европски суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Feb 2023 09:35:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европски суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европскиот суд за човекови права ја отфрли жалбата за поништената аболиција на Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/#respond Thu, 16 Feb 2023 09:35:22 +0000 https://kurir.mk/?p=801187

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери. ЕСЧП одлучуваше по жалбата поднесена од осумина граѓани на Република Северна Македонија од 2020 година. Одлуката на Судот е достапна на следниот линк. Станува збор за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од април 2016 година. Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување. Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов одлучи да ги помилува тогашните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, што доведе до масовни протести.По реакциите во јавноста, беа донесени измени на Законот за помилување со што се отвори простор за повлекување на аболициите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/feed/ 0
Европски суд на правдата: На туристите делумно треба да им се рефундираат парите изгубени поради ковид мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sud-na-pravdata-na-turistite-delumno-treba-da-im-se-refundiraat-parite-izgubeni-poradi-kovid-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sud-na-pravdata-na-turistite-delumno-treba-da-im-se-refundiraat-parite-izgubeni-poradi-kovid-merkite/#respond Thu, 12 Jan 2023 14:06:25 +0000 https://kurir.mk/?p=786522

Патниците чии пакет аранжмани пропаднаа поради мерките воведени поради пандемијата со Ковид-19, ќе можат да добијат барем делумно враќање на тие пари, соопшти денеска највисокиот суд на Европска Унија. Одлуката на Европскиот суд на правдата уследи откако судот во Минхен побара мислење за двајца туристи, кои купиле двонеделен аранжман на шпанскиот остров Гран Канарија, почнувајќи од 13 март 2020 година, за време на пандемијата во Европа. Поради воведените ограничувања и порано враќање дома, туристите побараа намалување на цената на аранжманот за 70 отсто. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sud-na-pravdata-na-turistite-delumno-treba-da-im-se-refundiraat-parite-izgubeni-poradi-kovid-merkite/feed/ 0
Европскиот суд ја поддржа казната за „Гугл“ поради кршење на законот за заштита на конкуренцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-ja-poddrza-kaznata-za-gugl-poradi-krshenje-na-zakonot-za-zashtita-na-konkurencijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-ja-poddrza-kaznata-za-gugl-poradi-krshenje-na-zakonot-za-zashtita-na-konkurencijata/#respond Wed, 14 Sep 2022 10:22:41 +0000 https://kurir.mk/?p=732600

Еден од врховните судови на Европската Унија -Европскиот суд на правадата, денеска ја поддржа казната од четири милијарди евра за компанијата „Гугл“ поради кршење на законот за заштита на конкуренција, донесена во 2018 година. Европскиот суд на правдата делумно ја потврди одлуката на Европската комисија (ЕК) да го казни „Гугл“ со 4,34 милијарди евра поради нарушување на конкуренцијата со обезбедување доминација на андроид, определувајќи ја казната од 4,125 милијарди евра, што само е малку пониска во однос на предлогот на ЕК од 4,34 милијарди евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-ja-poddrza-kaznata-za-gugl-poradi-krshenje-na-zakonot-za-zashtita-na-konkurencijata/feed/ 0
Европскиот суд на правдата пресуди: Британците кои живеат без европско државјанство во држави-членки на ЕУ немаат право на глас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-na-pravdata-presudi-britancite-koi-ziveat-bez-evropsko-drzavjanstvo-vo-drzavi-chlenki-na-eu-nemaat-pravo-na-glas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-na-pravdata-presudi-britancite-koi-ziveat-bez-evropsko-drzavjanstvo-vo-drzavi-chlenki-na-eu-nemaat-pravo-na-glas/#respond Thu, 09 Jun 2022 11:15:56 +0000 https://kurir.mk/?p=688849

Европскиот суд на правдата одлучи дека британските граѓани кои живеат во Европската унија (ЕУ) немаат право да гласаат или да се кандидираат за функција во Унијата, освен ако не добијат европско државјанство. Повеќе од милион Британци живееле во држави-членки на ЕУ, а многумина се спротивставија на излегувањето на Велика Британија од ЕУ во јануари 2020 година. Прашањето го покрена Британка која повеќе од три децении живее во Франција, но по Брегиз таа била избришана од избирачкиот список и не можела да гласа на локалните избори одржани во март 2020 година. Таа одбила да поднесе барање за француско државјанство. Жената тврди дека и во Велика Британија и е одземено правото на глас, согласно тамошното правило што ги попречува граѓаните да гласаат доколку живеат во странство повеќе од 15 години. Европскиот суд на правдата пресуди дека луѓето кои живеат во Европа дури и пред Брегзит „повеќе не уживаат статус на граѓани на Унијата, ниту имаат право да гласаат и да се кандидираат на општинските избори во земјата-членка на живеење“, се наведува во одлуката на Судот. „Тоа е последица на суверената одлука на Обединетото Кралство да се повлече од Европската унија“, соопшти Судот. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-na-pravdata-presudi-britancite-koi-ziveat-bez-evropsko-drzavjanstvo-vo-drzavi-chlenki-na-eu-nemaat-pravo-na-glas/feed/ 0
Европскиот суд го отфрли случајот против Ватикан за сексуална злоупотреба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-go-otfrli-sluchajot-protiv-vatikan-za-seksualna-zloupotreba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-go-otfrli-sluchajot-protiv-vatikan-za-seksualna-zloupotreba/#respond Tue, 12 Oct 2021 12:43:40 +0000 https://kurir.mk/?p=577706

Европскиот суд за човекови права денеска одлучи дека Ватикан не може да биде тужен пред локалниот суд за сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници, потврдувајќи дека Светата столица ужива суверен имунитет и дека не може да и се припишат кривичните дела на свештениците и нивните претпоставени. Европскиот суд го отфрли случајот инициран од 24 лица кои тврдат дека се жртви на сексуално насилство од свештеници во Белгија и дека Светата столица е одговорна за „структурните недостатоци“, поради што „Католичката црква ги прикрива случаите на силување на свештеници и малтретирање деца со децении“. Тие поднесоа жалба до судот во Стразбур откако белгиските судови заклучија дека немаат надлежност со оглед на имунитетот на Светата столица како суверена држава. Европскиот суд објави дека судот во Белгија бил во право и дека на жртвите не им е одземено правото на судење и ја потврди одлуката дека Светата столица ужива суверен имунитет и дека не се применува исклучок од тоа правило бидејќи погрешно однесување на бискупот во случаи на злоупотреба не може да се припише на Ватикан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-go-otfrli-sluchajot-protiv-vatikan-za-seksualna-zloupotreba/feed/ 0
Европски суд на ревизори: Неефикасниот „систем на ЕУ за депортирање мигранти“ ја охрабрува илегалната миграција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sud-na-revizori-neefikasniot-sistem-na-eu-za-deportiranje-migranti-ja-ohrabruva-ilegalnata-migracija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sud-na-revizori-neefikasniot-sistem-na-eu-za-deportiranje-migranti-ja-ohrabruva-ilegalnata-migracija/#respond Tue, 14 Sep 2021 06:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=563310

Неефикасноста во системот на Европската унија за враќање на илегалните мигранти во нивните земји на потекло има спротивен ефект од оној што е наменет, се наведува во Ивештајот на специјалните ревизори. Наместо да ги одвраќаат луѓето од патувањето кон Европа, тие всушност се охрабруваат да го сторат тоа, според Европскиот суд на ревизори (ЕЦА), пренесува Еуроњуз. Од 2008 година досега, на околу половина милион државјани кои не се од ЕУ им е наредено да ја напуштат ЕУ бидејќи влегле или престојувале без дозвола. Меѓутоа, во пракса, помалку од еден од пет илегални мигранти се враќаат во своите земји надвор од Европа. Ова е заклучокот од новиот специјален извештај објавен од Европскиот суд на ревизори. Судот го објави својот извештај и очекува тој да се искористи во претстојните дискусии за новиот Пакт на ЕУ за миграција и азил. Една од причините за ниското ниво на враќање е тешкотијата за соработка со земјите на потекло на мигрантите. ЕУ веќе склучи 18 законски обврзувачки договори за реадмисија и започна официјални дискусии со шест други земји. Соработката на ЕУ со земјите надвор од Унијата досега ефективно не помогна да се вратат илегалните мигранти од територијата на ЕУ во нивните земји. Покрај тоа, акцијата на ЕУ не е доволно оптимизирана за да им овозможи на земјите кои не се членки на ЕУ во практика да се придржуваат кон нивните обврски за реадмисија. Според главниот ревизор Лео Бринкат, сегашниот систем за враќање во ЕУ има многу слабости, што всушност имаат спротивен ефект – охрабрување, наместо одвраќање на имигрантите кои илегално престојувааат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sud-na-revizori-neefikasniot-sistem-na-eu-za-deportiranje-migranti-ja-ohrabruva-ilegalnata-migracija/feed/ 0
Европскиот суд за човекови права ја осуди Франција поради протерувањето на две деца од Мајот на Коморите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-osudi-francija-poradi-proteruvanjeto-na-dve-deca-od-majot-na-komorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-osudi-francija-poradi-proteruvanjeto-na-dve-deca-od-majot-na-komorite/#respond Thu, 25 Jun 2020 11:26:14 +0000 https://kurir.mk/?p=362730

Европскиот суд за човекови права од Стразбур ја осуди Франција поради административен, а потоа и „експедитивно враќање“ на Коморите на две деца од 3 и 5 години кои влегоа нелегално во Мајот, јави дописникот на МИА. Овие две деца биле „сместени во административен притвор заедно со возрасни (…) и експедитивно биле испратени до Коморите“, што „можело само да создаде ситуација на стрес и вознемиреност и да има особено трауматично последици за нивната психа “, оцени судот со седиште во Стразбур. Коморите се соседен остров на францускиот прекуокеански департман (остров) Мајот, кои заедно се дел од Коморските острови во широчината на источниот африкански брег. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-osudi-francija-poradi-proteruvanjeto-na-dve-deca-od-majot-na-komorite/feed/ 0
Македонците од Бугарија извојуваа голема победа против бугарската држава: Европскиот суд во Стразбур пресуди во корист на Македонците во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedoncite-od-bugarija-izvojuvaa-golema-pobeda-protiv-bugarskata-drzava-evropskiot-sud-vo-strazbur-presudi-vo-korist-na-makedoncite-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedoncite-od-bugarija-izvojuvaa-golema-pobeda-protiv-bugarskata-drzava-evropskiot-sud-vo-strazbur-presudi-vo-korist-na-makedoncite-vo-bugarija/#respond Thu, 28 May 2020 11:09:01 +0000 https://kurir.mk/?p=351029

Македонците од Бугарија извојуваа голема победа против бугарската држава во Судот за човековите права во Стразбур. Со денешната пресуда на Судот за човекови права во Стразбур, Македонците во Бугарија извојуваа голема победа против Република Бугарија во спорот кој пред Судот во Стразбур се води од 2013 година. Пресудата доаѓа само десетина дена пред најавеното вето на Бугарија против Македонија во процесот на отпочнување преговори на Македонија за членство во Европската Унија. “Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“, здружение со седиште во Благоевград и претседателот на нејзиниот одбор Ангел Кирилов Радонов, државјанин на Република Бугарија, на 10 октомври 2013 година пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, преку адвокатот Тони Менкиноски поднесе апликација против Бугарија за повреда на правото на здружување, бидејќи Бугарија одби да го регистрира здружението од причина што според неговата дејност треба да ги негува и афирмира македонските етнички обележја и традиции различни од бугарските. “Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ е здружение кое во својот статут ги афирмира правата на Македонците како посебна етничка група во Бугарија. Европскиот суд за човекови права во Стразбур денес ја осуди Бугарија, носејќи пресуда со која утврди, дека е повредено правото на здружување по членот 11 од Европската конвенција за човекови права на Македонците во Бугарија. Сега, Бугарија е задолжена во согласност со оваа пресуда да го регистрира “Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ и да им исплати штета од 7.500,00 евра во рок од 3 месеци. Со оваа голема победа во Стразбур, Македонците во Бугарија многу и’ помагаат на Македонија да се справи со политичките условувања од официјална Софија против македонското национално малцинство во Република Бугарија. Со оваа пресуда, сега во Бугарија ќе има здружение на Македонците во услови кога официјална Софија сака да биде укинато постоењето и на Македонскиот јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedoncite-od-bugarija-izvojuvaa-golema-pobeda-protiv-bugarskata-drzava-evropskiot-sud-vo-strazbur-presudi-vo-korist-na-makedoncite-vo-bugarija/feed/ 0
Европски суд за човекови права пресуди во корист на Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sud-za-chovekovi-prava-presudi-vo-korist-na-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sud-za-chovekovi-prava-presudi-vo-korist-na-navalni/#respond Thu, 15 Nov 2018 11:11:09 +0000 https://kurir.mk/?p=128085

Европскиот суд за човекови права денеска донесе пресуда дека апсењата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални биле политички мотивирани. Судот издаде наредба Русија да му исплати отштета од 63.000 евра на Навални, објавија западните медиуми. Тој пред два дена беше спречен од страна на руските гранични власти да ја напушти Москва поради наводно неплатена парична казна, за која, Навални рече дека тоа било само изговор за да не му се дозволи да патува во странство. Федералната служба за извршители, која го блокира неговото излегување од Русија, рече дека сите ограничувања за Навалини, вклучувајќи ја и забраната за патување во странство, се повлечени откако тој ја платил казната. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropski-sud-za-chovekovi-prava-presudi-vo-korist-na-navalni/feed/ 0
Европскиот суд за човекови права пресуди дека Италија ги нарушила правата на мафијашкиот бос Провенцано https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-presudi-deka-italija-gi-narushila-pravata-na-mafijashkiot-bos-provencano/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-presudi-deka-italija-gi-narushila-pravata-na-mafijashkiot-bos-provencano/#respond Fri, 26 Oct 2018 08:04:29 +0000 https://kurir.mk/?p=119675

Италија ги нарушила правата на познатиот мафијашки бос Бернардо Провенцано со тоа што бил затворен во многу строг затворски режим, во месеците пред да почине, утврди Европскиот суд за човекови права. Провенцано почина во затворското крило на болница во Милано пред две години на 83-годишна возраст, откако со години неговото здравје се влошувало. Тој беше уапсен во 2006 година по 43-годишно бегство и беше осуден на доживотен затвор за неколку дела, меѓу кои и за масовно убиство, трговија со дрога и киднапирања. Провенцано бил ставен во специјален затворски режим, кој имал за цел да ги спречи мафијашки босови да продолжат да организираат криминални дела од затвор. Посетите за овие криминалци биле ограничени, а имало и ограничување во нивните активности и купувањето храна за нив. Европскиот суд за човекови права соопшти дека со затворските услови не биле нарушени правата на Провенцано и оти тој добивал стручна медицинска нега. Но неговото оставање во строг затворски режим и во месеците пред смртта, кога неговата состојба секој ден се влошувала, претставувало нарушување на неговото право да не стане објект на нехуман и деградирачки однос. Судот одби да пресуди да му се плати отштета на синот на Провенцано, кој ја поднесе тужбата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-presudi-deka-italija-gi-narushila-pravata-na-mafijashkiot-bos-provencano/feed/ 0