европски земји – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 May 2023 10:01:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европски земји – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германија е најголем трговски партнер на повеќето земји во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-e-najgolem-trgovski-partner-na-poveketo-zemji-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-e-najgolem-trgovski-partner-na-poveketo-zemji-vo-evropa/#respond Wed, 24 May 2023 10:01:43 +0000 https://kurir.mk/?p=838161

Германија е најголем трговски партнер на Република Македонија, но и на повеќето земји во Европа, покажува анализата на порталот „Ландгеист“, базирана на податоци на ММФ. Германија е најголемата економија во Европа и најважен трговски партнер на над половина од европски земји. Втората европска економија Велика Британија, пак, не е најголем трговски партнер на ниту една земја во Европа. Франција, третата по моќ економија на стариот континент, е најзначаен трговски партнер на Шпанија и на Германија, а четвртата европска економска сила Италија е на Албанија, Хрватска, Малта и Ватикан. Иако САД и Кина имаат силни економски релации со Европа, тие се најзначајни трговски партнери само на многу мал број европски земји. САД се најголем трговски партнер на Велика Британија и на Ирска, а Кина само на Русија. За Турција и Белорусија, пак, најзначен партнер во трговијата е Русија, а за Украина тоа е Полска. Доколу Европската унија се гледа како на единствен трговски блок, таа би била најголемиот трговски партнер на сите земји во Европа, освен на Белорусија, која најмногу тргува со Русија. Најголемиот трговски партнер се одредува според вкупната вредност на увозот и извозот заедно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-e-najgolem-trgovski-partner-na-poveketo-zemji-vo-evropa/feed/ 0
Пожарникари од пет европски земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharnikari-od-pet-evropski-zemji-i-ova-leto-ke-bidat-lotsirani-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharnikari-od-pet-evropski-zemji-i-ova-leto-ke-bidat-lotsirani-vo-grtsija/#respond Tue, 16 May 2023 14:17:51 +0000 https://kurir.mk/?p=834878

Над 180 пожарникари од европски земји и оваа година ќе бидат лоцирани во Грција во јули и август за доколку е потребно да им помогнат на нивните грчки колеги во справувањето со пожарите во текот на летниот период, програма што се спроведува преку Европскиот механизам за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, во земјата ќе пристигнат тимови на пожарникари од Бугарија, Франција, Германија, Романија и Словачка, кои ќе бидат лоцирани во областа Атика, поширокиот регион на Атина, во Солун и во Античка Олимпија на Пелопонез. Целта, исто како и лани, ќе биде да им пружат помош на грчките пожарникари во гаснењето пожари, како и размената на знаење. Конкретната програма лани беше пилотски имплементирана со учество на пожарникари од Бугарија, Франција, Германија, Норвешка, Романија, Финска, а од надлежното Министерство велат дека успешното спроведување беше едногласно признаено на состанокот на министрите на Европската унија во септември минатата година. Па така, била донесена одлука за продолжување и проширување на програмата, а европски пожарникари освен во Грција, ќе бидат лоцирани и во Франција и Португалија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharnikari-od-pet-evropski-zemji-i-ova-leto-ke-bidat-lotsirani-vo-grtsija/feed/ 0
Лавров: Русија инсистира американското нуклеарно оружје во европските земји да се врати на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-rusija-insistira-amerikanskoto-nuklearno-oruzje-vo-evropskite-zemji-da-se-vrati-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-rusija-insistira-amerikanskoto-nuklearno-oruzje-vo-evropskite-zemji-da-se-vrati-na-sad/#respond Tue, 01 Mar 2022 11:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=638640

За Русија е неприфатливо да има американско нуклеарно оружје на територијата на некои европски земји. Крајно време е тоа да биде вратено во САД, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – За нас е неприфатливо што се уште има американско нуклеарно оружје на територијата на голем број европски земји, со што се прекршуваат основните одредби од Договорот за неширење на нуклеарното оружје.Продолжува злобната практика на „заеднички нуклеарни мисии“ во кои се вклучени ненуклеарни членки на НАТО. Развиваат сценарија за употреба на нуклеарно оружје против Русија. Крајно време е да го вратиме американското нуклеарно оружје дома и целосно да ја демонтираме поврзаната инфраструктура на Европа, рече Лавров во видео обраќање на Конференцијата на ОН за разоружување што се одржува во Женева. Русија ги повикува САД и нивните сојузници да се приклучат на мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел во Европа, изјави рускиот министер за надворешни работи, пренесува ТАСС. – Нашата земја е еднострано посветена да не распоредува ракети со среден и краток дострел опфатени со Договорот во региони каде нема да бидат распоредени такви системи произведени од САД. Ги повикуваме САД и нивните сојузници да го следат нашиот пример, рече Лавров. Тој, исто така, нагласи дека партнерството со АУКУС предизвика нова рунда во трката за вооружување, и тоа не само во азиско-пацифичкиот регион. – Имаме прашања во врска со контроверзната иницијатива на Австралија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави за воспоставување на затворено партнерство AUKUS, рече тој. Шефот на дипломатијата рече дека Русија ги презема сите мерки за да ја спречи Украина да поседува нуклеарно оружје. – Властите во Киев играат опасна игра со нивните планови да се здобијат со сопствено нуклеарно оружје, тврди Лавров. – Трагедијата во Украина е резултат на поддршката на западните покровители на криминалниот режим што се формираше таму, рече Лавров. – Киевските власти, кои подготвуваат заговор да стекнат сопствено нуклеарно оружје, ја загрозуваат меѓународната безбедност, тврди рускиот министер. – Би сакал особено да нагласам дека Русија немала и нема ракети со среден и краток дострел со копнени проектили, рече Лавров на Конференцијата за разоружување. Тој ја повика Конференцијата на ОН за разоружување да отфрли какви било чекори за укинување на постоечкиот систем за контрола на оружјето. – Западот мора да се откаже од изградбата на воени објекти на територијата на земјите од поранешниот Советски Сојуз, рече тој. – Русија ги повикува САД строго да се придржуваат до своите обврски да не ја зајакнуваат безбедноста на сметка на другите, рече Лавров. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-rusija-insistira-amerikanskoto-nuklearno-oruzje-vo-evropskite-zemji-da-se-vrati-na-sad/feed/ 0
Ученици од повеќе европски земји во посета на ракометарите на Вардар 1961 https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/uchenici-od-povekje-evropski-zemji-vo-poseta-na-rakometarite-na-vardar-1961/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/uchenici-od-povekje-evropski-zemji-vo-poseta-na-rakometarite-na-vardar-1961/#respond Wed, 15 Dec 2021 10:28:50 +0000 https://kurir.mk/?p=608763

Ученици од Португалија, Хрватска, Грција, Франција и Турција ги посетија ракометарите на актуелниот македонски ракометен шампион и двократен европски првак Вардар 1961, како дел од Еразмус плус проектот „Запознавање со спорт, активности во природа и традиции“. Учениците од петте европски земји, заедно со своите домаќини од ОСУ „Мирко Милески“ од Кичево, имаа можност да присуствуваат на дел од тренингот на ракометарите на Вардар, и да ја разгледаат салата и нејзината инфраструктура, како и условите за тренинг. – Како дел од Еразмус плус проектот, Вардар беше домаќин на учениците и секако бевме почестени што можевме да го промовираме македонскиот ракомет во европски рамки“, се наведува во клупското соопштение. Учениците имаа можност да се фотографираат и да поразговараат со играчите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/uchenici-od-povekje-evropski-zemji-vo-poseta-na-rakometarite-na-vardar-1961/feed/ 0
Европските земји ја намалуваат потрошувачката на гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-ja-namaluvaat-potroshuvachkata-na-gas-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-ja-namaluvaat-potroshuvachkata-na-gas-2/#respond Tue, 12 Oct 2021 13:58:16 +0000 https://kurir.mk/?p=577800

Индустрискиот сектор во Европа започна да ја намалува побарувачката за природен гас бидејќи рекордни цени го направија тој енергенс недостапен за многу корисници. Просечната потрошувачка во октомври беше 12 проценти помала отколку пред пандемијата, според податоците собрани од консултантската агенција со седиште во Париз, Engie EnergyScan. Потрошувачката на гас веќе почна да опаѓа во септември, а потоа беше пет проценти помала отколку во истиот месец во 2019 година, јави Блумберг. – Во индустрискиот сектор во Европа, постои тренд на намалена потрошувачка и побарувачка за гас, вели директорот на Engie EnergyScan, Жулиен Хоарау. Според него, досега намалувањето на потрошувачката е најочигледно во Германија, Холандија и Велика Британија, но треба да почекаме неколку недели за да видиме дали навистина ќе биде така кога ќе се зголеми побарувачката во грејната сезона. Непосредно пред почетокот на зимата, цените на природниот гас достигнаа рекордни нивоа. Одредени енергетски интензивни компании привремено престанаа да работат бидејќи нивното одржување станува прескапо. Кризата ги зафати и снабдувачите со енергија и влијае врз потрошувачите во Европа. Референтниот договор за гас неодамна беше повлечен со надеж дека Русија ќе го зголеми износот на испораките. Сепак, цените на гасот се и понатаму четирипати повисоки. Високите цени може да го забават економското закрепнување во Европа, бидејќи одредени гранки на индустријата веќе се тешко погодени, заклучи Оаро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-ja-namaluvaat-potroshuvachkata-na-gas-2/feed/ 0
Европските земји ја намалуваат потрошувачката на гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-ja-namaluvaat-potroshuvachkata-na-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-ja-namaluvaat-potroshuvachkata-na-gas/#respond Tue, 12 Oct 2021 13:35:15 +0000 https://kurir.mk/?p=577765

Индустрискиот сектор во Европа започна да ја намалува побарувачката за природен гас бидејќи рекордни цени го направија тој енергенс недостапен за многу корисници. Просечната потрошувачка во октомври беше 12 проценти помала отколку пред пандемијата, според податоците собрани од консултантската агенција со седиште во Париз, Engie EnergyScan. Потрошувачката на гас веќе почна да опаѓа во септември, а потоа беше пет проценти помала отколку во истиот месец во 2019 година, јави Блумберг. -Во индустрискиот сектор во Европа, постои тренд на намалена потрошувачка и побарувачка за гас, вели директорот на Engie EnergyScan, Жулиен Хоарау. Според него, досега намалувањето на потрошувачката е најочигледно во Германија, Холандија и Велика Британија, но треба да почекаме неколку недели за да видиме дали навистина ќе биде така кога ќе се зголеми побарувачката во грејната сезона. Непосредно пред почетокот на зимата, цените на природниот гас достигнаа рекордни нивоа. Одредени енергетски интензивни компании привремено престанаа да работат бидејќи нивното одржување станува прескапо. Кризата ги зафати и снабдувачите со енергија и влијае врз потрошувачите во Европа. Референтниот договор за гас неодамна беше повлечен со надеж дека Русија ќе го зголеми износот на испораките. Сепак, цените на гасот се и понатаму четирипати повисоки. -Високите цени може да го забават економското закрепнување во Европа, бидејќи одредени гранки на индустријата веќе се тешко погодени, заклучи Оаро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-ja-namaluvaat-potroshuvachkata-na-gas/feed/ 0
Европските земји очекуваат од ЕМА разјаснување во врска со вакцината на АстраЗенека https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-ochekuvaat-od-ema-razjasnuvanje-vo-vrska-so-vakcinata-na-astrazeneka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-ochekuvaat-od-ema-razjasnuvanje-vo-vrska-so-vakcinata-na-astrazeneka/#respond Wed, 17 Mar 2021 10:07:30 +0000 https://kurir.mk/?p=483597

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца изјави дека европските земји се надеваат дека Европската агенција за лекови (ЕМА) утре ќе достави „неопходно разјаснување“ за да може да се продолжи со употребата на вакцината на АстраЗенека. Италија е една од земјите кои ја прекинаа вакцинацијата со АстраЗенека поради извештаите за појава на крвни згрутчувања кај некои луѓе кои ја примиле оваа вакцина против коронавирусот, иако производителот и меѓународните регулатори наведуваат дека вакцината е безбедна. Сперанца пред парламентарната Комисија за социјални прашања изрази надеж дека Италија „утре ќе добие одговори од ЕМА, што ќе овозможи продолжување без двоумење на вакцинацијата со АстраЗенека“. Тој истакна дека италијанската Влада „има најголема доверба во ЕМА“, како и во Италијанската агенција за лекови. Досега околу 10 отсто од Италијанците примиле најмалку една доза од вакцините против Ковид-19. Сперанца очекува до јуни да пристигнат околу 50 милиони дози вакцини, вклучувајќи ја и вакцината на Џонсон и Џонсон, а околу 80 милиони дози треба да бидат доставени во периодот меѓу јули и септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-ochekuvaat-od-ema-razjasnuvanje-vo-vrska-so-vakcinata-na-astrazeneka/feed/ 0
ОЕЦД: Европските земји повеќе да инвестираат во своите здравствени работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-evropskite-zemji-povekje-da-investiraat-vo-svoite-zdravstveni-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-evropskite-zemji-povekje-da-investiraat-vo-svoite-zdravstveni-rabotnici/#respond Thu, 19 Nov 2020 14:46:49 +0000 https://kurir.mk/?p=431844

Пандемијата со Ковид-19 го откри недостатокот на здравствени работници што веќе постоеше во многу европски земји, се наведува во извештајот објавен денеска од ОЕЦД, во кој се препорачува државите да мораат да вложат повеќе за своите здравстевни работници, јави дописникот на МИА. Во моментот кога вториот епидемиски бран го погодува Стариот континент, Организацијата за економска соработка и развој извлекува лекции од првиот бран во својата годишна здравствена панорама. Меѓу овие лекции, ОЕЦД тврди дека европските здравствени системи мора да се развиваат за подобро да одговорат на врвовите на побарувачката. „Недостатокот на здравствен персонал сепак беше многу видлив, затоа што обуката на квалификувани здравствени работници трае повеќе време отколку создавањето на привремени капацитети“, се подвлекува во извештајот. За да се поправи ова на краток рок, ОЕЦД предлага „мобилизација на дополнителен персонал“ преку резервни листи, посочувајќи ја Франција како пример. Но, ова нема да ги ослободи европските држави од повеќе инвестиции во нивниот здравствен персонал, кој од здравствената криза беше подложен на екстремни притисоци. ОЕЦД, исто така, нагласува дека земјите кои биле поуспешни од другите во зауздувањето на заразата, како што се Норвешка и Финска, биле подобро подготвени, со ефективна стратегија за тестрирање, следење на пациенти и следење на контакт. Затоа ги повикува владите да усвојат стратегии што овозможуваат правилно управување со закрепнувањето на економската активност, за да нема повеќе други мерки на ограничувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-evropskite-zemji-povekje-da-investiraat-vo-svoite-zdravstveni-rabotnici/feed/ 0
Кина воведува забрана за патници од некои европски држави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-voveduva-zabrana-za-patnici-od-nekoi-evropski-drzavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-voveduva-zabrana-za-patnici-od-nekoi-evropski-drzavi/#respond Thu, 05 Nov 2020 08:55:49 +0000 https://kurir.mk/?p=425252

Кина забрани влез на патници од Велика Британија и Белгија и постави услови за тестирање на посетители од САД, Франција и Германија како одговор на зголемениот број случаи на новозаразени со новиот коронавирус ширум светот. На 28 септември Кина дозволи влез за сите странци со валидни документи, откако во март воведе ограничувања. Тестовите за коронавирус мора да се направат најдоцна 48 часа пред да влезат на територија на Кина. Доколку патникот треба транзитно да застане на пат кон Кина, истите тестови мора да се направат и во земјата на транзит или во регионот. Слични барања од 8 ноември се воведени и за патници од земји како Австралија, Сингапур и Јапонија. Инаку во Кина во последните 24 часа потврдени се 28 нови случаи на коронавирусот, што е зголемување во споредба со претходниот ден кога имаше 17, објави Националната здравствена комисија. Од вкупниот број нови случаи, 20 биле увезени. Исто така, има 24 асимптоматски случаи кои не се вклучени во официјалната статистика. Од почетокот на епидемијата, во Кина се регистрирани 86.115 случаи на коронавирус, а починале 4.634 лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-voveduva-zabrana-za-patnici-od-nekoi-evropski-drzavi/feed/ 0
Европските земји се соочуваат со недостиг на „ремдесивир“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-se-soochuvaat-so-nedostig-na-remdesivir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-se-soochuvaat-so-nedostig-na-remdesivir/#respond Wed, 07 Oct 2020 07:59:53 +0000 https://kurir.mk/?p=413270

Европските земји се соочуваат со недостиг на „ремдесивир“, кој се употребува за лекување од Ковид-19, имајќи предвид дека се намалуваат ограничените резерви, бидејќи големи количества на лекот, кој го произведува компанијата „Гилеад“, се продадени на американскиот пазар. Во јули оваа година земјите од ЕУ и Велика Британија, кои заедно имаат околу 500 милиони жители, обезбедиле дози „ремдисивир“ за 30.000 пациенти. САД потпишаа со производителот „Гилеад“ договор за продажба на повеќе од 500.000 дози, што е поголем дел од производството на компанијата минатиот месец. – Има недостиг на „ремдисивир“, изјави портпаролот на холандското Министерство за здравство Мартин Јансен, додавајќи дека сепак наскоро се очекуваат нови испораки. Докажано е дека антивирусниот лек го забрзува закрепнувањето кај најтешките случаи на Ковид-19. „Ремдесивир“ и кортикостероидот „дексаметазон“ се единствени лекови кои се одобрени во Европа за лекување на коронавирусот. Двата лека ги примил американскиот претседател Доналд Трамп, кој се лекува и со експериментален коктел од антитела. Бројот на хоспитализирани лица во Европа се зголемува, иако во повеќето земји е се уште помал отколку пролетта. – Поради зголемениот број на примени пациенти во болница, драстично расте побарувачката за „ремдесивир“, истакна Јансен. Полскиот министер за здравство Адам Ниедзелски изјави дека лекот нестасува во некои болници. Последната испорака на „ремдесивир“ за Полска пристигнала минатиот петок. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-se-soochuvaat-so-nedostig-na-remdesivir/feed/ 0