“, но дека Европската комисија е „многу одлучна“ прегововите да се водат меѓу неа и Велика Британија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-se-ushte-se-mnogu-oddalecheni-no-ima-nadez/feed/ 0
Харадинај до Меркел: Косово е подготвено за ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-do-merkel-kosovo-e-podgotveno-za-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-do-merkel-kosovo-e-podgotveno-za-eu/#respond Tue, 20 Aug 2019 08:12:09 +0000 https://kurir.mk/?p=231427

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, ја поздрави поддршката што германската канцеларка Ангела Меркел им ја изрази на земјите од Западен Балкан за интегрирање во Европската Унија (ЕУ), јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај преку својот Твитер, покрај фотографија со Меркел од нивната средба во Берлин, порача дека „ЕУ ќе биде посилна“ со интегрирањето на шесте земји од регионот.

– Го поздравувам ставот на канцеларката Меркел за потврда на поддршката за перспективата на Западен Балкан за проширување на ЕУ. Европската унија ќе биде посилна и со поголема добросостојба со интегрирањето на Западен Балкан. Косово е подготвено, напиша Харадинај.

МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-do-merkel-kosovo-e-podgotveno-za-eu/feed/ 0