Европски пазар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 May 2023 17:34:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Европски пазар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За 10 години од европскиот пазар исчезнале 26 отсто од генеричките лекови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-10-godini-od-evropskiot-pazar-ischeznale-26-otsto-od-generichkite-lekovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-10-godini-od-evropskiot-pazar-ischeznale-26-otsto-od-generichkite-lekovi/#respond Thu, 04 May 2023 17:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=830652

Во изминатите десет години од европскиот пазар исчезнаа 26 проценти од генеричките лекови, а најчеста причина била неисплатливоста на производството поради прениските цени на лековите, предупредено е денеска на панел дискусијата на водечките луѓе од европската фармацевтска индустрија. Поради ценовната политика кон генеричките лекови, во изминатата деценија од европскиот пазар исчезнале 33 отсто од антибиотиците и 40 отсто од лековите за лекување на тумори, истакнаа експерти во онлајн дискусијата на европскиот портал Политико. Филип Дрехсле, член на Извршниот одбор (Тева Европа), предупреди дека целиот синџир на снабдување со генерички лекови е под голем притисок поради намалувањето на цените до границите на одржливост. Притоа, додаде тој, националните закони ги преферираат најевтините добавувачи, игнорирајќи ја одржливоста на производството и достапноста на основните лекови. „Ова треба под итно да се реши. Треба да се донесе регулатива што ќе ја земе предвид достапноста на лекови во сите земји на ЕУ“, рече Дрехсле. Тој оцени и дека европскиот регулаторен систем е прескап, еколошките обврски се преригорозни, што ја става Европа во неконкурентна позиција во однос на азиските земји. Генералниот директор на здружението за генеричка индустрија „Лекови за Европа“ Адријан ван ден Ховен се осврна на недостигот од антибиотици, што, како што посочува, покажа колку е кревка достапноста на есенцијалните лекови оваа зима и колку е важно производството да се врати во Европа. Тој ја истакна неопходноста од зголемување на цените на генеричките лекови чија месечна терапија сега е пониска од цената на шолја кафе во кафуле и порача дека проблемот со недостигот треба да се реши со ревизија на фармацевтското законодавство на ЕУ. Беше испратен и повик за отворен дијалог меѓу добавувачите и медицинските агенции за да се предупреди за тесните грла во снабдувањето што е можно побрзо. Европската комисија и Агенцијата за лекови (ЕМА) ги задолжија сите земји-членки на ЕУ да ја следат ситуацијата во синџирите на снабдување и да алармираат за потенцијалниот недостиг на лекови како дел од заедничкиот проект на ЕК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-10-godini-od-evropskiot-pazar-ischeznale-26-otsto-od-generichkite-lekovi/feed/ 0
Повторно поскапе цената на пченката на европскиот пазар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-poskape-cenata-na-pchenkata-na-evropskiot-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-poskape-cenata-na-pchenkata-na-evropskiot-pazar/#respond Mon, 28 Feb 2022 15:30:17 +0000 https://kurir.mk/?p=638128

Цената на пченката денеска повторно скокна на европскиот пазар во контекст на блокираните украински пристаништа и се уште затвореното Азовско Море. Напладне на берзата Еуронекст, тон пченка за испорака во март поскапе за 31,75 евра на 321 евро, а јунските договори додадоа 15,75 евра на 284 евра. И пченицата поскапе, но не толку нагло, бидејќи мартовските договори додадоа 21,25 евра на цената од 311,25 евра за тон. Мапата што го прикажува движењето на товарните превозници, објавена од Inter-Courtage, утринава покажа дека Азовското Море е се уште забрането и дека украинските пристаништа се де факто блокирани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-poskape-cenata-na-pchenkata-na-evropskiot-pazar/feed/ 0
Зафировски во посета на пазарџиите во Тафталиџе: Карпош ќе добие нов современ пазар по европски стандарди! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zafirovski-vo-poseta-na-pazardziite-vo-taftalidze-karposh-kje-dobie-nov-sovremen-pazar-po-evropski-standardi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zafirovski-vo-poseta-na-pazardziite-vo-taftalidze-karposh-kje-dobie-nov-sovremen-pazar-po-evropski-standardi-foto/#respond Sat, 09 Oct 2021 18:13:46 +0000 https://kurir.mk/?p=576125

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски во рамките на недовите дневни предизборни активности ги посети пазарчиите во Тафталиџе, притоа ветувајќи дека Карпош ќе добие нов современ пазар по европски стандарди! -Денеска ги посетив пазарџиите на пазарот Тафталиџе. Разговаравме за проблемите со кои се соочуваат! Во лоши временски услови на студ тие се секогаш тука да ни обезбедат свежа органска храна! Од ова место ветувам дека ќе ги подобрам условите во кои што работат! Вратите на општината секогаш ќе бидат отворени за нив! Карпош ќе добие нов современ пазар по европски стандарди!, пишува во својата објава на социјалната мрежа на Фејсбук Зафировски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zafirovski-vo-poseta-na-pazardziite-vo-taftalidze-karposh-kje-dobie-nov-sovremen-pazar-po-evropski-standardi-foto/feed/ 0
Пад на европскиот пазар на автомобили во јануари, особено за француските производители https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-evropskiot-pazar-na-avtomobili-vo-januari-osobeno-za-francuskite-proizvoditeli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-evropskiot-pazar-na-avtomobili-vo-januari-osobeno-za-francuskite-proizvoditeli/#respond Tue, 18 Feb 2020 16:01:22 +0000 https://kurir.mk/?p=305634

Европскиот пазар на автомобили забележа пад за 7,5 отсто во јануари, најмногу поради регулаторните измени, притоа силен пад претрпеа француските производители, јави дописникот на МИА. Групата Рено (со Алпин, Дачија, Лада) забележа намалена испорака за 16,3 проценти, исто како и неговиот француски ривал ПСА (Пежо, Цитроен, ДС, Опел, Воксал) пад за 12,9 отсто, ова според бројките од Здружението на европски производители на автомобили. Вкупно на патиштата на Европската унија беа ставени скоро 957.000 нови патнички автомобили, но притоа четирите главни пазари беа во црвено: Франција (- 13,4 проценти), Шпанија (- 7,6 отсто), Германија (- 7,3 проценти) и Италија (- 5,9 отсто). Здружението на европски производители на автомобили за прв пат ја објави статистиката за ЕУ без Велика Британија, за да овозможи споредба со 2019 година. Падот во јануари без сомнение е последица на месец декември, кој бил вештачки надуен од исчекувањето на регулаторните промени што се случија со промената на годината. Од една страна, ЕУ сега ги принудува производителите да го почитуваат просечниот плафон на емисиите на CO2 од 95 грама на километар за нивните автомобили, под ризик од тешки казни. Од друга страна, неколку држави го зголемија данокот на автомобили на 1 јануари, како Франција која спроведе нагло зголемување на давачките за најзагадувачките возила. -Големите даночни промени, објавени за 2020 година од страна на некои земји-членки на ЕУ, предизвикаа рана регистрација во декември 2019 година, што го објаснува падот во јануари. Но играа и други фактори, како што се влошувањето на економскиот контекст и неизвесноста предизвикана од излегувањето на Велика Британија од ЕУ, се вели од здружението на производители. Но, не сите брендови се ставени под истиот тренд. Германската групација Фолксваген особено добро се одржа, консолидирајќи го своето прво место во Европа. Регистрациите на Фолксваген паднаа само за 0,4 проценти, дозволувајќи му да го зголеми својот пазарен удел за 1,9 поени. Само етикетата „Фолксваген“ опадна за 6,6 отсто, но испораките на „Шкода“ се одржуваа добро (- 1,4 проценти ), додека „Ауди“ (+ 6,4 отсто), Сеат (+10,4 проценти) и „Порше“ (+ 76,4 отсто) успеа да го крене гигантот со дванаесет марки на автомобили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-evropskiot-pazar-na-avtomobili-vo-januari-osobeno-za-francuskite-proizvoditeli/feed/ 0