Европски игри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Jul 2023 17:08:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Европски игри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонските спортисти го завршија настапот на Европските игри, се враќаат со сребрен медал https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-sportisti-go-zavrshija-nastapot-na-evropskite-igri-se-vrakaat-so-srebren-medal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-sportisti-go-zavrshija-nastapot-na-evropskite-igri-se-vrakaat-so-srebren-medal/#respond Sat, 01 Jul 2023 16:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=851586

Со денешниот настап на Анѓел Петрушев во кајак крос, македонските спортисти го завршија учеството на Европските игри во Полска од кои се враќаат со еден освоен медал. Единственото одличје го освои таеквондистот Дејан Георгиевски, кој во категоријата над 87 килограми се закити со сребрениот медал, откако во финалето со 2-0 во рунди беше поразен од Британецот Кејдон Луис Канингам. Последниот македонски натпреварувач на Европските игри, Петрушев, попладнево го заврши настапот на 28 место од 52 натпреварувачи со време 70:20 секунди. Резултатот не беше доволен да се квалификува понатаму во битката за медали, но Петрушев во силна конкуренција покажа дека е голем талент и може да се натпреварува со многу поискусните европски кајакари. На Европските игри кои почнаа на 22 јуни и до утре се одржуваат во Краков и други 12 полски градови настапија 17 македонски спортисти во седум спортови или дисциплини, Европските игри во Полска се најмасовни досега во историјата на ова натпреварување со околу 7.000 спортисти од 48 држави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-sportisti-go-zavrshija-nastapot-na-evropskite-igri-se-vrakaat-so-srebren-medal/feed/ 0
Сребро за Дејан Георгиевски на Европските игри во Полска https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srebro-za-dejan-georgievski-na-evropskite-igri-vo-polska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srebro-za-dejan-georgievski-na-evropskite-igri-vo-polska/#respond Mon, 26 Jun 2023 19:17:44 +0000 https://kurir.mk/?p=849851

Македонија го освои првиот медал на Европските игри во Краков, Полска, откако нашиот најдобар таеквондо-фајтер, Дејан Георгиевски загуби во финалето во категоријата над 83 килограми, губејќи со 2:0 од британскиот ривал Кејден Луис Канингем. Со ова се комплетираше фантастичниот настап на сребрениот од Олимпијадата во Токио, а Георгиевски на патот до финалето ги совлада Италијанецот Матија Молина и Украинецот Андриј Харбар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srebro-za-dejan-georgievski-na-evropskite-igri-vo-polska/feed/ 0
Боксерите на МКД без ниту една победа на Европските игри во Краков https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bokserite-na-mkd-bez-nitu-edna-pobeda-na-evropskite-igri-vo-krakov/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bokserite-na-mkd-bez-nitu-edna-pobeda-na-evropskite-igri-vo-krakov/#respond Sun, 25 Jun 2023 07:10:02 +0000 https://kurir.mk/?p=849393

Македонските боксери ги завршија своите настапи на Европските игри во Полска без ниту една победа. Последен во рингот настапи Арјан Исени кој загуби од Михаил Цамалидис од Грција. Исени, во категоријата до 80 килограми, загуби со едногласна одлука на судиите со 0-5. Претходно, како што е познато, во категоријата до 57 килограми, Ален Рустемовски загуби од Ибрахим Махмуд од Шведска, додека Илхан Озмен загуби од Италијанецот Џанлуиџи Малања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bokserite-na-mkd-bez-nitu-edna-pobeda-na-evropskite-igri-vo-krakov/feed/ 0
Свечено отворени Европските игри во Краков, настапуваат 17 македонски спортисти https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoreni-evropskite-igri-vo-krakov-nastapuvaat-17-makedonski-sportisti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoreni-evropskite-igri-vo-krakov-nastapuvaat-17-makedonski-sportisti/#respond Thu, 22 Jun 2023 08:28:35 +0000 https://kurir.mk/?p=848484

Во полскиот град Краков синоќа свечено беа отворени третите Европски игри на кои до 2 јули ќе настапат и 17 македонски спортисти во седум дисциплини. Европските игри на стадионот „Висла“ во Краков ги отвори полскиот претседател Андреј Дуда, а македонското знаме на церемонијата на свеченото отворање го носеа каратистот Емил Павлов и таеквондистката Милијана Рељиќ. Околу 7.000 спортисти од 48 европски земји настапуваат на Игрите чиј домаќини се Краков и уште 12 полски градови, а ќе се натпреваруваат во 29 спортови или дисциплини, од кои дури 19 се бодуваат за директни норми за настап на Олимписките игри 2024 во Париз. На церемонијата на свеченото отворање, полските организатори изразија гордост што се домаќини на најголемата мултиспортска манифестација во Европа по Олимписките игри 2012 во Лондон. Пораката на Игрите гласи „Мир во Европа“, бидејќи Полска е домаќин на оваа манифестација во екот на руската агресија врз Украина и бројните економски предизвици ширум Стариот континент. На церемонијата на отворањето, покрај домаќинот, најсилен аплауз доби Украина, додека руските и белоруските спортисти не учествуваат на манифестацијата. Македонските спортисти ќе настапат во карате (Емил Павлов), спортско стрелаштво (Анастасија Мојсовска, Мартин Ангелески), таеквондо (Дејан Георгиевски, Анамарија Георгиевска, Милијана Рељиќ), текбол (Димитар Пејчиновски), кајак (Анѓел Петрушев. Никола Малевски, Владимир Малевски), мечувалство (Никола Николовски, Петар Србиновски, Петар Дамјановски, Матеј Тодороски) и бокс (Атила Илхан Озмен, Ален Рустемовски и Архан Исени).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoreni-evropskite-igri-vo-krakov-nastapuvaat-17-makedonski-sportisti/feed/ 0
Седумнаесет македонски спортисти ќе настапат на Европските игри https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sedumnaeset-makedonski-sportisti-ke-nastapat-na-evropskite-igri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sedumnaeset-makedonski-sportisti-ke-nastapat-na-evropskite-igri/#respond Tue, 20 Jun 2023 09:25:45 +0000 https://kurir.mk/?p=847730

Полскиот град Краков од утре до 2 јули ќе биде домаќин на Европските игри на кој ќе настапат вкупно 17 македонски спортисти во седум спортови. Македонската делегација пристигна во Краков каде на втората најмасовна спортска манифестација по Олимписките игри ќе настапи во карате (Емил Павлов), спортско стрелаштво (Анастасија Мојсовска, Мартин Ангелески), таеквондо (Дејан Георгиевски, Анамарија Георгиевска, Милијана Рељиќ), текбол (Димитар Пејчиновски), кајак (Анѓел Петрушев, Никола Малевски, Владимир Малевски), мечувалство (Никола Николовски, Петар Србиновски, Петар Дамјановски, Матеј Тодороски) и бокс (Атила Илхан Озмен, Ален Рустемовски и Архан Исени). Македонското знаме на церемонијата на отворање на Игрите ќе го носат Милијана Рељиќ и Емил Павлов. За време на Европските игри 2023 ќе се одржат и натпреварите од третата Европска атлетска лига на кои ќе учествуваат и најдобрите македонски атлетичари и атлетичарки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sedumnaeset-makedonski-sportisti-ke-nastapat-na-evropskite-igri/feed/ 0