европски берзи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Sep 2022 09:40:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европски берзи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европските берзи се движат нагоре на почетокот на денешната сесија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-berzi-se-dvizat-nagore-na-pochetokot-na-deneshnata-sesija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-berzi-se-dvizat-nagore-na-pochetokot-na-deneshnata-sesija/#respond Mon, 26 Sep 2022 09:40:38 +0000 https://kurir.mk/?p=737474

Главните индекси на водечките европски берзи пораснаа на почетокот на денешното тргување и покрај многуте неизвесности со кои се соочува глобалната и европската економија. На лондонската берза индексот FTSE 100 се зголеми за 0,48 отсто на 7.052,51 поен. Во Франкфурт, DAX порасна за 0,07 отсто на 12.292,21, а париски SAC 40 порасна за 0,48 отсто на 5.817,51.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-berzi-se-dvizat-nagore-na-pochetokot-na-deneshnata-sesija/feed/ 0
Во пресрет на седницата на ЕЦБ акциите на европските берзи бележат пад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-presret-na-sednicata-na-ecb-akciite-na-evropskite-berzi-belezat-pad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-presret-na-sednicata-na-ecb-akciite-na-evropskite-berzi-belezat-pad/#respond Thu, 09 Jun 2022 10:00:07 +0000 https://kurir.mk/?p=688774

Вредноста на акциите на европските берзи денеска бележат пад, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици во пресрет на состанокот на лидерите на Европската централна банка, од кој се очекува да бидат најавени зголемувањата на каматните стапки, имајќи ја предвид рекордната инфлација во еврозоната. Индексот „STOXX 600“ на водечките европски акции изутринава падна за 0,6 поени. Лондонскиот „FTSE“ индекс ослабе за 0,4 отсто на 7.562 поени, франкфуртскиот „DAX“ се лизна за 0,55 отсто на 14.366 поени, а парискиот „CAC“ за 0,59 отсто на 6.410 поени. Цените на акциите паднаа и на азиските берзи, па така азиско-тихоокеанскиот „MSCI“ (без јапонските акции), изутринава околу 9:30 часот беше во минус од 0,4 отсто, по вчерашниот раст од околу еден процент. На токиската берза индексот „Никеи“ зајакна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Хонг Конг, Шангај и Австралија паднаа меѓу 0,1 и 148 отсто. Инвеститорите ги поколеба вчерашниот пад на берзанските индекси на Волстрит, поради што загубија дел од добивките остварени претходните два дена. „Dow Jones“ се намали за 0,8 отсто, „S&P 500“ за 1,1 отсто, а „Nasdaq“ индексот за 0,7 отсто. Од 11-те најважни сектори на индексот „S&P 500“ вчера раст бележеше само енергетскиот поради поскапувањето на нафтата, во услови кога барелот на лондонскиот пазар достигна тримесечен максимум од 123 долари. Бидејќи зголемувањето на цените на енергијата последните месеци е една од најважните причини за зголемување на инфлацијата во светот, инвеститорите стравуваат дека инфлацијата ќе остане на високо ниво подолго од очекуваното. Тоа може да ги натера најголемите централни банки во светот агресивно да ги зголемат каматните стапки. Токму од тие причини приносите на 10-годишните државни обврзници во САД вчера ја пробија психолошки важната граница од три отсто, што веднаш негативно се одрази на берзите. „Растот на добивката од 10-годишните обврзници над три отсто веројатно е една од причините за падот на цените на акциите. Тоа е нивото на кое се фокусирани инвеститорите бидејќи претставува зголемување на каматните стапки и е одраз на инфлација и на пазарна нестабилност“, изјави Роберт Павлик, портфолио-менаџер во „Dakota Wealth“. Kако се движи инфлацијата во САД ќе се дознае утре кога ќе биде објавен Извештајот за потрошувачките цени за мај. Останува да се види дали инфлациските притисоци веќе го достигнаа својот врв па полека ќе попуштаат или инфлацијата и натаму ќе биде блиску нивото највисоко за последните 40 години. Поради толку високата инфлација Федералните резерви на САД (ФЕД) од март ги подигна каматните стапки за 0,75 процентни поени, што сега се движат меѓу 0,75 и еден процент. Се очекува овој и наредниот месец, а можеби и во септември ФЕД дополнително да ги зголемат каматните стапки за по 0,50 процентни поени така што до крајот на годината клучните каматни стапки би можеле да се движат од 2,50 до 2,75 отсто. Имајќи го предвид рекордното ниво на инфлација во еврозоната, инвеститорите проценуваат дека челниците на Европската централна банка ќе донесат одлука за прекин на стимулативната програма, како и да сигнализираат наскоро зголемување на клучните каматни стапки. Тоа се смета дека е причина за воздржаноста на инвеститорите, независно што макроекономските податоци испаднаа подобри од очекуваното. Кинескиот извоз се зголеми за речиси 17 отсто на годишно ниво во мај, а увозот за околу 4 отсто, што покажува дека економијата закрепнува благодарение на постепеното укинување на рестриктивните мерки за справување со епидемијата на коронавирусот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-presret-na-sednicata-na-ecb-akciite-na-evropskite-berzi-belezat-pad/feed/ 0
Европските берзи втор ден по ред во пад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-berzi-vtor-den-po-red-vo-pad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-berzi-vtor-den-po-red-vo-pad/#respond Fri, 04 Mar 2022 09:36:15 +0000 https://kurir.mk/?p=640734

Акциите на европските берзи од утринава бележат пад, втор ден по ред, додека траат руските напади врз градовите низ Украина. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,8 отсто денеска во 9:30 часот, откако вчера падна за околу 2 отсто. Утринава лондонскиот FTSE индекс се намали за 0,57 отсто на 7.197 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 1,44 отсто на 13.500 поени, а париски CAC 1,60 отсто на 6.276 поени. Цените и на азиските берзи паднаа, па MSCI Азиско-пацифичкиот берзански индекс, без јапонскиот, беше во минус од 1,6 отсто околу 9:30 часот и падна на најниско ниво во последните 16 месеци. На токиската берза индексот Nikkei потона за повеќе од 2 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 0,6 и 2,5 отсто. Берзите рано утринава беа под силен притисок по веста дека избувнал пожар во украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, по руското гранатирање и дека е измерено покачено ниво на радиоактивност. Пазарите подоцна делумно се смирија бидејќи украинските власти објавија дека испратиле пожарникари во електраната и дека нејзината безбедност сега е загарантирана. Според последните вести, електраната е заземена од руските воени сили. Несигурноста на инвеститорите останува, па тие се повлекуваат од поризични инвестиции и бараат побезбедни засолништа на капитал. Лошо на берзите влијае и вчерашниот пад на Волстрит. Индексот Dow Jones падна за 0,29 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,53 отсто, а Nasdaq индексот за 1,56 отсто. Рускиот напад врз Украина е во втората недела и штетите се големи, и покрај двете рунди преговори за прекин на огнот. Растот на цената на нафтата ја поттикнува инфлацијата. Инвеститорите се загрижени и за брзиот раст на цените на нафтата, кои го достигнаа највисокото ниво во последните седум години, бидејќи со тоа може дополнително да се поттикне инфлацијата во САД, што и без тоа се движи кон највисоко ниво во последните 40 години. Претседателот на американската ФЕД Џером Пауел во средата порача дека ќе се залагаат за зголемување на каматните стапки за 0.25 поени на состанокот во март, што ги охрабри инвеститорите. Сепак, ако инфлацијата продолжи, ФЕД ќе мораат дополнително да ја заострат монетарната политики, што пак би можело да го забави растот на економијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-berzi-vtor-den-po-red-vo-pad/feed/ 0
Втор ден пад на акциите на европските берзи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-den-pad-na-akciite-na-evropskite-berzi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-den-pad-na-akciite-na-evropskite-berzi/#respond Tue, 01 Mar 2022 10:15:16 +0000 https://kurir.mk/?p=638551

На европските берзи утринава цените на акциите паднаа, втор ден по ред, откако инвеститорите се загрижија поради вестите за новите руски воени сили во Украина. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9.30 часот беше во минус 0.4 отсто. Лондонскиот FTSE „ослабна“ за 0.03 отсто, на 7.453 поени. Франкфуртскиот DAX се „лизна“ за 0.89 отсто, на 14.331 поен, а парискиот CAC за 0.71 отсто, на 6.611 поени. Утрово најмногу паднаа, во просек над два отсто, цените на акциите во туристичкиот сектор. Од друга страна, рударскиот сектор се зајакна за повеќе од еден процент, благодарение на зголемените цени на суровините. На азиските берзи, цените на акциите пораснаа. Азиско-пацифичкиот индекс MSCI, без јапонскиот, порасна за 0.6 проценти околу 9.30 часот. На токиската берза, Nikkei се зголеми за 1.2 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Шангај, Австралија, Јужна Кореја пораснаа за меѓу 0.3 и 0.8 отсто. По неколкуте дена навистина нестабилното тргување, се чини дека азиските пазари се стабилизираа. Вестите за војната во Украина и понатаму се следат, како и почетокот на преговорите меѓу претставници на земјата и на Русија. – Голем дел од тоа што се случува на пазарите е во сенка на вестите за преговори меѓу Украина и Русија. Наредните денови ќе биде важно и тоа што ќе преземат владите и централните банки, кога се во прашање монетарната и други политики, изјави Кери Крејг, стратег во компанијата J.P.Morgan Asset Management. Инвеститорите ги загрижува и ризикот од понатамошен раст на инфлацијата, поради зголемување на цените на енергијата, што може да ги наведе централните банки на заострување на монетарната политика. А, со тоа ќе се забави растот на глобалната економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-den-pad-na-akciite-na-evropskite-berzi/feed/ 0
Пад на европските берзи по изјавата на директорот на „Модерна“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-evropskite-berzi-po-izjavata-na-direktorot-na-moderna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-evropskite-berzi-po-izjavata-na-direktorot-na-moderna/#respond Tue, 30 Nov 2021 09:29:33 +0000 https://kurir.mk/?p=601807

На европските берзи утровo цените на акциите нагло паднаа, губејќи ги сите вчерашни добивки, откако извршниот директор на Модерна предупреди дека постоечките вакцини би можеле да бидат помалку ефикасни против сојот Омикрон. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 9 отсто во 9:30 часот, губејќи ги сите вчерашни добивки. Утринава лондонскиот FTSE индекс се лизна за 0,97 отсто, на 7.040 поени, додека франкфуртски DAX падна за 1,11 отсто, на 15.110 поени, а париски CAC 1,11 отсто, на 6.698 поени. Откако вчера овие индекси надополнија дел од петочните загуби, утрово повторно остро паднаа. Падот дојде откако Стефан Бансел, извршен директор на Модерна, компанија што произведува вакцини против коронавирус, предупреди дека постоечките вакцини ќе бидат многу помалку ефикасни против Омикрон и дека може да поминат месеци пред фармацевтските компании да можат да произведат повеќе вакцини што ќе дејствуваат. „Мислам дека нема шанси ефикасноста да биде на исто ниво како што ја имавме со Делта варијантата“, рече Бансел во интервју за Фајненшл тајмс. Цените на акциите утринава паднаа и на азиските берзи, трет ден по ред, па MSCI азиско-пацифичкиот берзански индекс, без јапонскиот, беше во минус од 0,45 отсто на околу 9,30 часот. На токиската берза индексот Никеи се лизна за 1,6 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 1,1 и 1,8 отсто. Во Шангај и Австралија берзанските индекси стагнираат. Рано утрово, индексот на азиските пазари MSCI порасна за околу 0,5 отсто, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од вчерашното закрепнување на цените на акциите на Волстрит и на европските берзи. Но, по изјавата на извршниот директор на Модерна, повеќето азиски берзи ги загубија претходните добивки и паднаа на негативна територија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-evropskite-berzi-po-izjavata-na-direktorot-na-moderna/feed/ 0
Раст на Волстрит и европските берзи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-volstrit-i-evropskite-berzi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-volstrit-i-evropskite-berzi/#respond Tue, 17 Mar 2020 10:31:31 +0000 https://kurir.mk/?p=317653

Цените на фјучерсите на Волстрит и на европските берзи од утрово бележат раст по вчерашните катастрофални загуби. Терминскиот индекс Дау Џонс синоќа по полноќ забележаа раст за повеќе од 765 поени, откако Волстрит го претрпе најлошиот трговски ден од „Црниот понеделник“ во 1987 година. Растат и фјучерсите на С&П 500 и на Насдак 100. Пресвртот се случи отако американскиот претседател Доналд Трамп твитна дека САД силно ќе ја поддржат индустријата, како воздухопловната и другите, кои, како што напиша „се посебно погодени од кинескиот вирус“. Трамп наведе дека „САД ќе бидат посилни од кога било претходно“. Индексите вчера се намалија откако Трамп изјави дека кризата со новиот коронавирус би можела да трае до август. Акциите на европските берзи исто така утрово бележат раст. Паневропскиот индекс Стокс 600 порасна за 2,7 проценти, при што најголема добивка има автомобилскиот сектор со раст од 5,0 отсто. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-volstrit-i-evropskite-berzi/feed/ 0