европски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 15:14:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европскиот парламент повика на „хуманитарна пауза“ во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-povika-na-humanitarna-pauza-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-povika-na-humanitarna-pauza-vo-gaza/#respond Thu, 19 Oct 2023 15:14:55 +0000 https://kurir.mk/?p=890875

Европскиот парламент денеска повика на „хуманитарна пауза“ во Појасот Газа за да се обезбеди помошта да стигне до оние на кои им е потребна и нагласи дека Израел може да се брани само во рамките на меѓународното право. Необврзувачката резолуција беше усвоена со 500 гласа „за“ и 21 „против“, а 24 воздржани. Европратениците, исто така, повикаа на итно ослободување на сите заложници заробени од Хамас во јужен Израел и одведени во Газа. Израел денеска продолжи со нападите врз Појасот Газа, додека конвоите со хуманитарна помош сè уште се блокирани на границата со Египет.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-povika-na-humanitarna-pauza-vo-gaza/feed/ 0
Ќучук побара одложување на гласањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-pobara-odlozhuvane-na-glasaneto-na-izveshtajot-za-makedonija-vo-evropskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-pobara-odlozhuvane-na-glasaneto-na-izveshtajot-za-makedonija-vo-evropskiot-parlament/#respond Tue, 20 Jun 2023 15:28:08 +0000 https://kurir.mk/?p=847890

Известувачот во Европскиот парламент за Северна Македонија Илхан Ќучук, побара официјално одложување на гласањето за извештајот во ЕП, што беше закажано за крајот на јуни, соопштија од прес-службата на Ќучук. -Убеден сум дека претстојниот период пред гласањето на извештајот ќе биде сериозен тест за политичката елита во Северна Македонија и ќе ја измери подготвеноста на земјата да продолжи по патот на европската интеграција, преку спроведување на неопходните уставни измени. Во спротивно, критичарите кои не веруваат во европските аспирации на Северна Македонија, може да излезат дека се во право. И во двете опции, Европскиот парламент ќе има јасна линија по која ќе го гласа извештајот со големо мнозинство наесен, рече Илхан Ќучук. Според известувачот на ЕП за Северна Македонија, одложувањето на гласањето ќе помогне за постигнување конструктивен дијалог и во комисијата за надворешни работи на ЕП ќе придонесе за зацврстување на довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија, како две соседни земји, кои имаат заедничка иднина и стремеж во европското семејство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuchuk-pobara-odlozhuvane-na-glasaneto-na-izveshtajot-za-makedonija-vo-evropskiot-parlament/feed/ 0
Изборите за Европскиот парламент закажани за 6 до 9 јуни следната година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborite-za-evropskiot-parlament-zakazhani-za-6-do-9-juni-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborite-za-evropskiot-parlament-zakazhani-za-6-do-9-juni-slednata-godina/#respond Wed, 17 May 2023 10:43:31 +0000 https://kurir.mk/?p=835257

Изборите за Европскиот парламент за 2024 година треба да се одржат од 6 до 9 јуни, соопшти денеска шведското претседателство со ЕУ на Твитер. ЕУ амбасадорите на состанокот на 27-те земји-членки на ЕУ во Брисел „штотуку ги одобрија“ датумите, објави актуелниот претседавач со ЕУ. Изборите се одржуваат на секои пет години и се натпреваруваат национални политички партии. Меѓутоа, откако ќе бидат избрани, пратениците во ЕУ им се приклучуваат на транснационалните политички групи во Европскиот парламент. Европскиот парламент, единствената директно избрана институција на ЕУ, гласа за избор на претседател на Европската комисија и го одобрува неговиот кабинет. Актуелната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен сè уште не искажала намера дека ќе се бори за втор мандат како шеф на извршното тело на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborite-za-evropskiot-parlament-zakazhani-za-6-do-9-juni-slednata-godina/feed/ 0
Европскиот парламент ќе гласа за воведување на Истанбулската конвенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-ke-glasa-za-voveduvane-na-istanbulskata-konventsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-ke-glasa-za-voveduvane-na-istanbulskata-konventsija/#respond Fri, 05 May 2023 09:36:17 +0000 https://kurir.mk/?p=830867

Европскиот парламент следната недела ќе расправа и ќе гласа за одлуката да му се дозволи на Советот на ЕУ да го заврши процесот на ратификација на Истанбулската конвенција. „Шест години откако ЕУ ја потпиша конвенцијата - првиот правно обврзувачки меѓународен начин за спречување и борба против насилството врз жените и девојчињата - и покрај бројните повици од мнозинството европратеници, документот сè уште не е ратификуван поради одбивањето на неколку земји“, се наведува во соопштението од ЕП. Судот на ЕУ од 6 октомври 2021 година потврди дека ЕУ може да ја ратификува конвенцијата, дури и без согласност на сите земји од ЕУ, се додава во текстот и се прецизира дека Советот на ЕУ бара согласност од ЕП за завршување на процесот. „Пристапувањето на ЕУ кон Истанбулската конвенција не ги ослободува земјите од Унијата од обврската сами да ја ратификуваат, што постојано истакнуваат европратениците“, се наведува во соопштението. Се додава дека мнозинството во ЕП ги повикало Бугарија, Летонија, Литванија, Словачка, Унгарија и Чешка веднаш да ја ратификуваат конвенцијата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-ke-glasa-za-voveduvane-na-istanbulskata-konventsija/feed/ 0
Европскиот парламент ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-ja-odobri-liberalizatsijata-na-vizniot-rezhim-so-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-ja-odobri-liberalizatsijata-na-vizniot-rezhim-so-kosovo/#respond Tue, 18 Apr 2023 10:52:27 +0000 https://kurir.mk/?p=824918

Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово најдоцна од 1 јануари 2024 година. Свеченото потпишување ќе се одржи утре, а на него, како што соопштија во Стразбур, ќе присуствува и вицепремиерот на Владата на Косово, Бесник Бислими. Новите правила ќе им овозможат на сопственици на косовски пасоши да влезат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена, со што целиот регион на Западен Балкан ќе биде под ист визен режим како и ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-ja-odobri-liberalizatsijata-na-vizniot-rezhim-so-kosovo/feed/ 0
Жените во земјите на ЕУ имаат помалку од една третина од пратеничките места, Македонија над европскиот просек https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhenite-vo-zemjite-na-eu-imaat-pomalku-od-edna-tretina-od-pratenichkite-mesta-makedonija-nad-evropskiot-prosek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhenite-vo-zemjite-na-eu-imaat-pomalku-od-edna-tretina-od-pratenichkite-mesta-makedonija-nad-evropskiot-prosek/#respond Wed, 08 Mar 2023 16:58:11 +0000 https://kurir.mk/?p=809637

Во јули 2022 година, жените имале 32,7 отсто од сите мандати во националните парламенти на Европската Унија, додека во светот просекот бил 26,4 отсто, покажуваат објавените податоци од статистичката агенција Еуростат, по повод Меѓународниот ден на жената. Во Европскиот парламент жените се исто така сè уште малцинство, но ги има пропорционално повеќе отколку во националните парламенти на земјите-членки на ЕУ. Од формирањето на тоа тело во 1952 година до првите непосредни избори во 1979 година пратенички мандати имале само 31 жена, иако тогаш бројот на пратеници бил многу помал. По првите непосредни избори процентот на жени беше 15,2 отсто, а денес сочинуваат 39,3 отсто од вкупно 705 пратеници. Во националните парламенти на сите европски земји овој просек во февруари годинава изнесува 31,1 отсто, покажуваат редовните месечни податоци на Интерпарламентарната унија (ИПУ). Во светот, жените го сочинуваат мнозинството во парламентот само во три земји, и тоа во Руанда (61,3 отсто), Куба (53,4 отсто) и Никарагва (51,7 отсто). Мексико и Обединетите Арапски Емирати имаат еднаков број мажи и жени во нивните парламенти. Од друга страна, постојат три земји во целиот свет чии парламенти немаат ниту една жена, а тоа се островските држави во Океанија, Папуа Нова Гвинеја и Вануату и Јемен на Арапскиот Полуостров. Во долниот претставнички дом на оманскиот парламент има само две жени меѓу 85-те пратеници, а во кувајтскиот парламент жените имаат четири од вкупно 60 мандати. Во регионот на Западен Балкан, во однос на пропорционалното учество на жените во националните парламенти предводат Северна Македонија со 42,5 отсто и Албанија со 35,71 отсто, покажуваат податоците на ИПУ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhenite-vo-zemjite-na-eu-imaat-pomalku-od-edna-tretina-od-pratenichkite-mesta-makedonija-nad-evropskiot-prosek/feed/ 0
Анализа на Новаја газета Јуроп: Против резолуциите со осуда за Русија во Европарламентот гласале главно популистичките и радикалните партии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analiza-na-novaja-gazeta-jurop-protiv-rezolutsiite-so-osuda-za-rusija-vo-evroparlamentot-glasale-glavno-populistichkite-i-radikalnite-partii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analiza-na-novaja-gazeta-jurop-protiv-rezolutsiite-so-osuda-za-rusija-vo-evroparlamentot-glasale-glavno-populistichkite-i-radikalnite-partii/#respond Fri, 03 Mar 2023 16:47:10 +0000 https://kurir.mk/?p=807758

0Пратениците на екстремно десничарски и левичарски партии и популистичките партии во Европскиот парламент најчесто гласале против или биле воздржани при изјаснување за резолуции насочени против режимот во Русија, покажува истражувањето на порталот Novayagazeta.eu. Актуелниот состав на Европскиот парламент беше конституиран во 2019 година и оттогаш, до јануари 2023 година, гласаше за вкупно 22 резолуции кои се директно поврзани со кршењето на човековите права во Русија, војната во Украина и санкциите против Русија. Во тој период, од 705 пратеници во ЕП, за тие резолуции во просек гласале 531 пратеник (75 отсто). Во просек нешто повеќе од 40 пратеници (6 отсто) гласаа против, а исто толку (6 отсто) беа воздржани. Пратениците, покрај тие три опции, имаат и опција да не присуствуваат на гласањето, или да не притиснат ниту една од трите понудени опции на електронскиот уред за гласање. Според вкупните податоци од гласањето што ги анализира „Новаја газета“, кога станува збор за сите резолуции на ЕП, оваа можност во просек ја искористиле 4,3 отсто од пратениците. Таа стапка, сепак, била три пати поголема кога се гласало за резолуции поврзани со Русија. Порталот оценува дека тоа секако не е случајност и дека некои пратеници свесно ја избрале опцијата да не се изјаснат за документите за Русија. Пратениците од популистичките и радикалните партии почесто од другите гласаа против резолуциите кои го критикуваат режимот на рускиот претседател Владимир Путин. Меѓу нив се француската екстремно десничарска Национална алијанса и германската крајнодесничарска Алтернатива за Германија (AfD). Во анализата се посочува дека пратениците од радикалната левица грчка Сириза и екстремната десница Слободна партија на Австрија се малку повнимателни и ретко отворено гласаат против, но често се воздржуваат од изјаснување. Порталот Новаја Газета, со седиште во Рига, пишува и дека има низа други мали партии кои се „корисни“ за Кремљ и чии пратеници по правило гласаат против секоја резолуција насочена против Русија. Станува збор за по двајца пратеници од комунистичките партии на Грција и Португалија и двајца пратеници од чешката националистичка, антимигрантска партија Слобода и директна демократија. „Ваквите постапки на малите партии не можат да влијаат на конечната одлука, но секогаш им даваат можност на руските државни медиуми да тврдат дека во Европа нема единство“, пишува порталот. Пред нападот врз Украина, пратениците од владејачката популистичка партија во Унгарија Фидес и италијанската десничарска лига, исто така, главно избраа да се воздржат кога гласаа за резолуциите со кои се критикуваше Русија. Малку поинаква е тактиката на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, сега е европратеник. Берлускони само во два наврати гласаше за резолуциите против Кремљ. Тој не беше присутен на 15 од вкупно 22 гласања. Од 2019 до 2022 година, Берлускони пропушти 30 отсто од сите сесии на ЕП, но отсуствуваше на повеќе од две третини од сесиите каде темата беше Русија.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analiza-na-novaja-gazeta-jurop-protiv-rezolutsiite-so-osuda-za-rusija-vo-evroparlamentot-glasale-glavno-populistichkite-i-radikalnite-partii/feed/ 0
ЕП разгледува можност за одземање имунитет на двајца пратеници поради скандал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-razgleduva-mozhnost-za-odzemane-imunitet-na-dvajtsa-pratenitsi-poradi-skandal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-razgleduva-mozhnost-za-odzemane-imunitet-na-dvajtsa-pratenitsi-poradi-skandal/#respond Mon, 16 Jan 2023 19:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=788111

Европскиот парламент вечерва ја почна повеќемесечната постапка за одземање на имунитетот од кривично гонење на двајца пратеници кои белгиските истражители сакаат да ги испрашаат за корупциски скандал. Собраниската комисија за правни прашања ќе ги разгледа барањата и ќе побара во рок од еден месец да се донесе заклучок за да може парламентот да гласа на следната редовна седница во средината на февруари. Италијанецот Андреа Коцолина и Белгиецот Марк Тарабела, двајцата членови на левиот центар на социјалистите и демократите на Европскиот парламент, преку своите адвокати негираат дека сториле каков било прекршок. Грчката европратеничка Ева Каили и поранешниот италијански пратеник Пјер Антонио Панцери, заедно со уште двајца, се во белгиски притвор под обвинение за корупција и перење пари поврзани со наводни плаќања од Катар. Државата Катар и Каили негираа дека сториле нешто лошо, додека адвокатот на Панцери одби да коментира, а целата афера е наречена „Катаргејт“.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-razgleduva-mozhnost-za-odzemane-imunitet-na-dvajtsa-pratenitsi-poradi-skandal/feed/ 0
Катар уште еднаш негираше вмешаност во корупцискиот скандал во Европарламентот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katar-ushte-ednash-negirashe-vmeshanost-vo-korupciskiot-skandal-vo-evroparlamentot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katar-ushte-ednash-negirashe-vmeshanost-vo-korupciskiot-skandal-vo-evroparlamentot/#respond Sun, 18 Dec 2022 14:41:55 +0000 https://kurir.mk/?p=777275

Катар уште еднаш негираше каква било вмешаност во корупциски скандал кој го истражуваат белгиските власти, а во кој се вмешани членови на Европскиот Парламент, јави Гласот на Америка. Четири лица поврзани со ЕП се обвинети во Белгија поради наводи дека земјата домаќин на Светското првенство им дала пари и подароци во замена за влијание врз носењето одлуки. Катар и претходно негираше дека сторил нешто нечесно. Дипломат од мисијата на Катар во Европската Унија денеска рече дека неговата земја била под „силна критика и напад“ за време на истрагата и дека е длабоко разочаран што белгиските власти „не се потрудиле да стапат во контакт со нашата влада за да ги утврдат фактите. “. „Ограничувањето на дијалогот и соработката“ за ова прашање пред да заврши судската постапка ќе има негативно влијание врз безбедносната соработка и дискусиите за глобалната енергетска безбедност“, предупреди тој.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katar-ushte-ednash-negirashe-vmeshanost-vo-korupciskiot-skandal-vo-evroparlamentot/feed/ 0
Мецола за корупцискиот скандал: Нема да ги туркаме работите под тепих https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mecola-za-korupciskiot-skandal-nema-da-gi-turkame-rabotite-pod-tepih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mecola-za-korupciskiot-skandal-nema-da-gi-turkame-rabotite-pod-tepih/#respond Thu, 15 Dec 2022 10:10:55 +0000 https://kurir.mk/?p=775969

Претседателката на Европски парламент, Роберта Мецола пред денешната седница на Европски совет изјави дека Украина останува приоритет, но оти ќе се разговара и за други теми. – Ја поздравувам одлуката за влез на Хрватска во Шенген зоната, но изразувам разочарување што истото не е направено за Бугарија и Романија, истакна Мецола. Таа се осврна и на корупцискиот скандал во кој е вмешана и поранешната потпретседателка на ЕП, Ева Каили – Тоа е силен удар за демократијата и за сето она што досега го направивме. На овој самит ќе испратам порака дека нема да ги туркаме работите под тепих. Ќе направам сè што можам заедно со моите колеги да го вратиме позиција на Европскиот парламент како дом на демократијата.чиста, транспарентна и не за продажба, посочи Мецола. На денешната седница министрите треба да ја потврдат и препораката на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mecola-za-korupciskiot-skandal-nema-da-gi-turkame-rabotite-pod-tepih/feed/ 0