европски суд за човекови права – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Aug 2023 15:10:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европски суд за човекови права – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европски суд за човекови права: Конститутивните народи во БиХ се привилегирани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropski-sud-za-chovekovi-prava-konstitutivnite-narodi-vo-bih-se-privilegirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropski-sud-za-chovekovi-prava-konstitutivnite-narodi-vo-bih-se-privilegirani/#respond Tue, 29 Aug 2023 15:10:23 +0000 https://kurir.mk/?p=872132

Во денешната пресуда на Европскиот суд за човекови права се наведува дека „конститутивните народи“ во Босна и Херцеговина очигледно уживаат привилегирана положба во сегашниот систем. Согласно Уставот на БиХ, конститутивни народи се Бошњаците, Србите и Хрватите. Судот донесе пресуда по жалбата на Славен Ковачевиќ, во која утврди дека му се повредени правата и дека е дискриминиран, бидејќи не може да гласа за кандидати за Дом на народите на Парламентарното собрание на БиХ и за членови на Претседателството на БиХ, кои не припаѓаат на конститутивните народи и не живеат во одреден ентитет. Ковачевиќ се пожали, бидејќи неговото активно избирачко право е загрозено бидејќи, како некој што живее во ентитет Федерација на БиХ може да гласа исклучиво за Хрватите и Бошњаците при изборот на членови на Претседателството на БиХ. Според Уставот тројца членови се избираат во Претседателството на БиХ, „Бошњак и Хрват од ентитетот Федерација на БиХ“ и „Србин од ентитетот Република Српска“, што е одредба која ги спречува Евреите, Ромите и другите да се кандидираат за функција и да бидат избрани за членови на Претседателството на БиХ и делегати во Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ, во кое има три клуба со по пет Бошњаци, Хрвати и Срби. Исто така, Бошњаците и Хрватите од ентитетот Република Српска, како и Србите од ентитетот на Федерацијата БиХ, не можат да се кандидираат или да бидат делегирани на тие позиции. Истото важи и за избор на делегати во Домот на народите на државниот Парламент. Во својата последна пресуда, Европскиот суд за човекови права утврди дека комбинацијата на територијални и етнички претензии претставува дискриминација. Судот изјави дека Претседателството е политички орган на државата, а не субјект. Нејзините политики и одлуки ги засегаат сите граѓани на БиХ, без оглед дали живеат во Федерацијата, РС или округот Брчко. „Сегашното уредување дава предност на етничката застапеност пред политичките, економските, социјалните, филозофските и други фактори, што ги зајакнува етничките поделби во земјата и го поткопува демократскиот карактер на изборите, се наведува во резимето на пресудата на Европскиот суд за човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropski-sud-za-chovekovi-prava-konstitutivnite-narodi-vo-bih-se-privilegirani/feed/ 0
Николоски во Советот на Европа: Македонците од Бугарија гледаат надеж за почитување на човековите права во спроведување на пресудите на Судот од Стразбур https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-sovetot-na-evropa-makedontsite-od-bugarija-gledaat-nadezh-za-pochituvane-na-chovekovite-prava-vo-sproveduvane-na-presudite-na-sudot-od-strazbur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-sovetot-na-evropa-makedontsite-od-bugarija-gledaat-nadezh-za-pochituvane-na-chovekovite-prava-vo-sproveduvane-na-presudite-na-sudot-od-strazbur/#respond Wed, 26 Apr 2023 08:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=827707

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски се обрати пред Советот на Европа од каде истакна дека Бугарија со години одбива да ги спроведе 16-те пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со Македонците во Бугарија. -Ова е многу важен извештај. Како што јасно се вели во неговото резиме: „Оваа работа се појави во контекст на зголемената меѓусебна поврзаност помеѓу улогите на Европскиот суд за човекови права, националните уставни судови и Судот на правдата на Европската унија. Со оглед на отсуството на јасна уставна хиерархија меѓу овие јурисдикции, ние се занимаваме со еден вид „конституционализам на повеќе нивоа“. Човековите права во Европа не се тринасочна улица, тоа е еднонасочна улица! Националните уставни судови, како и Судот на правдата на ЕУ, мора да бидат во согласност со Европскиот суд за човекови права, како најважен европски суд за заштита на човековите права. Исто така, потребни се подобрувања за да се осигура дека домашните судови соодветно се ангажираат со судската пракса на Европскиот суд за човекови права при примената на човековите права на домашно ниво – вклучително и преку тоа да се направат достапни насоките од Судот на сите јазици на Советот на Европа. Една земја - членка - Бугарија не е посветена на своите обврски како членка на Советот на Европа. Бугарија со години одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права. Има 16 пресуди на Судот поврзани со Македонците во Бугарија кои не се спроведуваат. На Македонците им е забрането да го користат и да го учат својот мајчин јазик, ограничено им е на правото на собирање, како и учество на избори. Овие пресуди мора да се спроведат! Националниот устав и судовите на Бугарија не можат да бидат над пресудите на Европскиот суд за човекови права. Кога домашните институции не успеаја да ги заштитат човековите права на Македонците во Бугарија, тие го гледаат Стразбур како своја надеж за почитување на основните човекови права. Во извештајот јасно е напишано дека - речиси сите земји одговориле дека нивните судови се повикуваат на Конвенцијата кога одлучуваат за прашањата за човековите права, во истата реченица во извештајот за Бугарија и неколку други земји се вели - сепак, степенот до кој Конвенцијата и/или одлуките на Европскиот суд за човекови права се почитуваат, се разликува. Се согласувам со овие позиции во извештајот и мислам дека тие треба да бидат поцврсти во формулацијата и подиректно да бараат од земјите како Бугарија целосно да го прилагоди својот политички систем и истиот да биде во согласност со Европската конвенција за човекови права и да ги почитува човековите права на сите националните малцинства, вклучително и Македонците. Бугарите се многу гласни за случаи надвор од границите на нивната земја, но со години не спроведуваат ниту една пресуда на Судот. Ова не е прифатливо. Целосното почитување на Конвенцијата и националниот уставен поредок не е антитетично, туку е целосно комплементарно. Собранието треба да смета дека приоритет во Советот на Европа треба да биде зајакнувањето на правниот и моралниот авторитет на Конвенцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-sovetot-na-evropa-makedontsite-od-bugarija-gledaat-nadezh-za-pochituvane-na-chovekovite-prava-vo-sproveduvane-na-presudite-na-sudot-od-strazbur/feed/ 0
„Владата наместо да слави за одлуката во Стразбур, треба да се загрижи, суштината и правдата ќе излезат на виделина, судот само констатира дека апликациите се преуранети“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-namesto-da-slavi-za-odlukata-vo-strazbur-treba-da-se-zagrizhi-sushtinata-i-pravdata-ke-izlezat-na-videlina-sudot-samo-konstatira-deka-aplikatsiite-se-preuraneti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-namesto-da-slavi-za-odlukata-vo-strazbur-treba-da-se-zagrizhi-sushtinata-i-pravdata-ke-izlezat-na-videlina-sudot-samo-konstatira-deka-aplikatsiite-se-preuraneti/#respond Thu, 16 Feb 2023 11:12:42 +0000 https://kurir.mk/?p=801226

Европскиот суд за човекови права донесе одлука во која вели дека поднесените апликации од апликантите се преуранети и не навлегува во суштината на апликациите. Во одлуката се вели дека не се исцрпени сите правни механизми во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Владата наместо да слави за дефокус треба оваа одлука да ја загрижи, бидејќи суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина. Исто како што во јавноста излегува на виделина високата инфлација, криминалните тендери, корупцијата, предавствата, неспособноста како што е последниот случај со повлекувањето на евро обврзницата, со што СДС и ДУИ ја посрамотија државата и го нарушија нејзиниот углед, стои во партиското соопштение.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-namesto-da-slavi-za-odlukata-vo-strazbur-treba-da-se-zagrizhi-sushtinata-i-pravdata-ke-izlezat-na-videlina-sudot-samo-konstatira-deka-aplikatsiite-se-preuraneti/feed/ 0
Европскиот суд за човекови права ја осуди Романија за бавното враќање на национализиран имот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-osudi-romanija-za-bavnoto-vrakjanje-na-nacionaliziran-imot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-osudi-romanija-za-bavnoto-vrakjanje-na-nacionaliziran-imot/#respond Tue, 08 Nov 2022 12:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=757415

Европскиот суд за човекови права денеска пресуди против Романија во врска со враќањето на имотот национализиран од поранешниот комунистички режим, оценувајќи дека тоа не се спроведува доволно ефикасно. Иако државата во 2013 година донесе нов закон за да овозможи враќање или исплата на отштета за национализиран имот, „механизмот за враќање и понатаму не е доволно оперативен и хомоген“, смета судот. Во 2017 година до судот се обратија 53 државјани на Романија, кои добија конечна судска одлука за враќање одземен имот или надоместок за истиот. Но и покрај тоа, тие не добиле враќање на сопственоста или доволен надомест. „Судот го смета за клучно тоа Романија да продолжи да настојува да ги усогласува нејзините законодавство и пракса со заклучоците што ги донесе Судот во оваа пресуда и со неговите соодветни закони“, се наведува во пресудата. Судот пресуди Романија да им исплати отштета на тужителите до 10.000 евра за морална штета. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-osudi-romanija-za-bavnoto-vrakjanje-na-nacionaliziran-imot/feed/ 0
Рускиот парламент изгласа напуштање на Европскиот суд за човекови права https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-parlament-izglasa-napushtanje-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-parlament-izglasa-napushtanje-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/#respond Tue, 07 Jun 2022 15:59:34 +0000 https://kurir.mk/?p=687949

Државната дума (Долниот дом на рускиот Парламент) денеска усвои пакет-закони со кои Русија го напушта Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Пратениците одобрија два нацрт-закони – еден за отстранување на Русија од јурисдикцијата на Судот и другиот што го одредува 16 март како датум за прекин на односите. Законодавниот пакет предвидува дека судските пресуди донесени по 15 март, кога Русија поднесе барање за напуштање на Советот на Европа, нема да се спроведуваат. Исто така, предвидено е исплатата на бенефициите според одлуките на ЕСЧП да се врши само во рубљи и само на сметки во руските банки. Дополнително, Генералното обвинителство на Русија може до 1 јануари 2023 година да плаќа паричен надомест на тужителите врз основа на судски одлуки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-parlament-izglasa-napushtanje-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/feed/ 0
Европскиот суд за човекови права го отфрли барањето на 672 француски пожарникари против обврската за вакцинација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-go-otfrli-baranjeto-na-672-francuski-pozarnikari-protiv-obvrskata-za-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-go-otfrli-baranjeto-na-672-francuski-pozarnikari-protiv-obvrskata-za-vakcinacija/#respond Wed, 25 Aug 2021 12:52:53 +0000 https://kurir.mk/?p=554888

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денес, го отфрли барањето на 672 француски професионални и доброволни пожарникари против обврската за вакцинација против Ковид-19, која им е наметната со законот од 5 август 2021 година, јави дописникот на МИА. -Судот оцени дека овие барања се надвор од опсегот на член 39 од неговите правила, што овозможува да се свика по итна постапка кога жалителите се изложени на „реален ризик од непоправлива штета“. Пожарникарите се повикаа на одредбите на Европската конвенција за човекови права кои се однесуваат на „правото на живот“ и „правото на почитување на приватниот и семејниот живот“. Тие побараа од Судот да ја „суспендира обврската за вакцинација“ предвидена со законот од 5 август 2021 година во врска со управувањето со здравствената криза и, исто така, да ги суспендира „одредбите што предвидуваат забрана за вршење на нивната активност“ за оние меѓу нив кои „нема да ја исполнат обврската за вакцинација“, како и „прекинот на плаќањето на нивниот надомест“. Одлуката на ЕСЧП, донесена од формација од седум судии, сепак „не ги предвидува неговите последователни одлуки за допуштеност или за основаноста на предметите за кои станува збор“, прецизира судот. Во соопштението за печатот, синдикатот на пожарникарите СУФ СДИС инсистираше на почетокот на август на фактот дека „не е против вакцината“, туку е против вакциналната обврска „многу лошо примена, вклучително и од веќе вакцинирани агенти“. Ова е „прва европска пресуда за обврската за вакцина против # СОВИД19“, твитна адвокатот Никола Хервие, специјалист за ЕСЧП. Сепак, Судот, кој седи во Стразбур, веќе донесе одлука за случај во врска со обврската за вакцинација, на 8 април, повикан да се изјасни од чешките родители кои одбија да ги вакцинираат своите деца против детски болести. ЕСЧП смета дека оваа обврска може да биде „неопходна во демократско општество“. Оваа пресуда, дури и ако не се однесува на вакцинацијата против Ковид-19, се смета за неуспех за противниците на вакцините.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-go-otfrli-baranjeto-na-672-francuski-pozarnikari-protiv-obvrskata-za-vakcinacija/feed/ 0
Поднесена тужба против Грција за насилство врз бегалците: Ги тепале и парите и пасошите им ги одзеле https://arhiva.kurir.mk/svet/region/podnesena-tuzba-protiv-grcija-za-nasilstvo-vrz-begalcite-gi-tepale-i-parite-i-pasoshite-im-gi-odzele/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/podnesena-tuzba-protiv-grcija-za-nasilstvo-vrz-begalcite-gi-tepale-i-parite-i-pasoshite-im-gi-odzele/#respond Mon, 26 Apr 2021 09:06:56 +0000 https://kurir.mk/?p=502137

Поднесена е постапка до Европскиот суд за човекови права во Стразбур против државата Грција за шокантното насилство и незаконското одбивање на бегалците спроведено во заедничка акција на владините служби. Тужбата поднесена од невладината организација Легански центар Лезбос се однесува на инцидентот со рибарскиот брод што тргна од Мармарис, Турција за Италија со околу 200 бегалци, меѓу кои 40 деца и една бремена жена, пренесува лондонски Градијан. Во тужбата се тврди дека капетанот на рибарскиот брод испратил радио повик за помош затоа што бродот бил во неволја по бура покрај јужниот брег на Крит. Меѓутоа, во заедничка операција без преседан, грчките бродови за спасување останаа под контрола на шверцерски брод пет часа наместо да брзаат на помош на луѓето заробени во рибарски брод. По неколкучасовно чекање, грчки патролни бродови со маскирани командоси пристигнаа на лице место, а неколку бегалци тврдат дека биле претепани за време на интервенцијата. Бегалците потоа биле поделени во две одделни групи и се качиле на два големи брода на грчката крајбрежна стража, со кои имало меѓу 10 и 15 вооружени членови, кои ги претресувале и им ги одземале мобилните телефони, пасошите и парите. Несреќните луѓе потоа биле принудени да се качат на два помали чамци за спасување кои беа влечени во територијалните води на Турција, каде што останаа без храна, вода, појаси за спасување и какви било средства за комуникација со кои можеа да побараат помош. Агонијата на бегалците на отворено траела повеќе од 24 часа пред да пристигне турската крајбрежна стража за да ги спаси. - Сè се случи како во филмовите. Луѓето во маскирна униформа, вооружени со долги буриња и ножеви, упаднаа во нас, викајќи ни - рече учесникот на овој настан, бегалец од Сирија, кој се претстави како Махмуд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/podnesena-tuzba-protiv-grcija-za-nasilstvo-vrz-begalcite-gi-tepale-i-parite-i-pasoshite-im-gi-odzele/feed/ 0
Европскиот суд за човекови права донесе одлука: Задолжителната вакцинација е легална https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-donese-odluka-zadolzitelnata-vakcinacija-e-legalna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-donese-odluka-zadolzitelnata-vakcinacija-e-legalna/#respond Thu, 08 Apr 2021 12:04:04 +0000 https://kurir.mk/?p=494307

Европскиот суд за човекови права денес донесе пресуда во која наведува дека задолжителната вакцинација е легална и дека тоа може да биде потребно во демократските општества. Пресудата е донесена поради жалбите на неколку чешки семејства до судот поради задолжителна вакцинација на деца, пренесува Дојче веле. Иако пресудата не се однесува директно на вакцините против коронавирусот, експертите сметаат дека тоа може да има импликации врз таа вакцинација, особено кај луѓето кои досега одбиваа да примат вакцина. „Оваа пресуда“ ја зајакнува можноста за задолжително вакцинирање во услови на сегашната епидемија oд Ковид-19, изјави за новинската агенција АФП, Николас Херву, правен експерт од Европскиот суд за човекови права. Во одлуката се наведува дека задолжителните вакцини обезбедени од чешките здравствени власти се во согласност со „најдобрите интереси“ на децата. - Целта мора да биде секое дете да биде заштитено од сериозни болести, вакцинација или имунитет на стадото - се додава пресудата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-donese-odluka-zadolzitelnata-vakcinacija-e-legalna/feed/ 0
Одбила да има сексуални односи со сопругот па Судот ја санкционирал- сега жената ја тужи државата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odbila-da-ima-seksualni-odnosi-so-soprugot-pa-sudot-ja-sankcioniral-sega-zenata-ja-tuzi-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odbila-da-ima-seksualni-odnosi-so-soprugot-pa-sudot-ja-sankcioniral-sega-zenata-ja-tuzi-drzavata/#respond Wed, 17 Mar 2021 14:37:39 +0000 https://kurir.mk/?p=483736

Апелацискиот суд во Версај дозволи да дојде до развод на брак затоа што жената одбивала да има сексуални односи со нејзиниот сопруг. Таа потоа поднесе жалба против Франција пред Европскиот за човекови права, јави дописникот на МИА. Тужбата против Франција пред Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП) е заради „мешање во приватниот живот“ и „напад врз физичкиот интегритет“, откако „француската правда и ја наметнала брачната должност“, посочија демнеска две здруженија кои ја поддржуваат. Апелацискиот суд во Версај ја санкционираше жената во 2019 година затоа што одбила да има сексуални односи со нејзиниот сопруг. Судиите пресудија развод за нејзините исклучителни грешки, сметајќи дека овие факти, „утврдени со признание на сопругата, претставуваат сериозно и обновено прекршување на должностите и обврските во бракот, што го прави неподносливо одржувањето на заеднички живот “. Оваа одлука беше потврдена од францускиот Касациски (Врховен) суд. Фондацијата на жени и Феминистичкиот колектив против силување, жалат за фактот дека француската правда „продолжува да ја наметнува брачната должност, со што се негира правото на жените да даваат согласност или не за сексуални односи“. Тие потсетуваат дека „во 47 отсто од 94.000 силувања и обиди за силување годишно, сторител е сопругот или поранешниот сопруг на жртвата“. Бракот не е и не треба да биде сексуална ропство, заклучуваат здруженијата, кои се надеваат дека Франција ќе биде осудена во Стразбур.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odbila-da-ima-seksualni-odnosi-so-soprugot-pa-sudot-ja-sankcioniral-sega-zenata-ja-tuzi-drzavata/feed/ 0
Европски суд: Членовите на „Пуси рајот“ ја добија Русија на суд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sud-chlenovite-na-pusi-rajot-ja-dobija-rusija-na-sud/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sud-chlenovite-na-pusi-rajot-ja-dobija-rusija-na-sud/#respond Tue, 17 Jul 2018 10:21:28 +0000 https://kurir.mk/?p=77716

Европскиот суд за човечки права пресуди дека Русија ги нарушила правата на панк бендот Пуси рајот, за време на протестот во храмот Христос Спасителот во Москва во 2012. година. Пресудата и наложува на Русија на членовите на бендот да им исплати повеќе од 49.000 евра. Демонстрантките два пати влегоа во црквата, извлекоа музички инструменти и на кратко изведоа песна со пцовк, што беше протест против поддршката на поглаварот на Руската православна црква на Путин. Подоцна беа обвинети за хулиганство и осудени на две години затвор. Пуси рајот, кои користат шокантни перформанси за да привлечат внимание на она што го сметаат за репресија на рускиот претседател Владимир Путин, презеде и одговорност за нападот на четири демонстрантки на теренот за време на финалето на Светското првенство во фудбал во Москва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sud-chlenovite-na-pusi-rajot-ja-dobija-rusija-na-sud/feed/ 0