европски извештај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 24 Oct 2021 12:11:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европски извештај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Извештајот на ЕК потврдува корупција кај Владата и недостаток на реформи“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-na-ek-potvrduva-korupcija-kaj-vladata-i-nedostatok-na-reformi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-na-ek-potvrduva-korupcija-kaj-vladata-i-nedostatok-na-reformi/#respond Sun, 24 Oct 2021 12:11:56 +0000 https://kurir.mk/?p=584596

Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кој што излезе пред неколку дена е многу лош, таму се нотирани работите за кои ВМРО-ДПМНЕ цело време зборува, дека во државата нема реформи како и дека постои екстремно високо ниво на криминал и корупција, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски. Ова го истакна Мицкоски при посетата и средбата со граѓани во Пештани во Охрид, каде што беше запрашан од новинарите за коментар за последниот извештај на ЕК за Македонија, при што додаде дека токму тоа е и резултат кој што лошата состојба која што денеска ја живееме. - Самиот извештај е многу лош. Мојата оценка е дека тој е многу лош, затоа што таму е нотирано она што ние го зборуваме цело време. А, тоа е екстремно високото ниво на криминал и корупција која што владее во Македонија, немањето реформи и тоа е практично резултатот кој што ние денеска го живееме, рече Мицкоски. Тој посочи дека пет години, уште од сликаат во авионот каде што беа сликани главните експоненти на Владата, не убедуваат дека сме отпочнале преговори со Европската унија, а во реалноста сме далеку од тоа, а сега во последните крикови да се задржат на власт уште неколку месеци за да делат тендери, Зоран Заев и другите околу него, на отворена врата ја распродаваат Македонија и се што е македонско. - Пет години не убедуваат, од онаа сликичка во авиончето со кренатиот палец, дека ние преговараме, а во суштина уште не сме ни почнале да преговараме. Па, гледаме сега на отворена врата како дополнително се распродава Македонија, македонската есенција, македонскиот идентитет мислејќи дека на тој начин ќе се добие нешто, а во суштина ништо не се добива, тоа е само борба за политички опстанок на Зоран Заев уште некој месец повеќе за тендери и за власт, за ништо друго, посочи Мицкоски. Тој порача со оваа гарнитура на власт не може да се има добра и нова иднина, тие можат само да не влечат назад, а напред можеме да одиме само по бројот на починати поради Корона вирусот, како и до сега при што поради неспособноста на власта над седум илјади македонски граѓани го загубија животот, со што Македонија се најде на врвот на светските и европски листи по број на починати на милион жители. - Така што, со овие луѓе ние не можеме да изградиме нова иднина, со овие луѓе можеме само да одиме назад, а можеме да одиме напред според бројот на луѓе кој што го загубија својот живот од Корона пандемијата, поради неспособноста на Владата. Повеќе од седум илјади сограѓани, за жал, го загубија својот живот, катастрофата во образованието, екстремно високото ниво на криминал и корупција, немањето реформи. Во економијата гледате што се случува, на повидок е и енергетска криза, така што, навистина живееме во една тешка ситуација, а таа тешка ситуација е нотирана во овој последен извештај на Европската комисија за Македонија, констатираше Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-na-ek-potvrduva-korupcija-kaj-vladata-i-nedostatok-na-reformi/feed/ 0
Извештајот на ЕК за Македонија на собраниска седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-na-ek-za-makedonija-na-sobraniska-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-na-ek-za-makedonija-na-sobraniska-sednica/#respond Mon, 11 Jun 2018 05:48:46 +0000 https://kurir.mk/?p=64311

Пратениците на денешната 47. собраниска седница ќе го разгледаат Извештајот на Европската Комисија за Република Македонија за 2018 година. На дневен ред на седницата се и Предлог одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите Нации „УНИФИЛ“ во Либан, како и измените на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, измените и дополнувањата на Законот за акцизите, измените на Законот за трговија, како и измените и дополнувањата на Законот за работните односи. Пратениците меѓу другото ќе дебатираат и по предлог измените на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, по измените на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, како и по предлог измените на Законот за државен пазарен инспекторат. На денешната седница ќе биде разгледан и Предлог кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија, поднесен од Талат Џафери, Фросина Ташевска Ременски, Горан Мисовски, Драган Данев, Томислав Тунтев, Ејуп Алими, Африм Гаши, Сурија Рашиди и Мерал Узеири Ферати. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-na-ek-za-makedonija-na-sobraniska-sednica/feed/ 0
Обединување околу за националните приоритети и работа, порачува Брисел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obedinuvanje-okolu-za-nacionalnite-prioriteti-i-rabota-porachuva-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obedinuvanje-okolu-za-nacionalnite-prioriteti-i-rabota-porachuva-brisel/#respond Fri, 20 Apr 2018 06:02:22 +0000 https://kurir.mk/?p=43396

По добивањето на чистата препорака од ЕК за отворање на пристапните преговори важно е продолжување и продлабочување на реформите на патот кон ЕУ. Власта и опозицијата ја споделуваат одговорноста за иднината на земјата, порача вчера во својот годор пред македомнскиот Парламент високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. - Вие ја споделувате обврската за иднината на своите граѓани. Владата има одговорност да и отвори простор на опозицијата за целокупна вклученост, а опозицијата има одговорност да се вклучи во целата оваа работа. Имате одговорност да ги идентификувате националните интереси и приоритети на вашата земја, имате колективна одговорност да соработувате во институциите за да постигнете резултати во националните приоритети, им порача Могерини на македонските пратеници. Додаде дека Македонија се вратила на патот кон Европската унија и тоа е местото на кое земјата треба да се наоѓа. - Кога ќе се сетам што се случуваше тука, во Собранието, пред една година и што се случува сега, можам да кажам дека поминавте долг пат. Добрите вести се дека се вративте назад на патот, ја надминавте најлошата политичка и институционална криза, со која некогаш сте се соочиле. Ова е големо достигнување за сите во земјата и таа е, пред се, достигнување кое се постигна благодарение на Владата, Парламентот, различните политички партии, локалните власти, како и на одлучноста на секој граѓанин на оваа земја, рече Могерини. Нагласи дека ова е само првиот чекор од еден долг пат каде ќе бидат потребни повеќе единство, повеќе заложби и повеќе работа, но и ќе биде препознаена и ќе претставува основа за напредок. - Она што го завршивте во изминатата година беше навистино импресивно, што успеавте да го остварите заедно, особено за реформите. И очекувањата се високи дека овој начин на обедување на силите за некои национални приоритети може да продолжи и натаму во иднина. Ова е најсилниот знак на зрелост во еден демократски систем, рече Могерини. Ги пофали досегашните реформи, усвојувањето на законите во важните области, но повтори оти сега е потребно земјата да се фокусира на нивната имплементација. Работата што не очекува Могерини метафорично ја спореди со видео-игра каде се поминуваат нивоа со нови задачи, а целта и вистинската награда во оваа игра која е, вели, се освен игра, е подобрување на животот на граѓаните. - Ова е суштината. Знам дека процесот на интеграција во ЕУ е исполнет со мниогу процедури, постапки и услови што треба да се исполнат, но на крај се сведува на трансформација на општетството и на стандардите кои вашите граѓани сакаат да ги видат како се исполнуваат во нивното секојдневно живеење. Се работи за европски стандарди, добар развој на економијата, трговијата, начинот на кој работат институциите, владење на правото, квалитетот на животот... Од безбедност до можности за младите. Ова е она што е важно за сите граѓани, рече високата претставничка на ЕУ. Следното ниво од видео-играта, додаде таа, е одржување и продолжување на реформите што одлично се одвиваат, но процесот треба да продолжи не само преку носење на законите туку, вели, и со нивно исполнување. Изразувајќи убедување дека ваквата работа ќе продолжи да носи резулати, таа укажа и на претстојните чекори посочувајќи на Советот на ЕУ во јуни каде ќе се носат одлуки. Оцени дека е направен историски чекор напред со договорот со Бугарија со кој е разрешено едно билатерално прашање и изрази уверување дека и преговорите со Грција ќе доведат до решение за спорот за името, кое ќе ги задоволи двете страни и ќе биде основа за идната обединетост на европскиот континент - Секогаш избегнувам да зборувам за проширување, сакам да зборувам за реобединување. Имаме потенцијал да бидеме брзи во постапките, да бидеме успешни. Знам дека и вие верувате во тоа да се движиме брзо кон членството во ЕУ. Инвестирајте во вашето единство, во вашите демократски институции во талентот на граѓаните особено во младите луѓе и нивните аспирации и желби да се приклучат кон ЕУ Тоа е придобивка за вас но и за нас. Истото ќе биде препознаено од Брисел и од ЕУ.  Време е да почнеме да трчаме заедно, да трчате еден со друг со вашите соседи и уверена сум дека така ќе стигнете далеку, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни прашања и безбедносна политика Могерини. Могерини во рамки на нејзината официјална посета на Македонија чиј повод е Извештајот на ЕК за напредокот на земјата и дадената чиста препорака за почеток на преговорите за членство во Унијата, имаше средби и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев. Во изјавите на заедничката прес-конференцијата во Владата, Могерини и Заев изразија уверување дека спорот за името кој е еден од предусловите за отпочнување на преговорите со Брисел, може да се реши до Самитот на ЕУ. - Имаме два и пол месеци до тој Самит и времето треба да се искористи позитивно и храбро како што го направивме тоа во последните 10 месеци. Направивте чекори кои пред 10-ина месеци беа незамисливи. Затоа сум оптимист. Времето постои, може да се искористи како што беше искористено од ваша страна и од страната на Грција во овие месеци и недели на преговори и разговори и се надевам резултатот е возможен. Не можам да влегувам во содржината на ова прашање затоа што тоа е билатерално, но мислам дека Европскиот совет може дефинитивно да донесе позитивна одлука. Во спротивно, ние не би дале препорака ако сметавме дека тоа не е така, рече Могерини. Премиерот Заев од своја страна истакна дека е уверен дека Македонија ќе добие датум за почеток на пристапните преговори. - Јас сум уверен дека ќе добиеме датум за преговори затоа што тоа што досега го имаме постигнато со Грција навистина и го гарантира тоа. Ќе бидеме сите среќни ако најдеме решение, а верувам дека тоа е можно, рече премиерот Заев Оптимизмот изразен од Могерини и Заев дека може да се најде решение на името вчера се најде во фокусот на грчките медиуми во извештаите за вчерашната средба на македонскиот премиер со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ и комесарот за проширување. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obedinuvanje-okolu-za-nacionalnite-prioriteti-i-rabota-porachuva-brisel/feed/ 0
Европската комисија нотира корупција во работењето на владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskata-komisija-notira-korupcija-vo-rabotenjeto-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskata-komisija-notira-korupcija-vo-rabotenjeto-na-vladata/#respond Tue, 17 Apr 2018 20:00:41 +0000 https://kurir.mk/?p=42193

Корупцијата е проблем за Македонија, се забележува во документот што ги содржи извештаите за напредокот на земјите од Западен Балкан, конкретно во Извештајот подготвен за Македонија. Европската комисија со забелешки за борбата против корупцијата, односно таа нотира корупција во работењето на владата, изразувајќи загриженост од политичкото мешање. -Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик, се вели во извештајот на ЕК. Комисијата во документот говори дека е потребна поголема координацијата меѓу релевантните чинители во борбата против организираниот криминал. -Координацијата меѓу сите релевантни чинители е од суштинско значење. Треба да се подобри евиденцијата за истраги, обвиненија и пресуди во борбата против организираниот криминал, се вели во извештајот. За да се постигне ова, односно да се надминат забелешките Брисел бара постојани напори од судскиот систем во земјава. Во делот на јавната администрација, ЕК забележува дека треба да се подобри капацитетот на Министерството за информатичко општество и администрација за водење и координирање на реформите во оваа област. Комисијата констатира дека има клучни слабости во економијата. -Тие вклучуваат недостатоци во деловното опкружување, како што се слабото спроведување на договорите и големата сива економија. Структурните проблеми на пазарот на трудот се рефлектираат во ниската активност и високите стапки на невработеност. Фискалната политика е насочена кон краткорочни мерки и нема траен план за консолидација. Економијата се уште страда од слабости во планови, ниските стапки на иновации и значајните недостатоци во инвестициите, вклучувајќи ја особено јавната инфраструктура, се вели во извештајот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskata-komisija-notira-korupcija-vo-rabotenjeto-na-vladata/feed/ 0
Европски извештај – кога, како, зошто? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropski-izveshtaj-koga-kako-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropski-izveshtaj-koga-kako-zoshto/#respond Tue, 27 Mar 2018 09:17:25 +0000 https://kurir.mk/?p=33478

Европскиот извештај - Извештај за сообраќајна незгода“ е образец изготвен од Националното биро за осигурување на Република Македонија. Истиот се добива бесплатно од друштвото за осигурување при склучување договор за задолжително осигурување (полиса) и на неговата задна страна содржи упатство за употреба во кое детално се наведени начинот и условите за негово користење. И покрај тоа што во Република Македонија Европскиот извештај се применува уште од 2009 година, многу често граѓаните се во дилема: „Дали да се повика полиција или да се пополни Европски извештај? Дали, кога и како се користи Европскиот извештај? Прашањето е честопати поставувано, па токму затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува и појаснува за најголемите дилеми на возачите поврзани со Европскиот извештај:
  • Европски извештај се пополнува само во случајна сообраќајна незгода со мала материјална штета и го пополнуваат учесниците во сообраќајната незгода. Европскиот извештај не се пополнува и не се потпишува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени лица, загинати лица и во сообраќајна незгода во која настанала голема материјална штета. Под „мала материјална штета во сообраќајна незгода“ се подразбира штета настаната на објекти и на возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и за запирање, а возилата можат самостојно да се движат по патот.
  • Возачите-учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, откако ќе го пополнат и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода, се должни веднаш да ги отстранат возилата од коловозот и да овозможат непречено одвивање на сообраќајот.Прекршочен платен налог во износ од 250 евра, во денарска против вредност, ќе му се издаде на возачот-учесник во сообраќајна незгода кој постапува спротивно од наведената одредба.
  • Возачите-учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета,кои пополниле и потпишале Европски извештај за сообраќајна незгода, не се должни за истата да го известат Министерството за внатрешни работи.
  • Европскиот извештај не претставува признавање вина и не значи дека меѓу возачите е постигната согласност за вината во сообраќајната незгода, ниту дека со потписот се признава вина, туку служи единствено за утврдување на фактичката состојба.
 
  • Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода (Европски извештај не се пополнува во сообраќајна незгода) во која е предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случај кога:
  • едно од возилата нема регистарски таблици или не е осигурано
  • едно од возилата има странска регистарска таблица
  • е очигледно дека еден од возачите е под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции
  • еден од возачите не поседува возачка дозвола од соодветната категорија
  • на еден од возачите му е запишана прекршочна санкција во возачката дозвола - забрана за управување со моторно возило
  • еден од возачите одбива да даде свои лични податоци, односно податоци за возилото
  • еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода
  • ако возачот сам учествува во сообраќајна незгода.
  • Сопственикот на возилото е должен да го извести друштвото за осигурување со кое склучил договор за осигурување од автомобилска одговорност за настанувањето на сообраќајната незгода и да достави пополнет Европски извештај во рок од 30 дена од настанувањето на незгодата.
  • Учесниците во сообраќајната незгода, на барање на одговорното друштво за осигурување, се должни опширно да известат за околностите под кои се случила сообраќајната незгода, во спротивно, се должни да ја надоместат штетата настаната од неисполнување на обврската за известување.
  • Во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета во која учествуваат две возила, се пополнува само еден комплет Европски извештај. Доколку во незгодата учествуваат три возила, се полнуваат два комплета, четири возила – три комплета итн. Притоа, воопшто не е важно чиј примерок се пополнува, ниту кој го пополнува.
  • При пополнувањето на Европскиот извештај важно е да се користи хемиско пенкало.
РСБСП до сите возачи-учесници во сообраќајот, апелира да бидат внимателни и одговорни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и воедно ги потсетува, во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета да користат „Европски извештај за сообраќајни незгоди“ бидејќи така предвидува Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Неговото непочитување се санкционира со глоба од 250 евра во денарска противвредност. Исто така, РСБСП укажува дека придобивките од користење „Европски извештај за сообраќајни незгоди“ се повеќекратни и тоа:
  • Намалување на сообраќајниот метеж после случена сообрачајна незгода со мала материјална штета
  • Побезбедно одвивање на сообраќајот
  • Брзо и ефикасно обесштетување на оштетените странки
  • Помалку административни процедури и заштеда на време и пари
  • Намалување на можноста за дополнителни санкции, итн.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropski-izveshtaj-koga-kako-zoshto/feed/ 0