европски производи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Jun 2020 14:23:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европски производи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД повторно се закануваат со царини за увоз на европски производи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-povtorno-se-zakanuvaat-so-carini-za-uvoz-na-evropski-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-povtorno-se-zakanuvaat-so-carini-za-uvoz-na-evropski-proizvodi/#respond Thu, 25 Jun 2020 14:23:06 +0000 https://kurir.mk/?p=362926

САД и се заканија на Европската унија со царини на голем број производи, вклучително и пиво, чоколадо и маслинки, во долготрајниот спор околу субвенциите за производителот на авиони „Ербас“. Кабинетот на трговскиот претставник на САД соопшти дека се разгледува воведување царини за 30 производи во вредност од 3,1 милијарди американски долари, пренесува Би-Би-Си. Заканата е поврзана со долготрајниот спор меѓу двете страни околу субвенциите за производителите на авиони „Ербас“ и „Боинг“. Вашингтон се пожали на Светската трговска организација (СТО) за европските субвенции на „Ербас“ во 2004 година, тврдејќи дека компаниите обезбедиле неправедна предност во однос на Боинг. СТО минатата година донесе одлука дека ЕУ ги крши трговските регулативи со овие субвенции, дозволувајќи му на Вашингтон да воведе компензациски царини на увозот на европски производи. Вашингтон тогаш воведе царини кои се движат од 15 до 25 проценти на увоз во вредност од 7,5 милијарди американски долари, а Вашингтон сега се заканува дека може да воведе царини и за увоз на колачи, облека од кашмир, џин и метална галантерија. Брисел предупредува дека САД ја надминуваат рамката поставена од СТО, истакнувајќи дека новите царини ќе им наштетат на компаниите од двете страни на Атлантикот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-povtorno-se-zakanuvaat-so-carini-za-uvoz-na-evropski-proizvodi/feed/ 0
Блумберг: САД размислуваат за нови царини за европски производи од 3,1 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blumberg-sad-razmisluvaat-za-novi-carini-za-evropski-proizvodi-od-3-1-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blumberg-sad-razmisluvaat-za-novi-carini-za-evropski-proizvodi-od-3-1-milijardi-dolari/#respond Wed, 24 Jun 2020 13:39:08 +0000 https://kurir.mk/?p=362164

Американските власти размислуваат да воведат нови царини, како и да ги зголемат постојните за увоз од Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија за вкупно 3,1 милијарди долари. Според агенцијата Блумберг, ова се наведува во изјавата на американскиот трговски претставник, Роберт Лајтхајзер. Агенцијата наведува дека американските власти се подготвуваат да воведат нови царини на производи како што се маслинки, пиво, џин и камиони, а исто така сакаат да ги зголемат царините за одредени категории стоки како што се авиони, сирење и јогурт. Во средината на март, САД ги зголемија царините за авионите од Европската унија од 10 на 15 проценти. Новите царини, според „Блумберг“, би можеле да влијаат на француските модни брендови „Живанши“ и „Хермес“, како и на групата компании ЛВМХ (Луј Витон Мот Хенеси). Царините за џин и пиво значително ќе ја зголемат цената на овие алкохолни пијалоци во САД, што ќе има негативно влијание врз британските и германските производители. Плановите за наметнување нови царини се поврзани со историскиот спор помеѓу САД и ЕУ за субвенциите за „Боинг“ и „Ербас“. Арбитражата на Светската трговска организација на почетокот на октомври 2019 година им овозможи на американските власти да воведат царинии за речиси 7,5 милијарди американски долари за земјите од ЕУ, поради фактот што Европската унија не ги испочитувала одлуките донесени од организацијата во врска со субвенциите на „Ербас“. Соединетите Американски Држави во моментов ги продолжуваат преговорите со ЕУ за склучување трговски договор. Администрацијата во Вашингтон се заканува дека ќе воведе царини за европските автомобили доколку нацрт-документот не одговара. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blumberg-sad-razmisluvaat-za-novi-carini-za-evropski-proizvodi-od-3-1-milijardi-dolari/feed/ 0
САД воведоа царини за европски производи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vovedoa-carini-za-evropski-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vovedoa-carini-za-evropski-proizvodi/#respond Fri, 18 Oct 2019 07:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=253277

САД денеска воведоа дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа производи, што претставува нова трговска офанзива на претседателот Доналд Трамп и покрај европските закани дека ќе се воведат реципрочни мерки. Царините стапија во сила една минута по полноќ и, меѓу другото, се однесуваат на авионите на „Ербас“, француските вина и шкотското виски. Американската Влада пред четири дена доби зелено светло од Светската трговска организација за воведување царини како одговор на субвенциите кои ЕУ му ги даде на Ербас. САД се веќе во трговска војна со Кина, што претставува голем ризик за стабилноста на глобалната економија. Трамп завчера повторно ги нападна европските земји и ги обвини за нефер постапување и „огромни бариери“ против увоз од САД. Сепак, тој не ја отфрли можноста за постигнување договор и со тоа да се стави крај на спорот. Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер, кој е во Вашингтон на годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд, ја предупреди американската Влада дека одлуката за царините ќе има „негативни последици, како економски, така и политички“. – ЕУ е подготвена да возврати, рече Ле Мер. За денеска е предвидена средба меѓу Ле Мер и трговскиот претставник на САД Роберт Лајтхајзер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vovedoa-carini-za-evropski-proizvodi/feed/ 0