европски парлемент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Mar 2021 10:05:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европски парлемент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Орбан се заканува дека Фидес ќе излезе од конзервативната ЕПП во Европскиот парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orban-se-zakanuva-deka-fides-kje-izleze-od-konzervativnata-epp-vo-evropskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orban-se-zakanuva-deka-fides-kje-izleze-od-konzervativnata-epp-vo-evropskiot-parlament/#respond Mon, 01 Mar 2021 10:05:57 +0000 https://kurir.mk/?p=475347

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе ја повлече својата партија Фидес од Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент доколку конзервативниот блок ги одобри новите внатрешни правила оваа недела. Орбан го постави ултиматумот во писмо до Манфред Вебер, германскиот политичар кој го предводи конзервативниот блок ЕПП, најголемата фракција во Европскиот парламент. Парламентарната група на ЕПП, во која членуваат конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел, веќе со години се бори со Фидес кој е суспендиран од ЕПП од 2018 година, но сепак има 11 пратеници во групата на ЕПП во Европскиот парламент. ЕПП предложи измени со кои ќе се овозможи суспендирање или исклучување на групата Фидес од блокот ЕПП. Правилата се очекува да бидат одобрени со мнозинство гласови на 3 март. Во писмото до Вебер, Орбан напиша: „Ако Фидес не е добредојден, тогаш не се чувствуваме должни да останеме во групата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orban-se-zakanuva-deka-fides-kje-izleze-od-konzervativnata-epp-vo-evropskiot-parlament/feed/ 0