Европски синдикати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Nov 2022 10:19:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Европски синдикати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европските синдикати бараат заштита од токсични испарувања во авионите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-sindikati-baraat-zashtita-od-toksichni-isparuvanja-vo-avionite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-sindikati-baraat-zashtita-od-toksichni-isparuvanja-vo-avionite/#respond Mon, 07 Nov 2022 10:19:30 +0000 https://kurir.mk/?p=756794

Европската конфедерација на синдикати и работниците во авионскиот сектор бараат итно да се имплементира директивата на ЕУ за безбедност на кабините, јави дописничката на МИА од Брисел. ЕУ директивата предвидува подобрување на стандардот и квалитетот на воздухот во авионските кабини со што се заштитува здравјето на патниците како и на персоналот во авионите. Денеска синдикатите во Европа заедно со работниците и експертите во воздухопловството ја повикаа авионската индустрија да ја почитува и примени оваа директива на ЕУ и да ги следи препораките за да се спречи вдишување на штетни испарувања, преку подобрување на дизајнот и одржување на авионите. Овие препораки, велат експертите, се клучни за да се намалат последиците од токсични испарувања кои се случуваат кога вентилацијата во авионите е контаминирана од високо ниво на загреано моторно масло и чад од хидраулични течности. Потребно е, меѓу другото, да се инсталираат соодветни филтри за да се отстранат испарувањата од вентилацијата додека не се појави нова технологија. Се бара да се инсталираат и хемиски сензори кои ќе ги информираат пилотите и останатите од екипажот со каква контаминација се соочува кабината и од каде доаѓа. Екипажот исто така треба да биде добро обучен за овој ризик и поефикасно да се следат последиците по здравјето и безбедноста. Како што потсетуваат синдикатите досега Агенцијата за воздухопловна безбедност не подготвила регулатива по ова прашање, за разлика од Европскиот комитет за стандардизација, каде членуваат синдикатите. -Екипажот и патниците очекуваат од авиокомпаниите да ги следат највисоките стандарди на безбедност, но знаеме дека тоа за сега не е случај со хемиските испарувања, изјави Изабел Шоман од Конфедерацијата на европски синдикати, додавајќи дека авиокомпаниите имаат одговорност да ги имплементираат препораките како дел од нивните обврски кон вработените во авионите и кон патниците. Синдикатите потсетуваат дека екипажот е редовно соочен со контаминиран воздух од моторно масло што го загрозува нивното здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-sindikati-baraat-zashtita-od-toksichni-isparuvanja-vo-avionite/feed/ 0
Европски синдикати: Профитите растат додека платите паѓаат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sindikati-profitite-rastat-dodeka-platite-pagjaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sindikati-profitite-rastat-dodeka-platite-pagjaat/#respond Wed, 19 Oct 2022 14:16:57 +0000 https://kurir.mk/?p=747815

Конфедерацијата на европски синдикати објави детаљна анализа за состојбата на платите и профитите на компаниите, алармира за состојбата на работниците во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Студијата на Европската синдикална конфедерација, каде членуваат сите големи синдикати на земјите членки на ЕУ, покажа дека во профитите на корпорациите во 13 земји на ЕУ се зголемиле за 6,5 отсто во однос на минатата година, додека реалните плати се намалиле за девет отсто во сите земји членки на ЕУ. Реалната плата е пресметана кога ќе се вклучи инфлацијата. Ако се земе просечна бројка на сите 27 земји членки на ЕУ се доаѓа до зголемување од еден отсто на профитите на компаниите, а намалување од 2,5 отсто на реалните плати. Најголем пад на платите има Чешка каде бројката изнесува минус 9,2 отсто, следува Хрватска со пад од 3,1 отсто на реалните плати и Шпанија и Шведска со минус три отсто. Најголем раст на корпоративните профити има во Романија со 6,5 отсто, потоа Португалија со 6,4 отсто, и Полска со 6,3 отсто. За разлика од Романија и Португалија, Полска кумулира и голем раст на приватните профити и голем пад на платите, тие се намалиле за 2,1 отсто. Синдикатите алармираат дека работниците се првите жртви на кризата и дека инфлацијата е предизвикана од профитите на корпорациите, а не од платите. Конфедерацијата бара од ЕУ веднаш да издејствува зголемување на платите на работниците согласно стапката на инфлација, да ги ограничи цените на енергијата, да воведе такса врз “преголемите“ профити и да го ограничи исплаќањето на дивидендите за акционерите. -Овие бројки јасно покажуваат дека луѓето кои работат се првите жртви на растечката инфлација, која што е поттикната од корпоративното профитерство на грбот на стеснувањето во снабдувањето, предизвикано од пандемијата и од војната во Украина, изјави заменичката генерален секретар на Конфедерацијата, Естер Линч. Таа истакна дека голем број луѓе не можат повеќе да си дозволат основни потреби како храна, кирија и греење и покрај тоа што работат долги часови, додека корпорациите ги зголемуваат дивидендите за нивните акционери. -Јасно е дека компаниите треба да ги делат профитите на фер начин со работниците, рече таа, додавајќи дека владите треба да воведат данок за оваа цел.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sindikati-profitite-rastat-dodeka-platite-pagjaat/feed/ 0
Европските синдикати бараат заштита за работниците во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-sindikati-baraat-zashtita-za-rabotnicite-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-sindikati-baraat-zashtita-za-rabotnicite-vo-ukraina/#respond Wed, 20 Jul 2022 15:40:46 +0000 https://kurir.mk/?p=708025

Конфедерацијата на европски синдикати го вклучува алармот откако вчера во украинскиот парламент е изгласан закон кој ги отстранува работничките заштити, се бара ЕУ да реагира, јави дописничката на МИА од Брисел. Украинскиот парламент вчера изгласа закон кој овозможува дискриминација во компании со помалку од 250 вработени, се бришат клучните одредби за заштита на работниците и се дава дозвола да не се почитуваат колективните договори. Овој закон, смета Конфедерација на европски синдикати, е спротивен на социјалниот модел на ЕУ во кој колективните права се темел и е спротивен на законодавството на ЕУ и одредбите за недискриминација и социјален дијалог. Законот ги прекршува и правилата на Конвенцијата на Меѓународната организација за труд. -Додека украинскиот народ храбро се бори против руската инвазија и им помага на раселените лица, украинската влада и парламент ја користат војната како оправдување да ги нападнат правата на работниците и синдикатите, во целосна контрадикција со аспирациите на земјата да и се приклучи на ЕУ, соопштија денеска европските синдикати. Конфедерацијата исто така силно се противи на друг закон кој озаконува прекарни договори за работи, а во изработка се уште два закона за конфискација на имотот на Федерацијата на синдикати на Украина. -Овие предлог закони се смислени одамна и се предмет на меѓународна критика уште пред војната, фактот што за нив денеска се дискутира, кога земјата во воена состојба, е тотално несоодветно, вели Конфедерацијата на европски синдикати, чиј генерален секретар, Лука Висетини, предупреди дека владата и парламентот на Украина не смеат да велат дека сакаат да и се придружат на ЕУ, а истовремено да ги отстрануваат основните права и заштити за украинските работници и да го крадат имотот на синдикатите. Генералниот секретар бара од Европската Унија јасно да и стави на знаење на украинската влада, како и на парламентот дека украинските работници се тие кои ја прават најголемата жртва во оваа војна и заслужуваат да бидат третирани достоинствено. -ЕУ не смее да прогледа низ прсти за вакви брутални прекршувања на темелните права кога разговара за членство во ЕУ. Што побрзо ова им се разјасни на политичките лидери во Украина, толку подобро, изјави Висентини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-sindikati-baraat-zashtita-za-rabotnicite-vo-ukraina/feed/ 0