европскиот суд за човекови права – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Feb 2023 07:27:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png европскиот суд за човекови права – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За власта со одлуката на ЕСЧП за аболицијата победила правдата, за застапниците на обвинетите работата не е завршена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-so-odlukata-na-eschp-za-abolitsijata-pobedila-pravdata-za-zastapnitsite-na-obvinetite-rabotata-ne-e-zavrshena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-so-odlukata-na-eschp-za-abolitsijata-pobedila-pravdata-za-zastapnitsite-na-obvinetite-rabotata-ne-e-zavrshena/#respond Fri, 17 Feb 2023 06:33:30 +0000 https://kurir.mk/?p=801576

Европскиот суд за човекови права во Стразбур вчера ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година. Додека за власта оваа одлука е победа на правото и е во полза на државата бидејќи помилувањата немаат законска основа, застапникот на обвинетите и осудените пред ЕСЧП адвокатот Влатко Илиевски, вели оти нема простор за триумфализам на власта, бидејќи, според него, целата работа во Стразбур не е завршена, туку само е одложена. Поранешната судијка во Судот во Стразбур и актуелна судијка во Врховниот суд, Мирјана Лазарова-Трајковска за МИА појасни дека оценката на Судот е дека жалителите не ги искористиле сите редовни и вонредни правни лекови кои им ги нуди националното право, а за кои во претходни пресуди и одлуки судот прифатил дека се ефективни правни лекови. ЕСЧП вчера ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјалното јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери. ЕСЧП одлучуваше по жалбата поднесена од осуммина граѓани на Република Северна Македонија од 2020 година. Одлуката на Судот е достапна на следниот линк. Станува збор за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од април 2016 година. Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување. Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов одлучи да ги помилува тогашните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, што доведе до масовни протести. По реакциите во јавноста, беа донесени измени на Законот за помилување со што се отвори простор за повлекување на аболициите. - Европскиот суд за човекови права со одлуката да ги отфрли жалбите за поништената аболиција од поранешниот претседател Ѓорге Иванов, оценил дека жалителите не ги искористиле сите редовни и вонредни правни лекови кои им ги нуди националното право, а за кои во претходни пресуди и одлуки судот прифатил дека се ефективни правни лекови. ЕСЧП одлучи со одлука да ги отфрли жалбите во врска со можни повреди на правото на правично судење на жалителите кои се повикаа на дадените па повлечени помилувања. Ова од причина што, Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, и во рок кој во време на поднесувањето бил шест месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната одлука од страна на националните власти, изјави за МИА Лазарова-Трајковска.
Ваквата одлука на Судот, како што посочува, може да влијае само во однос на преиспитување од страна на жалителите дали се уште останале можности за покренување на правни лекови пред националните судови или во некои постапки тие рокови се поминати. Таа појаснува дека во секој степен од постапката, Судот може да одлучи да отфрли определена жалба од списокот на предмети. -Во конкретниот случај, иако жалбата, по оценка на Судот била дека жалбите треба да се отфрлат поради неисцрпеност на домашните правни лекови и можел да ги отфрли жалбите и во рана фаза на поднесување во фoрмација од Комитет од тројца судии, тој сепак предметот го одлучил во совет од седум судии заради неговата комплексност и важност за подносителите на жалбите но и за националните власти, нагласува судијката Лазарова-Трајковска. Претседателот Стево Пендаровски ја поздрави одлуката на ЕСЧП. - По објавувањето на одлуката од страна на Европскиот суд за човекови права, претседателот ја разгледа со советничкиот тим и смета дека сите засегнати со постапките поведени од страна на Обвинителството и судовите во државата, треба своите права да си ги остваруваат пред домашните институции, како што е наведено и во одлуката на Судот во Стразбур. Во оваа смисла, сите постапки пред домашните судови продолжуваат до нивно конечно завршување, односно исцрпување на сите правни средства согласно правните прописи на нашата држава, наведоа во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски. И Владата на Република Северна Македонија ја поздрави одлуката на ЕСЧП која е во полза на државата и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања. -Аргументите на Владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на ЕСЧП. Спротивно на тврдењата на апликантите, ЕСЧП не утврдува прекршување на Европската Конвенција за заштита на човековите права (ЕКЧП). Одлуката која денес ја донесе ЕСЧП се однесува на шест случаи кои пред Судот во Стразбур ја тужеа Република Северна Македонија со наводи за повреда на ЕКЧП по член 5 и член 6. Со одлуката, Судот смета дека жалбите на апликантите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови, е наведено во соопштението од владината прес-служба.. Како држава членка на Советот на Европа, како што наведе прес-службата, Владата ја користи оваа прилика да ја повтори својата посветеност и кон владеењето на правото и на Европската конвенција за човекови права и вредностите кои ја поткрепуваат. Како држава која води преговори со ЕУ со крајна цел полноправно членство на Северна Македонија во Унијата, посочуваме дека владеењето на правото е еден од највисоките приоритети. Воедно, Владата на Република Северна Македонија посочува дека во рамките на своите надлежности обезбедува поддршка за самостојно и независно функционирање на правосудниот систем. -Во таа насока, би сакале да ја информираме јавноста дека со оглед на фактот што кривичните постапки на кои се однесуваат апликациите и оваа одлука на Судот во Стразбур, се сѐ уште во тек пред домашните судови, Владата во овој момент нема да дава дополнителни коментари, како не би влијаела на понатамошните процеси, се додава во соопштението. Официјален превод на сижето од одлуката во соопштение објави Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред ЕСЧП.
За премиерот Димитар Ковачевски одлуката на ЕСЧП е огромна победа и огромен успех на нашата држава. -Македонскиот тим навистина даде се од себе и извојува победа во исклучително комплексен случај, изјави вчера Ковачевски. -Ова е победа и на државата и на правдата и на правосудниот систем. Со одлуката судот смета дека жалбата на апликантите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови. Ние сме држава членка на Советот на Европа, Нашата посветеност на владеењето на правото и на Европската конвенција за човекови права и вредности, кои ја поткрепуваат се неспорни, во голем број други случаи. Дополнително како држава, која води преговори со ЕУ, со крајна цел полноправно членство на Северна Македонија во Унијата, факт е дека владеењето на правото е еден од највисоките приоритети за нас, оцени Ковачевски. Премиерот наведе дека со оглед на фактот на кривичните постапки на кои се однесуваат апликациите, и оваа одлука, се се уште во тек пред домашните судови, би се воздржал од дополнителни коментари, со цел, како што рече, „за да нема недоразбирања и да се протолкува како влијание на тамошните процеси“. Вицепремиерот за европски прашања и поранешен министер за правда, Бојан Маричиќ за одлуката на ЕСЧП оцени дека правната држава победи - помилувањата немаат законска основа. -Ја поздравувам денешната одлука на Европскиот суд за човекови права која е во полза на државата, според која жалбите на апликантите во целост со наводните помилувања се недозволени. Со одлуката, Судот смета дека жалбите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови и дека нема прекршување на човековите права, објави Маричиќ на својата официјална Фејсбук страница. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ упати честитка до граѓаните од православна вероисповед по повод Божиќ. Вицепремиерот додава дека постапките продолжуваат пред домашните судови, бидејќи е нелегитимно да се прескокнуваат македонските судови. -Можеби Европскиот суд е искористен во овој случај како алатка за одолговлекување на постапките, но сепак владеење на правото е неприкосновен принцип, смета Маричиќ.
Исклучително важно е, подвлекува тој, да има спроведена правда која граѓаните ја очекуваат, а која ќе се нотира позитивно во извештаите на Европската комисија во делот почитување на владеење на правото во Северна Македонија. Адвокатот Влатко Илиевски, кој е застапник на обвинетите и осудените пред ЕСЧП во Стразбур, вели дека е зачуден зошто судот чекал толку долго за да се изјасни по жалбата за поништената аболиција од поранешниот претседател Ѓорге Иванов. -Ме чуди тоа зошто на Судот за човекови права во Стразбур му требаше пет и пол години за да донесе вакво решение. Можеше многу побрзо да каже дека жалбите се недопуштени, односно дека се преуранети. Но она што е важно дека по оваа одлука нема простор за триумфализам кај Владата, бидејќи ова не значи дека аболицијата е прогласена за неважечка. Затоа кога за овие случаи ќе треба да се одлучува во втор и трет степен, домашните судови треба да ги земат во предвид аргументите кои ги наведовме во апликациите, вели Илиевски за „Фокус“. М Адвокатот Влатко Илиевски, кој е застапник на обвинетите и осудените пред Европскиот суд за човекови парава во Стразбур, вели дека е зачуден зошто судот чекал толку долго за да се изјасни Адвокатот очекува дека домашните судови ќе ги земат во предвид аргументите кои се дел од апликацијата доставена пред Стразбур, а во која се наведува дека еднаш дадена аболиција од претседател на држава, не може да се поништи и таа е важечка. Според адвокатот, ова е шанса на Врховен суд да се произнесе по однос на валидноста на аболициите. -Ова решение значи дека апликантите, односно жалителите треба да ги исцрпат прво тука сите правни лекови, пред националните судови за да можат по добивање на конечната пресуда, каква и да е таа, да одлучат дали ќе поднесат нова апликација во Стразбур или не. Оваа одлука денеска е решение, со оваа одлука не се решава мериторно по однос на суштината на барањето (поништувањето на дадените аболиции од Иванов) туку од процедурален аспект се одбива како преуранета. Од тие причини сметам дека нема простор за голем триумфализам кај Владата дека е одлучено во нивна полза. Едноставно треба да почека да се исцрпат сите правни лекови“, објаснува Илиевски за „Макфакс“. Прашан дали решението значи дека не е одлучено по прашањето дали аболициите се важечки или поништени, адвокатот Влатко Илиевски вели: „Да, не се одлучува по однос на тоа прашање“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-so-odlukata-na-eschp-za-abolitsijata-pobedila-pravdata-za-zastapnitsite-na-obvinetite-rabotata-ne-e-zavrshena/feed/ 0
Познат албански епидемиолог почина од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poznat-albanski-epidemiolog-pochina-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poznat-albanski-epidemiolog-pochina-od-kovid-19/#respond Wed, 26 Aug 2020 10:26:21 +0000 https://kurir.mk/?p=395593

Уште еден лекар во Албанија почина како последица на опасниот коронавирус, јави дописничката на МИА. Станува збор за еден од најпознатите албански епидемиолози, Вилсон Топули, со бројни научни трудови а кој се соочил со повеќе епидемии кои владееле во земјата. Веста ја објави Силва Бино, началник на одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје во Тирана, емотивно простувајќи се од својот долгогодишен колега. „Оваа пандемија ни го зеде колегата Вилсон Топули. Тој беше историја и меморија на ИЈЗ. Прости ни што не успеавме да те спасиме, напиша меѓу другото Бино на Фејсбук. Од 30 јуни кога битката со опасниот вирус ја изгуби Арјан Пуши, познат хематолог, професор на Медицинскиот факултет во Тирана, Топули е петти лекар кој умира како последица од Ковид-19. Опасниот коронавирус зема се поголем замав во Албанија, каде овој месец во просек дневно се регистрираат по над 150 новозаразени. Во исто време се зголемува и бројот на починати, во просек по четворица пациенти дневно. Според официјалната статистика 18 до 20 проценти од тестираните во едно деноноќие се позитивни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poznat-albanski-epidemiolog-pochina-od-kovid-19/feed/ 0
Франција осудена од Европскиот суд за човекови права за недавање помош на барателите на азил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-osudena-od-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-za-nedavanje-pomosh-na-baratelite-na-azil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-osudena-od-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-za-nedavanje-pomosh-na-baratelite-na-azil/#respond Thu, 02 Jul 2020 12:22:44 +0000 https://kurir.mk/?p=367456

Франција денеска е осудена од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за недоволна помош на барателите на азил. Според судот од Стразбур, бегалците биле „жртви на понижувачко постапување, што сведочи за недостиг на почитување на нивното достоинство“. Пресудата ЕСЧП е по жалбата на тројца баратели на азил, принудени да живеат „на улица“ и „ лишени од средства за егзистенција, кои велат дека се нашле во „нехумани и понижувачки услови на живот“. -Француските власти не успеаја во своите обврски кон тројцата изолирани возрасни лица, Авганистанец, Русин и Иранец, на возраст од 27, 33 и 46 години кои беа „жртви на деградирачки третман што сведочи за непочитување на нивното достоинство “, се вели во соопштението судот со седиште во Стразбур. -Француските власти мора да бидат одговорни за условите во кои апликантите се нашле со месеци, живеејќи на улица, без ресурси, без пристап до санитарни јазли, без средства за задоволување на нивните основни потреби и во постојана вознемиреност од страв да бидат нападнати и ограбени , посочува Судот. ЕСЧП, исто така, забележа дека тројцата мажи „живееле на улица без финансиски ресурси“, и само добивале привремен додаток за чекање (АТА) по многу долго рок на чекање за додатокот. За судиите во Стразбур, „оваа состојба предизвикала кај нив чувство на страв, болка или инфериорност, што може да доведе до очај“. Сепак, Судот „нагласува дека е свесен за постојаното зголемување на бројот на баратели на азил од 2007 година и преполнетоста“ на структурите за прием. Исто така, ЕСЧП ги признава „напорите направени од француските власти за создавање дополнителни места за сместување и за скратување на времето потребно за разгледување на барањата за азил“. Покрај ова, ЕСЧП смета дека „овие околности не исклучуваат дека ситуацијата на барателите на азил можеби била таква што веројатно ќе претставува проблем во однос на почитувањето на Франција на членот 3 од Европската конвенција“ човекови права (забрана за нечовечко и понижувачко постапување). Затоа, Судот „едногласно“ заклучи дека имало повреда на овој член и, особено, им доделила 10.000 евра на двајца од апликантите и 12.000 евра на третиот во однос на нематеријална штета. Ова е четврта пресуда на ЕСЧП против Франција за помалку од еден месец. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-osudena-od-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-za-nedavanje-pomosh-na-baratelite-na-azil/feed/ 0