европски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Jun 2022 12:08:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Коалициониот партнер на Ковачевски: Со францускиот предлог бугарските барања стануваат европски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicioniot-partner-na-kovachevski-so-francuskiot-predlog-bugarskite-baranja-stanuvaat-evropski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicioniot-partner-na-kovachevski-so-francuskiot-predlog-bugarskite-baranja-stanuvaat-evropski/#respond Sun, 19 Jun 2022 12:08:01 +0000 https://kurir.mk/?p=692798

Демократскиот сојуз изразува сериозни резерви за францускиот предлог за деблокада на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ затоа што тој во суштина ги апсорбира националистичките и негаторските барања на Бугарија и билатералниот спор, преку преговарачката рамка, го претвора во спор помеѓу Македонија и Европската Унија. Според документите кои досега ги објавија медиумите, Предлог-преговарачката рамка за почеток на евроинтеграцискиот процес и предлог-заклучоците на Советот на Европската Унија, јасно е дека барањата на Бугарија стануваат дел од преговарачката рамка на ЕУ и од нивното исполнување ќе зависи нашиот напредок кон Европа. Тоа значи дека нашите евро-интеграции стануваат заложник на антимакедонските интереси во Софија, овојпат со европски печат. Очигледно е дека предлогот е резултат на претходно усогласување на претставници на владите на Македонија и Бугарија, но фактот што постојат или се најавени повеќе документи кои се однесуваат на спорот, протоколи што треба да ги потпишат двете земји, како и Акциски план, кои треба во детали да опишат што се треба да направи Македонија, во суштина значи прифаќање нов договор, покрај постоечкиот Договор за добрососедство и пријателство, чие исполнување сега ќе го мониторира Европската Унија. Со новиот договор на перфиден начин се оспорува македонскиот идентитет, историјата и јазикот и истовремено не се нудат гаранции дека Бугарија ќе престане да излегува со нови барања, уцени и блокади. Конечниот став ДС ќе го изгради по добивањето на интегралниот текст на предлогот и негова подлабинска анализа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicioniot-partner-na-kovachevski-so-francuskiot-predlog-bugarskite-baranja-stanuvaat-evropski/feed/ 0
ФОТО: Прилеп доби „европски паркинг“! https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-prilep-dobi-evropski-parking/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-prilep-dobi-evropski-parking/#respond Mon, 01 Feb 2021 07:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=462439

Oткако поради реконструкцијата целосно отпадна паркинг просторот на булеварот “Гоце Делчев”, општина Прилеп се досети и најде нов простор каде ќе се наплаќа паркинг, пишува порталот Маркукуле.мк. Просторот е позади зградите на булеварот, или позади некогашниот “Игор дракстор”. И тоа не било каков паркинг, туку “европски” каков што доликува на град кој е во “процут” изминатите три години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-prilep-dobi-evropski-parking/feed/ 0
Маневски: ВМРО-ДПМНЕ бара закон за ЈО кој ќе одговара на европските закони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manevski-vmro-dpmne-bara-zakon-za-jo-koj-kje-odgovara-na-evropskite-zakoni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manevski-vmro-dpmne-bara-zakon-za-jo-koj-kje-odgovara-na-evropskite-zakoni/#respond Tue, 11 Feb 2020 21:38:58 +0000 https://kurir.mk/?p=302639

ВМРО-ДПМНЕ бара закон за ЈО кој ќе одговара на европските закони, истакна Михајло Маневски вечерва во "Отворено" на 24 телевизија. -Одредбата од членот 110 од законот за ЈО е една натрупана одредба, напола јасна и неразбирлива, а што ќе биде целта нејзина никој не знае. Член со двојно значење. За едни "бомбите" ќе бидат докази, а за други индиции. Значи до сега тие "бомби" беа докази во кривичната постапка, а од сега кога ќе се донесе овој закон "бомбите" ќе бидат само индиции. Едните со помош на "бомбите" ќе ги осудиме, а другите што се три метри подоле во друга судница и нивните случаеви почнале подоцна кога "бомбите" не се веќе докази, туку индиции нема да ги осудиме. Ова ќе го искористат многу луѓе кои се огрешиле пред законот. ВМРО-ДПМНЕ бара закон за ЈО кој ќе одговара на европските закони, истакна Михајло Маневски вечерва во "Отворено" на 24 телевизија. Тој рече дека еднаш мора да се стави крај на ваква правда и на вакво судство. Според него, неприфатливо е еднаш нешто да претставува доказ во кривична постапка, а по неколку години пу-пу не важи тоа и се донесува закон да не важат тие докази. -Па со тие бомби СДСМ дојде на власт, толку се бореа тие да бидат доказен материјал. Па, и монтираа, лепеа, сечеа разговори. Од разговор за Мартин Нешковски долг 13 минути, оваа власт скрати, залепи и направи разговор од 3 минути. Кој го направи тоа? Е затоа од 66-то место за корупција во 2014-та година, сега Македонија е на 106-тото. Што направи оваа власт за неполни 4 години мандат? Ништо и плус ја уназади демократијата и економијата, рече Маневски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manevski-vmro-dpmne-bara-zakon-za-jo-koj-kje-odgovara-na-evropskite-zakoni/feed/ 0
Даштевски: Законот за јавно обвинителство мора да е европски, а не политички по терк на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-zakonot-za-javno-obvinitelstvo-mora-da-e-evropski-a-ne-politichki-po-terk-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-zakonot-za-javno-obvinitelstvo-mora-da-e-evropski-a-ne-politichki-po-terk-na-sdsm/#respond Wed, 22 Jan 2020 20:45:10 +0000 https://kurir.mk/?p=293389

Ако мене лично ме прашувате јас сметам дека ниту еден од специјалните јавни обвинители во СЈО не беа добри, бидејќи ниту еден предмет освен Тенк не успеа да го завршат бидејќи немаат цврсти и квалитетни докази, вели професорот и аналитичар Александар Даштевски во гостување во емисијата Тренд Анализа на ТВ 24. Во однос на предлог законот за Јавно обвинителство, Даштевски посочи дека Република Македонија мора да донесе закон кој што е европски закон и кој што може да се имплементира во Македонија, а не по терк на политичка партија која сака да донесе закон со условени персонални решенија. -Една од забелешките на францускиот претседател Макрон зошто не даде согласност за почеток на преговорите на државата е токму тоа, имплементација на законите односно колку тие се имплементираат во реалност, а не само нивно донесување, нагласи тој. Според Даштевски, извршната власт не смее да се меша во судската ниту во законодавната коментирајќи ги изјавите на градоначалникот на Сарај каде што јавно кажа дека Заев барал тој да врши влијание во смена на претседателот на судот. -Ние слушнавме како премиерот Заев сам се договарал со градоначалникот на општина Сарај да изврши влијание за да се смени претседателот на суд. Тоа не смее да се случи бидејќи мора да се почитува поделбата на власта на судска, извршна и законодавна, рече Даштевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-zakonot-za-javno-obvinitelstvo-mora-da-e-evropski-a-ne-politichki-po-terk-na-sdsm/feed/ 0