европски лидери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Nov 2018 15:00:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европски лидери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европските лидери задоволни од договорот за Брегзит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-lideri-zadovolni-od-dogovorot-za-bregzit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-lideri-zadovolni-od-dogovorot-za-bregzit/#respond Thu, 15 Nov 2018 15:00:37 +0000 https://kurir.mk/?p=128219

Повеќе земји членки на ЕУ и европски институции денеска изразија задоволство од предлог-договорот за Брегзит, што го постигнаа преговарачите на Унијата и Велика Британија. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е многу задоволна од усогласениот предлог, но предупреди дека постои ризик тој да не доведе до суштински договор. – Многу сум задоволна што по долгите преговори, кои не беа секогаш лесни, двете страни сепак успеаја да усогласат предлог, изјави Меркел на прес-конференција во Потсдам. Меркел нагласи дека патот до конечниот договор се уште не целосно трасиран, бидејќи претстои одобрување на предлог-документот од страна на британскиот Парламент. Според неа, најлошо би било доколку овој предлог не резултура со конечен договор. – Тоа е алтернатива која треба да се има предвид, нагласи Меркел. Францускиот премиер Едуар Филип оцени дека предлог-договорот претставува голема чекор напред, но дека се уште постои загриженост во врска со неговото конечно усвојување. Шпанскиот државен секретар за европски прашања Луис Марко Агиријано изјави дека Владата во Мадрид е задоволна од предлог-договорот и изрази надеж дека британската премиерка Тереза Меј ќе успее да обезбеди поддршка во Парламентот во Лондон. Агиријано истакна дека Мадрид е посебно задоволен што во предлогот „фигурира и прашањето за Гибралтар“. Првиот човек на Комитетот за Брегзит на Европскиот парламент, Ги Верхофштат го поздрави предлог-документот, оценувајќи дека тоа е „најдобриот договор“ што ЕУ можела да го издејствува. Според него, договорот претставува добра основа за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија. Верхофштат нагласи дека очекува Европскиот парламент да го одобри договорот за Брегзит на почетокот на следната година, пред предвиениот термин за истапување на Велика Британија од ЕУ – 29 март 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-lideri-zadovolni-od-dogovorot-za-bregzit/feed/ 0
Европските лидери ги приближиле ставовите по мини-самитот за миграција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-lideri-gi-priblizile-stavovite-po-mini-samitot-za-migracija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-lideri-gi-priblizile-stavovite-po-mini-samitot-za-migracija/#respond Mon, 25 Jun 2018 06:23:59 +0000 https://kurir.mk/?p=69300

Лидерите кои учествуваа на неформалниот мини-самит посветен на миграцијата, порачаа дека успеале да ги приближат делумно ставовите, иако многу малку детали од разговорите изглегоа во јавност и ниеден конкретен предлог сѐ уште не е објавен. -Треба да го подобриме внатрешното фунцкионирање, преку прагматичен пристап, а притоа да не ги негираме нашите принципи, тоа е консензусот од денешната средба, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Макрон истакна дека главниот проблем за ЕУ денеска се „секундардните движења“, односно оние мигранти и бегалци кои се веќе во Шенген зоната, што им овозможува слободно да се движат од една земја во друга. Макрон порача дека ЕУ повеќе не се соочува со бегалски бран како оној од 2015 кога бегалците беа главно од Сирија и повеќето од нив имаа право на азил. Проблемот сега се движењата од централен и источен Медитеран кои носат пред сѐ „економски мигранти“, кои немаат право на азил во ЕУ. -Предизвикот е поврзан за политичкиот притисок на земјите членки и секундарните миграции и фактот што денеска не сме доволно ефикасни за да ги вратиме назад оние кои немаат право на азил. Но, да не се лажеме себеси, некои се обидуваат да ја инструментализираат ситуацијата во Европа за да создаваат тензии и да си подигруваат со стравовите, изјави францускиот претседател. И најтврдите земји изразија задоволство по завршувањето на денешниот состанок. Италијанскиот премиер Џузепе Конте рече дека е „решително задоволен“, додека премиерот на Малта, Жозеф Мускат, со сличен тон побара во наредните денови да се преземат итни „оперативни акции“. -Има луѓе во море во овој момент, и доколку не донесеме одлуки во наредните денови, ситуацијата ќе ескалира. Се приближивме денеска и тоа е знак дека има волја за оперативни промени, рече Мускат. Моментално во Медитеранот уште еден брод, холандскиот “Лајфлајн“ кој пренесува 230 мигранти, не може да најде пристаниште, Италија и Малта му забранија пристап. Бродот, според документи објавени од италијанските власти, се наоѓа во малтешката зона за спасување, но Малта одбила да пружа помош освен итна. Италијанскиот министер за транспорт ја обвини на Фејсбук Малта за „нехуманост“ пред стартот на мини-самитот што се одржа вчера. Сепак повеќето лидери излегоа од состанок навидум пооптимисти отколку на влегување, иако конечно решение сѐ уште не е најдено, ниту се обелоденува кои точно предлози биле на маса и кои преовладале. Останува и фактот дека Унгарија и нејзините три сојузници, Полска, Чешка и Словачка, не присуствуваа на денешниот состанок, и сѐ земји кои силно се спротиставуваат на заеднички и солидарни решенија за миграциската криза. Нешто што иритира голем дел од земјите членки, особено оние кои се најизложени на притисок на своите граници. Франција веќе предложи да се санкционираат земјите кои одбиваат да учествуваат во солидарните напори за распределување на мигрантскиот товар. Италија на состанокот презентираше свој предлог кој исто така бара намалување на ЕУ фондовите за земјите кои одбиваат да го споделат товарот, стои во нацрт-документот објавен од повеќе медиуми. -Секоја земја воспоставува влезни квоти за економски мигранти, ова е принцип кој мора да се почитува, а адекватни противмерки мора да се донесат за финансирање во однос на земјите кои одбиваат да прифатат мигранти, стои во италијанскиот документ презентиран синоќа на другите 15 земји членки присутни. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-lideri-gi-priblizile-stavovite-po-mini-samitot-za-migracija/feed/ 0